TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поделени експертските ставови за влез во НАТО

А1 - 02.03.2008

По фијаското на последната рунда преговори за името, експертските ставови поделени, од оценки дека Македонија треба да влезе во НАТО заради стабилноста на регионот, до сугестии да се прекинат разговорите во Њујорк. Ако НАТО сака безбедност во регионот, ако го респектира македонското учество во ...

Брисел: Можна е суспендирана покана за НАТО

А1 - 02.03.2008

После вчерашниот очекуван дебакл во Њујорк, решение за Македонија да добие покана во НАТО, сепак постои, изјавуваат дипломатски извори за А1. Единствен излез сега е Грција да се согласи на т.н. суспендирана покана, варијанта која се разгледува како опција, Македонија да ја добие поканата со услов ...

Мнозинството Бугари се за прием на Македонија во ЕУ и НАТО

Макфакс - 02.03.2008

Софија Две третини од Бугарите го поддржуваат присоединувањето на Македонија во Европската унија(ЕУ), а само 12 проценти се против. Ова го покажуваат резултатите од проучувањето на Националниот центар за испитување на јавното мислење, спроведено меѓу 28 февруари и 5 март.

Само името пречка за НАТО

Макфакс - 02.03.2008

Вашингтон Членките на Јадранската група ги исполнија критериумите и треба да влезат во НАТО во интерес и на стратешката стабилност, оцени Американскиот Сенат. Ова, како што јавува Макфакс, е оценка од дебатата на тема „НАТО: Проширување и ефекти” одржана во Комисијата за надворешни односи на ...

Буш се надева дека Јадранската група ќе добие покани за НАТО

А1 - 01.03.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш изрази надеж дека на претстојниот самит на НАТО, земјите членки на Јадранската група, Хрватска, Македонија и Албанија, ќе бидат известени дека ги исполниле критериумите за прием во НАТО, јави Хрватската државна телевизија, известувајќи за средбата меѓу Буш и ...

НАТО ќе испрати покана до Јадранската група

Утрински - 01.03.2008

Дипломати на НАТО велат дека Хрватска, Албанија и Македонија ги исполнија критериумите за покана Августин Палокај Дописничко биро на ВАЦ Брисел - Само еден месец пред самитот на НАТО во Букурешт земјите-членки на НАТО се многу блиску до постигнување целосен консензус во однос на поканите за три ...

На еден месец до самитот на НАТО во Букурешт, Македонија е без амбасадор во романската престолнина

Канал5 - 01.03.2008

Македонија половина година е без амбасадор во Букурешт, каде што за еден месец се одржува самитот на НАТО од кој земјава очекува историска одлука за себе. Амбасадорската позиција во Романија останува празна и по последниот бран амбасадорски назначувања.

Американскиот претседател не се обврза на НАТО-проширување – коментари по состанокот Буш-Шефер

Канал5 - 01.03.2008

Американскиот претседател Буш и генералниот секретар на НАТО Шефер на вчерашната средба во Вашингтон разговарале и за прашањето за името, потврди Шефер, без да сака да навлезе во содржината на дискусијата. Американскиот претседател Буш и генералниот секретар на НАТО Шефер на вчерашната средба во ...

Бугарија го поддржува приемот на Македонија во НАТО

Макфакс - 01.03.2008

Софија Бугарија го поддржува приемот на Македонија, Хрватска и Албанија во НАТО изјави денеска во Софија министерот за одбрана Веселин Близнаков. “За нас, како држава на Балканот, многу е важно трите држави Македонија, Хрватска и Албанија, да станат членки на Алијансата“, рече министерот Близнаков ...

Буш оптимист околу влезот на Македонија, Хрватска и Албанија во НАТО

Макфакс - 01.03.2008

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш изрази надеж дека на престојниот самиот на НАТО, Македонија, Хрватска и Албанија ќе бидат известени оти ги исполниле условите за членство во Алијансата. Ова Буш му го пренел на генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер, на вчерашната средба што се ...

Илјадници демонстранти против НАТО во Украина

Макфакс - 01.03.2008

Киев Илјадници активисти протестираа во црноморското пристаниште Симферопољ поради можниот прием на Украина во НАТО, како и против претстојната посета на американскиот претседател Џорџ Буш на Украина. Симпатизерите на проруската партија протестираа против барањето на Украина да пристапи кон ...

Последни проверки на безбедност пред самитот на НАТО

Макфакс - 01.03.2008

Букурешт Последни проверки на капацитетот на полицијата за осигурување на безбедноста во текот на претстојниот самит на НАТО во Букурешт се одржуваат деновиве. Околу 12 илјади припадници на Министерството за внатрешни работи, во рамки на последните проверки, ќе симулираат предвидливи сценарија.

НАТО во Букурешт со нови и стари предизвици

Макфакс - 01.03.2008

Букурешт Лидерите на НАТО во среда до петок на Самитот во Букурешт ќе бараат одговори на новите и старите предизвици - ширењето на алијансата со три нови членки, како и операциите во Авганистан и на Косово, односите со Русија и антиракетниот штит.

