TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Барнс:Косово во текот на оваа година ќе биде независно

Макфакс - 08.07.2007

Њујорк Косово во текот на оваа година ќе биде независно, со одлука на Обединетите нации(ОН) или преку некој друг механизам, изјави американскиот државен потсекретар Николас Барнс. „Тоа ќе се случи преку Советот за безбедност(СБ) на ОН или преку други механизми.

Преговори за Косово под закрила на Контакт групата?

Макфакс - 08.07.2007

Брисел Можно е Контакт групата да организира преговори меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово доколку во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) не се усвои резолуција. Ова синоќа во Брисел го изјави високиот претставник на Европската Унија (ЕУ), Хавиер Солана.

Белград оптимист за компромис за Косово

Макфакс - 08.07.2007

Вашингтон Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ изрази оптимизам дека е можен компромис за идниот статус на Косово. Според Јеремиќ, на тоа упатува сигнализирањето од повеќе европски земји дека се противат на опцијата за независност на јужната српска покраина..

Русија без коментар на новата резолуција за Косово

Макфакс - 08.07.2007

Москва Русија засега е без коментар на новата резолуција за Косово предложена од САД и Европската унија(ЕУ) во Советот за безбедност(СБ) на Обединетите нации(ОН). Синоќешното предлагање на резолуцијата, во која има помали измени, подразбира дека гласањето може да биде закажано за 24 часа, но и дека ...

Чеку:Возможно е еднострано прогласување на независност

Макфакс - 08.07.2007

Приштина Можно е Косово еднострано да прогласи независност, доколку во Обединетите нации не се постигне договор за статусот. Ова, како што пишува денеска весникот „ Frankfurter algemaine caitung“, го изјавил косовскиот премиер Агим Чеку.

Кушнер сака да им даде 6 месеци на Србите да се простат од Косово

Време - 07.07.2007

СПОР ЗА КОСОВСКИОТ СТАТУС Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер, прв меѓународен управник на Косово по војната во 1999 година, изјави дека треба да им се даде повеќе време на Србите, за да се уверат дека Косово мора да биде независно.

Поделбата виси над Косово

Дневник - 07.07.2007

Таквите разговори се чуваат за последната минута, а се' уште не сме стасале таму - вели анонимен западен дипломат Западот вели дека таа опција не доаѓа предвид, Србија инсистира дека не е заинтересирана, Албанците се стресуваат при самата помисла на тоа, но поделбата на Косово се' повеќе се ...

Избори во ноември, а дури потоа статусот на Косово

Дневник - 07.07.2007

Уредник на весникот „Коха диторе“, Агрон Бајрами, пишува дека целта на тој потег е да се смират два милиона луѓе на Косово и да им се даде „привремен седатив во напорот до идната година да се одложи независноста Меѓународната заедница размислува за распишување општи избори на Косово во ноември, за ...

Парламентарни избори во Косово во ноември

Макфакс - 07.07.2007

Приштина Парламентарните избори во Косово ќе се одржат во ноември, оваа година, според планираното. Ова денеска во Приштина го изјави шефот на УНМИК, Јоаким Рикер по средбата со преговарачкиот тим на Косово, на која што беше постигнат договорот за спроведување на изборите.

Груевски – до јули комплетирање на акциониот план со ЕУ

Макфакс - 07.07.2007

Брисел Македонија предвреме ќе ги усвои сите закони од Акционен план за партнерство со Европската унија (ЕУ), најави премиерот Никола Груевски денеска во Брисел. „Се што беше зацртано до декември, ќе го завршиме до крајот на јули и со тоа предвреме ќе го исполниме задачите од Акциониот план за ...

Јеремиќ: Независноста на Косово ќе ја отвори пандорината кутија

Макфакс - 07.07.2007

Белград Наметнатата независност на Косово би ја отворило пандорината кутија на етнички конфликти во целиот регион, изјави денеска во Виена шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ. „Постоечките конфликти би можеле да ескалираат, замрзнатите конфликти да оживеат, а нови да избијат“, изјави Јеремиќ ...

Советот за безбедност на ОН остана поделен за Косово

Макфакс - 07.07.2007

Њујорк Нема исчекор во Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со решавањето на статусот на Косово. Поделеноста остана и по синоќешната расправа во Советот за безбедност, откако Русија повтори дека и изменетата верзија на најновата предлог резолуција води кон независност на покраината.

Косово не е европско прашање!

