TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сирија ќе се брани ако Израел повторно ја нападне

А1 - 11.10.2003

Сирија има право на самоодбрана, доколку Израел повторно да ја нападне нејзината територија, како што тоа го стори минатиот викенд, соопшти денеска сириското Министерство за надворешни работи. „Во случај на повторување на израелската агресија, Сирија има право да преземе мерки за самоодбрана“, ...

Убиени шестмина Палестинци во бегалски камп во Газа

Утрински - 11.10.2003

Десетици израелски оклопни возила и тенкови нападна палестински камп за бегалци ГАЗА - Израелските сили вчера убија најмалку шестмина Палестинци во жестоките борби во еден камп за бегалци во Газа додека палестинските посредници се обидуваат да ја окончаат кризата во раководството предизвикана од ...

Израелците го отруле Арафат!?

Дневник - 11.10.2003

ПАЛЕСТИНСКИ ИЗВОРИ ТВРДАТ Јордански и египетски лекари прексиноќа пристигнаа во Рамалах, откако Арафат се пожалил на акутна болка во абдоменот, висока температура, дијареја и повраќање Палестинскиот информативен центар, тесно поврзан со милитантната група Хамас објави дека израелски агенти го ...

ТРОЈЦА ПАЛЕСТИНЦИ БЕА УБИЕНИ ВО ОПЕРАЦИЈА НА ИЗРАЕЛСКАТА АРМИЈА ВО РАФАХ

Канал5 - 11.10.2003

Тројца Палестинци беа убиени изутринава, а десетмина други се ранети, во операција на израелската армија во бегалскиот камп Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија палестински болнички извори. Во операцијата за откривање на активисти на рад Тројца Палестинци беа убиени изутринава, а ...

Израел ги уништува подземните тунели од Газа до Египет

А1 - 10.10.2003

Шест Палестинци загинаа, а повеќе од 50 се ранети при синоќешната операција на израелската армија во бегалскиот камп Рафа, за уништување на подземните тунели што го поврзуваат Појасот Газа со Египет. Палестински воени извори соопштија дека израелската операција во најнаселениот дел на Појасот Газа, ...

Сирија вели израелската влада не може без војна

Вест - 10.10.2003

ДАМАСК, 10 октомври, (Ројтерс) - Сирискиот претседатл Башар ал-Асад вчера изјави дека владата на израелскиот премиер Ариел Шарон не може да продолжи без војна. Овој коментар следеше по изјавата на Шарон дека еврејската држава ќе ги напаѓа своите непријатели секаде во светот.

Оставка на палестинскиот премиер Абу Ала

Вест - 10.10.2003

РАМАЛАХ, 10 октомври (Ројтерс) - Палестинскиот премиер Ахмед Куреја вчера го извести претседателот Јасер Арафат дека сака да поднесе оставка од функцијата. "Курие му рече на Арафат дека нема да го формира кабинетот и дека не сака да биде премиер", изјави претставник на палестинската власт.

Арафат немал срцев удар

А1 - 09.10.2003

Палестинскиот министер Саеб Ерекат ја демантираше информацијата пласирана во некои медиуми дека палестинскиот лидер Јасер Арафат неодамна преживеал поблага форма на срцев удар. Како што јавува „ВВС“, Арафат (74) на церемонијта на стапување на должност на новата палестинска Влада во вторникот ...

Сирија ќе одговори воено ако Израел пак нападне

Вест - 09.10.2003

Мадрид, 9 октомври - Сирија ќе одговори со воени средства ако Израел продолжи со нападите врз нејзина територија, изјави вчера сирискиот амбасадор во Шпанија Мохсен Билал. Сириското Министерство за надворешни работи се уште не даде коментар на изјавата на Билал.

Палестинскиот премиер го повтори повикот за примирје со Израел

Утрински - 09.10.2003

Со намера да се направи прогрес во одолжуваниот мировен план ЕРУСАЛИМ - Во вчерашното интервју објавено во израелски весник палестинскиот премиер Ахмед Курие предложи прекин на огнот со Израел, но министрите во кабинетот веднаш ја отфрлија неговата понуда.

Израел прогласи воена зона на Западниот брег

Дневник - 09.10.2003

ЗА ДА ЛОВИ ТЕРОРИСТИ Израелската војска вчера рано утринава ги опколи сите палестински градови на Западниот брег и воведе целосна блокада, со намера да спроведе темелни операции за чистење на терористичките гнезда, јави МИА. Палестинскиот регион е поделен на четири оперативни зони заради поефикасно ...

Арафат доживеал поблаг срцев удар

А1 - 08.10.2003

Палестинскиот лидер Јасер Арафат неодамна доживеал поблаг срцев удар, но поради страв од паника тоа се држело во тајност, пишува денеска британскиот дневник „Гардијан“, повикувајќи се на неименуван официјален претставник близок на Арафат. Палестинските претставници биле недостапни за коментар.

Владата на Абу Ала се заколна на Арафат

Вест - 08.10.2003

Палестинците во Газа вчера со песна и игра го прославија денот на фолклорот РАМАЛАХ, 8 октомври, (АП) - Јасер Арафат вчера ја прими заклетвата на новиот палестински премиер Ахмед Куреја, попознат како Абу Ала, и кабинетот со минимален број на членови со што уште повеќе ги влоши шансите на Израел да ...

Израел предупреди дека пак ќе ја напаѓа Сирија

Вест - 08.10.2003

Тел Авив, 8 октомври - Сирија вчера доби предупредување од неименуван израелски функционер дека може да биде мета на напади, како и "секоја терористичка цел во Газа", ако Дамаск не ја сфатил пораката од воздушниот напад на израелските борбени авиони, јави Радио Израел.

