TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ослободени повеќе од 40 ирачки службеници

Макфакс - 05.11.2006

Багдад Повеќе од 40 вработени во ирачките министерства, кои беа меѓу стотината киднапирани во нападот во Багдад, се пуштени на слобода, соопшти денеска локалното Министерство за внатрешни работи. Според истиот извор, поголемиот дел од вработените се пуштени на слобода или се спасени од “силите на ...

Најмалку осум лица загинаа при експлозија на автомобил бомба

Макфакс - 05.11.2006

Багдад Најмалку осум лица загинаа, а 32 се повредени при експлозија на автомобил бомба што се случи во близина на Министерството за внатрешни работи во Ирак. Ова денеска го соопштија претставници на ирачката полиција и од Министерството.

Историски иранско - ирачки состанок

Макфакс - 05.11.2006

Техеран Ирачкиот претседател Џалал Талабани пристигнува во историска посета на Иран со чие раководство треба да разговара за стабилизирање на состојбата во неговата земја. Не е исклучена можноста на средбата да учествува и Сирија, со која Ирак оваа недела договори обновување на дипломатските односи.

Киднапирани 100-ина вработени во ирачката влада

Макфакс - 04.11.2006

Багдад Вооружени лица во униформи на ирачката специјална полиција киднапираа денеска околу 100 вработени во Министерството за високо образование во Багдад, пренесуваат агенциите. Извор во ирачката полиција изјави дека напаѓачите упаднале во оддел на Министерството во багдадскиот кварт Карада од ...

Полициски час во Ирак

Макфакс - 04.11.2006

Багдад По серијата напади во Багдад во која загинаа над 200 луѓе, од синоќа во главниот град на Ирак е воведен полициски час, пренесуваат ирачките медиуми. Лидерите на трите водечки заедници во Ирак, Шиитите, Сунитите и Курдите, синоќа преку државната ирачка телевизија упатија апели за мир.

Затворени сите ирачки универзитети по киднапирањето на 150 вработени

Макфакс - 04.11.2006

Багдад Сите универзитети во Ирак денеска се затворени од безбедносни причини, по масовното киднапирање во еден државен институт во Багдад. „Не сакам да загинат уште професори. Имам само еден избор, да ја прекинам наставата на универзитетите“, соопшти ирачкиот министер за високо образование Абед ...

Шиитите против средба на ирачкиот премиер со Буш

Макфакс - 04.11.2006

Багдад Движењето на радикалниот шиитски лидер Моктада Садар се закани дека ќе ја напушти ирачката влада и парламентот ако премиерот Нури ал Малики се сретне со американскиот претседател Џорџ Буш. Заканата следи по најавите дека ирачкиот премиер би можел да се сретне со Буш кон крајот на месецот во ...

Американците не треба да се повлечат

Дневник - 03.11.2006

Ирачкиот претседател Џалал Талабани изјави дека американските трупи треба да останат во Ирак уште најмалку три години за да им овозможат на локалните безбедносни сили да се оспособат самите до ја одржуваат безбедноста, јави Ројтерс. - Ни треба време.

Убиени американски војници и ирачки цивили

Макфакс - 03.11.2006

Багдад Вкупно тројца американски војници и четворица цивили се убиени во одделни инциденти во Ирак, пренесуваат агенциите. Војниците загинале во судир со бунтовници во западната провинција Ал Анбар, соопшти американската војска во Ирак, не наведувајќи други детали.

Четворица американски војници загинаа во Ирак

Макфакс - 03.11.2006

Багдад Американската команда во Ирак денеска соопшти дека четворица американски војници загинале во судирите во оваа држава. Војниците загинале во источниот дел од Багдад, кога нивното возило налетало на поставена бомба. Војската соопшти дека еден маринец им подлегнал на повредите здобиени за време ...

Дик Чејни пристигна во Ирак

Макфакс - 03.11.2006

Багдад: Американскиот потпретседател Дик Чејни пристигна во Багдад во ненадејна посета, соопшти американската воена команда. „Потпретседателот е во Багдад кај војниците за Денот на благодарноста", изјави поручник Кристофер Грејвер.

Најмалку 143 убиени во Садр сити

Макфакс - 03.11.2006

Багдад Најмалку 143 лица загинаа, а 220 се ранети денеска попладне во серија експлозии во багдадскиот кварт Садр сити, бастион на радикалните шиити, соопшти извор од силите за безбедност. „Од убиените, 88 тела се префрлени во болницата Имам Али и 55 во градската болница во Садр сити“, соопштија ...