Вечер Прес - 07.07.2007

"Кога некој некогаш се обидел да донесе одлука, а да ја заобиколи Русија, решението секогаш се покажало како погрешно, а обидите да се замени Советот за безбедност на ОН по правило трагично завршуваат" - рече Алексеев Амбасадорот на Руската Федерација во Србија, Александар Алексеев, во интервју за ...

Средба Ахтисари - Солана во Брисел

Макфакс - 07.07.2007

Брисел Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за статусот на Косово, Марти Ахтисари денеска ќе се сретне со високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика, Хавиер Солана. Според европски дипломатски извори, не се очекува Ахтисари „лично“ да земе учество во ...

Меккормак: Нема временски рок за статусот на Косово

А1 - 06.07.2007

Стејт департментот синоќа соопшти дека продолжува процесот на решавање на статусот на Косово во рамките на Советот за безбедност при Обединетите нации, но оти засега нема временски рокови за заклучување на тоа прашање. Портпаролот на Стејт департментот Шон Меккормак потенцира дека не постои ...

Косово ќе прогласи еднострана независност

Време - 06.07.2007

СПОРЕД ТОНИ БРЕНТОН Амбасадорот на Британија во Русија, Тони Брентон изјави дека доколку статусот на Косово не биде решен во Советот за безбедност на ОН, најверојатно независноста ќе биде објавена еднострано. Брентон истакна дека Косово е независно веќе осум години и народот на Косово јасно ...

„Гардијан“: Едностраното прогласување независност на Косово, не е идеално, но сепак е решение

Канал5 - 06.07.2007

Едностраното прогласување на независност на Косово не е идеално решение, но сепак е решение, пишува денеска лондонски „Гардијан“, повикувајќи ја Европската унија да се согласи со тоа што е можно побрзо. Лондон, 6 јули (МИА) - Едностраното прогласување на независност на Косово не е идеално решение, ...

Шон Мекормак: Нема временски рок за решавање на статусот на Косово

Канал5 - 06.07.2007

Стејт департментот синоќа соопшти дека продолжува процесот на решавање на статусот на Косово во рамките на Советот за безбедност при Обединетите нации, но оти засега нема временски рокови за заклучување на тоа прашање. Њујорк, 6 јули (МИА) - Стејт департментот синоќа соопшти дека продолжува ...

Кушнер: Неопходни се уште неколку месеци за Србите да се убедат во неопходноста од независно Косово

Канал5 - 06.07.2007

Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер смета дека се неопходни „уште неколку месеци, за да биде убедена српската страна во неопходноста од давање независност на Косово“. Женева, 6 јули (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер смета дека се неопходни уште ...

ООН со нова резолуција за Косово прифатлива и за Русија

Макфакс - 06.07.2007

Њујорк Западните дипломати во Советот за безбедност (СБ) на ООН работат на нова нацрт-резолуција за Косово што би била прифатлива и за Русија, јавуваат светските агенции. Некои од идеите што се во оптек, како што пренесува Макфакс, е продолжување на преговорите за 150 дена по што СБ би го разгледал ...

А сега, поделба на Косово!

Вечер Прес - 06.07.2007

По неуспешните разговори меѓу Џорџ Буш и Владимир Путин, поделбата на Косово стана единствена реална опција околу која двете супер сили би можеле да се договорат САД и Русија се се' поблиску до одлуката косовскиот проблем да го решат со тоа што јужната српска покраина би ја поделиле.

Советот за безбедност вечерва за Косово

Макфакс - 06.07.2007

Њујорк Консултации за новиот предлог-резолуција за Косово ќе се одржат вечерва во Советот за безбедност на ООН. Станува збор за предлог што САД и членките на Европската унија (ЕУ) го претставија кон крајот на минатата седмица а што предвидува 120 дена преговори за статусот меѓу Белград и Приштина.

Сејдиу: Косово подготвено и за алтернативни решенија

Макфакс - 06.07.2007

Приштина Косово се залага за усвојување на резолуција на Советот за безбедност на ООН што ќе го поддржи предлогот на Марти Ахтисари, но е подготвено, во согласност со своите сојузници, да преземе алтернативни чекори. Ова денеска во Приштина го изјави косовскиот претседател Фатмир Сејдиу по ...

САД: Без независно Косово – насилство во регионот

Макфакс - 06.07.2007

Вашингтон САД веруваат дека отсуство на крајно решение, а тоа е независност на Косово, би довело до избивање насилство во регионот. Ова синоќа го повтори портпаролот на американската Влада Шон МекКормак на редовен брифинг во Вашингтон.

