TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЕУ без одлука за Косово пред 10.декември

Макфакс - 09.11.2007

Приштина Ирска не верува дека Европската унија (ЕУ) ќе донесе каква било оценка за Косово пред 10.декември, и оти Унијата треба да има заеднички став за неговата иднина. Ова денеска во Приштина го изјави шефот на ирската дипломатија Дермот Ахерн, по средбата со претседателот на Косово Фатмир Сејдиу.

Позитивни реакции во Македонија на косовските избори

Макфакс - 09.11.2007

Скопје Владата и политичките партии во Македонија го поздравија изборниот процес на Косово, посочувајќи дека бил спроведен во мирна и демократска атмосфера. „Македонската Влада го поздравува мирното спроведување на изборите во Косово и ќе соработува со секоја легитимно избрана влада во покраината“, ...

Сејдиу:Независност во координација со САД и ЕУ

Макфакс - 09.11.2007

Приштина Косовските институции ќе прогласат независност со целосна координација и соработка со САД и Европската унија(ЕУ), изјави денеска косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. „Тие одлуки ќе ги донесеме во соработка со нашите пријатели од САД и ЕУ, веднаш по конституирањето на новите институции, ...

Не е можен компромис за статусот на Косово

Макфакс - 09.11.2007

Приштина Дополнителните преговорите меѓу Белград и Приштина за косовскиот статус ги потврдија предвидувањата дека компромис меѓу двете страни не е можен, смета косовскиот преговарач Блерим Шаља. Според Шаља, кој е координатор на косовскиот преговарачки тим, во тоа се повеќе е убедена и ...

Сервер – Србија не влијае врз одлуката на САД за Косово

Макфакс - 09.11.2007

Вашингтон Србија неможе да влијае на одлуката на Вашингтон да го отвори процесот на признавање на независно Косово, изјави потпретседателот на Институт за мир од Вашингтон Даниел Сервер. Според него, Вашингтон ја поддржува независноста, бидејќи „не гледа друго решение со кое би се обезбедил и ...

Советот за безбедност на ОН за Косово на 19 декември

Макфакс - 09.11.2007

Њујорк Седницата на Советот за безбедност на ОН, на која ќе се дискутира за извештајот на посредничката Тројка во преговорите за статусот на Косово, ќе се одржи на 19 декември. Се очекува дотогаш генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки Мун, да даде оценка за извештајот и текот на 120 ...

Бериша му ја честита изборната победа на Тачи

Макфакс - 09.11.2007

Тирана Албанскиот премиер Сали Бериша му ја честита победата на лидерот на Демократската партија на Косово (ДПК) Хашим Тачи, на парламентарните избори одржани во саботата на Косово. „Косовските граѓани одлучија слободно со својот глас да ја изберат алтернативата што ја нуди ДПК“, наведе синоќа ...

Партијата на Хашим Тачи со најголеми шанси за победа на изборите во Косово

Утрински - 08.11.2007

Приштина - Косовскиот премиер Агим Чеку е најпопуларниот политичар во Косово, а веднаш по него е претседателот Фатмир Сејдиу, покажуваат резултатите од истражувањето што го спроведе агенцијата „Индекс Косово“ од Приштина. Но, анкетата, спроведена на примерок од 1.003 испитаници, најголеми изгледи ...

Хашим Тачи прогласи победа

Макфакс - 08.11.2007

Приштина Лидерот на опозициската Демократска партија на Косово(ДПК) Хашим Тачи прогласи победа на косовските парламентарни избори одржани вчера. „Со нашата победа денеска почнува новото столетие“, рече Тачи пред насобраните приврзаници, шест часа по затворањето на избирачките места.

Завршница на преговорите меѓу Белград и Приштина

Макфакс - 08.11.2007

Баден Третата рунда од завршните преговори меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово денеска се одржува во австрискиот град Баден, без изгледи да биде изнајдено решение. Белград предлага варијанти на висок степен на независност на Косово под услов територијално да остане во состав на Србија, а ...

Србија ќе ја “поништи“ секоја одлука за независност на Косово

Макфакс - 08.11.2007

Баден Србија ќе ја “поништи“ секоја одлука на косовските Албанци за можна независност на Косово. Ова денеска го најави српскиот претседател Борис Тадиќ по завршување на тридневните, безуспешни преговори во австриски Баден. “Ќе ги поништиме сите одлуки што ќе го водат Косово во независност“, изјави ...

Тачи: Преговорите завршија денеска

Макфакс - 08.11.2007

Баден Преговорите меѓу Белград и Приштина завршија со денешниот ден, а договор не е постигнат. Ова го изјави лидерот на Демократската партија на Косово и најверојатно нов косовски премиер Хашим Тачи, по тридневните преговори за статусот на Косово.

Сејдиу: Парламентот во Приштина за решението на Косово

Макфакс - 08.11.2007

Приштина Парламентот во Приштина ќе го превземе конечното решение за статусот на Косово во координација со меѓународната заедница. Ова синоќа го соопшти косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, по разговорите на преговарачката екипа на Приштина со членовите на посредничката Контакт група.

