TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Судиите засукаа ракави

Време - 15.11.2008

Миле А. Ристевски Во Основните судови во земјава од 1990 година до 2006 година има повеќе од 10.574 нерешени стари предмети. Од нив најголем број, дури 4.111, се во Основниот суд Скопје 2, 2.026 се во Основниот суд во Куманово, 856 во Битола и 964 во Основниот суд Скопје 1.

Новите судии добија предмети постари од нив

Вест - 15.11.2008

Новоизбраните судии во сите основни судови во Македонија, за добредојде од претседателите добиле по цели одделенија нерешени предмети, стари од две до 33 години. Некои од младите судии не биле ни родени кога за наследените предмети почнала постапката.

Казни за судиите со нерешени предмети

Утрински - 15.11.2008

Има предмети кои и по 20 години талкаат по судовите. Македонските судови можат да се „пофалат“ со нерешени 10.574 предмети стари со години, од кои некои имаат своја судска историја од неколку децении. Најголем број стари предмети, малку повеќе од 4.000, лежат во фиоките на судиите во Основниот суд Скопје 2, а уште околу илјада во скопска „единица“.

Казни за судиите со нерешени предмети

Дневник - 15.11.2008

Казни за судиите со нерешени предмети. Судиите мора да ги решат сите заостанати предмети, меѓу кои има стари и по 30 години, до јуни идната година. Во спротивно, против нив и претседателите на судовите ќе биде поведена постапка за утврдување одговорност и може да бидат казнети парично или да бидат разрешени, се закани вчера министерот за правда Михајло Маневски.Во основните судови од 1990 до 2006 ...

Судење во разумен рок-порачува Министерот Маневски

Форум - 15.11.2008

На работната средба во Министерството за правда на тема „Судење во разумен рок„ која се одржа вчера беше соопштено дека во основните судови во Република Македонија во последните шеснаесет години има над 10.574 нерешени судски предмети, за кои се предвидени санкции доколку не се решат до јуни годинава.

Реакции на најавата на Маневски за казни за судиите

Канал5 - 15.11.2008

Експертите се согласуваат со потребата од забрзано решавање на огромниот број застарени предмети но за нив спорно е тоа што заканата од казни за судиите кои до јуни нема да ги расчистат старите предмети, наместо претседателот на судскиот совет ја најави министерот за правда Маневски.

Средба Маневски-Бошковски за предметот „Раштански“

А1 - 14.11.2008

Нема веќе никакви недоразбирања меѓу Маневски и Бошковски за Раштански. Двајцата во правда вечерва повеќе од еден час бараа начин да ги натераат хрватските власти да го вратат предметот во земјава. „Позитивна средба, иако кај мене во почетокот имаше одредена загриженост во темпото на решавање, а не во смисла дека може да постои било каква вина“, изјави Љубе Бошковски. Според Бошковски, има два ...

Нерешени 10.500 судски спорови, најстариот чека 33 години

А1 - 14.11.2008

Разрешени или во најмала рака парично ќе се казнуваат судиите кои до крајот на јуни следната година нема да ги решат старите предмети. Без пардон се закани министерот Маневски на судиите кои неажурно ја вршат функцијата. Беше разгледувана информацијата за нерешени судски предмети од 1990. до 2006. година. Дали корупцијата е причина за неажурноста кај некој судии?. „Еден суд од 2003.

Над 10 илјади нерешени предмети во македонските судови

Алсат-М - 14.11.2008

Над 10 илјади е вкупниот број на нерешени судски предмети за перидот од 1990 до 2006 година во сите 27 основни судови во Македонија. Министерството за правда денеска во Врховниот суд ќе одржи работна средба насловена „Судење во разумен рок“.

Умираат пред да го дочекаат крајот на судскиот процес

Н.Македонија - 14.11.2008

Двајца сопружници се развеле уште во далечната 1990 година. Во меѓувреме, и двајцата оформиле свои семејства, а добиле и внуци од првиот брак. Осумнаесет години подоцна, поради развлекување на судскиот процес, тие сè уште немаат решение на кого му припаѓа имотот од домаќинството. Сè уште пред судот докажуваат чиј е телевизорот, а чиј е каучот...

Повеќе од 10.000 судски предмети чекаат пресуда

Форум - 14.11.2008

Во судовите во Македонија вкупно има 10.574 нерешени стари предмети од 1990 до 2006 година. Министерството за правда им препорача на судовите до март 2009 година, да бидат решени сите стари прдмети до 2000 година, а до јуни 2009 да бидат решени предметите до 2006 година.

Маневски: Судиите до јуни да ги решат сите предмети

Алсат-М - 14.11.2008

Министерот за правда Михајло Маневски ги обврза судиите дека до јуни следната година мора да се завршат сите предмети кои се водат по цели 10, 15, па и 25 години. За неисполнување на ова задолжение судиите може да се соочат дури и со разрешување од функцијата.

