TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Откриен бункер со минофрлачки гранати

Вест - 06.10.2007

ВО ВРБЈАНИ, ГОСТИВАРСКО Седумдесет и четири минофрлачки гранати завчера полицијата пронашла во гостиварското село Врбјани. Гранатите биле спакувани во 24 сандаци и окриени во специјално направен бункер во близина на границата со Албанија.

Пронајдени 74 минофрлачки гранати

Утрински - 06.10.2007

Голем арсенал оружје е запленето во вчерашната полициска акција во близина на границата со Албанија. Станува збор за 74 минофрлачки гранати од 82 милиметри, кои биле пронајдени во атарот на гостиварското село Врбјани. Полицијата вчера попладне вршеше увид, па засега не се знае чии биле гранатите ...

Откриени 74 гранати за ракетен фрлач

Дневник - 06.10.2007

Полицијата откри 74 гранати со калибар од 82 милиметра за рачен ракетен фрлач во атарот на горнореканското село Врбјани, во близина на границата со Албанија . Полицијата вчера направи увид во селото, кое е на триесетина километри од Гостивар по кањонот на реката Радика.

Од никаде изникна бункер полн со арсенал воено-формациско оружје!?

Вечер - 06.10.2007

Во атарот на селото Врбјани, Општина Маврово-Ростуше, откриено се за 74 гранати за рачен фрлач и друга муниција, инфомираа од МВР Од ден на ден се влошува безбедносната ситуација во околината на Македонија, најмногу по вина на ДУИ и се комплетно наликува на 2001 година.

Пронајдено оружје во Врбјани

А1 - 05.10.2007

74 минофрлачки гранати со калибар од 82 милиметри од кинеско производство претпладнево се пронајдени во атарот на горнореканското село Врбјани, општина Маврово-Ростуше. Оружјето, спакувано во дрвени сандаци, е пронајдено во земјен бункер до пат кој води до селото Тануше.

Пронајдено поголемо количество оружје во горнореканското село Врбјани

Канал5 - 05.10.2007

Во атарот на селото Врбјани, општина Маврово-Ростуше, откриено е поголемо количество оружје, потврдија за МИА претставници на Министерството за внатрешни работи. Гостивар, 5 октомври (МИА) - Во атарот на селото Врбјани, општина Маврово-Ростуше, откриено е поголемо количество оружје, потврдија за ...

Пронајдени 74 гранати на границата со Албанија

Макфакс - 05.10.2007

Скопје Македонската полиција заплени арсенал оружје во близина на границата со Албанија. Како што соопштија од МВР за Макфакс, денеска се запленети 74 минофрлачки гранати во атарот на селото Врбјане на македонско-албанската граница. Станува збор за гранати од 82 милиметри.