TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Скопје вчера ја презеде противпожарната служба

Вест - 08.10.2005

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски вчера и официјално ја презеде надлежноста на противпожарната служба во Скопје. Во централната база на скопската противпожарна бригада во населбата Автокоманда Жарко Станоевски, началник во СВР Скопје при Министерството за внатрешни работи, на Костовски му го ...

Костовски ќе ја модернизира противпожарната бригада

Време - 08.10.2005

ГРАДОТ ЈА ПРЕЗЕДЕ НАДЛЕЖНОСТА Градската управа вчера ја презеде надлежноста над бригадата за противпожарна заштита. Градоначалникот Трифун Костовски вети дека ќе ја модернизира опремата и ќе го усоврши кадарот што работи во таа служба.

Противпожарната бригада премина во надлежност на Градот

Утрински - 08.10.2005

Вчера официјално беше извршено примопредавање на Службата за противпожарна заштита Скопската противпожарна служба е формирана во 1910 година, но е далеку зад европските стандарди Градоначалникот Трифун Костовски вчера официјално ја презеде надлежноста над Противпожарната бригада на Скопје од ...

И Противпожарната заштита под капата на Градот

Вечер Прес - 08.10.2005

Заштитата од пожари во Скопје, во иднина ќе биде надлежност на Градот. Со вчерашното примопредавање на Елаборатот за пренесување на надлежностите и смотрата што ја изврши градоначалникот Трифун Костовски, обврските во оваа сфера преминаа од МВР во рацете на градските власти.

Скопската ПП бригада е под надлежност на градот

А1 - 07.10.2005

Градот денеска под своја надлежност ја презема последната од 30-те противпожарни бригади. На почетокот на децентрализацијата градоначалникот Костовски не сакаше од МВР да ја преземе, оти не знаел што ќе земе. Затоа на финансиската анализа три месеци работеа претставници на МВР, Министерството за ...

Костовски не преземa ингеренциите за пожарникарите од МВР додека не се регулира финансирањето

Канал5 - 07.10.2005

Од денеска градот Скопје ја има одговорноста за противпожарната бригада. Градоначалникот Костовски не сакаше да ги преземе ингеренциите од МВР затоа што не беше регулирано финансирањето на пожарникарите. Од денеска градот Скопје ја има одговорноста за противпожарната бригада.

Костовски: Вработувањата во Градот се според квалификации

Утрински - 06.10.2005

ИЗЈАВА Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, негира дека вработувањата во Градот ги вршел по партиска линија, туку како единствен критериум се земени квалификациите на кандидатите. "Вработувањата се исклучително според квалификациите, нема никаква партиска или национална боја.

Костовски најави можност за формирање партија

Макфакс - 06.10.2005

Скопје Скопскиот градоначалник Трифун Костовски денеска ја најави можноста за формирање нова политичка партија во која би фигурирало неговото име. Тој, ова го најави во интервју за Радио Слободна Европа, додавајќи дека претходно треба да се изврши “дебела анализа дали е тоа неопходно“.

Костовски: Јас одговарам за квалитетот на тие луѓе

Канал5 - 05.10.2005

Костовски не признава дека Груевски му врши притисок во изборот на директори и покрај тоа што на првите функции, во најголем број случаи, постави вмровски кадри. Тој, исто како и во времето на кампањата за локалните избори, вели дека неговите избраници се и ќе бидат професионалци.