TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски го проверува рејтингот

А1 - 07.10.2007

Во битката за решавање на клучните проблеми - комплетирањето на Судскиот совет, именувањето на амбасадорите, случувањата во Собранието, политичарите најчесто решаваат да си ги измерат силите преку анкети. Најновата доаѓа од кабинетот на претседателот Црвенковски.

Грција протестира до Солана поради изјаваte дека не сака вета

Канал5 - 06.10.2007

Грција протестирала до Хавиер Солана поради неговата изјава дека не сака вета, дадена во средата во Брисел по состанокот со македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Грција протестирала до Хавиер Солана поради неговата изјава дека не сака вета, дадена во средата во Брисел по состанокот со ...

Црвенковски на работен ручек со Британската Бизнис Група

Макфакс - 06.10.2007

Скопје Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе учествува на работен ручек со Британската Бизнис Група во Македонија. На средбата, што ќе се одржи во хотелот Стоун Бриџ, свои обраќања ќе имаат претседателот Црвенковски и претседателот на Британската Бизнис Група во Македонија, Реј Пауер.

Баросо немал време за Црвенковски

Време - 05.10.2007

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО БРИСЕЛ Иако најавена, средба меѓу претседателот Црвенковски со првиот човек на Европската комисија, Баросо во Брисел најверојатно нема да се одржи. Ова како што дознаваме се одигрувало последните неколку дена кога пред заминувањето на Црвенковски во Брисел кој побарал ...

Брисел се чуди зошто бараме датум за преговори

Утрински - 05.10.2007

Тепачката во парламентот не била обична туку масовна, смета еврокомесарот Рен На средбата со Црвенковски, Солана нагласил дека инцидентите во парламентот треба да останат изолирани Од нашиот дописник Слободанка Јовановска Брисел - Претседателот Бранко Црвенковски не е воодушевен од одлуката на ...

Брисел не им верува на солзите од Скопје

Дневник - 05.10.2007

Македонија ја губи огромната предност што ја имаше пред Србија на европскиот пат, велат дипломати во Брисел Обидите на претседателот Бранко Црвенковски да го убеди Брисел дека Македонија има политичка волја за вистински политички консензус и за напредок во реформите, засега се без резултат, тврди ...

Македонија пак ќе влезе во политичка криза?!

Вечер Прес - 05.10.2007

Ако се докомплетира Судскиот совет, Македонија ќе има поголем проблем од тој што ќе го реши, порача вчера од Брисел претседателот Бранко Црвенковски. Ќе се прекрши договореното на лидерската средба пред две недели, ДУИ повторно ќе го блокира Собранието, а за тоа земјава ќе добие остри критики од ...

Рен: Пакетот за проширување на ЕУ на 6.ноември

Макфакс - 05.10.2007

Будва Пакетот за проширување за потенцијалните држави за кандидати на Европската унија (ЕУ) ќе се претстави на 6.ноември. Ова го навел еврокомесарот за проширување на Унијата Оли Рен во писмо упатено до учесниците на Осмиот економски форум на централна и источна Европа, што се одржува во Милочер, ...

Остри критики за Црвенковски од Рен и Солана

А1 - 04.10.2007

Жестоки критики доби претседателот Црвенковски на разговорите со Оли Рен и Хавиер Солана, велат извори вклучени во тие разговори. Кога би се погледнале во огледало, дали ви личи земјата на кандидат за ЕУ, му рекол еврокомесарот за проширување Оли Рен на претседателот Црвенковски.

Рен: Нема бланко влезница за ЕУ

Вест - 04.10.2007

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЦРВЕНКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО КОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА УНИЈАТА ВО БРИСЕЛ ОРКАТА НА САД ЗАЧУДЕНА ОД ПОЛИТИЧАРИТЕ Европската комисија не може да даде позитивни сигнали само врз основа на посветеностиа туку и е потребен конкретен политички напредок во Македонија.

Средба Црвенковски-Оли Рен

Време - 04.10.2007

Се надевам дека земјата ќе ги надмине проблемите што настанаа со немилите инциденти, рече вчера еврокомесарот за проширување Оли Рен по средбата со македонскиот претседател Црвенковски, на која станало збор за напредокот што досега земјата го направила во правец на приближувањето кон Европската ...