„Тројката“ жали што не се постигна договор

Макфакс - 08.11.2007

Виена Меѓународната „Тројка“ на Контакт групата денеска изрази жалење што Белград и Приштина не успеаја да постигнат договор за идниот статус на Косово, но ги повикаа двете страни да ги продолжат преговорите. „За жал, страните не беа во можност да постигнат договор за идниот статус на Косово.

Стојановиќ:АНА е реалност

Макфакс - 08.11.2007

Белград Терористичката организација „Албанска национална армија“ (АНА) е реалност и постои на просторот на западна Македонија и Косово и Метохија. Ова денеска за ФоНет го изјави поранешниот директор на српската Агенција за воена безбедност Момир Стојановиќ.

ДПК најверојатно ќе коалицира со Демократската лига на Косово

Макфакс - 08.11.2007

Приштина Неименуван висок функционер на Демократската партија на Косово(ДПК) на Хашим Тачи, изјави дека оваа партија најверојатно ќе коалицира со Демократската лига на Косово, јавуваат медиумите. Истиот извор ја отфрли можноста за коалицирање со третопласираната партија Алијанса за ново Косово на ...

Србија: Косово како Хонгконг

Време - 07.11.2007

ЗАВРШИ ЧЕТВРТАТА РУНДА ПРЕГОВОРИ ВО ВИЕНА ЗА ИДНИОТ СТАТУС НА КОСОВО Хонгконг може да послужи како пример за прифатливо решение за идниот статус на Косово, предложил преговарачкиот тим на Белград на разговорите во Виена, јави Б92.

Тачи_ Со Србија нема договор ниту за 100 години

Утрински - 07.11.2007

Косово е уникатен случај и не може да биде пресликан според другите модели Хашим Тачи смета дека не е можен компромис меѓу Белград и Приштина околу статусот на Косово Виена - Лидерот на највлијателната опозициска партија Демократската партија на Косово Хашим Тачи смета дека не е можен компромис ...

Независност под надзор на ЕУ

Макфакс - 07.11.2007

Лондон Косово најверојатно ќе добие де факто независност под надзор на мисијата на Европската унија(ЕУ), пишува денеска британски „Индепендент“. Весникот нагласува дека шансите за постигање договор за иднината на Косово полека исчезнуваат, иако ЕУ моментално е поделена по ова прашање, пренесува ...

Србија го отфрли предлогот на Ишингер за неутрален статус на Косово

Макфакс - 07.11.2007

Белград Предлогот на европскиот посредник Волфганг Ишингер за неутрален статус на Косово е неприфатлив за Србија, изјави денеска Срѓан Ѓуриќ, советник на српскиот премиер. Според него, предлогот за неутралност е заснован на примерот на договор меѓу двете независни германски држави од 1972.

Тадиќ со компромисен предлог за Косово

Макфакс - 07.11.2007

Виена Косово да има надлежности и симболи резервирани само за суверените држави, а Србија да го задржи местото во ОН, ОБСЕ и Советот на Европа. Ова е предлогот изнесен од страна на српскиот претседател Борис Тадиќ, на денешната рунда преговори во Баден во Австрија.

Изборите на Косово минуваат мирно

Макфакс - 07.11.2007

Приштина Повеќе од 30 отсто од 1,5 милиони гласачи гласаа до 13 часот на локалните и парламентарни избори што денеска се одржуваат на Косово, јавија косовските медиуми. Шефот на мисијата на ОБСЕ Тим Гулдиман рече дека директорите на училиштата во северно Косово не дозволиле отварање на изборните ...

Избори на Косово

Макфакс - 07.11.2007

Приштина Околу 1,5 милиони граѓани на Косово денеска избираат 100 пратеници во парламентот, како и градоначалници и советници во 30-те општини, по кампањата во која сите албански партии ветуваа независност од Србија за покраината под надзор на ОН.

Косовските Албанци го отфрлија предлогот на Белград

Макфакс - 07.11.2007

Баден Делегацијата на косовските Албанци на денешните преговори во Баден го отфрли српски предлог за идниот статус на Косово, што го презентираше српскиот претседател Борис Тадиќ. Тој презентираше план според кој Косово би имало надлежности и симболи резервирани само за суверените држави, а Србија ...

Приштина не отстапува од независно Косово

Време - 06.11.2007

ЧЕТВРТА РУНДА ПРЕГОВОРИ ВО ВИЕНА ЗА ИДНИОТ СТАТУС НА КОСОВО Во австриското министерство за надворешни работи во Виена вчера се одржа нова рунда преговори за идниот статус на Косово. Преговорите почнале со одвоени разговори меѓу делегациите на Приштина и Белград и меѓународната посредничка тројка, ...

Ни чекор напред и на четвртата рунда

Дневник - 06.11.2007

Посредникот Ишингер изјави дека се' уште не е проговорен ниту збор за клучното прашање Србија вчера објави дека „фундаментално се спротивставува“ на предложената рамка од 14 точки за иднината на Косово и побара од посредничката тројка категорично да ја отфрли можноста за еднострано прогласување ...

