TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јас ќе добијам 13, а вие по шест години затвор

Вест - 24.03.2007

НОТАРОТ СТОЈМЕНОВИЌ ПРЕДВИДУВАЛ КАЗНИ ЗА ОБВИНЕТИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ БАЧИЛО И ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА "Никола Стојменовиќ ми ги даде овие листови на кои е напишано како да се бранам", кажа и на Судот му предаде неколку листови обвинетиот Ордан Милановски, на судскиот процес за случајот Бачило и ...

Нотарот Стоименовиќ му исплатил 127.000 евра на посредник

Утрински - 24.03.2007

Десетина нови сведоци вчера зборуваа пред Кривичниот совет во Врховниот суд за мегаскандалите „Бачило“ и „Денационализација“. Највпечатлив од нив беше Јовица Филиповски, сопственик на Агенцијата за неподвижен имот „Бастион“, кој рече дека соработувал со нотарот Никола Стоименовиќ, но во свое, а не ...

Да земав пари ќе имав за лекови

Вест - 23.03.2007

СОСЛУШАНИ РОДНИНИ НА ДЕЛ ОД ОБВИНЕТИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ БАЧИЛО И ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА Судскиот процес за случајот Бачило и денационализација вчера продолжи со сослушување на сведоци на Обвинителството. Беа сослушани роднини на дел од обвинетите и службеници од полиција и од Катастар.

Синот на овчарот Џемаили не знаел што потпишува

Утрински - 23.03.2007

Еден од синовите на овчарот од Камењане, Иснифарис Џемаили, потпишувал „некакви“ документи, но тврди дека немал поим што пишува во нив. Ова е заклучокот по сведочењето на Абдисамет Џемаили, кој во Врховниот суд во две реченици ја опиша својата улога во мегаскандалите „Бачило“ и „Денационализација“.

Синот на овчарот Џемаили не знае што потпишал

Дневник - 23.03.2007

Сведокот Абдисамет Џемаили, син на обвинетиот овчар Иснифарис Џемаили, вчера изјави дека татко му го натерал да потпише на нотар документ, но, тој не знаел што потпишува. Изјави дека не го познава нотарот Никола Стојменовиќ, првообвинет во мегааферата „Бачило“ и денационализација.

Емилија Алексова работела предмети за хипотеки

Вечер Прес - 23.03.2007

Двете вработени во Катастарот, Маргарита Хаџи-Петрушева и Мирослава Гиговска потврдија дека предметите им биле распоредувани во хипотекарното одделение, но раководителите немале предмети. Десетмина сведоци вечера дадоа изјави за судскиот предмет Бачило и денационализација.

Вработена во Катастарот ја обвини Алексовска во случајот „Бачило“

А1 - 22.03.2007

Распит на сведоци во случајот „Бачило“. Вработена во Катастарот денеска контра нејзината некогашна директорка Емилија Алексовска. Објаснувајќи го принципот на обработка на предметите стигнати во Катастарот, сведокот објасни дека раководителот може да распределува предмети, но не и да ги зема во ...

По обвинетите, заплакаа и оштетените

Вест - 22.03.2007

НА СУДСКИОТ ПРОЦЕС БАЧИЛО И ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА Со солзи и изливи на емоции продолжи вчера судскиот процес за случајот Бачило и денационализација. Обвинетите повторно реагираа на жестокото темпо во водењето на судењето и кратките паузи на кои не им било дозволено да јадат.

Побарана милионска отштета за „Бачило“

Дневник - 22.03.2007

Сопствениците на денационализираниот имот, Даринка Тодоровска и Гоце Димитриовски, вчера побараа да им биде исплатена милионска отштета од обвинетите во случајот „Бачило“. Тодоровска побара отштета од 20 милиони денари, а Димитриовски - 25 милиони денари зашто биле измамени со својот имот.

Роднини на обвинетите во „Бачило“ не знаеле дека се вплеткани

А1 - 21.03.2007

Ниту знам дека имам штедна книшка, ниту некому сум давала позајмици. Ова е сведочењето на Драгица Миновска, мајка на обвинетата екс судијка Марија Дубровска, вработена кај нотарот Стојменовиќ. Тоа што сведокот Миновска не го познавала овчарот Иснифарис Џемаили, не било пречка тој на два пати кон ...

Плачеа обвинетите, плачеа поротниците, плачеа новинарите

Време - 21.03.2007

ДРАМА НА СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „БАЧИЛО“ Мери Јордановска Вистинска драма, со солзи и со потресни изјави од обвинетите, се случуваше на вчерашното рочиште, кога својата одбрана пред судот ја даваше инвалидскиот пензионер Крсте Иловски, последниот обвинет за перење пари во случајот „Бачило“.

Ми беше како брат, а ме измами

Вест - 21.03.2007

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ОБВИНЕТИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ БАЧИЛО И ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА "Нотарот Никола Стојменовиќ ми беше како брат, но тој ме измами и ме доведе до ова", кажа пред Судот Крсте Иловски, еден од обвинетите за случајот Бачило и денационализација.

