TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сефот на „Шмеки“ најден празен

Време - 10.11.2005

ПО КРАЖБАТА Металната каса на приватното претпријатие „Шмеки-компанија“, која во вторникот беше украдена од фирмата, вчера била најдена во нива во близина на кумановското село Черкези. Сефот, во кој биле чувани околу 90.000 евра, го нашло немо лице жител на тој крај.

Металниот сеф фрлен празен во нива

Вест - 10.11.2005

ПО ВООРУЖЕНИОТ ГРАБЕЖ ВО КОМПАНИЈАТА "ШМЕКИ" ВО КУМАНОВО Во близината на селото Черкезе бил пронајден сефот отворен со апарат за заварување, ги немало парите и чековите, а документацијата од фирмата била искината на парчиња и оставена внатре Металниот сеф тежок 200 килограми со 100.000 евра на ...

Сефот најден празен во нива кај Черкезе

Вечер Прес - 10.11.2005

Полицијата го пронајде сефот што од "Шмеки компани" во вторникот рано наутро го украде повеќечлена вооружена група. Тешката метална каса е најдена во нива на три километри оддалеченост до фирмата, во атарот на Черкезе. Ја нашол тамошен селанец.

Украден метален сеф со 100.000 евра

Вест - 09.11.2005

ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО КОМПАНИЈАТА "ШМЕКИ" ВО КУМАНОВО Маскирани разбојници со пиштоли, во зградата на фирмата упаднале вчера околу 4 часот и украле метална каса со евра, денари и документи тешка 200 килограми Во приватната компанија "Шмеки" во индустрискиот дел на Куманово вчера во 4 часот по полноќ ...

Украдени 90.000 евра од каса на фирмата „Шмеки“

Време - 09.11.2005

КУМАНОВО Двајца крадци, маскирани и вооружени со пиштоли, украле метална каса во која имало повеќе од 90.000 евра од канцеларија на фирмата „Шмеки“, вчераутро во Куманово. Крадците го онеспособиле четириесетгодишниот чувар и го заклучиле во стражарската куќа, по што се упатиле кон управната зграда ...

Ограбено претпријатието "Еуро Шмеки"

Дневник - 09.11.2005

КУМАНОВО Двајца разбојници вооружени со пиштоли одзеле метална каса во која имало повеќе од 90.000 евра од кумановското претпријатие "Еуро Шмеки", на улицата Илинденска, вчера околу 4 часот, соопшти полицијата. Разбојниците го впериле оружјето во Ш.Ф.

Украден сеф од "Шмеки компани"

Вечер Прес - 09.11.2005

Група маскирани и вооружени лица во вторникот утрото ја ограбија кумановската фирма "Шмеки компани". Групата била добро организирана. Првин го онеспособила чуварот, еден од нив го држел затворен во стражарската куќа, а останатите работеле на случајот.

Оружен грабеж во „Шмеки компани“ - украдени 100 000 евра

Макфакс - 08.11.2005

Куманово Вооружени и маскирани разбојници денеска рано изутрина во кумановската фирма “Шмеки компани“ го украле сефот во кој, според сопственикот, имало 100 000 евра, јави дописникот на Макфакс. “Четири маскирани лица со оружје физички ме нападнаа и со закана по живот ме затворија во чуварската ...