Шведска бара Карл Билт да го замени Ахтисари

Макфакс - 06.07.2007

Приштина Шведска и натаму инсистира нејзиниот министер за надворешни работи Карл Билт да го замени меѓународниот посредник за статусот на Косово Марти Ахтисари. Ова денеска го објави приштинскиот дневник на албански јазик “Зери“, повикувајќи се на дипломатски извори.

ЕК против еднострани потези околу Косово

Макфакс - 06.07.2007

Брисел Европската комисија (ЕК) се противи на еднострани потези и закани на водството на косовските Албанци дека еднострано ќе прогласат независност на Косово. Ова денеска во Брисел го изјави Кристина Наѓ, портпарол на еврокомесарот за проширување Оли Рен, која повторно ја повика Србија “да одигра ...

Косово_ Незавршен статус на протекторатот

Утрински - 05.07.2007

Што значеше изјавата на Агим Чеку дека „Косово ќе мора да дејствува“ Димитар Чулев Нервоза, веќе видена закана и мала доза локалпопулизам содржи изјавата на косовскиот премиер Агим Чеку дека „Косово ќе мора да дејствува“ откако на самитот Путин - Буш за викендот косовското прашање не беше ...

ЕУ станува нервозна поради Косово

Утрински - 05.07.2007

Безбедносната иднина на континентот е ставена под знак прашање смета Оли Рен Од нашиот дописник Слободанка Јовановска Брисел - Европската унија станува нервозна поради статус кво ситуацијата за статусот на Косово и тоа деновиве го манифестира со најавите дека ако Русија продолжи да вели „не“ на ...

“Комерсант“: Следи трговија меѓу Русија и САД околу Косово

Макфакс - 05.07.2007

Москва Косовските Албанци ја корегираа својата позиција за еднострано прогласување на независност на Косово исклучиво под притисок на Вашингтон, кој сега смета на аналоген гест на Русија во однос на Србија. Ваква анализа денеска објави московскиот дневник “Комерсант“, а во врска со неодамнешното ...

Ахтисари ја заврши мисијата на Косово

Макфакс - 05.07.2007

Хелсинки Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари соопшти дека неговата мисија завршила. „Мојата работата заврши“, изјави денеска Ахтисари за финската државна телевизија. Финскиот дипломат Ахтисари (70) ги водеше неуспешните преговори меѓу Белград и Приштина за решавање ...

Српското собрание усвои Резолуција за Косово

Макфакс - 05.07.2007

Белград Српското Собрание ноќеска ја усвои новата владина Резолуција за Косово со мнозинство гласови од претставници на сите политички партии, освен на Либерално-демократската партија. Документот, насловен како “Резолуција за неопходноста од праведно решавање на прашањето за Косово и Метохија ...

Рикер:Наскоро распишување на парламентарни и локални избори на Косово

Макфакс - 05.07.2007

Приштина Шефот на мисијата на УНМИК на Косово Јоаким Рикер денеска најави дека одлуката за парламентарните и локалните избори на Косово ќе биде донесена следните денови. Тој, во изјава за новинарите во Приштина, рече дека организирањето на изборите не смее да влијае на одлагањето на процесот на ...

Србија против поделба на Косово

Макфакс - 05.07.2007

Виена Поделба на Косово воопшто не би било идеално решение за покраината, изјави шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ. „Промената на границите, по правило, е многу опасна. Белград не поддржува поделба на Косово, ниту има какви и да е планови за тоа, а можност за поделба исклучи и меѓународната ...

Јеремиќ – Стабилен Балкан од интерес на Србија и САД

Макфакс - 05.07.2007

Белград Мирен и стабилен Балкан, интегриран во ЕУ, е заеднички стратешки интерес на Србија и Соединетите Американски држави (САД). Ова го изјави шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ, во интервју за белградската агенција Фонет, спроти неговата официјална посета на САД.

Без независно Косово ќе има дестабилизација

Време - 04.07.2007

ЏАФЕРИ ЗА ПЛАНОТ НА АХТИСАРИ Планот на Марти Ахтисари е единствен што може да се аплицира во Косово, изјави поранешниот лидер на ДПА, Арбен Џафери, за тиранската телевизија Топ-канал. Според Џафери, Косово мора да биде независно, неопределувањето на независност ќе предизвика дестабилизација од ...