Неколку илјади демонстрираат против влезот на Украина во НАТО

Макфакс - 01.03.2008

Киев Неколку илјади демонстранти протестираат денеска во Киев против интеграцијата на Украина во НАТО, но и против посетата на американскиот претседател Џорџ Буш. Протестите ги организираат Комунистичката партија и Прогресивната социјалистичка партија на Украина.

Шефер:Македонија и Грција да бидат флексибилни

Макфакс - 01.03.2008

Вашингтон Генералниот секретар на НАТО Јаап де хоп Шефер очекува Македонија и Грција да бидат флексибилни и да изнајдат решение за проблемот со името. „Се надевам дека во престојните 22 дена до Самитот на НАТО во Букурешт може да се најде решение и оти по тоа прашање има флексибилност од сите ...

Романија одлучна да не го признае Косово

Макфакс - 01.03.2008

Букурешт Позицијата на Романија дека нема да го признае Косово останува непроменета и врз неа нема да влијае одлуката на Бугарија, Хрватска и Унгарија да ја признаат независноста на јужната српска покраина. „Запознати сме со одлуките на властите на трите држави, но тоа нема да ги промени ставот, ...

Букурешкиот се најавува како самит на проширување

А1 - 29.02.2008

Претстојниот самит на НАТО во Букурешт се најавува како самит на проширување. Планот на Алијансата е да ја отвори вратата за членство за земјите од Јадранската група - Хрватска, Албанија и Македонија. Првиот човек на НАТО, Јап де Хоп Шефер, денеска е во Вашингтон, каде со американскиот претседател ...

НАТО притиска со рокови, Македонија бара одлагања

Утрински - 29.02.2008

Портпаролот на Алијансата изјави дека прашањето за името е важно за НАТО Од нашиот дописник Слободанка Јовановска Брисел - Иако има само шест дена до одлучувачкиот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, во Брисел и натаму инсистираат проблемот со името да се реши до 6 март, но ...

Убедени сме дека ќе станете членка на НАТО

Време - 28.02.2008

ЧОРОЈАНУ ГОСТИН НА МИЛОШОСКИ Романија е убедена дека Македонија ќе стане земја-членка на НАТО на самитот што го организира во Букурешт. Адријан Чоројану, шеф на романската дипломатија, го најави самитот како најголем настан во историјата на Алијансата.

Романија сака да ја види Македонија во НАТО

Утрински - 28.02.2008

„Романија целосно ја поддржува Македонија во европските и евроатлантските интеграции и е подготвена да ги сподели и да ги пренесе своите искуства на тоа поле“, изјави во Скопје шефот на романската дипломатија, Адријан Чоројану.

Поддршка од американскиот сенатор Лугар

Утрински - 28.02.2008

ВАШИНГТОН - „Македонија треба да биде примена во НАТО“, изјави во понеделникот американскиот сенатор Ричард Лугар. Поканата за влез во Алијансата се очекува да биде упатена во почетокот од април. Македонија со години води кампања за влез во НАТО.

Потпишани протоколи за соработка со Романија

Дневник - 28.02.2008

Македонија и Романија вчера потпишаа протоколи за соработка во областа на образованието и за изменување на Договорот помеѓу владите на двете земји за поттикнување и заемна заштита на инвестициите. Протоколите од романска страна ги потпиша шефот на романската дипломатија Адријан Чоројану, а од ...

Македонија ќе добие шанса

Вечер Прес - 28.02.2008

Романија целосно ја поддржува Македонија во европските и евроатлантските интеграции и е спремна да ги сподели и пренесе своите искуства, изјави романскиот министер за надворешни работи Адриан Чоројану, по средбата со македонскиот колега Антонио Милошоски во Скопје.

Романија е убедена дека Македонија ќе влезе во НАТО во април

А1 - 27.02.2008

Романија е убедена дека Македонија ќе стане земја членка на НАТО на самитот што го организира во Букурешт. Шефот на романската дипломатија го најави самитот како најголем настан во историјата на Алијансата. „Самитот во Букурешт не само што ќе биде најголем настан што некогаш е организиран во ...

Шефер бара решение за името пред самитот

А1 - 27.02.2008

Генералниот секретар на НАТО Шефер, инсистирал на средбата со претседателот Црвенковски на решение за името пред самитот, дознава А1 од дипломатски извори. Она што му било предочено на претседателот дека името не е критериум, не е предуслов за членство.

Неизвесност до последниот ден

Време - 27.02.2008

ПРЕД САМИТОТ НА НАТО ВО БУКУРЕШТ Состанокот на министрите за надворешни работи од земјите-членки на НАТО, закажан за 6 март во Брисел, ќе биде последниот собир пред самитот на Алијансата во Букурешт од 2 до 4 април 2008 година.

Очекуваме Македонија да добие покана

Утрински - 27.02.2008

Адријан Чоројану Проширувањето е една од најуспешните политики на Унијата што стимулира просперитет на општествата, смета шефот на романската дипломатија Димитар Чулев Романија ќе биде домаќин на самитот на НАТО во почетокот на април.