Рен бара епилог за тепачката

Утрински - 04.10.2007

И Рен и претседателот Црвенковски видливо се воздржуваа од негативна конотација. ЕУ чека прогрес и конкретни резултати Тепачката во Собранието и' нанесе голема штета на Македонија, но ако од неа се извлечат брзи консеквенции може во Брисел и да подзаборават на неа Од нашиот дописник Слободанка ...

Загубениот чекор кон ЕУ мора да се надомести

Дневник - 04.10.2007

Проблемот со инцидентите во Собранието треба да се реши законски и политички, што побрзо, порача еврокомесарот Оли Рен Зборовите на политичарите од Македонија да се претворат во дела и да се постигне консензус за да се надомести загубеното време, е пораката што европскиот комесар за проширување Оли ...

Во Брисел средба Црвенковски - Рен

Канал5 - 04.10.2007

Да се финализира истрагата за минатонеделните тепачки во Собранието што побргу и да продолжи да се работи во сериозен реформски дух порачува Оли Рен. Тој не прецизираше во која мера овие настани ќе влијаат врз извештајот. Да се финализира истрагата за минатонеделните тепачки во Собранието што ...

Црвенковски ја продолжува посета на Брисел

Макфакс - 04.10.2007

Скопје Висока македонска државна делегација во која се претседателот Бранко Црвенковски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, денеска ја продолжува официјална посета на Брисел. Шефот на македонската држава во средата имаше одвоени средби со високиот комесар за надворешна политика и безбедност ...

Рен: Квалитетот поважен од брзината на проширување

Макфакс - 04.10.2007

Париз Европската унија (ЕУ) повеќе внимание посветува на квалитетот од брзината на процесот, кога станува збор за проширувањето. Ова денеска во Париз го изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен, во обраќањето пред студентите на Институтот за политички науки. “Важен е квалитетот, а не брзината.

Нема бланко чек за во ЕУ

Вечер Прес - 04.10.2007

Иако беше предвидено на средбата со Рен, Црвенковски да биде придружуван од министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, тој не дојде поради новородениот син. Рен му ја честиташе приновата Македонија, и покрај силната поддршка од Словенија, не треба да очекува бланко чек за почеток на ...

Рен: Не можеме да ви дадеме ветување за преговори

А1 - 03.10.2007

Незадоволство, барање резултати и да се премине од зборови на дела. Ова е сумирана порака која ја доби претседателот Бранко Црвенковски овде во Брисел, на средбите во Комисијата и Советот со Оли Рен и Хавиер Солана. Еврокомесарот отворено го соопшти ставот, нема ветувања за датум за преговори, ...

ДПА: Не го признаваме Црвенковски за претстедател

Вест - 03.10.2007

Лидерот на ДПА Мендух Тачи вчера не отиде на средбата со претседателот Бранко Црвенковски. Пратеникот Бесим Догани вчера објасни дека неговата партија не го признава за претстедател Црвенковски. "Црвенковски е избран на фалсификувани избори", рече Догани.

Лидерските средби ја продлабочија кризата во државата

Утрински - 03.10.2007

Црвенковски пред денешното заминување за Брисел се консултираше со шефовите на партиите Радмила Шекеринска по средбата кај Црвенковски изјави дека постои сценарио за кое ќе плати Македонија СОЊА КРАМАРСКА Многу тензии, меѓусебни обвинувања и подметнувања ја следеа вчерашната сесија на поединечни ...

Брисел не му верува на Скопје

Утрински - 03.10.2007

Земја што оди кон дестабилизација нема што да бара ни во НАТО ни во ЕУ- ќе биде пораката до Црвенковски Со редица потези Македонија си ја урниза позицијата во Брисел Од нашиот дописник СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Брисел - Претседателот Бранко Црвенковски и шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, денес ...

Едногласна осуда на собраниските инциденти

Дневник - 03.10.2007

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, не дојде на средбата, а опозицијата ја обвини власта дека без консултации сака да го комплетира Судскиот совет Лидерите на најголемите партии се согласуваат дека виновниците за минатонеделните настани во Собранието треба да се соочат со политичка и со кривична ...

