КРИЗА ВО СТОЧАРСТВОТО Добиточната храна од вчера поскапе за два денара. Завчера килограм концентрат за молзни крави, кој најчесто го користат фармерите за хранење на шталскиот добиток, чинеше 17 денари, а од вчера оваа храна се продава за дури 19 денари.
Владата и ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност ги доведоа фармерите до работ на колапс, обвини вчера Татјана Прентовиќ, членка на Комисијата за земјоделство во СДСМ. Во СДСМ сметаат дека загубите за фармерите се огромни и дека ќе бидат потребни многу години за да се подобри состојбата.
Добитокот се коле и распродава по багателни цени поради кризата за добиточна храна. Опозициската СДСМ ја обвинува Владата за негрижа кон земјоделците. „Недостатокот на добиточна храна и драстичното намалување на добиточниот фонд ја направи состојбата во земјоделството во Македонија алармантна“, ...
Скапата добиточна храна годинава сериозно се заканува да го уништи домашното производство на млеко и тоа за подолг период. Сточарите и пред да се случи кризата со храната, работеа на граница на рентабилноста. Ако добиточната храна во производството на литар млеко учествува со 70%, со сегашните ...
ДРЖАВАТА ГИ ИЗВИСИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Владата најави, па се премисли дека ќе прави интервентен увоз на добиточна храна. Министерот за земјоделство Ацо Спасеноски на вчерашното отворање на саемот "Агрофуд 2007" во Скопје им порача на сточарите сами да си набават добиточна храна, оти државата нема законска ...
Засега нема потреба од интервентен увоз на добиточна храна бидејќи имаме домашно производство, тврди министерот за земјоделство Ацо Спасеноски. Според него, добиточната храна во услови на криза треба да ја увезат сточарите, а не државата. - Владата прави се' за да им го олесни увозот.
Владата нема да ја амортизира кризата во сточарството. Не ја премислија ниту вчерашните апели на фармерите за помош. Министерот за земјоделство им порача на сточарите сами да увезуваат добиточна храна. Производителите на млеко, месо и јајца предупредија дека ситуацијата е алармантна - производите ...
Сточарите најавуваат зголемување на цената на млекото доколку не се реши проблемот со недостиг од сточна храна АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОСКА Откупната цена на млекото до крајот на годинава ќе биде зголемена за најмалку 100 отсто, а наредната година уште повеќе, доколку не се реши проблемот со недостиг од ...
Увоз на добиточна храна ќе има ако приватните субјекти се договорат дека има потреба од тоа, изјави вицепремиерот Зоран Ставрески Ако проблемот со недостигот на добиточна храна не се реши веднаш, цената на млекото двојно ќе се зголеми, порачаа вчера млекопроизводителите, живинарите и свињарите на ...
Сточарите предупредија дека ако проблемот со недостиг на храна за кравите не се реши, од 1 ноември повторно ќе ја зголемат откупната цена на сировото млеко на 27,5 денари за литар, а од 31 декември на 30 денари Поголемите млекопроизводители од земјава ја зголемија откупната цена на сировото млеко ...
Сточарите единствени и со последен апел до владата, да помага. Проблемот со скапата добиточна храна ги празни шталите, ги полни добиточните пазари со евтин добиток, се покачија цените на производите. „Големите фирми ќе отидат ќе кажат да, месецов нема да го исплатиме, ќе продадеме една фарма.
Скопје Дополнителни два милиони евра одвои владата за стимулации за сточарите, информираше денеска премиерот Никола Груевски. Одлуката за издвојување на дополнителни средства за сточарите е донесена поради сушата и кризата за добиточна храна, чија што цена е значително зголемена на светскиот пазар.