Чеку_ Косово ќе биде принудено само да дејствува

Утрински - 04.07.2007

Ако не дејствуваме, ризикуваме губење на кредибилитетот, ако дејствуваме, ризикуваме губење на единството на ЕУ, смета Чеку ПРИШТИНА - Косово ќе биде „принудено да дејствува“ без напредок во ОН за независноста од Србија, изјави вчера премиерот Агим Чеку, разгорувајќи ја загриженоста во врска со ...

„Монд“: Зошто не поделба на Косово?

Канал5 - 04.07.2007

Дали за статусот на Косово е можно некое друго решение освен планот на Ахтисари, како „прилагодување“ на границите, на пример, со што северниот дел на Косово би бил споен со Србија? - запрашувa уредникот на надворешно-политичката редакција на париски „Монд“ Даниел Верне во денешниот текст насловен ...

Чеку: Приштина не бега од преговори

Макфакс - 04.07.2007

Вашингтон Приштина не се плаши од какви било состаноци и не ги избегнува разговорите за статусот на Косово, затоа што сака да пронајде најдобро решение. Ова денеска во Вашингтон го изјави косовскиот премиер Агим Чеку по средбата со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.

Македонците се плашат од независно Косово

Вечер Прес - 04.07.2007

Сегашниот момент не е деликатен само за Србија, туку и за сите земји во регионот, вклучувајќи ја и Македонија. Очекуваме максимална воздржаност, пред се од нашите соседи, кога е во прашање идниот статус на Косово, апелира српскиот шеф на дипломатијата Кај Македонците постои реален страв од ...

Предлог резолуцијата за Косово пред српскиот парламент

Макфакс - 04.07.2007

Белград Српскиот Парламент се очекува на денешната седница да дискутира за предлог резолуцијата за Косово што вчера ја усвои српската Влада. Во документот што ќе се најде пред пратениците се нагласува дека Косово е неразделен дел од Србија.

Британски дипломат – Косово де факто е независно

Макфакс - 04.07.2007

Москва Ако статусот на Косово не се реши во Советот за безбедност на ОН, многу веројатно е независноста еднострано да биде прогласена. Ова денеска го изјави британскиот амбасадор во Москва Тони Брентон, во интервју за руската агенција Интерфакс.

САД апелираат до Русија да не става вето на новата резолуција за Косово

Макфакс - 04.07.2007

Њујорк САД апелираат до Русија да не става вето на новата резолуција на Обединетите нации(ОН) за Косово, јавуваат западните медиуми. „Топката е сега на теренот на Русија. Гласовите што ги слушаме од Москва не се обесхрабрувачки, но се уште не сме го слушнале последниот збор на Русија.

Примаков е за поделба на Косово

Дневник - 03.07.2007

Реално е да се очекува поделба на Косово ако Приштина и Белград не постигнат компромис за статусот на покраината, оцени поранешниот руски премиер , министер за надворешни работи и шеф на КГБ, Евгениј Примаков. Во колумната со наслов „Излез од косовскиот лавиринт“ во весникот „Московски новости“, ...

Косово ќе биде независно со или без резолуција

Макфакс - 03.07.2007

Белград Косово ќе биде независно со или без резолуција, изјави денеска за српските медиуми лидерот на Демократската партија на Косово и член на косовскиот преговарачки тим, Хашим Тачи. „Косово е подготвено за независност. Времето за одлука беше вчера, денеска е доцна а утре ќе биде опасно“ изјави ...

Решението за статусот на Косово го подели регионот

Макфакс - 03.07.2007

Белград Решавањето на статусот на Косово го раздели регионот, објави денешното издание на српскиот весник „Блиц“. „Додека Хрватска, Албанија, Словенија, Македонија и Бугарија го поддржуваат планот на Марти Ахтисари, што предвидува надгледувана независност, Грција, Романија и Босна и Херцеговина ...

ЕУ ќе мора да пресече за Косово

Макфакс - 03.07.2007

Белград Европската унија ќе ја преземе одговорноста и ќе донесе одлука за Косово ако Русија упорно продолжи да говори само не. Ова го изјави Кристина Галјак, портпарол на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана.

Чеку: Косово можеби еднострано ќе прогласи независност

Макфакс - 03.07.2007

Приштина Косовскиот премиер Агим Чеку денеска изрази стравување дека Косово ќе биде приморано да прогласи независност унилатерално, доколку во Обединетите нации (ОН) не биде постигнат напредок за независноста. Чеку, во интервју за западните медиуми, предупреди дека Западот ризикува да го изгуби ...

