TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Рударите бараат одговорност за луѓето што го довеле "Бучим" во тешка состојба

Утрински - 15.11.2003

По заминувањето во стечај на единствениот рудник за бакар во Македонија Иван Бојаџиски РАДОВИШ - Стотина вработени во рудникот за бакар "Бучим", кај Радовиш, вчера бараа објаснување за својата натамошна судбина по одењето во стечај на овој единствен рудник за бакар и злато во нашава држава.

"Бучим" во стечај

Вест - 14.11.2003

ЗГАСНУВА И ЕДИНСТВЕНИОТ РУДНИК ЗА БАКАР ВО МАКЕДОНИЈА Стечајниот судски совет при струмичкиот суд вчера одлучи да отвори стечај во рудникот за бакар поради презадолженост. Најголеми доверители на "Семкорп Бучим" се Агенцијата за управување со средства...

„Бучим“ во стечај

А1 - 13.11.2003

Единствениот рудник за бакар и злато во Македонија „Бучим“ од Радовиш од денеска е во стечај. Стечајот во контроверзниот купен рудник „Бучим“ од Радовиш доаѓа поради побарувањата на доверителите. Со 1,5 милиони евра најголем побарувач е агенцијата за управување со средства како и царинската управа, ...

Отпуштени 40 работници од „Бучим“

А1 - 11.11.2003

По вчерашниот инцидент што се случи вчера пред основниот суд во Струмица раководството на „Бучим“ им даде отказни решенија на 40 работници без право на жалба. Поголем дел од решенијата се доделени на работници кои учествуваа врз напад на директорот Лазар Чупиќ.

Бучимци го нападнаа и ограбија правниот застапник на "Сенкорп Бучим"

Вест - 11.11.2003

ДРАМА ПРЕД СТРУМИЧКИОТ СУД По судското рочиште за поведување стечај во единствениот рудник за бакар во Македонија, околу 60-ина вработените во "Сенкорп Бучим" му се нафрлија на правниот застапник на фирмата, бркајќи го по дворот на Судот и Шеесетина вработени од рудникот "Сенкорп Бучим" од Радовиш ...

Работници на „Бучим" го нападнаа претседателот на Бордот на директори

Утрински - 11.11.2003

По завршување на распитот пред Основниот суд во Струмица СУЗАНА ТАСЕВА СТРУМИЦА -По завршувањето на распитот во струмичкиот Основен суд, шеесетина работници, кои се наоѓаа пред судската зграда, физички го нападнаа Лазар Чукиќ, претседател на Бордот на директори на "Бучим".

Директорот на "Бучим" се спаси од линч

Дневник - 11.11.2003

ДРАМА ПРЕД СТРУМИЧКИОТ СУД Работници го нападнаа Лазар Чукиќ, затоа што ги отпуштил додека штрајкувале Шеесетина работници на рудникот "Бучим" од Радовиш се обидоа физички да се пресметаат со Лазар Чукиќ, правниот застапник на "Семкорп Бучим" и претседател на Одборот на директорите.

Првиот човек на „Бучим“ натепан од рударите

А1 - 10.11.2003

Претседателот на бордот на директори на рудникот „Бучим“ Лазар Чукиќ успеа да ја спаси својата глава од 60 гневни работници. Овој настан се случуваше пред основниот суд во Струмица по завршувањето на судското рочиште за поведување на стечајна постапка за Бучим кое е одложено за три дена.