TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Oдложен судскиот претрес поради бегството на Бојку

А1 - 29.06.2003

По бегството на Дилавер Бојку Леку oд струшкиот затвор во петокот, во Основниот суд во Струга поради негово отсуство беше одложен претресот за еден од новите предмети за кој Леку се обвинува за посредување за вршење проституција.

Кривични пријави за директорот и за чуварот на струшкиот затвор

Утрински - 28.06.2003

По спектакуларното бегство на балканскиот крал на проституцијата, Дилавер Бојку Струшката полиција поднесе кривична пријава до Основното обвинителство против Драги Петрески (32) од Струга, директор на струшкиот затвор, како и против раководителот на затворското обезбедување Н.В. (55) од Струга.

Правосудниот систем ја чека првата терапија

Дневник - 28.06.2003

Уводник - Натали Н. Сотировска Бегството на најпознатиот макро од Македонија, Дилавер Бојку-Леку, од струшкиот затвор е последна опомена до властите дека е крајно време да се престане со декларативни залагања за потребата од промени во правосудниот систем во државата и дека отчука последната ...

Кривични пријави за одговорните за бегството на Леку

А1 - 27.06.2003

Драган Петрески 32 годишниот директор на затворот во Струга и 55 годишниот Нове Вељановски вработен во службата за обезбедување во затворот добија кривчни пријави за злоупотреба на службената должност. Обвинети се затоа што не се договориле и не превзеле посебни мерки за безбедно спроведување на ...

Бегството на Бојку било договорено и добро организирано

Утрински - 27.06.2003

Како бегството на макрото од Велешта од струшкиот затвор сў уште ја бранува јавноста Симон Илиевски ОХРИД - Бегството на макрото од Велешта, Дилавер Бојку-Леку, од затворот во Струга, што се случи во минатиот петок сред бел ден и натаму е топ-тема во јавноста.

Кривична пријава за разрешниот директорот на Струшкиот затвор

Канал5 - 27.06.2003

Против директорот на струшкиот затвор, Драган Петрески и еден од тројцата надзорници, мвр поднело кривични пријави заради злоупотреба на службена должност. Во образложението на кривичната пријава е наведено дека двајцата осомничени не постапиле согласн Против директорот на струшкиот затвор, Драган ...

За Прчевски бегството на Леку е „недопустливо“

А1 - 26.06.2003

Бегството на Дилавер Бојку Леку од струшкиот затвор е недопустлива работа, што посебно загрижува во време кога се залагаме за владеење на правото и правната држава. Затоа одговорноста ја носат заедно Министерството за правда, МВР и целокупниот правосуден систем, вклучувајќи го и Јавното ...

Разрешени четворица функционери за Бојку и за Машка плажа во Струга

Утрински - 26.06.2003

ВЛАДА По неколкучасовна расправа, Владата на вчерашната седница во пакет ги разгледа и ги прифати информациите за преземените мерки на Министерството за внатрешни работи во врска со криминалните дејства и бегството на Дилавер Бојку, како и на Министерството за правда за постапката на бегство на ...

Дејвид Коперфилд го ослободи Бојку?

Капитал - 26.06.2003

Земја на големи илузииДејвид Коперфилд го ослободи Бојку?Дејвид Коперфилд успешно материјализира предмети и луѓе. Прави тие да исчезнуваат и да се појавуваат во некој друг простор. Се шпекулира дека магичното исчезнување на Бојку е резултат на магијата на светски познатиот магионичар.

Редица пропусти во случајот „Леку“

А1 - 25.06.2003

Поради бегството на Дилавер Бојку од струшкиот затвор, разрешени се Драган Петковски, директор на затворот, и Љупчо Шапчевски, директор на Управата за извршување санкции при Министерството за правда, одлучи Владата на денешната седница.

Фамозни видео ленти и фотографии со посетители на борделите на Леку

А1 - 25.06.2003

Фамозните видео ленти и фотографии на кои наводно можат да се видат видни граѓани од Струга и од државава кои ги користеле услугите на девојките во баровите на макрото Дилавер Бојку Леку, кој е во бегство, најверојатно не постојат и тие нема да бидат употребени како доказ во судските процеси против ...

Сексот и видеолентите го ослободија Бојку

Вест - 25.06.2003

ПО БЕГСТВОТО НА МАКРОТО ОД ВЕЛЕШТА ОД СТРУШКИОТ ЗАТВОР Се говори дека Леку се спасил благодарение на видеолентите на кои, наводно, можеле да се видат видни граѓани од Струга и од земјава кои ги користеле услугите на девојките за забава, снимени во компромитирачк По петочното бегство од струшкиот ...

Премиерот најави отказ за директорот на струшкиот затвор

А1 - 24.06.2003

Македонското судство е неефикасно, констатира премиерот, кој најавува отказ на директорот на струшкиот затвор, од каде им избега „кралот“ на проституцијата во овој дел на Европа. „За целиот временски период наназад постојат повеќе постапки што се покренати пред судските органи, значи кривични ...

Полицајците не сакаат да бидат затворски чувари

Утрински - 24.06.2003

Состојбата во затворите е катастрофална Случајот со бегството на струшкиот макро Дилавер Бојку од затворот во Струга го отвори и прашањето за состојбите во македонските затвори. Експертите кои ги консултиравме на таа тема велат дела состојбата во затворите во Македонија е катастрофална, пред се во ...

Директорот на струшкиот затвор ќе одговара за бегството на Бојку?

Утрински - 24.06.2003

Надлежните органи бараат одговорност за скандалозното бегство на струшкиот макро Борис Георгиевски Против директорот на струшкиот затвор, Драган Петрески, во петокот е поднесено барање за разрешување по скандалозното бегство на макрото Дилавер Бојку во моментите кога требаше да биде пренесен од ...

Полицијата решена да го врати Бојку

Дневник - 24.06.2003

ПО СКАНДАЛот во струга Министерството за внатрешни работи со сите свои сили, во соработка со Албанија и со УНМИК, ќе се обиде да го врати в затвор Дилавер Бојку-Леку, а за неговото бегство ќе ја испита одговорноста на сите надлежни, најави вчера министерот за внатрешни работи Хари Костов.

За Леку и затворот е јавна куќа

Дневник - 24.06.2003

Коментар - Натали Н. Сотировска Балканскиот бос на проституцијата Дилавер Бојку-Леку избега од струшкиот затвор пред очите на четворица стражари. Многумина велат - очекувано. Причини за тоа има многу и сите заедно случајот го прават комплексен, сомнителен и завиткан во магла.

Дилавер Бојку не е во Македонија

А1 - 23.06.2003

Дилавер Бојку Леку е во Албанија, но не е исклучено тој да замине на Косово, потврди денеска МВР. За него е распишана потерница, но за сега нема информации каде точно престојува. МВР води постапка за испитување на одговорноста на директорот на струшкиот затвор Драган Претрески.

Дилавер Бојку како да пропаднал в земја

Утрински - 23.06.2003

По чудното бегство на озлогласениот макро од Велешта од затворот во Струга Симон Илиевски СТРУГА - Потрагата по Дилавер Бојку-Леку од Велешта, кој во петокот пред 11 часот избега од затворот во Струга, сў уште трае. Во Охридско-струшкиот регион видно е зголеменото присуство на полицијата, особено ...