TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија нема да протестира до Хаг

Време - 20.04.2007

МНР ПРЕСЕЧЕ Владата и Министерството за надворешни работи нема да реагираат на изговорената реченица на хашкиот обвинител Даниел Саксон, која во првата верзија што дојде од страна на некои медиуми беше цитирана како „словенско мнозинство што зборува македонки јазик“.

Нема протест до Хаг

Дневник - 20.04.2007

Македонија нема да протестира до Хашкото обвинителство, зашто нема потреба. Ова е епилогот на недоразбирањата за употребените формулации на судењето на Љубе Бошкоски и на Јохан Тарчуловски, расчистени откако вчера македонската амбасада во Хаг го добила официјалниот транскрипт.

Владата ќе ја проверува снимката од Хаг

Утрински - 19.04.2007

Владата не го коментира Обвинителството во Хаг, но ќе вложи протест доколку се потврди како точно дека Трибуналот за македонскиот народ употребил термин „словенско мнозинство кое зборува македонски јазик“. Дека Македонија се подготвува да реагира на дел од излагањата на обвинителот за навредливиот ...

Не сме словенско мнозинство

Вечер Прес - 19.04.2007

Македонија ќе врачи протестна нота до Хашкиот трибунал, по преглед на снимките од почетокот на судењето за случајот "Љуботен", каде Обвинителството го именуваше македонскиот народ како "словенско мнозинство кое зборува македонски јазик".

Македонија ќе протестира до хашкиот обвинител

А1 - 18.04.2007

Македонија ќе протестира ако се потврди дека хашкиот обвинител Даниел Саксон ги нарекол македонците „словенско мнозинство кое зборува македонски јазик“, за време на судењето на Бошковски и Тарчуловски минатиот понеделник. „Доколку се утврди дека е употребен овој термин „словенско мнозинство кое ...

Кога политиката ќе влезе во судница, правдата бега низ прозорец

Време - 18.04.2007

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „ЉУБОТЕН“ Огнен Чанчаревиќ Судскиот процес против Бошковски и Тарчуловски во Хашкиот трибунал е чист политички процес на кој и се суди на Македонија, сметаат правните експерти. Обидот на обвинителството да докаже дека во Македонија имало воен конфликт е доказ дека обвинетите ...

Воведниот збор покажа дека обвинителот нема случај за Бошкоски

Утрински - 18.04.2007

Генел Метро Членот на одбраната на Љубе Бошкоски вели дека неговиот случај бил фасцинантен од многу аспекти Од нашиот известувач БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Хаг - Какви се Вашите импресии од првиот ден на судењето на Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски и од воведниот збор на обвинителот? - Мислам дека беше ...

Владата ја проверува снимката од Хаг

Дневник - 18.04.2007

Министерството за надворешни работи и македонската амбасада во Хаг ги проверуваат снимката и транскриптот од почетокот на судењето на Љубе Бошкоски и на Јохан Тарчуловски. - Ако се потврди дека претставниците на обвинителството навистина го употребиле терминот „словенско мнозинство, кое зборува ...

Има ли Хаг проблем со ословувањето на Македонците?

Канал5 - 18.04.2007

Владата ќе протестира до Хашкиот трибунал ако се потврдат информациите дека на почетокот на судењето на Бошковски и Тарчуловски обвинителот Ден Саксон за Македонците ја употребил описната фраза „словенско мнозинство што зборува македонски јазик“.

„Нападот врз Љуботен не бил воено неопходен“

Време - 17.04.2007

ХАШКО ОБВИНИТЕЛСТВО Вчера со воведните зборови на хашкото обвинителство почна судскиот процес против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски за случајот „Љуботен“ во меѓународниот суд во Хаг. Според обвинителниот акт, Бошковски и Тарчуловски се товарат за убиства, нехумано постапување, уништување ...

Трибуналот ќе прави исправка на доказите

Вест - 17.04.2007

ПОЧНА СУДЕЊЕТО ПРОТИВ ЉУБЕ И ЈОХАН Хашкиот обвинител Даниел Саксон вчера пред Кривичниот совет на Меѓународниот суд за воени злосторства го изложи обвинението против ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски и полицискиот специјалец Јохан Тарчуловски.

Кому му помагаат молебените?

Утрински - 17.04.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ГОРДАНА ДУВЊАК На молебенот што се одржа во сите православни храмови низ државата, Македонската православна црква упати вознесени пораки до Хаг. Не знам колку нивните молитви им помогнаа на Љубе Бошкоски и на Јохан Тарчуловски да се чувствуваат духовно посмирени, а хашките судии ...

Почна процесот против Бошкоски и Тарчуловски и веднаш одложен за 7 мај

Утрински - 17.04.2007

Адвокатите се убедени дека ќе ги побијат тврдењата на обвинителите Од нашиот известувач БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Хаг - Видеоматеријали и фотографии од нападот врз Љуботен, серија документи за состојбата во Македонија во 2001 година, за хиерархиската поставеност на македонските безбедносни сили, но и за ...

Почна судењето против Бошкоски и Тарчуловски

Дневник - 17.04.2007

Тоа што го кажа Саксон се обвиненија, кои тимот на Карла дел Понте има намера да ги докаже во судскиот процес, вели адвокатката Едина Рашидовиќ Судењето против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски почна вчера, во Хаг.

