TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Морнарот кој ја признал вината бил под притисок

А1 - 14.11.2008

Дел од руските весници денеска изразуваат сомневање во веродостојноста на официјалната верзија за несреќата во нуклеарната подморница Нерпа, во која минатата сабота загинаа 20 лица. Според официјалната верзија, член на екипажот го активирал противпожарниот систем на подморницата, при што предизвикал испуштање на фреон, кој е причина за смртта на 17 цивили и три воени лица.

Рускиот печат изрази сомневање во официјалната верзија за причините на несреќата во подморницата Нерпа

Кирилица - 14.11.2008

- Подморницата требаше да биде дадена на лизинг на подолг период на странска држава, Доколку се покаже дека системот на подморницата не работи како што треба или дека имало пожар, тоа може да ја усложни процедурата за давање под лизинг, додава ...

Рускиот печат изрази сомнеж во официјалната верзија за причините на несреќата во подморницата Нерпа

Канал5 - 14.11.2008

Москва, 14 ноември (МИА) - Дел од руските весници денеска изразуваат сомневање во веродостојноста на официјалната верзија за несреќата во нуклеарната подморница Нерпа, во која минатата сабота загинаа 20 лица. Според официјалната верзија, член на екипажот го активирал противпожарниот систем на подморницата, при што предизвикал испуштање на фреон, кој е причина за смртта на 17 цивили и три воени ...

Кривично ќе се гони морнарот кој ја предизвика несреќата

А1 - 13.11.2008

Руските власти покренаа кривична постапка против морнарот кој ја предизвика несреќата во руската подморница, во која загинаа 20 луѓе, соопшти денеска Владимир Маркин, портпарол задолжен за истрагата. Тој не сакаше да соопшти детали за случајот, но рече дека морнарот ја признал одговорноста.

Погребани загинатите во руската нуклеарна подморница

Утрински - 13.11.2008

Дванаесет од жртвите, беа погребани вчера во градот Комсомолск на Амур. КОМСОМОЛСК НА АМУР - Илјадници ужалени присуствуваа на погребите на жртвите од истекувањето гас во руска нуклеарна подморница. Дваесет луѓе, главно цивили, настрадаа кога беше пуштен гасот фреон, при неодобрено активирање на противпожарниот систем, јавија официјални лица.

Подморница озрачи река во Англија

Дневник - 13.11.2008

Радиоактивна течност истекла од британска нуклеарна подморница во реката Тајмар во југозападна Англија. Истекувањето се случило во текот на рутински активности врз подморницата „Трафалгар“ во базата Девенпорт. Течноста навлегла во реката, но нема радиоактивно загадување на водата ниту радијација во реонот на инцидентот.

Морнар без причина го вклучил противпожарниот систем на руската нуклеарна подморница

Алфа - 13.11.2008

Морнар, член на екипажот на руската нуклеарна подморница „Нерпа“, без дозвола и без секакви основи го вклучил противпожарниот систем на подморницата, што ја причини смртта на 20 луѓе на 8 ноември, изјави денеска портпаролот на Истражниот комитет на руското обвинителство Владимир Маркин. Портпаролот додаде дека морнарот веќе го признал стореното.

Член на посадата виновен за инцидентот на руската подморница

Алсат-М - 13.11.2008

Руската државна комисија за истражување на несреќата што неодамна се случи во нуклеарната подморница Нерпа, соопшти дека инцидентот го предизвикал еден од членовите на посадата. Морнарот, како што се вели, без дозвола и без причина го активирал системот за гаснење пожар. Поради тоа автоматски бил испуштен отровниот гас фреон.

Човечки фактор е причина за несреќата на руската подморница „Нерпа“

Кирилица - 13.11.2008

Морнар, член на екипажот на руската нуклеарна подморница „Нерпа“, без дозвола и без секакви основи го вклучил противпожарниот систем на подморницата, што ја причини смртта на 20 луѓе на 8 ноември, изјави денеска портпаролот на Истражниот комитет на руското обвинителство Владимир ...

Морнар ја предизвикал несреќата на руската подморница

Нетпрес - 13.11.2008

Руските власти откриле дека морнар по грешка на осми ноември го активирал системот за гасење пожар на руската нуклеарна подморница во Јапонското море, што довело до смрт на 20 лица. “Истрагата откри лице кое случајно и без никаква причина го вклучило противпожарниот систем на подморницата за време на поморската вежба, што доведе до загинување на 20 лица и повреда на 21 морнар“ изјавил портпаролот ...