Романскиот шеф на дипломатијата во посета на Македонија

Утрински - 27.02.2008

Во дводневна посета на Република Македонија вчера допатува министерот за надворешни работи на Романија Адријан Чоројану. Размената на мислења, исто така, ќе се однесува и на претстојниот самит на НАТО, кој од 2 до 4 април ќе се одржи во Букурешт.

Американскиот сенат поддржува проширување на алијансата

Дневник - 27.02.2008

Нацрт-резолуција за поддршка на Македонија, Хрватска и на Албанија за влез во НАТО беше поднесена завчера во американскиот Сенат, соопшти секретаријатот на Сенатот. „САД треба да демонстрираат лидерство и да поддржат испраќање покана за влез во НАТО до Македонија, Хрватска и Албанија на следниот ...

Брисел реагира на најавите за останување на тврдите позиции за името

Канал5 - 27.02.2008

Хавиер Солана не сака вето и ги повикува двете страни да продолжат да преговараат за името. Ваквата порака доаѓа непосредно по најавите дека ставот на македонската влада ќе биде многу потврд од очекуваното за предлозите на Нимиц.

Претседателот Црвенковски во Брисел ќе разговара со Солана и со Шефер

Канал5 - 27.02.2008

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска во Брисел ќе се сретне со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана и со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер. Брисел, 27 февруари (МИА) - Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска во Брисел ...

Сенаторот Лугар поднесе резолуција во Сенатот за прием на Македонија во НАТО

Канал5 - 27.02.2008

Во време кога кулминира анти-македонската кампања спонзорирана од Грција, нова иницијатива за силна поддршка за влез на земјава во НАТО. Влијателниот сенатор Ричард Лугар поднесе резолуција во Американскиот сенат со која бара прием на Македонија, Албанија и Хрватска во алијансата на самитот во ...

Во Сенатот нацрт-резолуција за поддршка за влез во НАТО

А1 - 26.02.2008

Нацрт-резолуција за поддршка на Македонија, Хрватска и Албанија за влез во НАТО синоќа е поднесена во американскиот Сенат. Во документот, кој е доставен на разгледување и гласање во внатрешно-политичката комисија на Сенатот, се наведува дека САД треба да демонстрира лидерство и да поддржи испраќање ...

Црвенковски на средби во ЕУ и во НАТО

Време - 26.02.2008

НА ПОКАНА ОД БРИСЕЛ Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Претседателот Црвенковски денеска ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Оли Рен, а утре со високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна ...

Косово тема на средбите на Црвенковски во Брисел

Утрински - 26.02.2008

Од нашиот дописник Слободанка Јовановска Брисел - Брисел ќе ја искористи посетата на претседателот Бранко Црвенковски денес и утре за да го отвори прашањето на признавањето на Косово и иако официјално тоа е нешто за што и земјите-членки решаваат самостојно, јасно ќе му биде ставено до знаење во кој ...

Црвенковски во работна посета на НАТО и ЕУ

Дневник - 26.02.2008

Претседателот Бранко Црвенковски денеска ја почнува работната посета на Брисел, во чии рамки ќе има средби со високи претставници на ЕУ и на НАТО. Црвенковски ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Оли Рен, како и со високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ...

Македонија заслужи покана за НАТО

Вечер Прес - 26.02.2008

Премиерот и министрите за одбрана и за надворешни работи велат дека државата ја заслужува поканата, бидејќи е подготвена за НАТО. Оценките на македонските власти се дека Македонија значајно придонесува за светскиот мир преку учество во неколкуте мировни мисии Македонија подготвена го чека април, ...

ЕУ и НАТО ќе ја преземат контролата

Вечер Прес - 26.02.2008

Европската унија и НАТО ќе ја преземат контролата врз цело Косово, изјавија вчера во Брисел, Солана и генералниот секретар на НАТО, Шефер. Одговарајќи на прашање на новинарите дали е загрижен од можноста за поделба на Косово, Солана одговори одречно. "Во принцип не сме загрижени.

Се засилува неизвесноста за влез во НАТО

А1 - 25.02.2008

Неизвесноста околу македонската покана за членство во НАТО се засилува, особено кога генералниот секретар, како во случајов денеска по разговорите со Солана, ја подгрева таа неизвесност. „Што е над можноста за покана? Запомнете, можноста за покана затоа што се уште не сме таму.

Букурешт: Македонија заслужува покана за НАТО

А1 - 25.02.2008

Македонија заслужува покана за НАТО, ова е пораката на државниот врв, пет седмици пред одржувањето на самитот на Алијансата во Букурешт. „Интеграцијата е наша инспирација, интеграцијата е потреба, интеграцијата е нов почеток, но и логична последица на постигнатиот успех“, изјави Груевски.

Доделувањето на покани за НАТО е се уште само можност

Канал5 - 25.02.2008

Генералниот секретар на НАТО во посета на седиштето на ЕУ, денеска со воздржани и умерени пораки за евентуалните покани за членство во Алијансата за трите кандидатки Хрватска, Македонија и Албанија. “Што е важно освен можноста, забележете го добро мојот збор – МОЖНОСТА за доделување покани - уште ...