TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Рекордно низок рејтинг на Буш

А1 - 12.11.2006

Рејтингот на американскиот претседател Џорџ Буш опадна на рекордно ниско ниво по победата на демократите на изборите за Конгресот на САД. Според резултатите на социолошкото истражување објавено во списанието Њузвик, само 31% од Американците се задоволни од начинот на кој што Буш ги исполнува своите ...

Рејтингот на Буш опадна на најниско ниво по победата на демократите

Канал5 - 12.11.2006

Рејтингот на американскиот претседател Џорџ Буш опадна на рекордно ниско ниво по победата на демократите на изборите за Конгресот на САД. Вашингтон, 12 ноември (МИА) - Рејтингот на американскиот претседател Џорџ Буш опадна на рекордно ниско ниво по победата на демократите на изборите за Конгресот ...

Џорџ Ален призна пораз

Време - 11.11.2006

ЗАВРШИ НАЈТЕСНАТА ТРКА ВО САД Џорџ Ален, републиканскиот кандидат за сенатор од Вирџинија кој тесно губеше во мртва трка со демократскиот кандидат Џим Веб, реши да признае пораз и да ја поштеди јавноста од долготрајно и мачно пребројување на гласовите, што стана карактеристика на минатите ...

Демократите го презедоа и американскиот Сенат

Утрински - 11.11.2006

Освојувајќи го и последното место во Сенатот, демократите се свртеа од жестоката реторика кон ветувања за обид за заедничка основа со Буш ВАШИНГТОН - Демократите во четвртокот го завршија преземањето на контролата во американскиот Конгрес, освојувајќи го и последното место во Сенатот и набрзина се ...

Американскиот амбасадор во ОН ќе ја загуби работата

Утрински - 11.11.2006

Републикански сенатор им се приклучи на демократите во отфрлање на барањето од Белата куќа Болтон да остане амбасадор ВАШИНГТОН - Клучен републикански сенатор им се приклучи на демократите во четвртокот во отфрлувањето на новото барање од Белата куќа да се потврди Џон Болтон за американски ...

Републиканците го изгубија и Сенатот

Дневник - 11.11.2006

Републиканскиот сенатор Џорџ Ален, прексиноќа, го призна поразот на изборите во Вирџинија и му честиташе на демократот Џејмс Веб на тесната победа, со која опозиционите демократи ја преземаа контролата и врз американскиот Сенат, јави МИА. - Ја почитувам одлуката на народот во Вирџинија.

Сменет Доналд Рамсфелд

Време - 10.11.2006

ДЕН ПО ПОРАЗОТ НА РЕПУБЛИКАНЦИТЕ НА ИЗБОРИТЕ По тешкиот пораз на американската Републиканска партија на изборите за Конгресот, претседателот Џорџ В. Буш реши да го смени секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд. На негово место ќе дојде Роберт Гејтс (63), поранешен директор на разузнавачката агенција ...

Оставка на Рамсфелд

Вест - 10.11.2006

Вашингтон, - Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд поднесе оставка, соопшти прексиноќа американскиот претседател Џорџ Буш. Оставката на Рамсфелд уследи веднаш по тешката загуба на Републиканската партија на изборите од вторникот, на кои Демократската партија, за прв пат по 12 години ...

Демократите ги освоија двата дома на Конгресот

Вест - 10.11.2006

ИЗБОРИ ВО САД ВАШИНГТОН, 10 ноември (АП) - Во победа што досега се сметаше за речиси невозможна демократите освоија 51 пратеничко место во Сенатот и презедоа целосна контрола над Конгресот по 12 години доминација на Републиканската партија.

Оставка на Доналд Рамсфелд, Буш сака соработка со демократите

Утрински - 10.11.2006

Оставка Буш ги оцени резултатите како акумулирани „удари“ врз републиканците и призна дека како претседател на партијата тој има одредена одговорност ВАШИНГТОН - Соочен со колапсот на републиканското мнозинство во Конгресот, американскиот претседател Џорџ Буш во средата брзо одговори со објавата на ...

Со заминувањето на Рамсфелд се менува американскиот курс за Ирак

Утрински - 10.11.2006

ВАШИНГТОН - Заминувањето на секретарот за одбрана, Доналд Рамсфелд, му олеснува на американскиот претседател Џорџ Буш да го промени курсот во Ирак, и некои аналитичари веруваат дека фазното намалување на американските војници во земјата е неминовност.

Рамсфелд - прва жртва на поразот на републиканците

Дневник - 10.11.2006

Демократската партија, на која и' треба само уште еден мандат за мнозинство во Сенатот, ја поздрави оставката на шефот на Пентагон и повика на формирање нова политичка агенда за војната во Ирак Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд завчера си поднесе оставка откако стана јасно дека ...