Над 10.700 заостанати предмети во македонските судови

Алфа - 14.11.2008

Откако Европскиот суд за човекови права конечно пресуди во корист на пет граѓани оти македонските судови ги влечеле нивните предмети и до 33 години, министерот Маневски денеска јавно објави имиња на 40 тина судии кои најдолго ги чувале предметите во фиоките. Министерот им даде и рок - преку 10.700 заостанати предмети да се решат до Јуни следната година ако не ќе следувале казни.

Над 10 илјади нерешени судски предмети има во Македонија, најавени санкции ако не се решат до јуни 2009

Кирилица - 14.11.2008

Има предмети за кои постапката траела од 10 до над 25 години, а за предметите за кои постапката траела над 20 години се одржувани по 40, 50 и по 55 рочишта, по што сепак предметите останувале нерешени, покажуваат податоците од Информацијата на Министерството за правда за нерешените предмети во судовите.

Во Македонија над 10 илјади нерешени судски предмети

Канал5 - 14.11.2008

Скопје, 14 ноември (МИА) - Во Основните судови во Република Македонија од 1990 година до 2006 има над 10.574 нерешени стари предмети. Од нив најголем број - 4.111 се од Основниот суд Скопје 2, 2.026 се во Основниот суд во Куманово, 856 во Битола и 964 во Основниот суд Скопје 1.

Санкции ако не се решат старите судски предмети до јуни 2009

Сител - 14.11.2008

Во архивата на Основниот Суд Скопје 2 се уште стои нерешен предмет од 1983-та. Тужбата не била прецизна - тоа е причината која судиката ја навела како образложение зошто предметот се чува во фиока 25 години. Уште позастрашувачки за судскиот систем е предметот од 1987-ма во истиот суд за кој во изминатите 21 година се одржале вкупно 55 рочишта но решение за спорот нема.

Маневски бара судење во разумен рок

Канал5 - 14.11.2008

До јуни следната година да се исчистат сите судски предмети кои со години лежат во фиоките на судовите, побара министерот Маневски од судиите во основните судови. Во спротивно, Маневски вети казни за сите судии кои работеле на предметите. Судиите се согласуваат дека овие предмети треба што поскоро да се затворат, но некои од нив сметаат дека јуни е преамбициозен рок за завршување на сите судски ...

Предметот Раштански лозја од Хрватска ќе биде вратен на македонските правосудни органи

Канал5 - 14.11.2008

Предметот Раштански лозја од Хрватска ќе биде вратен на македонските правосудни органи. Со вакво уверување излезе Љубе Бошковски од едночасовната средба со министерот за правда Михајло Маневски. Иако дошол загрижен излезе уверен дека случајот ќе добие позитивна завршница за него.

27 години низ судовите за оставинска постапка

Вечер Прес - 14.11.2008

Оставинска постапка во Кочани трае 27 години, во Скопска двојка предмет се чува од 1983 година, бидејќи тужбеното барање било несоодветно поставено, делод странките починале. Ова се само два од многуте судски предмето стари над 20 години кои стојат по фиоките на судиите. Министерството за правда реши да ги натера судиите да ја избришат прашината од овие случаи и конечно тие да завршат.

Доживотен затвор и за силување

Вест - 13.11.2008

По доживотната казна затвор за тешки повреди или смртни последици во случаите на педофилија, која за првпат е предвидена во Кривичниот законик, од неодамна се воведе и доживотен затвор за евентуални катастрофални последици од силување и од полов напад воопшто.

Министерот Маневски не гарантира за враќањето на „Раштански Лозја“

Дневник - 13.11.2008

Трансферот на предметот „Раштански Лозја“ против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, кој се води во Хрватска , прераснал во политичко прашање, а министерот за правда Михајло Маневски не може да гарантира дека предметот ќе биде вратен во Македонија пред да се одржи првото рочиште во февруари в година.

10.574 предмети оставени во фиока

Вечер Прес - 13.11.2008

Судиите кои држат предмети во фиока ќе добијат рок до јуни следната година да ги завршат овие предмети. Министерството за правда има изготвено информација за нерешени предмети за 10 или повеќе години, во која се прикажани состојбите за секој суд и за секој судија. Јавно ќе бидат посочени судиите кои одолговлекуваат предмети и ќе може да се види колку предмети кој судија има ставено во фиока.

За Љубе Бошкоски случајот „Раштански“ е затворен

А1 - 12.11.2008

Екс министерот Љубе Бошкоски уште чека на министерот за правда Маневски да ја заврши работата со Раштански лозја, од Хрватска да се врати предметот во Македонија. Според Бошкоски тоа е затворен случај и збунувачки е зошто Хрватското обвинителство сега инсистира да го суди случајот, иако имаше намера да го врати со образложение дека немаат интерес.

Бошкоски се надева, Маневски чека одговор за „Раштански“

А1 - 12.11.2008

И по посетата на Загреб, министерот за правда Маневски нема конкретен одговор што ќе се случи со Раштански лозја. Иако се сретнал со неговиот хрватски колега, речиси и не разговарале за случајот за кој Хрватите сакаат да му судат на Љубе Бошкоски. Како причина ја наведе неупатеноста на Иван Шимановиќ, кој неодамна дојде на министерската функција во Хрватска.