Серија напади во Ирак

А1 - 02.11.2006

Насилствата во Ирак продолжуваат, денешниот биланс изнесува 60 мртви и покрај апсењето на еден од водачите на ирачката вооружена група „Ансар ал Суна“, која се смета дека е поврзана со „Ал Каеда“. Но, и покрај ваквата ситуација, ирачкиот претседател Џалал Талабани изјави во Париз дека очекува ...

Десетици деца убиени на свадба

Време - 02.11.2006

ВЕСТИ ОД ИРАК Експлозија на автомобил-бомба завчера на свадбена церемонија во населбата Ур на северот од главниот ирачки град Багдад, загинале 23 лица, од кои 19 биле деца. Експлозијата се случила во моментот кога сватовите доаѓале со колона од автомобили по невестата во нејзиниот дом.

Во Ирак убиен еден од лидерите на Ал Каеда

Канал5 - 02.11.2006

Еден од лидерите на терористичката мрежа Ал каеда во Ирак е убиен заедно со својот возачот при американски воздушен напад во градот Рамади, на 110 километри западно од Багдад, соопшти американската команда. Багдад, 2 ноември (МИА) - Еден од лидерите на терористичката мрежа Ал каеда во Ирак е убиен ...

19 убиени во два инциденти во Ирак

Макфакс - 02.11.2006

Багдад Во два инциденти во Ирак денеска загинаа 19 лица, соопштија властите. Седум обезбедувачи беа убиени во бомбашки напада, додека чекале ред за плата во Искандарија, јужно од Багдад. Загинатите работеле како обезбедување на локални објекти.

Околу 60 мртви во Ирак за едно деноноќие

Макфакс - 02.11.2006

Багдад Насилствата во Ирак продолжуваат, денешниот биланс изнесува 60 мртви и покрај апсењето на еден од водачите на ирачката вооружена група „Ансар ал Суна“, која се смета дека е поврзана со „Ал Каеда“. Но, и покрај ваквата ситуација, ирачкиот претседател Џалал Талабани изјави во Париз дека ...

Малики повика на целосна измена на ирачката влада

Макфакс - 02.11.2006

Багдад Ирачкиот премиер Нури ал Малики денеска повика на „целосна измена на составот на владата“. Ова беше соопштено по денешната седница на парламентот, одржана зад затворени врати. „Премиерот повика за целосна измена на составот на владата, за доброто на актуелната ситуација во земјата“, се ...

Багдад и Дамаск ги обновија дипломатските односи

Макфакс - 02.11.2006

Багдад Ирак и Сирија целосно ги обновија дипломатските односи, повеќе од две децении откако ги прекинаа на почетокот од владеењето на Садам Хусеин, во Ирак. Веста за обновување на дипломатските односи, како што јави Би-Би-Си, е соопштена во Багдад по разговорите меѓу шефовите на дипломатии на двете ...

Убиени 25 регрути на ирачката полиција

Макфакс - 02.11.2006

Багдад Најмалку 25 регрути на ирачката полиција се загинати, а 56 се повредени во самоубиствен напад извршен денеска во центарот за обука на полицајци во западен Багдад. Ирачките безбедносни сили соопштија дека утринава „двајца камикази предизвикале експлозија додека полициските регрути се собирале ...

Нападите во Ирак се засилуваат поради изборите во САД

Дневник - 01.11.2006

Порастот на бунтовничките напади во Ирак е обид да се влијае врз резултатите од претстојните парцијални избори за гувернери, конгресмени и сенатори, изјави потпретседателот на САД, Дик Чејни, јави МИА. - Ал каеда и другите групи се обидуваат ја скршат волјата на американскиот народ, затоа што ...

Откриена масовна гробница во Ирак

Макфакс - 01.11.2006

Багдад Масовна гробница со 28 тела, е пронајдена денеска во ирачкиот град Бакуба, соопштија локалните власти. Засега не соопштено како се убиени луѓето, ниту дали меѓу нив има жени и деца. Гробницата била откриена во регион каде живеат сунити, шиити и курди.

Јужна Кореја ќе ги повлече војниците од Ирак

Макфакс - 01.11.2006

Сеул Јужна Кореја, трета држава по број на војници во Ирак, ќе го повлече целиот контингент од близу 2.300 војници до крајот на 2007 година, објави денеска владејачката партија. “Владата најави дека ќе изработи програма за повлекување до крајот на јуни, 2007 година, и ќе ја заврши мисијата до ...

