TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Антикорупциската ќе ги чешла „тајните“ менаџерски клаузули

Макфакс - 06.03.2005

(Време)-вторник, 15.03.2005 Мирче Котевски Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ги побара на увид менаџерските договори што најтесното раководство на „Електростопанство на Македонија“ неодамна ги потпиша со Владата, дознава „Време“ од извори во Комисијата.

Висок напон за продажбата на ЕСМ

Време - 05.03.2005

СТРУЧНАТА ЈАВНОСТ ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА Мирче Котевски Секое утро во ЕСМ влегуваат милион евра, а на крајот од денот тие пари излегуваат од македонските фирми и семејства. Вака Арсен Арсенов, професор на Електротехничкиот факултет во Скопје, го оценува дневното производство на македонското ...

Владата ги крие менаџерските договори како змија нозете

Макфакс - 05.03.2005

(Време)- сабота, 12.03.2005 Мирче Котевски Во Законот за трговски друштва никаде не пишува дека на јавноста не и се достапни менаџерските договори што ги потпишало раководство на компанија што е стопроцентно сопственост на државата, како што е случајот со „Електростопанство на Македонија“, тврдат ...

"Матно" за продажбата на Електростопанство

Вест - 04.03.2005

МЕСЕЧЕН БАРОМЕТАР НА КОРУПЦИЈАТА Нетранспарентноста во најавената продажба на Електростопанство на Македонија е најматен, а воведувањето на џи-пи-ес системот за следење на транзитната стока на Царинарницата е најбистар настан во борбата против корупцијата во февруари.

ЕСМ да не се продава во целина

Време - 04.03.2005

ТРИБИНА НА „ВРЕМЕ“: МАКЕДОНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ПОРАЧУВААТ Мирче Котевски Александра К. Мишовска Македонските експерти не се против приватизацијата на „Електростопанство на Македонија“, но се противат на намерата Владата да ги продаде и хидроелектричните централи.

Хидроцентралите да се продаваат една по една

Вест - 04.03.2005

СВЕТСКА БАНКА ПРОТИВ МОДЕЛОТ НА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ЕСМ Во писмото на Светска банката доставено до министерот за економија Фатмир Бесими се вели дека државата полесно ќе ја контролира цената на струјата ако хидроцентралите не ги продаде во пакет со дистрибуцијат Ако пазарот покаже дека ЕСМ за ...

Најматен февруарски настан - нетранспарентноста во продажбата на ЕСМ

Утрински - 04.03.2005

Барометар на корупцијата во избор на „Макфакс" и „Транспарентност-Македонија" Нетранспарентноста во најавената продажба на ЕСМ е најматен, а воведувањето на џи-пи-ес системот за следење на транзитната стока на Царинарницата е најбистар настан на корупциската скала во февруари.

ХЕЦ треба да останат државни

Утрински - 04.03.2005

Владата без официјален став дали да го смени моделот за приватизација на ЕСМ, експертите не попуштаат Контроверзиите околу продажбата и револтот на јавноста ги предизвика нетранспарентноста МАЈА ТОМИЌ Недоволната транспарентност на Владата околу целиот досегашен процес на приватизација на ...

ЕСМ ги баждари граѓаните

Дневник - 04.03.2005

Коментар - Александар Димишковски Државата реши да го дотенчи и онака тенкиот буџет на граѓаните за околу 500 евра со тоа што ги присили да купуваат нови струјомери. Од "Електростопанство" се многу "загрижени" дека ако, не дај боже, се расипе некој од струјомерите, стари 20-30 години, тие не ќе ...

Цената на струјата ќе оди нагоре, а работниците на улица

Дневник - 04.03.2005

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ПРОДАЖБАТА НА Електростопанството Цената на струјата по продажбата на "Електростопанство на Македонија" ќе се зголеми барем двојно и новиот газда ќе отпушти неколку илјади вработени за да работи рентабилно, истакна вчера професорот на Електротехничкиот факултет, Ристо Анчевски, на ...

За нов струјомер граѓаните ќе платат 500 евра

Дневник - 04.03.2005

ЕСМ БАРА НОВИ БРОИЛА ЗА ДА ЌАРИ Граѓаните што по наредба на "Електростопанство на Македонија" ќе мора да ги сменат струјомерите стари по 20-30 години, покрај минимум 400 евра за броилото, ќе треба да платат и најмалку 50 евра за негово монтирање.