Рамсфелд: Напредокот во Ирак не е доволно брз

Канал5 - 10.11.2006

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, кој завчера поднесе оставка на функцијата, синоќа изјави дека непредокот во Ирак „не е доволно брз“. - Јасно е дека големиот број на операции претставуваа огромен успех, но исто така е јасно дека во втората фаза нештата не се одвиваат добро или ...

Ауч, ова боли!

Вечер - 10.11.2006

За прв пат по 12 години, демократите извојуваа триумфална победа на сојузните парламентарни избори во САД со што ставија точка на епохата на владеењето на една единствена партија - републиканците "Ауч, ова боли", главниот наслов на "Дејли Њуз", е вистински погодок и рефлексија на изборните ...

Победа на демократите и во Сенатот

А1 - 09.11.2006

Демократите, ќе имаат мнозинство и во горниот дом на американскиот конгрес, сенатот. Ќе имаат 51 од вкупно 100-те места во сенатот. Причините за катастрофалниот пораз на републиканците можат да се опишат со еден збор, Ирак, а најодговорен за поразот секако е претседателот Џорџ Буш.

Демократите го добија Претставничкиот дом

Време - 09.11.2006

Избори во САД ‘06 Членовите на Демократската партија вчера го прославија своето преземање на Претставничкиот дом во Конгресот на САД и побараа големи промени во политиката на администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш, кој и припаѓа на Републиканската партија.

Демократите победија во САД

Вест - 09.11.2006

12 ГОДИНИ ПО "РЕПУБЛИКАНСКАТА РЕВОЛУЦИЈА" Вашингтон, 9 ноември - Демократската партија освои мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес на изборите што се одржаа завчера, со што ќе добие од 18 до 30 нови пратенички места.

Поразениот Буш ги покани демократите на ручек

Вест - 09.11.2006

ВАШИНГТОН, 9 ноември (Ројтерс) - Американскиот претседател Џорџ Буш сакајќи да го потенцира бипартизмот по силниот пораз на изборите, вчера ги повика демократите во Конгресот за да им честита и да ги покани на ручек. Како резултат на незадоволството со Ирачката војна и администрацијата на Буш, ...

Триумф на демократите на конгресните избори, пораз на политиката на Буш

Утрински - 09.11.2006

Пораз на Буш Изборите во голема мера претставуваа национален референдум за Буш и за војната во Ирак ВАШИНГТОН - Демократите вчера ја презедоа контролата во Претставничкиот дом и поразија најмалку четворица републикански сенатори, користејќи го бранот незадоволство кај гласачите со претседателот Буш ...

Демократите го освоија Претставничкиот дом

Дневник - 09.11.2006

Ако добијат сенатори во Монтана и Вирџинија, демократите првпат по 1994 ќе ја имаат контролата врз целиот Конгрес Демократите освоија мнозинство во Претставничкиот дом на САД и се на чекор да преземат и контрола врз Сенатот, јави Ројтерс.

Демократите го освоија мнозинството во двата дома на Конгресот

Канал5 - 09.11.2006

Со победата на Џим Веб во државата Вирџинија, демократите го освоија мнозинството и во Горниот дом на американскиот Конгрес - Сенатот, со што за прв пат од 1994 година добија целосна контрола врз Конгресот. Вашингтон, 9 ноември (МИА) - Со победата на Џим Веб во државата Вирџинија, демократите го ...

Буш е подготвен за нова политика за Ирак

Макфакс - 09.11.2006

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш само два дена по поразот на Републиканците на изборите за Конгресот и Сенатот, најави подготвеност за менување на политиката кон Ирак. „Отворен сум за секакви идеи и предлози кои ќе помогнат да ја постигнеме нашата цел - да ги победиме терористите и да и ...

Демократите го презедоа Конгресот

Вечер - 09.11.2006

Веќе е извесно дека американскиот претседател Џорџ Буш доби силна опозиција во Претставничкиот дом. Односот на силите за Сенатот е избалансиран. Американците гласаа и за гувернери во 36 сојузни држави во САД и избраа 28 демократи Демократите, со засега освоени 227 места, го презедоа Конгресот ...

Медиуми: Победа на демократите и во Сенатот

Макфакс - 09.11.2006

Вашингтон Демократската партија во САД освои мнозинство и во Сенатот, откако синоќа, демократот Џејмс Веб победи во Вирџинија, јавија американските гласила. Според телевизиската мрежа НБЦ и агенцијата Асошиејтед прес, демократите во Сенатот ќе имаат 51 пратеник, наспроти 49 републиканци, проценки ...

Победа на демократите во САД

А1 - 08.11.2006

Убедлива победа на демократите на вчерашните делумни избори за американскиот Конгрес. По цели 12 години повторно ќе имаат мнозинство во претставничкиот дом на Капитол Хил. Демократите освоија и четири од потребните шест места за мнозинство и во горниот дом Сенатот.