НАТО последен пат бара да се вразумиме

Дневник - 03.10.2007

Конечната одлука за тоа дали Македонија ќе добие покана за членство во НАТО се' уште не е донесена и нема гаранција дека ќе се случи тоа, предупредуваат од алијансата Лошата политичка атмосфера не ги дава неопходните реформи и ја доведува во прашање очекуваната покана за зачленување во НАТО, ...

Солана – Итна разврска за инцидентите во парламентот

Макфакс - 03.10.2007

Брисел Македонија се движи во добра насока, која се надевам дека нема да ја попречат неодамнешните инциденти во парламент, за кои одговорноста мора да се утврди во најкус рок. Ова по средбата со македонскиот претседател Бранко Црвенковски во Брисел го укажа вечерва високиот претставник за ...

Не не' брани жити се'!

Вечер Прес - 03.10.2007

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е загрижена од најавата на претседателот Бранко Црвенковски дека при посетата на Брисел, ќе се обиде да ја поправи штетата, настаната од минатонеделните инциденти во Собранието. Партискиот портпарол Александар Бичиклиски вели дека загриженоста од посетата на Брисел се темели ...

ЕК бара од Македонија резултати во политичките реформи

Макфакс - 03.10.2007

Скопје Реформите тргнаа повторно напред, посебно во економската сфера, но потребни се поконкретни резултати, пред се, во судството, полицијата, како и натамошен прогрес во борбата против корупцијата. Ова денеска во Брисел го изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен, по средбата со шефот на ...

Македонска делегација во Брисел

Макфакс - 03.10.2007

Скопје Македонска државна делегација денеска ќе престојува во Брисел на средби со претставници на Европската унија (ЕУ) и НАТО. Според најавите, делегацијата ќе ја предводат претседателот Бранко Црвенковски и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

Солана: Можен договор за Косово до 10.декември

Макфакс - 03.10.2007

Брисел Постои можност низ преговорите за Косово да се постигне договор за статусот до 10.декември. Ваква оценка денеска даде високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, додавајќи дека Унијата е подготвена да испрати мисија на Косово кога ООН ќе решИ да ги повлече ...

Црвенковски во Брисел ќе добие охрабрување и критики

А1 - 02.10.2007

Брисел утре ќе му соопшти неколку пораки на претседателот Црвенковски. Хавиер Солана ќе го охрабри и поздрави започнатиот политички дијалог, кој за Брисел значеше помрднување, откочување на замрзнатиот процес, особено во делот на судството, но генерално поттикнување на реформите, изјави денеска за ...

Кажете што да им речам на Солана и Шефер

Вест - 02.10.2007

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ БАРА ПОМОШ ОД ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИ Претседателот Црвенковски од лидерите очекува одговори за непродуктивниот политички дијалог, некомплетирањето на Судскиот совет и за недонесените закони за Јавното обвинителство Претседателот Бранко Црвенковски денеска во неговиот ...

Црвенковски ги повика партиите да го брифираат

Време - 02.10.2007

ПРЕД ДА РЕФЕРИРА ВО БРИСЕЛ Претседателот Бранко Црвенковски ги повика лидерите на четирите најголеми политички партии денеска на одделни средби да му објаснат што да соопшти во Брисел по прашањето дали ќе се нормализираат односите по последните тепачки во законодавниот дом и кога ќе се вратиме на ...

Црвенковски ги повика лидерите на разговори пред да реферира во ЕУ

Утрински - 02.10.2007

Примитивизам кој не доликува на цивилизирано општество, ја оцени Црвенковски минатонеделната тепачка Црвенковски очекува заеднички договор што да каже во Брисел СОЊА КРАМАРСКА Веднаш по враќањето од Њујорк, каде што присуствуваше на сесијата на 62.

Нови разговори пред средбите во Брисел

Дневник - 02.10.2007

НА ОДДЕЛНИ СРЕДБИ Во минатата недела ни се случи примитивизам кој не доликува на цивилизирано демократско општество, а уште помалку на земја-кандидат за членство во ЕУ и во НАТО, оцени шефот на државата Претседателот Бранко Црвенковски за денеска свика одделни средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, ...

