TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Донесен Законот за работни односи

Утрински - 23.07.2005

СОБРАНИЕ Собранието на Република Македонија со 64 гласа †за" и два воздржани вчера го донесе Законот за работни односи. Во изминатиот период Законот за работни односи беше предмет на бројни реакции, како од страна на Синдикатите, така и на политичките партии.

Парите во ССМ се од членарина

Време - 22.07.2005

ЕСМ И СИНДИКАТОТ ТВРДАТ ЕСМ нема никакви деловни релации со ССМ, така што нема потреба да префрла пари на синдикалната сметка. Од сметката на самостојниот синдикат во ЕСМ досега во Сојузот се уплаќала само членарината од по 2 милиони денари годишно.

ЕСМ не префрлало пари на сметката на ССМ

Утрински - 22.07.2005

ДЕМАНТ ЕСМ и Синдикатот на оваа компанија демантираат дека од нивни сметки се префрлени пари на ССМ. Според портпаролот на ЕСМ, Бране Стефановски, ЕСМ нема никакви деловни релации со ССМ и нема потреба да им дава пари. Според претседателот на Синдикатот на ЕСМ, Роберт Симоновски, информациите од ...

ЕСМ тврди дека не префрлило пари за Синдикатот

Дневник - 22.07.2005

ПО ОБВИНУВАЊЕТО ОД СОНК "Електростопанство на Македонија" и Синдикатот од оваа компанија демантираат дека претпријатието префрлало пари на сметката на Сојузот на синдикатите на Македонија. Бране Стефановски, портпарол на ЕСМ, вели дека компанијата нема никакви деловни односи со ССМ.

ЕСМ не префрлил пари на ССМ

Вечер Прес - 22.07.2005

"Демантираме дека кога било од сметката на "Електростопанство на Македонија" се префрлени пари на сметката на Сојузот на синдикатите на Македонија. ЕСМ нема никакви бизнис односи, ниту деловни, ниту финансиски за да има обврска да префрла пари на ССМ.

ЕСМ демантира дека префрлило пари на ССМ

А1 - 21.07.2005

ЕСМ и Синдикатот на оваа компанија ги демантираат информациите оти од нивните сметки се префрлани пари на сметката на Сојузот на синдикатите на Македонија. „ЕСМ нема никакви деловни релации со ССМ, така што нема потреба да префрла пари на нивната сметка“, рече на денешната прес-конференција ...

Олигархија се вгнезди во Синдикатот

Време - 21.07.2005

ДОЈЧИН ЦВЕТАНОВСКИ ЗА СОСТОЈБАТА ВО ССМ Владимир Николоски По неколкугодишната тивка непослушност на неколку грански синдикати од ССМ во текот на неделава треба да се формираат контурите на новата федерација на синдикални организации на работниците во Македонија чиј иницијатор е Дојчин Цветановски, ...

Муратовски нема тапија од татко му за синдикалната зграда

Вест - 21.07.2005

ТРИ СИНДИКАТИ ПОБАРАЛЕ СУДСКА ПОДЕЛБА НА ЗГРАДАТА НА ССМ Судот ќе го разгледува барањето во септември и ќе преиспита чиј имот е Работничкиот дом и на каков начин ССМ го стекнал како свој имот, па дури и ќе разгледа со кое право се рентаат простории на државни институции, из Синдикатите за ...

ЕСМ дало 10 милиони денари за ССМ

Дневник - 21.07.2005

ЦВЕТАНОВСКИ ЈА ОТВОРА ПАНДОРИНАТА КУТИЈА "Електростопанство на Македонија" лани префрли 10 милиони денари на сметката на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кои требаше да бидат позајмица, а завршија како неповратна помош, тврди за "Дневник" Дојчин Цветановски, претседател на Синдикатот за ...

Синдикат на ЕСМ за Дојчин

Канал5 - 21.07.2005

Неосновани и лажни ги нарече претседателот на самостојниот синдикат на ЕСМ Роберт Симоновски, вчерашните обвинувања од првиот синдикалец на СОНК Дојчин Цветановски, дека Електростопанство на Македонија префрлило 10 милиони денари на сметката на Сојузот на синдикати.

Не сум рекетар

Вест - 20.07.2005

ЗА МУРАТОВСКИ СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОСТОИ СЕ ДОДЕКА ПОСТОИ ДРЖАВАТА Првиот синдикалец вчера се пожали пред новинарите дека неговата плата била двапати помала од платата што ја зема претседателот на СОНК Дојчин Цветановски, а и неговата секретарка со плата од 8.000 денари бил ...

Урнете ја олигархијата на Ванчо Муратовски

Време - 20.07.2005

УНАСМ ГИ ПОВИКА РАБОТНИЦИТЕ Унијата на независни автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) го поддржа отцепувањето на Синдикатот на вработените од образованието, науката и културата (СОНК) од ССМ и најавата за формирање нова федерација на слободни синдикати, јавува МИА.

Муратовски: Синдикатот ќе се распадне тогаш кога ќе се распадне и државата

Утрински - 20.07.2005

Претседателот на Синдикатот ги негира обвинувањата на СОНК дека ССМ е пред распад Сојузот на Синдикатите на Македонија формира иницијативен одбор за нов синдикат за образование од членството кое сака да остане во рамките на Сојузот МАЈА ТОМИЌ "Сојузот на Синдикатите на Македонија не се распаѓа, ...

