TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Барел нафта повеќе од 52 долари

Време - 08.10.2004

ШОК НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ Цената на нафтата вчера на азиските пазари достигна рекордни 52.24 долари за барел, а истото количество на берзата во Њујорк се продава за 52.53 долари, пренесува Макфакс. Северноморската нафта на лондонска берза се искачи на 48.45 долари за барел, достигнувајќи нов рекорд.

Американската нафта достигна нов пик - 52,53 долари за барел

Утрински - 08.10.2004

Највисоко ниво на црното злато од воведувањето на договорите за терминска продажба Британската сурова нафта „брент", исто така, достигна рекордна вредност, односно 48,45 долари за барел Цената на американската сурова нафта се издигна на нова рекордна вредност во услови на с? поголема побарувачка и ...

Нафтата на највисоко ниво во историјата, 53 долари за барел

А1 - 07.10.2004

А цената на нафтата на берзата во Њујорк достигна ново највисоко ниво во историјата - дури 53 долари за барел. На лондонската пак, која се зема за репер при формирање на цените кај нас, нафтата ја премина границата од 49 долари за барел, со што и таму е досега највисока.

Нафтата на Њујоршката берза достигна 51,29 долари за барел

Утрински - 07.10.2004

Нови рекорди на пазарите во светот ЊУЈОРК - На Њујоршката берза цената на нафтата прв пат ја премина границата од 51 долар за барел. Курсот ги достигна рекордните 51,29 долари за барел заради несигурноста за нивото на набавките во САД.

Барелот скокна на 51 долар

Дневник - 07.10.2004

ПОТРЕСИ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ Ако зимата не биде сурова и ако не се случат потреси на политичката сцена, нафтата ќе поевтини Нафтата завчера поскапе на 51 долар за барел на Њујоршката берза, пред се, поради шпекулативните големи набавки додека САД ги санираат штетите од ураганот Иван, јави Ројтерс.

На берзата во Њујорк нафтата ја премина границата од 51 долари за барел

А1 - 06.10.2004

Цената на американската сурова нафта на њујоршката берза пред објавувањето на количествата на комерцијалната понуда на нафта во САД и Мексиканскиот залив денеска достигна нова рекордна вредност од 51.48 долари за барел. Цените на нафтата не се смирија ниту по синоќешната изјава на претседателот на ...