Лажен аларм ја предизвикал трагедијата во руската нуклеарна подморница

Макфакс - 13.11.2008

Лажен аларм ја предизвикал трагедијата во руската нуклеарна подморница. Москва /13/11/ 11:22. Член на екипажот на руската нуклеарна подморница го активирал противпожарниот систем, што ја предизвика несреќата во која загинаа 20 луѓе, соопшти денеска истражната Комисија, јавуваат руските медиуми.

Радиоактивна течност истекла од нуклеарна подморница во Англија

А1 - 12.11.2008

Радиоактивна течност истекла од британска нуклеарна подморница во минатата недела, соопшти британското Министерство за одбрана. Истекувањето се случило во петокот за време на рутински активности врз подморницата Трафалгар во базата Девенпорт во југозападна Англија.

Радиоактивна течност истекла од нуклеарна подморница во река во југозападна Англија

Сител - 12.11.2008

Радиоактивна течност истекла од британска нуклеарна подморница во минатата недела, соопшти британското Министерство за одбрана. Истекувањето се случило во петокот за време на рутински активности врз подморницата Трафалгар во базата Девенпорт во југозападна ...

Погребани 12 од жртвите кои загинаа во несреќата во руската подморница Нерпа

Канал5 - 12.11.2008

Москва, 12 ноември (МИА) - Жителите на далечниот руски град Космомолск на Амур се збогуваа од 12 од жртвите на несреќата, што се случи во саботата на руската подморница Нерпа. Ковчезите на 12-те жртви беа изложени во Дворецот на културата во градот, а околу нив беа положени голем број венци и цвеќе. Церемонијата почна во 11 часот по локално време (еден часот според Гринич).

Пожар не бил причина за несреќата на руската подморница

Нетпрес - 12.11.2008

Системот за гасење пожар кој се споменуваше како веројатен виновник за смртоносната несреќа на руската подморница, се активирал иако не бил пријавен пожар, изјавил денес портпаролот на руската морнарица Игор Дигало. “Официјално објаснување е дека причина за несреќата е нерегуларното функционирање на системот за гасење пожар. Никаков пожар не бил во прашање“ рекол Дигало.

Русите истражуваат како се отруле морнарите во подморницата

Вест - 11.11.2008

МОСКВА, 11 ноември (Би-Би-Си) - Во тек е истрага за труењето со гас во руската нуклеарна подморница што се случи во саботата во водите на Тихиот Океан кога загинаа 20 луѓе, меѓу кои и троца морнари и 17 цивили. Уште 21 лице се разболе поради неодобрено активирање на автоматскиот противпожарен систем што го испуштил отровниот гас фреон.

Цигара виновна за трагедијата на руската подморница?

Утрински - 11.11.2008

Фреонот веројатно се активирал кога некој од луѓето запалил цигара. Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Руската државна комисија вчера соопшти дека анализите покажале оти сите 20 загинати на атомската подморница биле отруени со гас фреон-212 што го користел противпожарниот систем. Зошто проработел автоматскиот систем за заштита од пожари допрва треба да се утврдува.

20 загинати во несреќа на руска нуклеарна подморница

Алфа - 11.11.2008

20 луѓе загинаа а 22 се повредени во хаваријата која се случи синоќа на една нуклеарна подморница од руската Тихоокеанска флота. До несреќата дошло кога по грешка се вклучил стариот противпожарен систем и испуштил гас Фреон од кој се задушиле морнарите и работниците кои се наоѓале во подморницата .

Пожарот во руската подморница настанал поради истекување на фреон

Канал5 - 11.11.2008

Москва, 9 ноември (МИА) - Пожарот во руската нуклеарна подморница, во кој загинаа 20 луѓе, настанал поради истекување на фреон. Смртоносниот гас истекол при вклучување на противпожарниот систем на подморницата за време на вежбите во Јапонското Море. Се уште не е познато што го активирало системот.