Не се занимавам со рекетарствои не личам на рекетар

Дневник - 20.07.2005

ВАНЧО МУРАТОВСКИ, СИНДИКАЛЕН ЛИДЕР Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) не работи како рентиерско-рекетарска организација бидејќи парите во организацијата пристигнуваат од донации, од кирии и од членарини, изјави Ванчо Муратовски, претседателот на ССМ.

Муратовски призна дека земал пари од Владата

А1 - 19.07.2005

Муратовски се брани. 115-те илјади евра што ги добил од буџетот за невладини проекти не ги искористил за плаќање даноци. Организирал семинари за едукација на синдикалците. Муратовски излезе во јавноста откако Цветановски го обвини дека рекетирал фирми и добивал пари од некои јавни претпријатија.

Законот за работни односи е неприфатлив

Време - 19.07.2005

СМЕР Предлог-законот за работни односи има многу штетни решенија, неприфатливи за работниците. Затоа мора да се повлече од собраниска процедура и да оди на повторна расправа пред Економско-социјалниот совет. Ова е ставот на Пеце Ристевски, претседател на Синдикатот на металците, енергетичарите и ...

Јакимовски: Не разговарам со струи, само со Муратовски

Вест - 19.07.2005

МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА НЕ ЈА ПРИЗНАВА СИНДИКАЛНАТА ФЕДЕРАЦИЈА ШТО СЕ ОТЦЕПИ ОД ССМ Сите оние што аплицираат за заштита на работничките права ние како министерство сме должни да ги сослушаме, но наш партнер можат да бидат само оние синдикални организации што имаат повеќе од 30 отсто ...

СМЕР не оди по стапките на СОНК

Утрински - 19.07.2005

За Синдикатот на металците е неприфатлив законот за работни односи МАЈА ТОМИЌ Синдикатот на металците, енергетичарите и рударите - СМЕР сў уште нема донесено одлука за отцепување од ССМ, по примерот на Синдикатот за образование, но тоа прашање останува отворено, бидејќи, генерално, во ССМ многу ...

Се распаѓа Сојузот на синдикатите

Дневник - 19.07.2005

РЕОРГАНИЗИРАЊЕ Отцепувањето на синдикатите за образование и за одбрана може да поттикне уште неколку незадоволни синдикати да се отцепат од Сојузот на синдикатите на Македонија, чиј лидер е Ванчо Муратовски, и да се здружат во новата организација - федерација на слободни синдикати, тврдат за ...

Муратовски против Цветановски

Канал5 - 19.07.2005

Целта на претседателот на СОНК -Дојчин Цветановски е да го растури Сојузот на синдикати. Ова е обвинувањето што претседателот на ССМ Ванчо Муратовски, денеска го упати против Цветановски,по неговата најава дека СОНК се отцепува од ССМ.

Делби

Вечер Прес - 19.07.2005

Делби и постојано делби. Како да ни е својствено делењето во Македонија. И тоа по разни основи, ама со се позачестен интензитет. Како да ни е далечна онаа познатата "заедно сме посилни". Изгледа сме заборавиле, кога не има повеќе, полесно можеме да се избориме и да дојдеме до зацртаната цел.

ССМ се распаѓа - Владата го купува Муратовски

А1 - 18.07.2005

Изминатите 2 години, Владата му префрлила на Муратовски на синдикалната сметка 115 илјади евра, пари наменети за невладини проекти. Извори на А1 од синдикатот тврдат - парите никогаш не стигнале на адресата за која биле наменети. Велат биле искористени за плаќање на заостанат ДДВ.

Металците негодуваат за законот за работни односи

А1 - 18.07.2005

Пред утрешната собраниска седница за законот за работни односи синдикатот на металците бара да биде повлечен. Во услови кога за него нема консензус, во социјално економскиот совет илузорно е за работничкиот закон да расправаат пратениците, велат синдикалците.

СОНК се отцепи

Време - 18.07.2005

СИНДИКАТ Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го откажа членството од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и ќе формира нова федерација, информираат од СОНК. Дојчин Цветановски, претседател на СОНК, вчера упати сериозни обвинувања кон претседателот на ССМ Ванчо Муратовски.

Цветановски обвинува дека Синдикатот се претворил во рекетарска организација

Утрински - 18.07.2005

СОНК се одводи од ССМ, а нејзиниот лидер упати остри критики на адреса на Синдикатот Првиот човек на СОНК вели дека раководството на ССМ повеќе се грижи за личните бенефиции отколку за маките на работниците ЈАСМИНКА ЈОВАНОВСКА "Место организација која ќе ги штити правата на работниците, ССМ се ...

Превирања СОНК - ССМ

Канал5 - 18.07.2005

Ако продолжат превирањата во Сојузот на синдикатите и ако на СОНК му се приклучат и други грански синдикати, во прашање се доведуваат работните места на околу 80-тина вработени во ССМ. Овие луѓе кои со години работат во ССМ како сервис на сите грански синдикати, велат дека поради личните игри меѓу ...

СОНК "СЕ РАЗДРУЖИ" ОД ССМ

Вечер Прес - 18.07.2005

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го напушти ССМ и заедно со Синдикатот на одбраната ќе формира нова Федерација на слободни синдикати во Република Македонија. Ова е епилогот од неколкугодишното несогласување со политиката што ја води раководството на ССМ, на чело со лидерот Ванчо ...