На Андоновски му се слоши на судењето за „Бачило“

Утрински - 21.03.2007

По неколкуминутна драма, ексзаменикот- министер за економија се врати во судницата ГОРАН АДАМОВСКИ На екс заменик- министерот за економија, Саша Андоновски, му се слоши веднаш штом заврши сведочењето на последниот од 23 обвинети во мегаскандалот „Бачило“ и „Денационализација“.

Заврши распитот на 23 обвинети за „Бачило“

Дневник - 21.03.2007

Распитот на 23 обвинети за случајот „Бачило“ и за незаконската денационализација на државно земјиште експресно заврши вчера, само една недела по почетокот на едно од најголемите судења. Судењето ќе продолжи со изведување на обемниот материјал на писмени докази и со распит на околу 30 сведоци.

Стојменовиќ ми рече да молчам

Вечер Прес - 21.03.2007

Откако пукна аферата, нотарот Никола Стојменовиќ ме смируваше и тврдеше дека не се однесува тоа на мене - рече обвинетиот Миле Наумчевски. Стојменовиќ ми рече да молчам, ќе ми пушти адвокат, а ме молеше моите згради да ги ставам како гаранција да се ослободи Иснифарис Џемаили Со распит на ...

Исказ на последниот обвинет во „Бачило“

А1 - 20.03.2007

Со солзи во очите дел од поротниците и роднините ја слушаа исповедта на последниот обвинет во случајот „Бачило“ Крсте Иловски. Не може да поверува дека го измамил неговиот другар од детството, нотарот Никола Стојменовиќ. Иловски, кој е тежок инвалид и единствен родител на две малолетни деца, е ...

Саша Андоновски: Ме гонат политички, а не кривично

Време - 20.03.2007

МОЗОКОТ НА ОПЕРАЦИЈАТА „БАЧИЛО“ ОСТАНУВА МИСТЕРИЈА На вака поднесено обвинение немам намера да одговарам на вашите прашања, бидејќи сметам дека станува збор за политички прогон спрема мене. Вака поранешниот заменик-министер за економија Саша Андоновски и бивш претседател на второстепената владина ...

Ова е политички прогон

Вест - 20.03.2007

ЗА СЛУЧАЈОТ БАЧИЛО СОСЛУШАН ЕКСЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА "Го разбрав обвинението оти е напишано на македонски јазик. Не ми е јасно, само еден мој потпис бил доволен да се подигне обвинение. Сметам дека се работи за политички прогон", кажа пред Судот Саша Андоновски, ексзаменик министер за ...

За Андоновски обвинението за „Бачило“ е политички прогон

Утрински - 20.03.2007

Ексзаменик-министерот за економија, Саша Андоновски, и натаму смета дека единствено политичкиот прогон е мотивот за неговото притворање поради учество во аферите „Бачило“ и „Денационализација“. Помалку од пет минути траеше неговото сведочење во големата сала на Врховниот суд, во кое спомна дека ...

Саша Андоновски тврди дека е жртва на политички прогон

Дневник - 20.03.2007

Поранешниот заменик-министер за економија Саша Андоновски вчера изјави дека е жртва на политички прогон и дека не е виновен за случаите „Бачило“ и „Денационализација“. Тој се товари дека донел незаконско решение за денационализација на имот кога бил поранешен претседател на владината Комисија за ...

На судењето за „Бачило“ се расплакаа обвинетите, судиите, новинарите

Канал5 - 20.03.2007

Драма во судницата и привремен прекин на судењето за случајот „Бачило“. Изјавата на обвинетиот Крсто Иловски, 70 процентен инвалид ги расплака обвинетите, судиите поротници, публиката и новинарите. Драма во судницата и привремен прекин на судењето за случајот Бачило .

Обвинението се темели на мој потпис?!

Вечер Прес - 20.03.2007

Се работи за политички прогон. Немам намера да одговарам на поставените прашања оти обвинението се темели на еден мој потпис, рече обвинетиот Саша Андоновски, поранешен претседател на владината комисија за денационализација Го разбрав обвинението оти е напишано на македонски јазик.

Саша Андоновски: Ова е политички прогон против мене

А1 - 19.03.2007

Ова е политички прогон против мене. Вака денеска во судот се бранеше екс министерот за економија Саша Андоновски, обвинет за злоупотреба на службената положба во случајот денационализација. Одби да одговара на прашањата на обвинителството.

Андоновски, Алексова и Миланоски ја дадоа својата одбрана во случајот „Бачило“

Канал5 - 19.03.2007

На денешното продолжение на судскиот процес во случајот „Бачило“ своја одбрана дадоа обвинетите Саша Андоновски, Емилија Алексова и Ордан Миланоски. На денешното продолжение на судскиот процес во случајот Бачило своја одбрана дадоа обвинетите Саша Андоновски, Емилија Алексова и Ордан Миланоски.