TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поскапе добиточната храна за уште два денара

Вест - 06.10.2007

КРИЗА ВО СТОЧАРСТВОТО Добиточната храна од вчера поскапе за два денара. Завчера килограм концентрат за молзни крави, кој најчесто го користат фармерите за хранење на шталскиот добиток, чинеше 17 денари, а од вчера оваа храна се продава за дури 19 денари.

СДСМ: Владата ги уништи фармерите

Дневник - 06.10.2007

Владата и ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност ги доведоа фармерите до работ на колапс, обвини вчера Татјана Прентовиќ, членка на Комисијата за земјоделство во СДСМ. Во СДСМ сметаат дека загубите за фармерите се огромни и дека ќе бидат потребни многу години за да се подобри состојбата.

СДСМ ја обвинува Владата за добиточната криза

А1 - 05.10.2007

Добитокот се коле и распродава по багателни цени поради кризата за добиточна храна. Опозициската СДСМ ја обвинува Владата за негрижа кон земјоделците. „Недостатокот на добиточна храна и драстичното намалување на добиточниот фонд ја направи состојбата во земјоделството во Македонија алармантна“, ...

Скапата добиточна храна ќе го уништи производството на млеко

А1 - 03.10.2007

Скапата добиточна храна годинава сериозно се заканува да го уништи домашното производство на млеко и тоа за подолг период. Сточарите и пред да се случи кризата со храната, работеа на граница на рентабилноста. Ако добиточната храна во производството на литар млеко учествува со 70%, со сегашните ...

Спасеноски: Сточарите сами да си увезат добиточна храна

Вест - 03.10.2007

ДРЖАВАТА ГИ ИЗВИСИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Владата најави, па се премисли дека ќе прави интервентен увоз на добиточна храна. Министерот за земјоделство Ацо Спасеноски на вчерашното отворање на саемот "Агрофуд 2007" во Скопје им порача на сточарите сами да си набават добиточна храна, оти државата нема законска ...

Спасеноски: Нема потреба од набавка на жито

Дневник - 03.10.2007

Засега нема потреба од интервентен увоз на добиточна храна бидејќи имаме домашно производство, тврди министерот за земјоделство Ацо Спасеноски. Според него, добиточната храна во услови на криза треба да ја увезат сточарите, а не државата. - Владата прави се' за да им го олесни увозот.

Владата нема да ја амортизира кризата во сточарството

А1 - 02.10.2007

Владата нема да ја амортизира кризата во сточарството. Не ја премислија ниту вчерашните апели на фармерите за помош. Министерот за земјоделство им порача на сточарите сами да увезуваат добиточна храна. Производителите на млеко, месо и јајца предупредија дека ситуацијата е алармантна - производите ...

Млекото двојно ќе поскапи?

Утрински - 02.10.2007

Сточарите најавуваат зголемување на цената на млекото доколку не се реши проблемот со недостиг од сточна храна АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОСКА Откупната цена на млекото до крајот на годинава ќе биде зголемена за најмалку 100 отсто, а наредната година уште повеќе, доколку не се реши проблемот со недостиг од ...

Млекото двојно ќе поскапи

Дневник - 02.10.2007

Увоз на добиточна храна ќе има ако приватните субјекти се договорат дека има потреба од тоа, изјави вицепремиерот Зоран Ставрески Ако проблемот со недостигот на добиточна храна не се реши веднаш, цената на млекото двојно ќе се зголеми, порачаа вчера млекопроизводителите, живинарите и свињарите на ...

И млекото во земјава ќе поскапи!

Вечер Прес - 02.10.2007

Сточарите предупредија дека ако проблемот со недостиг на храна за кравите не се реши, од 1 ноември повторно ќе ја зголемат откупната цена на сировото млеко на 27,5 денари за литар, а од 31 декември на 30 денари Поголемите млекопроизводители од земјава ја зголемија откупната цена на сировото млеко ...

Проблемот со добиточната храна ги празни шталите

А1 - 01.10.2007

Сточарите единствени и со последен апел до владата, да помага. Проблемот со скапата добиточна храна ги празни шталите, ги полни добиточните пазари со евтин добиток, се покачија цените на производите. „Големите фирми ќе отидат ќе кажат да, месецов нема да го исплатиме, ќе продадеме една фарма.

Два милиони евра стимулации за сточарите

Макфакс - 01.10.2007

Скопје Дополнителни два милиони евра одвои владата за стимулации за сточарите, информираше денеска премиерот Никола Груевски. Одлуката за издвојување на дополнителни средства за сточарите е донесена поради сушата и кризата за добиточна храна, чија што цена е значително зголемена на светскиот пазар.