"Матно" - продажбата на ЕСМ -„бистро"- акцијата на Царината

Вечер Прес - 04.03.2005

Нетранспареноста во најавената продажба на "Електростопанство" на Македонија е "најматен", а воведувањето на џи-пи -ес системот за следење на транзитната стока на Царинарницата е "најбистар" настан во борбата против корупцијата во февруари.

Се засилува впечатокот дека ЕСМ се продава на слепо

А1 - 03.03.2005

Најавената продажба на ЕСМ ја доби оценката на најматен корупциски настан во февруарската анкета на невладината Транспарентност, иако претходно во јануари настанот беше рангиран на второто место на матната листа. Пробив што од страна на Транспарентност се толкува како резултат на упорното ...

Експертите ја критикуваат продажбата на ЕСМ

А1 - 03.03.2005

Стручњаците немаат дилема, ЕСМ сега и вака не смее да се продаде зошто последиците ќе бидат страшни. За едни е спорна намерата за приватизација бидејќи ќе донесе поскапа струја. „Колку ќе биде покачувањето не знам, моја лична проценка е дека цената ќе порасне за 2 пати“, вели Ристо Ачковски ...

Од толку лаги на народот му светна!

Време - 03.03.2005

Георги Барбаровски Владата е фатена во нов грев со продажбата на „Електростопанство на Македонија“. Ин флагранте. Вторпат. Се обиде да ја скрие препораката од Светската банка датирана со 3 февруари, годинава, во која монетарците им порачуваат на нашите власти да не ги приватизираат ...

„ЕСМ - Приватизација: зошто сега, под кои услови и според кој модел“

Време - 03.03.2005

ДЕНЕСКА ТРИБИНА НА „ВРЕМЕ“ „Време“ организира јавна трибина на тема „Електростопанство на Македонија - Приватизација: зошто сега, под кои услови и според кој модел“ да или не“. Трибината ќе се одржи денеска во Домот на АРМ во 10 часот, а во дискусијата ќе учествуваат професори од Универзитетот ...

Директорите се осигурија со по 200.000 евра испратнина во случај на отказ

Време - 03.03.2005

СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЕСМ Мирче Котевски <> Најтесното раководство на „Електростопанство на Македонија“ ќе ги задржи позициите во компанијата, иако таму се очекува нов странски сопственик до крајот на годинава.

Владата се повлекува од продажба на ХЕЦ

Утрински - 03.03.2005

По големиот притисок на јавноста и критиките од Светска банка за моделот на продажба на ЕСМ Под притисок на јавноста, на медиумите и по опомените и предупредувањата на Светска банка, македонската Влада се повлече од продажбата на големите хидроцентрали.

Струја само ако броилата не се постари од 20 години

Дневник - 03.03.2005

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ КРАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Граѓаните чии броила за електрична енергија се стари 20-30 години ќе мора да ги заменат со нови, бидејќи во спротивно струјата ќе им биде исклучена. Од "Електростопанство на Македонија" објаснуваат дека ова мора да се направи за да се намалат кражбите ...

Светска банка се пишмани за продажбата на ЕСМ

Дневник - 03.03.2005

ПРИВАТИЗАЦИЈА ИЛИ НЕ НА ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ Канцеларијата на Светска банка во Скопје вчера не можеше да ја потврди, ниту да ја демантира веродостојноста на документот, според кој, експертите од Вашингтон и препорачуваат на Владата при претстојната приватизација на "Електростопанство на Македонија" да ...

Светската банка ја поддржува приватизацијата на ЕСМ“

Канал5 - 03.03.2005

Светската банка ја поддржува приватизацијата на Електростопанство, а писмото што циркулира низ медиумите е извадено од контекст, објаснуваат во оваа меѓународна институција. Постојаната претставничка на Светската банка неодамна за Канал 5 изјави дека доко Светската банка ја поддржува ...

Хидроелектричните централи не се за продажба!

Макфакс - 03.03.2005

(Време) - среда, 02 март 2005 Мирче Котевски Владата да не ги приватизира хидроелектричните централи, а термоелектричните централи и дистрибутивната мрежа на „Електростопанство на Македонија“ да се продаваат одвоено и на повеќе заинтересирани компании, сугерира Светската банка во писмо до Фатмир ...