Русија сака „непристрасен” меѓународен посредник за Косово

Макфакс - 03.07.2007

Москва Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го критикуваше предлогот на посредникот на ОН за Косово Марти Ахтисари, оценувајќи дека прашањето за Косово би требало да му се додели на „непристрасен меѓународен посредник”.

Русија ја отфрли најновата резолуција за Косово

Макфакс - 03.07.2007

Москва Русија синоќа и дефинитивно ја отфрли најновата предлог резолуција за статусот на Косово што ја поднесоа САД, Франција и Британија. Станува збор за истиот план на западните земји за прогласување независно Косово, спакуван во ново издание, посочи шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Српската Влада денеска за Косово

Макфакс - 03.07.2007

Белград Српската Влада најави дека денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е Извештајот за работата на државниот Преговарачки тим за политички преговори за Косово. Според најавите, тема на седницата ќе биде и Нацрт-резолуцијата за праведно решавање на косовското прашање врз основа на ...

Солана ќе го именува посредникот на ЕУ во преговорите со Косово

Макфакс - 03.07.2007

Брисел Високиот претставник на Европската унија(ЕУ) за надворешна политика Хавиер Солана ќе го одреди лицето кое ќе биде посредник на ЕУ во новите преговори за идниот статус на Косово. Ова на денешниот состанок во Брисел го одлучија шефовите на дипломатии на ЕУ, кои се заложија за тоа Унијата да ...

Поделба на Косово

Вечер Прес - 03.07.2007

На Србија треба да и бидат дадени деловите од Косово во кои живеат Срби, како и областите во кои се наоѓаат познатите цркви и манастири, наведува Примаков Поранешниот руски премиер и министер за надворешни работи Евгениј Примаков во авторски текст објавен во неделникот "Московские новости" предлага ...

Во Москва се зборува и за поделба на Косово

Утрински - 02.07.2007

Путин и Примаков Бившиот премиер Примаков во свој авторски текст пишува дека поделбата е помало зло од независноста на Косово Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Ако Србите и Албанците не пронајдат компромис околу идниот статус на Косово и Метохија, тогаш не преостанува ништо друго освен да ...

Евгениј Примаков предлага поделба на Косово

Канал5 - 02.07.2007

Поранешниот руски премиер и министер за надворешни работи Евгениј Примаков во авторски текст објавен во неделникот „Московские Новости“ предлага поделба на Косово, доколку косовските Албанци и Србите не успеат да постигнат компромис околку статусот на покраината.

Москва - Конечно решение за Косово само ООН

Макфакс - 02.07.2007

Москва Позицијата на Русија е дека само решение на Советот за безбедност на ООН за ситуацијата во Косово може да биде легитимно. Ова се наведува во декларацијата на руското Министерство за надворешни работи, објавена синоќа. „Крајното решение за статутот треба да го донесе СБ на ООН врз основа на ...

Кушнер во Белград и Приштина

Макфакс - 02.07.2007

Белград Шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер денеска ќе допатува во дводневна посета на Србија на разговори за иднината на Косово и европските интеграции. Според најавите Кушнер во Белград ќе има средба со премиерот Воислав Коштуница, а ќе разговара и со шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ.

САД и ЕУ ќе ја убедат Русија

Вечер Прес - 02.07.2007

Изјавите на Тачи беа засилени со мирни протести на припадниците на "Самоопределување" кои побараа референдум со кој ќе се потврди волјата на косовските Албанци за независност Косово ќе добие независност, независно од ставот на Русија, изјави вчера лидерот на Демократската партија на Косово, Хашим ...

ЕУ очекува напредок за Косово

Макфакс - 02.07.2007

Париз Европската унија (ЕУ) има надеж дека ќе дојде до напредок во решавањето на статусот на Косово. За процесот на решевање на косовскиот стаус денеска во Париз разговараа високиот претставник на Унијата за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана и францускиот претседател Никола Саркози.

Кушнер - Планот на Ахтисари останува основа за решавање на косовскиот статус

Макфакс - 02.07.2007

Белград Планот за надгледувана независност на Косово нема автоматски да стапи на сила ако преговорите не успеат, но и понатаму останува основа за решавање на статусот на Косово. Ова денеска во Белград го изјави шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер по средбата со својот српски колега Вук ...