TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Либан негира дека добива оружје од Сирија

Макфакс - 08.10.2006

Бејрут Границите со Сирија се строго набљудувани и не постои можност за доставување на оружје од оваа земја, соопштија денеска претставници на либанската армија. Демантот од либанските власти, следи откако минатата недела, израелскиот министер за одбрана Амир Перец, изјави дека израелските авиони ...

Израелското разузнавање тврди дека Сирија му доставува оружје на Хезболах

Канал5 - 06.10.2006

Извештаи од израелското разузнавање покажуваат дека Сирија го обновила илегалното доставување оружје за либанската екстремисткичка група Хезболах со што го прекршува меѓународното ембарго, пишува денеска израелскиот весник "Једиот ахронот".

Израел ќе одговори цврсто на провокациите на Хезболах

Макфакс - 06.10.2006

Ерусалим Израел ќе одговори цврсто на секоја провокација на Хезболах, изјави висок претставник на Владата. „Ние ќе одговориме цврсто на секаква провокација на Хезболах“, предупреди синоќа израелскиот министер за одбрана Амир Перец, за време на посетата на една воена база.

Израел ќе продолжи да го надлетува Либан

Макфакс - 03.10.2006

Ерусалим Израел ќе продолжи да ја надлетува територијата на Либан, затоа што тоа е нужно за спречување на криумчарењето на оружје за Хезболах. Ова вчера го изјави израелскиот министер за одбрана Амир Перец за време на состанокот на израелската влада, додавајќи дека „Либанската влада не ги исполнува ...

Либанци на сината линија

Вечер Прес - 03.10.2006

Либанските војници од вчера почнаа да се распоредуваат во пограничните зони и демаркационата "сина линијаа, прв пат по 40 години, пренесува МИА. Израелската армија вчера се повлече од сите сектори по границата меѓу Либан и Израел.

Израелската војска се повлече од Либан

Вест - 02.10.2006

ЗАРИТ, Израел, 2 октомври (Ројтерс) - Израелската војска вчера се повлече од јужен Либан без многу врева и го заврши предавањето на подрачјето на либанската војска и мировните сили на ОН според договорот за прекин на огнот кој стави крај на скапата војна со герилците на Хезболах.

Израелците се повлекоа од Либан

Време - 02.10.2006

ПО ДОАЃАЊЕТО НА МИРОВНИЦИТЕ Израелската армија вчера ги повлече последните свои војници од територија на јужен Либан, која Израелците ја окупираа за време на својата едномесечна војна со терористичката група Хезболах, јави новинската агенција АФП.

Израел ги повлече последните трупи од Либан

Утрински - 02.10.2006

ЕРУСАЛИМ - Израел ги повлече и последните војници од Либан, исполнувајќи го на тој начин клучниот услов во договорот за прекин на огнот од страна на ОН со кој се заврши војната со Хезболах. Околу 200 војници по полноќ ја минаа израелската граница.

Либанската армија се распоредува на демаркационата „сина линија“ со Израел

Канал5 - 02.10.2006

Либанската армија е подготвена да му возврати на Израел во случај на нова агресија во Либан, изјави главниот командант на либанската армија генерал Мишел Слејман, на церемонијата на издигнување на либанското знаме во Лабуне, во близина на израелско - либанската граница.

Изрел се повлече од Либан

Вечер Прес - 02.10.2006

Израелската војска вчераутро се повлече од Јужен Либан, што е дел од мировната спогодба потпишана на 14 август, а со која треба да и се стави крај на едномесечната војна меѓу Израел и Хамас. Според планот на ОН, во Либан ќе се распоредат 15.000 "сини шлемови" и исто толку либански војници.