Дваесет луѓе загинаа во пожар на руска нуклеарна подморница

Канал5 - 11.11.2008

Москва, 9 ноември (МИА) - Над 20 луѓе загинаа, а 21 е повреден синоќа при пожар во руска нуклеарна подморница на руската Тихоокеанска флота, изјави заменикот на главниот командант на военопоморската флота на Русија Игор Дигало. Меѓу загинатите се воени лица и работници на бродоградилиште. Пожарот избувнал при рутински вежби на подморницата.

Во подморницата имало трипати повеќе луѓе од дозволеното

А1 - 10.11.2008

Руските стручњаци сметаат дека Човечкиот фактор и „пренатрупаноста“ допринеле за несреќата во руската никлеарна подморница , во која загинаа 20 луѓе. Во моментот на несреќата во подморницата имало 208 луѓе, речиси трипати повеќе од предвидениот број, кога од некоја причина се активирал противпожарниот систем, кој испушта токсичен гас.

Руска нуклеарна подморница се запали

Време - 10.11.2008

Повеќе од 20 луѓе загинаа, 6 војници и 14 цивили, а 22 е повреден при пожар во руска нуклеарна подморница на руската Тихоокеанска флота. Пожарот настанал поради истекување на фреонот од застарениот противпожарен систем. Смртоносниот гас истекол при вклучување на противпожарниот систем на подморницата за време на вежбите во Јапонското Море. Се уште не е познато што го активирало системот.

20 морнари загинаа во пожар на руска нуклеарна подморница

Вест - 10.11.2008

МОСКВА, 10 ноември (Ројтерс) - Нова руска нуклеарна подморница имала проблем со противпожарниот безбедносен систем на пробната провидба во Јапонското Море поради што се случила несреќа во која најмалку 20 луѓе загинаа, а 22 беа повредени, соопштија вчера властите.

Гас отру дваесетмина на руска подморница

Утрински - 10.11.2008

Причина е истекување на гасот фреон од противпожарниот систем. Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - За време на пробна пловидба на руска атомска подморница во Јапонско Море, во саботата вечерта гасот фреон од противпожарниот систем затру и усмрти 20 члена на руска подморница.

Човечки фактор причина за несреќата во руската подморница

Телма - 10.11.2008

Најмалку 20 лица, во саботата, загинаа додека 21 лице е повредено за време на тестирањето на нуклеарната подморница на руската флота на Пацификот, што е најголема несреќа од ваков тип откако потона подморницата Курск пред осум ...

Изгореа морнари во руска подморница

Дневник - 10.11.2008

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 21 е повреден прексиноќа, при пожар во руска нуклеарна подморница на руската Тихоокеанска флота . Пожарот избувнал при рутински вежби на подморницата. Се претпоставува дека можна причина за пожарот е дефект во стариот противпожарен систем на подморницата. - Во моментот на несреќата во подморницата се наоѓале 208 луѓе, меѓу кои 81 морнар.

Дваесет загинати во инцидент на руска нуклеарна подморница

Н.Македонија - 10.11.2008

Руските медиуми пренесуваат дека аутопсијата на жртвите покажала дека тие умреле од вдишување на гасот фреон, кој истекол во дел од подморницата кога нејзиниот противпожарен систем се активирал од засега непознати причини. „РИА новости“ јави дека и покрај тоа што на членовите на екипажот им биле поделени мобилни направи за дишење, најверојатно тие не го забележале истекот на гасот и кога го ...

Човечки фактор причина за несреќата на руската подморница

Алсат-М - 10.11.2008

Руските експерти сметаат дека човечки фактор и преоптовареност придонеле за несреќата на руската нуклеарна подморница во која загинаа 20 лица, се наведува во извештаите објавени денеска. Во моментот на несреќата во подморницата се наоѓале 208 лица, речиси три пати повеќе од бројот на предвидениот персонал, кога од одредена причина се активирал системот за противпожарна заштита којшто испуштил ...

Човечки фактор - една од причините за несреќата на подморницата

Макфакс - 10.11.2008

Руските експерти сметаат дека човечки фактор и преоптовареност придонеле за несреќата на руската нуклеарна подморница во која загинаа 20 лица, се наведува во извештаите објавени денеска. Во моментот на несреќата во подморницата се наоѓале 208 лица, речиси три пати повеќе од бројот на предвидениот персонал, кога од одредена причина се активирал системот за противпожарна заштита којшто испуштил ...