Израел ќе стрела каде сака

Дневник - 08.10.2003

НА ГОДИШНИНАТА ОД ПОСЛЕДНАТА БЛИСКОИСТОЧНА ВОЈНА САД вчера го бранеа превентивното офанзивно дејство на Израел, тактика што и самите ја применија со нападот врз Ирак Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера изјави дека неговата земја сака мир со соседите, но ќе ги гаѓа непријателите каде и да се, јави ...

ИЗРАЕЛ-БЛОКАДА И ТРУПАЊЕ ВОЈСКА

Канал5 - 08.10.2003

Израелската армија рано изутрината ги опколила и целосно ги блокирала сите палестински градови на Западниот брег. Поради наводни подготвки на палестинци за нови терористички напади, војската го намалила времето на обука и збрзано испраќала в Израелската армија рано изутрината ги опколила и целосно ...

Убиено шестгодишно дете од артилериски напад во Либан

А1 - 07.10.2003

Едно шестгодишно дете загина, а друго е повредено во текот на ноќта, при гранатирање на либанското село Хула, одалечено пет километри од границата со Израел, соопшти денеска либанската полиција, без да го наведе калиброт на гранатата, ниту правецот од каде била истрелана.

Сирија бара ОН да го осуди нападот од Израел, САД против

Вест - 07.10.2003

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ, 7 октомври, (АП) - Сирија бараше Советот за безбедност на ОН да ги осуди израелските воздушни напади врз претпоставениот камп за обука на терористи во близината на Дамаск, меѓутоа САД изјави дека нема да поддржи никаква резолуција што не ги критикува и нападите врз Израел.

Сирија бара од ОН резолуција за осуда на Израел

Утрински - 07.10.2003

По нападите врз палестински кампови на сириска територија од страна на Израел ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Сирија побара од Советот за безбедност на ОН да го осуди воздушниот напад од страна на израелските сили врз лажниот терористички тренинг-камп во близина на Дамаск, меѓутоа САД соопштија дека нема да ...

Арафат формираше вонредна влада

Утрински - 07.10.2003

Во очигледен обид да блокира израелска акција против него РАМАЛАХ - Палестинскиот претседател Јасер Арафат со декрет формираше мал кабинет, а за премиер го назначи Ахмед Куреи, и прогласи вонредна состојба во палестинските области, како очигледен обид да блокира израелска акција против него, по ...

САД ја обвинија Сирија за тероризам

Дневник - 07.10.2003

ПО ИЗРАЕЛСКИОТ ОДМАЗДНИЧКИ НАПАД КАЈ ДАМАСК Израелскиот претставник во ОН ја обвини Сирија оти го поддржува тероризмот и оцени дека воздушниот напад е легитимна самоодбрана и не ги нарушува меѓународните закони Соединетите Американски Држави вчера побараа од Евреите и од Арапите да се однесуваат ...

Арафат прогласи вонредна состојба во палестинските територии

А1 - 06.10.2003

Палестинскиот лидер Јасер Арафат објави вонредна состојба во палестинските територии и потпиша указ за формирање на кризна Влада од осум министри предводена од новоименуваниот премиер Ахмед Корај. Хамас се закани дека ќе му се одмазди на Израел за вчерашниот воздушен удар врз Сирија.

Студентка по право се разнесе во ресторан во Хаифа, 19 мртви Израелци

Вест - 06.10.2003

МеЃу мртвите и повредените има многу деца Ерусалим, 6 октомври (АП) - Самоубиец бомбаш на терористичката групација Исламски џихад уби 19 Израелци во еден ресторан во Хаифа во саботата. Повеќе од 50 се поврдени меѓу нив и голем број деца, бидејќи ресторанот се наоѓа на популарната плажа во Хаифа, а ...

По неколку децении, Израел пак ја нападна Сирија поради Палестинците

Утрински - 06.10.2003

Самоубиствениот палестински напад во Хаифа го разгоре гневот на Израел ХАИФА - Откако палестинска жена-самоубиец се разнесе во еден ресторан во градот Хаифа, при што загинаа 19 лица, меѓу кои три деца, Израел вчера возврати, со хеликоптерски ракетни напади во кои беше уништена куќата на жената ...

Израелски одмазднички ракети ечеа до Дамаск

Дневник - 06.10.2003

ОТКАКО ПАЛЕСТИНСКА БОМБАШКА УБИ 19 ИЗРАЕЛЦИ Израелската војска вчера првпат по неколку децении гаѓаше цели длабоко на сириска територија како дел од одмаздничките акции по бомбашкиот напад во кој загинаа 19 Израелци, јави Ројтерс.

Сирија бара ОН да го осудат Израел

Канал5 - 06.10.2003

Сирија побара од Советот за безбедност на Обединетите Нации да го осуди Израел за воздушниот напад во близина на Дамасак. Израелците велат дека целта била логор за обука на „Исламски џихад“, организација која ја презеде одговорноста за самоубиствен Сирија побара од Советот за безбедност на ...

Арафат формира вонреден кабинет

Канал5 - 06.10.2003

Човекот именуван за нов палестински премиер Ахмед Корај вели дека неговата влада мора да ја докаже контролата врз она што го нарекува - ситуација на хаос на палестинските територии. Тој говореше откако палестинскиот претседател Јасер Арафат проглас Човекот именуван за нов палестински премиер Ахмед ...