TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шест порази на Металург во ЛШ

А1 - 12.11.2006

Македонскиот ракометен првак Металург неславно со шест пораза го заврши настапот во Лигата на шампионите. Последниот го претрпе денеска со 32:24 на гостувањето кај хрватскиот Загреб, во натпреварот од последното коло во групата.

Металург сака Чесно да се збогува од ЛШ

Време - 11.11.2006

6. КОЛО ОД ЛШ, МЕТАЛУРГ УТРЕ МУ ГОСТУВА НА ЗАГРЕБ Македонскиот ракометен првак Металург има само една желба за утрешниот последен натпревар во Лигата на шампионите (ЛШ) против хрватскиот првак Загреб (17 часот, МТВ пренос) - да се претстави во најдобро светло и чесно да ја заврши европската одисеја ...

"Фенерот" неизбежен

Вест - 11.11.2006

РАКОМЕТ - МЕТАЛУРГ ВО ЗАГРЕБ ЗАВРШУВА СО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Со гостувањето во Загреб, Металург го завршува својот излет во Лигата на шампионите. А, доколку Флензбург денеска биде поразен од Чеховски медведи во Русија, утрешниот натпревар ќе биде, од резултатска гледна точка, беззначаен и за двете ...

На разделба - добар впечаток

Утрински - 11.11.2006

В недела во 16,40 ч. Металург го игра последниот меч во Лигата на шампионите против Загреб во гости Ракометарите на Металург во недела ќе го одиграат последниот меч во својата група во Лигата на шампионите, му гостуваат на првакот на Хрватска, Загреб, од кого загубија и во Скопје.

Поважна е формата од резултатот

Дневник - 11.11.2006

Металург, тим одамна отпишан во Лигата на шампионите, во последното коло од Д-групата утре гостува во Загреб Металург, тим одамна отпишан во Лигата на шампионите, во последното коло од Д-групата утре (17 ч. МТВ пренос) гостува во Загреб.

Скопјани сакаат да се надигруваат

Вечер Прес - 11.11.2006

Во таборот на металурзите посакуваат добро претставување против домаќинот Загреб и коректна разделба од најквалитетното, европско, клупско, натпреварување Своето деби во најквалитетното Европско ракометно натпреварување во Лигата на шампионите, Металург ќе го заврши утре во Загреб (17 ч.

Вардар и Металург ќе играат во декември

Време - 07.11.2006

СУПЕРЛИГА, МАЖИ Дерби-натпреварот од 11. коло од машката ракометна Суперлига меѓу Вардар про и Металург, наместо утре, како што беше закажано, ќе се игра во првиот или вториот викенд на декември. Вака се договориле двата ривалски скопски клуба, со оглед дека се уште имаат обврски во еврокуповите.

Петти пораз на Металург во најдобрата партија досега во ЛШ

Време - 06.11.2006

5. КОЛО ОД ЛШ, МЕТАЛУРГ - ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ 28-32 (12-16) Александра Мазнева - Бундалевска Металург, македонскиот ракометен првак, во најдоброто издание досега во Лигата на шампионите (ЛШ)го претрпе и петтиот пораз во најквалитетното европско клупско натпреварување од Чеховски медведи, со 28-32 ...

„Металурзите“ скапо им ја продадоа кожата на Русите

Утрински - 06.11.2006

Македонскиот првак загуби и од Чеховские медведи со 32:28, но им даде силен отпор на простувањето од својата публика во ЛШ РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Ракометарите на Металург со кренати глави го напуштија теренот во СРЦ „Кале“ и покрај поразот од Чеховские медведи од 32:28 во петтото коло од групата Д во ...

ЛШ е тешка индустрија за „металурзите“

Дневник - 06.11.2006

Напредок има, но за резултати во елитното европско клупско натпреварување ќе се почека, велат во Металург Металург покажа напредок во играта, особено во физичката подготвеност и борбеноста, но повторно загуби пред домашна публика, овој пат од рускиот тим Чеховские медведи, 28-32 (12-16), во ...

Не најдоа оружје за "мечките"

Вечер Прес - 06.11.2006

Нашиот шампион во последниот натпревар пред домашната публика, против елитниот руски состав, на два пати дојде до негатива од два гола, но немаше сили за пресврт Металурт го нанижа петтиот пораз во своето деби во Лигата на шампионите, во "Д" групата, во "Кале", против елитниот руски состав на ...