Поддршка од раселените за Љубе и за Јохан

Дневник - 17.04.2007

Бараме ослободување на Љубе Бошковски и на Јохан Тарчуловски, зашто тие ја бранеа својата земја, порачаа вчера раселените од липковското село Матејче, кои речиси шест години се сместени во Колективен центар во Куманово. Тие порачаа дека е сосема неправедно да им се суди на луѓето што ја бранеле ...

Обвинителите се сопнаа уште на почетокот?!

Вечер Прес - 17.04.2007

Што се случи во кризната 2001 година, дејствувале ли припадници на т.н. ОНА во селото Љуботен или полициската единица на Јохан Тарчуловски водела незаконска акција против цивили, спровел ли екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски вистинска истрага за љуботенската акција? Ова се прашањата ...

Почна судскиот процес против Бошкоски и Тарчуловски

А1 - 16.04.2007

Со краток опис на судирот 2001-ва, со извадоци од закони, преку видео снимки од конфликтот, хашките обвинители два часа го поткрепуваа обвинението. Според нив, Јохан Тарчуловски на 12 август 2001-ва со стотина полицајци и армиска топовска поддршка ги нападнал невооружените цивили во селото.

Почнува судењето на Љубе и Јохан

Вест - 16.04.2007

ДЕНЕСКА ВО ХАГ Денес во Хаг ќе започне судењето на ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски и полицискиот командант Јохан Тарчуловски. Судењето ќе почне само со воведно излагање на обвинителството. Одбраната, иако го има тоа право, нема да го користи, бидејќи тоа право може да го користи ...

Г.г. Стефан од Хаг побара чесност и праведност

Време - 16.04.2007

ДЕНЕС ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО НА БОШКОВСКИ И ТАРЧУЛОВСКИ Денеска, со воведните зборови на обвинителството, почнува судскиот процес против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски во судот во Хаг. На денешното рочиште хашкото обвинителство нема да сослушува сведоци.

Молебен за Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски

Утрински - 16.04.2007

ТЕТОВО - „Го молиме судот во Хаг да донесе единствено исправна одлука да ги ослободи од обвинение Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски. Меѓународниот трибунал не смее да потпадне под влијание на нечесни луѓе. Им даваме силна и единствена поддршка на Љубе и Јохан да ги издржат сите притисоци.

Во Хаг нема да и' се суди на Македонија, тврди Хашкото обвинителство

Утрински - 16.04.2007

Поддржувачите на Бошкоски очекуваат ослободителна пресуда Од нашиот известувач БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ХАГ – „Во Хаг ќе им се суди на Љубе Бошкоски и на Јохан Тарчуловски за индивидуална кривична одговорност, а не на Македонија или на македонското општество, вели за „Утрински весник“, портпаролката на ...

Груевски и Владата очекуваат фер судење

Утрински - 16.04.2007

Во пресрет на денешното почнување на судскиот процес против обвинетите македонски државјани Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски, премиерот и Владата на Република Македонија ги изразуваат и потенцираат своите очекувања за фер, транспарентно и правично судење, соопшти Секторот за односи со јавноста на ...

Молитви за Љубе и за Јохан

Дневник - 16.04.2007

Во храмовите на МПЦ вчера се одржа молебен за духовна поткрепа на двајцата обвинети, на кој беше побарано праведно судење Со излагање на обвинителниот акт, денеска во Хашкиот суд почнува судењето на Љубе Бошкоски и на Јохан Тарчуловски, единствените двајца македонски државјани што Хашкото ...

Македонија, Хаг и ЕУ

Дневник - 16.04.2007

Денес во Хашкиот суд почнува судењето на Љубе Бошкоски и на Јохан Тарчуловски. На прв поглед ова судење нема речиси никаква врска со Европската Унија. Единствениот линк е барањето на ЕУ Македонија да ги исполнува своите обврски во однос на Судот што преку соработката со Хаг е завршена работа.

Во Хашкиот трибунал почна судењето на Бошковски и Тарчуловски

Канал5 - 16.04.2007

Обвинителскиот тандем Саксон - Монтеке во двоиполчасовните воведни излагања презентираше документи, искази и видео материјали во обид да го поткрепи обвинението против Бошковски и Тарчуловски. Обвинителскиот тандем Саксон - Монтеке во двоиполчасовните воведни излагања презентираше документи, искази ...

Семејствата на Бошковски и Тарчуловски веруваат дека нивните најблиски се невини

Канал5 - 16.04.2007

Мајката и ќерката на Љубе Бошковски, заедно го следеа почетокот на судењето во хашкиот трибунал против нивниот син и татко – велат дека добро е што е прекината неизвесноста и што по две години конечно почна судењето. Мајката и ќерката на Љубе Бошковски, заедно го следеа почетокот на судењето во ...

Хашките судии ги чека Божјиот Суд!

Вечер Прес - 16.04.2007

Униформирани полицајци, поранешни лавови, пратеници, попови, сите заедно се молеа - Господ да им помогне на Македонците во Хаг. Пред Соборниот храм во Скопје се делеа маички, налепници флаери на кои пишуваше: Брат Љубе - се за Македонија.