Доналд Рамсфелд поднесе оставка

А1 - 08.11.2006

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд поднесе оставка, соопшти американскиот претседател Џорџ Буш. Оставката на Рамсфелд уследи веднаш по тешката загуба на Републиканската партија на завчерашните избори, на кои Демократската партија, за прв пат по 12 години освои мнозинство во Конгресот ...

На удар Ирак и даноците

Време - 08.11.2006

Во САД вчера почнаа изборите за новиот состав на Конгресот, за гувернери на поголем дел од сојузните држави за локални функционери и стотици разни референдуми. Власта врз Конгресот во САД е целосно во рацете на Републиканската партија, но според анкетите се очекува Демократската партија да ја освои ...

Републиканците на Буш пред изборен пораз

Вест - 08.11.2006

ВАШИНГТОН, 8 ноември (Ројтерс) - Демократите вчера се надеваа дека ќе ги симнат републиканците од власта во Конгресот по негативната кампања во која се истакнаа незадоволството со војната во Ирак и сомневањето во водството на претседателот Џорџ Буш.

Буш го чека дефинитивниот одговор на избирачите

Утрински - 08.11.2006

Според критичарите, Буш како да живее во сопствен свет, свет на апсолутни вредности ПЕНСАКОЛА - Ова се тешки времиња за американскиот претседател Џорџ Буш. На последниот ден од последната кампања што ќе има директно влијание врз него тој дојде тука за да му направи услуга на брата си во корист на ...

Секој осми Американец гласал по пошта

Дневник - 08.11.2006

Сите анкети укажуваа дека мнозинство гласови ќе освојат демократите, кои се надеваат и дека конечно ќе обезбедат мнозинство во двата парламентарни дома Повеќе од 25 милиони Американци со писма гласаа за сенатори, конгресмени и гувернери уште пред отворањето на гласачките места на парцијалните ...

Победа на демократите во САД

Макфакс - 08.11.2006

Вашингтон Демократската партија освои мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес на изборите што се одржаа вчера, со што ќе добие од 18 до 30 нови пратенички места, јавуваат агенциите. Освојувањето мнозинство во Сенатот, сепак, и натаму зависи од конечниот исход на изедначените ...

Доналд Рамсфелд поднесе оставка, Чејни останува

Макфакс - 08.11.2006

Вашингтон Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд поднесе оставка – соопшти американскиот претседател Џорџ Буш. Оставката на Рамсфелд уследи веднаш по тешката загуба на Републиканската партија на завчерашните избори, на кои Демократската партија, за прв пат по 12 години освои мнозинство ...

Американците им се враќаат на демократите

Макфакс - 08.11.2006

Вашингтон Демократите освоија мнозинство од најмалку 228 места во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, а Републиканците 192, покажуваат првичните, нецелосни резултати од изборите во САД, одржани вчера. “Од едниот до друг брег, американскиот народ гласаше за промени.

Демократите речиси сигурни победници на изборите за американскиот Конгрес

А1 - 07.11.2006

Демократите, судејќи според последните анкети, се речиси сигурни победници на денешните избори за американскиот Конгрес. Практично, клучното прашање е дали демократите по 1994 година повторно ќе успеат да обезбедат мнозинство во претставничкиот дом и во Сенатот, каде имаа мнозинство до пред четири ...

Републиканците и демократите бркаат гласачи

Вест - 07.11.2006

ДЕНЕСКА ИЗБОРИ ВО САД ВАШИНГТОН, 7 ноември (АП) - Републиканците и демократите веќе пратија илјадници волонтери низ сојузните држави на САД да одат од куќа до куќа или телефонски да им се јавуваат на гласачите и да ги потсетат дека денеска треба да излезат на гласање за најспорните избори за ...

Американските гласачи избираат членови на Конгрес, Сенат и гувернери

Канал5 - 07.11.2006

Американскиот претседател Џорџ Буш им се обрати синоќа на гласачите само неколку часа пред гласањето за конгресмени оквалификувајќи ги опонентите - Демократската партија, како луѓе кои ги зголемуваат даноците и се меки спрема тероризмот.

Американските избори тест за администрацијата на Буш

Макфакс - 07.11.2006

Вашингтон Американците денеска гласаат делумни парламентарни и локални избори, кои се закануваат да го лишат претседателот Џорџ Буш од мнозинството во Конгресот. Близу 172 милиони регистрирани гласачи се очекува да учествуваат на денешните избори за Конгресот на САД.

Последната изборна кампања на Џорџ Буш

Дневник - 06.11.2006

Иако позицијата на претседателот на САД не е загрозена на изборите, поразот на републиканците секако би се сметало за пораз на политиката на Белата куќа Американскиот претседател Џорџ Буш, борејќи се да го задржи решавачкото влијание на републиканска партија врз Конгресот, ја заврши својата ...