Маневски не ветува враќање на Раштански лозја

Форум - 12.11.2008

Министерот Михајло Маневски не добил цврсти гаранции од својот хрватски колега Иван Шимоновиќ дека предметот Раштански лозја што се води против поранешниот министерот внатрешни работи Љубе Бошкоски ќе биде вратен во Македонија до февруари кога е закажано ново рочиште во судот во Пула.

Маневски:Одлуката за враќање на Раштански лозја е во рацете на хрватските судови

Алсат-М - 12.11.2008

Министерот за правда Михајло Маневски најави ќе бара одговорност од лицата што им го предале случајот „Раштански лозја“ на хрватските власти. Маневски не се откажува од барањето овој предмет во кој е обвинет ексминистерот Љубе Бошкоски да се врати во земјава. На оваа тема Маневски во Загреб разговарал и со хрватскиот министер за правда, Иван Шепаровиќ.

Бошкоски: Разочаран сум од Маневски

Алфа - 12.11.2008

Министерот Маневски не е во состојба да му го исполни ветувањето што му го дал на Љубе Бошкоски. Вели дека не можел ништо да гарантира оти немал ингеренции за тоа. Разговарал со хрватскиот колега на последната средба во Загреб, но нема информации што натаму ќе се случува. Бошкоски денеска изјави дека е изневерен и разочаран од министерот Маневски.

Се забележуваат Конкретни резултати во судството

Сител - 12.11.2008

Министерот Михајло Маневски во отчетот за првите сто дена од работата на Министерството за правда на прес-конференција соопшти дека продолжуваат активностите за градење правна рамка за спроведувањето на судските реформи кои, како што рече, се од исклучително значење за остварување на правата и слободите на граѓаните и за нивна ефикасна заштита пред судските и другите органи.

Отчет на Министерството за правда за изминатите сто дена

Канал5 - 12.11.2008

Скопје, 12 ноември (МИА) - Министерот Михајло Маневски во отчетот за првите сто дена од работата на Министерството за правда на прес-конференција соопшти дека продолжуваат активностите за градење правна рамка за спроведувањето на судските реформи кои, како што рече, се од исклучително значење за остварување на правата и слободите на граѓаните и за нивна ефикасна заштита пред судските и другите ...

Кој е одговорен што "раштански" се испратени во хрватска?

Сител - 12.11.2008

Министерот за правда смета дека треба да се побара одговорност од лицата кои го отстапиле случајот Раштански лозја на хрватските власти. Тројката истражен судија, обвинител и министер за правда која тогаш одлучи за овој случај според Маневски ќе треба да објасни како Раштански спротивно на македонските закони отпатувал надвор од домашните граници.

Маневски не може да му гарантира на Бошкоски дека ќе го трансферира досието за „Раштански лозја“

Канал5 - 12.11.2008

Министерот за правда Михајло Маневски се повлекува - иако му ветил, сепак, не може да му гарантира на Љубе Бошкоски дека досието за „Раштански лозја“ ќе го трансферира од Пула во Скопје. Министерот вели дека прашањето прераснало во политичко, по одлуката на Врховниот суд во Загреб дека нема законска основа предметот да се предаде на македонските правосудни органи, но хрватскиот министер за ...

Одговорност од оние кои го предадоа Раштански Лозја

Вечер Прес - 12.11.2008

Одговорност од оние кои го предадоа Раштански Лозја. Да се побара одговорност од лицата кои го отстапија случајот Раштански Лозја на хрватските власти, посочи вчера министерот за правда Михајло Маневски. Тој смета дека тројката - истражен судија, обвинител и министер за правда, која тогаш одлучи за овој случај ќе треба да објасни како Раштански, спротивно на македонските закони, отпатувал надвор ...

Бошковски го повика Маневски да го одржи ветувањето за „Раштански Лозја“

Н.Македонија - 11.11.2008

Љубе Бошковски вчера ги повика министерот за правда Михајло Маневски и премиерот Никола Груевски да ги исполнат ветувањата и да го вратат случајот „Раштански Лозја“ од Хрватска во Македонија. Министерот Маневски пак, упорно испраќа писма до хрватските власти со кои бара враќање на предметот, но зачудува фактот што по минатонеделната средба со хрватскиот колега Иван Шимоновиќ одби да каже дали на ...

Бошковски ги повикува Премиерот и Министерот за правда да го затворат досието Раштански лозја

Канал5 - 10.11.2008

Љубе Бошкоски ги повика Премиерот и Министерот за правда да се ангажираат да се затвори хрватското досие за Раштански лозја. Бошкоски очекува Владата да ја заврши работата пред февруари за кога е закажан стартот на судскиот процес во судот во Пула. - Бидејќи добив слини уверувања од актуелниот Министер за правда, дека ова прашање ќе биде решено.