Поради акцијата на безбедносните сили во араЧиново Политичкиот дијалог кај шефот на државата по прексиноќешната деблокада вчера повторно западна во криза откако ПДП побара итно запирање на воената акција во Арачиново како услов за натамошното учество во преговорите и во владината коалиција ...
Албанскиот блок со ултимативно барање - или стоп за акцијата во Арачиново или прекин на политичкиот дијалог кај Трајковски. ПДП денеска имаше средба со амбасадорите на САД и Британија, Мајк Ајник и Марк Дикинсон. А се одржуваат консултации на западните дипломати со претседателот на државата.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ГИ ОБВИНИ ДПА И ПДП ЗА ИЗНЕНАДУВАЧКИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ПОЗИЦИИТЕ "Морам да констатирам дека разговорите во оваа фаза се блокирани", изјави вчера претседателот Борис Трајковски соопштувајќи ги резултатите од интензивниот политички дијалог на кој се обврзаа четворицата ...
ОЧАЈНИЧКИ НАПОРИ ДА СЕ ОДБЛОКИРААТ ПРЕГОВОРИТЕ КАЈ ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА Целта на "тајната вечера" на која, освен четворицата лидери, ќе присуствуваат и западните дипломати, е да се види кој ги "мавта" едните со едно, а другите со друго.
ФИЈАСКО НА РАЗГОВОРИТЕ КАЈ ТРАЈКОВСКИ Шефот на државата Борис Трајковски вчера ги обвини ДПА и ПДП дека со условувањето за федерализација и за двонационална држава се виновни за прекинувањето на дијалогот, кој нема да продолжи додека тие не се откажат од своите барања Политичкиот дијалог на ...
Дијалогот е блокиран, објави претседателот Борис Трајковски на седмиот ден од почетокот на интензивните политички разговори за изнаоѓање решение за излез од кризата. Отсуството на конкретен резултат од дијалогот значи и стоп за НАТО мисијата за разоружување на терористите, зашто напредокот беше ...
Една третина од полицискиот состав да бидат албанци, од кои 200 по обуката би биле распоредени во кумановскиот регион и отварање на полициска станица во Липково каде мнозинството полицајци би биле од албанска етничка припадност е едно од барањата на ПДП и ДПА кои конкретно се однесуваат на ...
НИШТО ОД ПРЕГОВОРИТЕ КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ Во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, откако се обелоденија барањата на ПДП и ДПА, веќе отворено стравуваат дека ако не се изработи веднаш стамена стратегија, треба да се замислиме со што ќе се појавиме на 25 овој месец пред НАТО и ЕУ и чии барања тие ќе ги ...
ПолитиЧкиот диЈалог Ќе оди Чекор по Чекор Странските амбасадори вчера вршеа силен притисок врз ДПА и ПДП да попуштат во своите максималистички барања за промена на Уставот Амнестија за припадниците на ОНА што доброволно ќе го положат оружјето и кои не извршиле злосторство треба да биде првиот ...
РАДИКАЛНИ БАРАЊА НА АЛБАНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ БЛОК ВО ПРЕГОВОРИТЕ КАЈ ТРАЈКОВСКИ Извори од албанските партии негираат дека во нивната заедничка платформа се бара дводомен парламент во Македонија, туку инсистираат на формирање собраниски орган со консензуално одлучување за да се спречи мајоризација во ...
коментар, Георги Барбаровски Македонија е во грч. Политичкиот врв се обидува до максимум да ги исцрпи потенцијалите на дијалогот врз основа на дневниот ред што го понуди претседателот Борис Трајковски и на тој начин да спречи крвав расплет на кризата.
ПОЛИТИЧКИОТ ДИЈАЛОГ КАЈ ТРАЈКОВСКИ НА КРСТОПАТ Лидерот на СДСМ вели дека барањата на Имери и на Џафери немаат врска со концептот за граѓанско општество Барањата за воведување консензуална демократија со кои истапуваат ДПА и ПДП на партискиот дијалог кај шефот на државата се неприфатливи за ...
За македонскиот политички блок се неприфатливи најновите барања на ДПА и на ПДП за воведување консензуална демократија во земјава. Лидерите Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски на вечерашнава сесија од дијалогот ќе го пренесат заедничкиот став на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, отфрлајќи ги албанските ...
ВИКЕНДОВ ПРОДОЛЖИ ПОЛИТИЧКИОТ ДИЈАЛОГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ СО ЛИДЕРСКАТА ЧЕТВОРКА Во недостиг на официјални информации с&ицирц; погласно се зборува дека веќе се договорени некои измени на Уставот. Европската унија одлучи да именува специјален пратеник за Македонија Кога политичкиот дијалог ...
ПРОДОЛЖУВА ПАРТИЗАЦИЈАТА НА ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Договорот за поделба на бројот на полицајците што ќе работат во МВР, меѓу двете партии на Албанците бил џентлменски, фифти-фифти, 250 полицајци по предлог на ДПА, исто толку на ПДП.
ЛИДЕРСКИОТ САМИТ КАЈ ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА СЕ УШТЕ БЕЗ ЕПИЛОГ Наспроти спремноста на македонскиот блок да се смени преамбулата на Уставот со дефиниција "граѓаните на Македонија", ДПА и ПДП инсистираат на дефиницијата "народи на Македонија", дводомен парламент, и втор службен јазик Лидерите на ...