ЕСМ се продава за да се вратат старите долгови на државата

Макфакс - 03.03.2005

(Дневник) - сабота, 26.02.2005 ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ Наместо за развој и нови инвестиции најголем дел од парите од продажбата на "Електростопанство на Македонија" ќе бидат потрошени за враќање на старите доспеани долгови, предупредуваат економските експерти.

Директорите се осигурија со по 200.000 евра испратнина во случај на отказ

Макфакс - 03.03.2005

(Време) - четврток, 03 март 2005 Мирче Котевски Најтесното раководство на „Електростопанство на Македонија“ ќе ги задржи позициите во компанијата, иако таму се очекува нов странски сопственик до крајот на годинава. Генералниот директор Панде Лазаров со неговиот заменик и уште седум помошници ...

“Матно“ - продажбата на „Електростопанство“ - „бистро“ акција на Царинат

Макфакс - 03.03.2005

Скопје Нетранспареноста во најавената продажба на „Електростопанство“ на Македонија (ЕСМ) е „најматен“, а воведувањето на Џи-пи -ес системот за следење на транзитната стока на Царинарницата е „најбистар“ настан во борбата против корупцијата во февруари.

Светската банка против владиниот модел за продажба на ЕСМ

А1 - 02.03.2005

Владата знае за препораката на Светската банка, која бара нов модел за продажба на ЕСМ, без хидроцентралите, но не знае што да прави со неа. Светска банка им пиша на македонските министри да не ги продаваат хидроцентралите, а одвоено, не како еден систем, да ги продаваат термоцентралите и ...

Злосторство е да се продаде ЕСМ

Време - 02.03.2005

ЗЛАТКО ДИМЧОВСКИ, ЕНЕРГЕТИЧАР И ПРОФЕСОР ПО АТОМСКА ФИЗИКА Владата ќе го направи најголемото злосторство кон македонскиот народ ако го продаде „Електростопанство на Македонија“, категоричен е Златко Димчовски, професор по атомска физика и наш светски познат и докажан научник и бизнисмен.

Хидроелектричните централи не се за продажба!

Време - 02.03.2005

СВЕТСКА БАНКА ЈА ПРЕДУПРЕДУВА ВЛАДАТА Мирче Котевски Владата да не ги приватизира хидроелектричните централи, а термоелектричните централи и дистрибутивната мрежа на „Електростопанство на Македонија“ да се продаваат одвоено и на повеќе заинтересирани компании, сугерира Светската банка во писмо до ...

ЕСМ не ги дава менаџерските договори, на увид е само статутот

Макфакс - 02.03.2005

(Време) - вторник, 22.03.2005 Државната комисија за спречување на корупцијата се уште чека „Електростопанство на Македонија“ да и ги достави на увид менаџерските договори што најтесното раководство на таа компанија неодамна ги потпишало со Владата.

Менаџерските договори во ЕСМ - на виделина!

Макфакс - 01.03.2005

(Време) - петок, 11 март 2005 Мирче Котевски Граѓаните имаат право да знаат што пишува во менаџерските договори што раководството на ЕСМ неодамна ги потпишало со Владата, која е стопроцентен сопственик на компанијата, тврдат домашни експерти.

Први во регионот го продаваме електростопанството

Макфакс - 01.03.2005

(Време) -петок, 18 март 2005 Мирче Котевски Гоце Трпковски Владата треба да го забави процесот на приватизација на електростопанството и уште еднаш добро да ги разгледа сите можности пред да го продаде доминантниот дел од стратегиски најважната домашна компанија.

Ми направија хајка за да ме тргнат пред изборите!

Време - 28.02.2005

ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА ЕСМ ВО КОЧАНИ ОДИ ВО ЗАТВОР Мери Јордановска <> Поранешниот директор на подрачната единица на „Електростопанство на Македонија“ (ЕСМ) во Кочани Ванчо Каранфилов од утре ќе служи казна затвор од 11 месеци.

За изградба на електроцентрали ќе се бараат 350 милиони евра

Дневник - 28.02.2005

ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА Владата пресмета дека за развој на енергетскиот сектор наредниве две години ќе бидат потребни 587 милиони евра, од кои најголемиот дел, односно 444 милиони за производството. Во делот од европрашалникот за планираните инвестиции во енергетскиот сектор пишува дека во ...