Насилниците треба политички и кривично да одговараат!

Вечер Прес - 02.10.2007

Црвенковски е разочаран што на утрешната посета на Брисел, која требаше да биде последна и клучна пред изготвувањето на извештајот на ЕК и една од најзначајните пред поканата за НАТО, наместо конкретни резултати, главна тема ќе бидат собраниските инциденти Претседателот Бранко Црвенковски ги покани ...

Црвенковски свика средби со партиските лидери

Макфакс - 02.10.2007

Скопје Средби со партиските лидери свика за денеска македонскиот претседател Бранко Црвенковски, спроти неговата посета на Европската унија (ЕУ) и НАТО. Неодамнешните инциденти во Собранието, како и застојот во судските реформи, се очекува да бидат теми на кои претседателот Црвенковски одделно ќе ...

Груевски му предлага на Црвенковски редовни средби

Макфакс - 02.10.2007

Скопје Премиерот Никола Груевски на претседателот Бранко Црвенковски му предложи да почнат континуирани средби за прашања за кои заемно треба да одлучуваат. „Убеден сум дека започнувањето со реализацијата на ваквата практика ќе даде позитивен импулс во функционирањето на политичкиот систем, како и ...

Црвенковски свикува средба со партиските лидери

А1 - 01.10.2007

Пред посетата на Брисел и средбите со високите претставници на НАТО и ЕУ, Црвенковски за утре на поединечни средби ги вика лидерите на четирите големи партии. Потегот на Црвенковски доаѓа по минатонеделните немили настани во Собранието, кои ставаат сенка во очи на очекуваниот извештај на ЕК.

Претседателот Црвенковски ги повикува на поединечни средби лидерите на четирите најголеми партии

Канал5 - 01.10.2007

Непосредно пред патувањето во Брисел на средби со Шефер, Рен и Солана претседателот Црвенковски за утре на поединечни средби ги повика Ахмети, Шеќеринска, Тачи и Груевски. Непосредно пред патувањето во Брисел на средби со Шефер, Рен и Солана претседателот Црвенковски за утре на поединечни средби ги ...

Одговори на претседателот Црвенковски на новинарски прашања по денешната прес-конференција

Канал5 - 01.10.2007

Претседателот Браннко Црвенковски на денешната прес-конференција во македонското Собрание, одговарајќи на новинарско прашање рече до лидерите на четирите најголеми политички партии утрото испратил покани за одделни средби што би се одржале пред неговата претстојна посета на Брисел.

Црвенковски закажа поединечни средби со лидерите на партиите

Макфакс - 01.10.2007

Скопје Жалење и осуда за настаните и иницијатива за разрешување на кризата настаната со физичките инциденти меѓу пратениците во Собранието, изрази денеска шефот на државата Бранко Црвенковски. Претседателот Црвенковски во обраќањето до јавноста пред посетата на ЕУ во текот на оваа недела, рече дека ...

Црвенковски ги посети војниците во Авганистан

Макфакс - 01.10.2007

Скопје Македонскиот претседател и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски, денеска во Кабул во базата на Меѓународна мисија за поддршка на стабилноста во Авганистан ги посети македонските војници. За време на посетата на Авганистан, претседателот Црвенковски е придружуван од ...

Црвенковски утре во посета на Авганистан

Макфакс - 01.10.2007

Скопје Македонскиот Претседател и Врховен командант на вооружените сили на АРМ, Бранко Црвенковски, утре ќе престојува во Авганистан, соопштено е денеска од неговиот кабинет. Претседателот Црвенковски, Денот на народното востание 11 октомври, ќе го помине со македонските војници припадници во ...

Црвенковски: Нема сериозно нарушување на безбедноста

Макфакс - 01.10.2007

Скопје Шефот на македонската држава денеска оцени дека не постојат индикации за сериозно нарушување на безбедносната ситуација ниту загрозување на територијалниот интегритет, иако “има раздвижување на поединци“. “Точно е дека постојат поединци и групи кои што во последно време се раздвижени, кои ...