Македонија ќе испрати 40 војници во Ирак

Макфакс - 01.11.2006

Скопје Македонија ќе испрати 35 војници и пет офицери од постојниот состав на Армијата, кои ќе учествуваат во обезбедување на стабилноста и поддршката на Ирак. Ова е решено на денешната владина седница, на која е одлучено војниците да заминат во Ирак за период од шест месеци, почнувајќи од декември ...

Буш: Малики е силен лидер

Макфакс - 01.11.2006

Аман Американскиот претседател Џорџ Буш го нарече денеска ирачкиот премиер Нури ал-Малики „силен лидер“ при тоа нагласувајќи дека е против поделба на Ирак. „Премиерот јасно рече дека поделбата на неговата земја, како што предложија некои, не е она што го сака ирачкиот народ и било каква поделба на ...

Ирак и Сирија по две децении ќе ги обноват дипломатските односи

Макфакс - 01.11.2006

Багдад Ирак и Сирија, денеска, објавија дека повторно ќе ги обноват дипломатските односи што беа прекинати во изминатите 20 години, соопштија локалните власти. Дипломатските односи меѓу овие две држави беа прекинати поради режимот на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин.

Започна средбата Буш - Ал Малики

Макфакс - 01.11.2006

Аман Средбата помеѓу американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот ирачки колега Нури ал Малики, започна утринава во Аман, пренесуваат светските агенции. Најавената средба која требаше да се одржи вчера попладне беше одложена за утринава поради, тоа што на Буш му било соопштено дека ирачките и ...

Колдвел: Странски војници се борат во Ирак

Макфакс - 01.11.2006

Багдад Речиси 70 странски борци влегуваат секој месец во Ирак за да учествуваат во бунтот против американско-британските сили, тврди висок американски воен претставник. „Странски борци и натаму ја минуваат сириската граница и се вклучуваат во борби против ирачките и коалициските сили“, изјави ...

Најмалку три жртви во експлозија во шиитски кварт

Макфакс - 01.11.2006

Багдад Најмалку три лица загинаа, а пет се повредени, во експлозија што денеска се случи во шиитскиот дел на Багдад, соопштија полициски извори. Експлозијата се случила на пазарот Џамила, во сиромашниот шиитски дел на Багдад.

Порастот на насилството во Ирак е поврзано со изборите во САД

А1 - 31.10.2006

Порастот на насилството во Ирак е поврзано со обидите да се влијае на изборните резултати идната недела во САД, кога републиканците ќе се обидат да го задржат мнозинството во Конгресот, изјави вицепретседателот на САД Ричард Чејни за телевизијата Си-Ен-Би-Си.

Киднапирани 40 патници од автобуси во Ирак

А1 - 31.10.2006

Речиси 40 лица беа киднапирани денеска, од автобуси од страна на непознати лица во Ирак. Инцидентите се случиле северно од Багдад, во момент кога автобусите запреле на безбедносен пункт, за кој се покажало дека е лажен. Автобусите, во кои повеќето патници биле шиити, биле запрени во близина на ...

Овој месец загинаа 100 американски војници во Ирак

Утрински - 31.10.2006

БАГДАД - Билансот на загинати американски војници во Ирак за октомври вчера се искачи на сто, една недела пред американските избори на кои републиканците на претседателот Џорџ Буш би можеле да загубат контрола во Конгресот поради политиката во Ирак.

Најмалку 31 загинат при експлозија во Багдад

А1 - 30.10.2006

Најмалку 31 лице загинаа, а над 50 се повредени, денеска при експлозија на бомба на пазар во багдадското предградие Садр Сити, каде мнозинството од жителите се шиити. Според ирачката полиција, бомбата била поставена во близина на местото на пазарот каде секојдневно се собираат голем број најмени ...

Најмалку 31 загинат при експлозија во Багдад

Канал5 - 30.10.2006

Најмалку 31 лице загинаа, а над 50 се повредени денеска при експлозија на бомба на пазар во багдадското преградие Садр Сити, каде мнозинството од жителите се шиити. Багдад, 30 окотмври (МИА) - Најмалку 31 лице загинаа, а над 50 се повредени денеска при експлозија на бомба на пазар во багдадското ...