Израелската армија изврши жестоки напади врз палестински цели во градот Наблус. Врз зградите на палестинската управа и на полицијата во градот се истрелани повеќе ракети од израелските борбени авиони и хелихоптери. Претходно на Западниот брег во колонијата Кармеј Шомрон во самоубиствен напад ...
Израелските воени авиони денеска испалиле проектили кон едно палестинско полициско утврдување во појасот Газа при што загинал еден полициски поручник, 32-ца биле повредени од кои 4-ца критично. Двајца полициски офицери се уште се водат како исчезнати под урнатините.
Ескалираат борбите меѓу Израелците и Палестинците ЕРУСАЛИМ - Израелски тенковски единици вчера убиле еден Палестинец, а уапсиле повеќемина, откако палестински експлозив убил тројца војници, во најновиот бран на насилство. Израелските сили в зори нападнале две села на северниот дел од Западниот ...
Израелските сили рано изутрината повторно влегоа во градот Дир Ал Балак, само неколку часови откако го напуштија тој и уште два града во појасот Газа. Израелските тенкови зазедоа позиции на улиците на градот откако на блиската еврејска населба биле истрелани минофрлачки гранати.
Палестинците со камења ги дочекаа израелските тенкови БЕИТ ХАНУН, Појасот Газа, 14 февруари (АП) - Израелската војска вчера изврши напад врз три палестински градови и еден бегалски камп во најмасовната воена операција во Појасот Газа во 16-те месеци на борба штои беа реакција на палестинскиот напад ...
По ветувањето дека ќе формираат безбедносни зони во палестинските области БЕИТ ХАНУН - Изралеските сили вчера убија четири палестински полицајци во нападите во појасот Газа, по ветувањето дека ќе формираат "безбедносни зони" во палестинските области, за да ги заштитат израелските градови од ...
НОВА СТРАТЕГИЈА НА ПАЛЕСТИНСКИТЕ МИЛИТАНТИ Хамас најави дека ќе користи какво годе оружје за да # се спротивстави на најмоќната блискоисточна армија, опремена со борбени авиони "Ф-16", хеликоптери "Апачи", тенкови "меркава" и проектили наведувани со ласер Милитантната исламистичка група Хамас вчера ...
Израелски оклопни возила изутрината влегоа во три градови во подрачјето на палестинската самоуправа во појасот Газа, како и во еден бегалски логор, при што убија тројца полицајци и уапсија осуммина наводни екстремисти, јавуваат западните агенции, пренесувајќи ги палестинските извори.
Еден палестински полицаец е убиен, а двајца милитанти се уапсени во синоќешните акции на израелската војска во Западниот Брег. Палестинскиот полицаец беше убиен во вооружена пресметка за време на упадот на израелските сили во градот Халхул, северно од Хеброн.
Урнатини по израелското ракетирање на Газа ГРАДОТ ГАЗА, Појасот Газа, 12 февруари (АП) - Израелски воени авиони и хеликоптери вчера го нападнаа палестинскиот штаб на безбедност во градот Газа како реакција на нападот со ракети што го извведоа Палестинците врз израелски цивили.
Изјава ЛОНДОН - Палестинскиот претседател Јасер Арафат вчера изјави дека каков било обид на Израел да го замени како партнер во мировните разговори, нема да успее. Во интервјуто со Би-Би-Си, Арафат изјави дека Израел мора да разговара со него, бидејќи тој е избраниот лидер на Палестинците.
Во знак на одмазда поради нападите врз Израелците НАБЛУС - Израелски тенкови вчера го нападнаа градот Наблус, кој е под палестинска власт, во знак на одмазда поради нападите врз Израелците, судирајќи се со оружен отпор и краткотрајно притворувајќи две лица, пред да се повлечат од градот на ...
НОВА ЕТАПА ВО БЛИСКОИСТОЧНАТА ВОЈНА Израелски хеликоптери и борбени авиони вчера извршија напади врз палестински цели во автономната област Газа за да го одмаздат првиот напад со проектили на милитантната група Хамас, јави Ројтерс.
Изрaелската армија синоќа повторно влезе во палестинскиот град Наблус. По спорадичните судири двајца Палестинци се уапсени, изјави портпарол на војската. Тој смета дека Наблус е гнездо на тероризмот. Претходно израелски авиони дејствувале со ракети врз зградите на палестинската самоуправа во Газа.
БЕРШЕБА, Израел, (АП) - Двајца вооружени Палестинци вчера отвориле оган на улицата, надвор од една голема израелска воена база во јужниот град Бершеба, и притоа убиле две жени, а погодиле најмалку уште четири лица, пред да бидат убиени, јавуваат официјални лица.
БЛИСКИ ИСТОК ЕРУСАЛИМ - Двајца палестински напаѓачи вчера убиле најмалку две лица, во вооружениот напад кој се одиграл во близината на воена база во градот Бершеба, на југот на Израел, пред тие да бидат застрелани од страна на војниците, соопшти израелската полиција.