Северна Кореја потврди дека ке продолжи со разоружување на нуклеарната централа и ке им дозволи целосен пристап на меѓународните набљудувачи да го верификуваат процесот. Ова одлука на севернокорејските власти доаѓа еден ден откако Соединетите Држави одлучија да ја тргнат од листата на држави кои го финансираат тероризмот.
Официјален Пјонгјанг денеска соопшти дека севернокорејскиот атомски реактор Јонгбјон сепак ќе биде исклучен. Севернокорејските власти најавија и дека повторно ќе им дозволат на инспекторите од САД и од Меѓународната атомска агенција да го надгледуваат прекинот на тамошната атомска програма.
Соединетите Американски држави ја тргнале Северна Кореја од “црната листа“ на која се наоѓаат земји кои му помагаат на тероризмот, објавил портпаролот на Стејт департментот Шон МекКормак. Оваа одлука ја донел претседателот Џорџ Буш откако таа земја дозволила пристап на експертите на своите “пријавени“ нуклеарни објекти. Проверките ќе ги изврши Агенцијата за атомска енергија.
Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека ќе ја избришат Северна Кореја од црната листа на држави кои го поддржуваат тероризмот, јавија агенциите. Портпаролот на Стејт Департментот, Шон Меккормак изјави дека таквата одлука е донесена откако Северна Кореја ги прифатила низата мерки, со кои што би се проверувале нејзините нуклеарни погони.
Од Стејт департментот соопштија дека Северна Кореја се согласила на барањето на Соединетите Држави за нуклеарно набљудување. Портпаролот на Стејт Департментот Шон Меккормак изјави дека со новиот договор Пјонгјанг ке им дозволи на експертите за атомска енергија на Обединетите Нации да имаат целосен пристап до нејзината нуклеарната програма.
СЕУЛ/ТОКИО, 11 октомври (Ројтерс) - САД и Северна Кореја се приближуваат кон компромис за да го спасат кревкиот нуклеарен договор, пренесоа вчера медиумите, а Јапонија изјави дека би можела да прифати Северот да биде симнат од американската листа на земји кои го поддржуваат тероризмот.
САД и Северна Кореја ќе го спасуваат нуклeарниот договор СЕУЛ - Соединетите Американски Држави и Северна Кореја се пред постигнување договор за спас на нуклеарниот договор, беше објавено вчера, додека јужнокорејскиот министер за надворешни работи изјави дека наскоро би можеле да бидат обелоденети ...
Севернокорејската државна телевизија денеска објави десетина фотографии од 66-годишниот Јонг Ил во посета на севернокорејски војници, кои треба да докажат дека тој е жив и ги извршува неговите државнички активности.
САД денеска ја симнаа Северна Кореја од списокот на земји кои го поддржуваат тероризмот, пренесе Франс прес, повикувајќи се портпаролот на Стејт департаментот Шон Меккормак.
ВИЕНА, 10 октомври (АП) - Дипломатите велат дека Северна Кореја не им дозволува на меѓународните инспектори пристап до нуклеарната постројка "Јонгбјон". Дипломатите велат дека Северна Кореја оваа одлука ја донела неодамна, но не објаснија во детали.
Вашингтон и Пјонгјанг се блиску до постигнување компромис во врска со спорот околу атомската програма на Северна Кореја.
Северна Кореја постави повеќе од 10 нови ракети, подготвени за лансирање како тие од вчера. Веста ја пренесоа и севернокорејските медиуми. Вчера комунистичката земја лансираше две ракети со краток дострел на делување во Жолтото Море. Новиот тест е чин без преседан, а другите земји го осудуваат тоа.
Северна Кореја е подготвена да пушти 10 ракети со кратки зраци во Жолто Море. Веста е објавена од северно корејскиот печат, цитирајќи владини извори. Според северно корејскиот дневен весник “Чусун Илбо“, во вторникот се пуштени две ракети кои биле идентификувани од американските сателити.
Северна Кореја во Жолтото Море денеска лансираше две ракети со краток дострел. Со тоа само ја зголеми тензијата на меѓународната заедница кон себе, додека светските сили се трудат да ја убедат да дејствува во согласност со договорот за нуклеарното вооружување.
Северна Кореја денеска во Жолтото Море тестираше ракети со низок опфат на уништување додека со земјата продолжуваат дипломатските напори за исполнување на спогодбата за нуклеарно разоружување, соопшти АФП.