Тачи: Со Србија нема договор ниту за 100 години

Канал5 - 06.11.2007

Лидерот на највлијателната опозициска партија Демократската партија на Косово Хашим Тачи смета дека не е можен компромис меѓу Белград и Приштина околу статусот на Косово, го отфрла предлогот на Белград и најавува еднострано прогласување независност.

Српскиот предлог за Косово е непримерен

Макфакс - 06.11.2007

Виена Предлогот на српскиот преговарачки тим за решавање на статусот на Косово според моделот на Хонг Конг е „збунувачки и непримерен“. Ова синоќа го изјави портпаролот на косовскиот преговарачки тим Скендер Хисени, според кого станува збор за различни работи.

Решавачка рунда преговори за Косово

Макфакс - 06.11.2007

Виена Делегациите на Белград и Приштина денеска треба да ја почнат последната рунда преговори за статусот на Косово, која, според најавите, ќе биде и решавачка. Преговорите во замокот Вајкерсдорф, во Виена, ќе траат до среда, а двете делегации ќе бидат застапени на највисоко ниво.

Преговорите без напредок, можна автономија

Макфакс - 06.11.2007

Виена Напредок во преговорите за идниот статус на Косово не е остварен, но Србија не се откажува од преговорите. Ова синоќа во Виена по завршувањето на директните преговори за статусот на Косово со делегацијата на Приштина, го изјави српскиот претседател Борис Тадиќ, додавајќи дека има простор за ...

Предизборен молк на Косово

Макфакс - 06.11.2007

Приштина Изборен молк започна на полноќ на Косово пред општите избори во сабота, кои што и покрај важноста се одржуваат во сенка на преговорите за идниот статус на оваа српска покраина. Околу 1,5 милиони граѓани на Косово со право на глас, во сабота ќе избираат 100 пратеници во косовското Собрание, ...

Преговорите за Косово продолжуваат за две недели

Макфакс - 06.11.2007

Брисел Следната рунда преговори за статусот на Косово меѓу Белград и Приштина со посредство на тројката на Контакт групата треба да се одржи на 20 ноември во Виена. Посредничката тројка синоќа по директните преговори на делегациите на Белград и Приштина соопшти дека со двете страни ќе продолжи да ...

Хонг Конг модел за Косово

Вечер - 06.11.2007

Претседателот на Србија, Борис Тадиќ, на вчерашните преговори во Виена го издвои Хонг Конг како модел кој дава елементи за решавање на идниот статус на Косово и Метохија, кој би донел стабилност и европска интеграција на регионот.

Тачи:Компромис за Косово нема да има ни по 100 години

Макфакс - 06.11.2007

Виена Косово по 10. декември и завршувањето на преговорите под закрила на „тројката“ ќе го одреди датумот на прогласување независноста. Ова, во интервјуто за виенскиот весник „Пресе“, го изјави претседателот на Демократската партија на Косово Хашим Тачи.

Албанските екстремисти подготвуваат напади на Косово

Макфакс - 06.11.2007

Белград Албанските екстремисти се подготвуваат за напади на северниот дел на Косовска Митровица и на припадниците на меѓународните сили, по последната рунда преговори за Косово. Ова денеска во Белград го изјави поранешниот началник на контраразузнавачката служба на српската војска, Момир ...

Ишингер: Нема можност за продолжување на преговорите за Косово

Макфакс - 06.11.2007

Баден Доколку не се постигне договор и на денешниот последен круг на преговори меѓу Белград и Приштина, не постои можност за нивно продолжување по 10 декември. Ова денеска во Баден го изјави претставникот на Европската унија од тројката посредници на Контакт групата, Волфганг Ишингер, кој изрази ...

Белград нуди решение за Косово според моделот за Хонг Конг

А1 - 05.11.2007

Српскиот државен врв понуди решение за Косово според моделот за Хонг Конг - една земја, два система. Претседателот на Србија Борис Тадиќ смета дека овој модел е добра основа за компромисно решение кое би било во рамките на клучните барања на Белград - почитувањето на резолуцијата 1244, со која ...

Преговарачката тројка го одложува решението за Косово

Време - 05.11.2007

СПОРЕД АНАЛИТИЧАРОТ ЗА БАЛКАНСКИ ПРАШАЊА ЈАНУШ БУГАЈСКИ Предлозите на преговарачката тројка на Контакт-групата за Косово изнесени на преговорите меѓу Приштина и Белград имаат цел да го одложат прашањето за независност и конечниот статус на покраината, оценил аналитичарот за балкански прашања Јануш ...

Нема да случи нова војна за Косово

Дневник - 05.11.2007

Процените за можни оружени судири поврзани со утврдување на косовскиот статус се шпекулација, изјави поранешниот премиер на Косово Бајрам Реџепи, јави Макфакс. - Косовските Албанци не се заинтересирани за каков и да е конфликт, а тој не и' е потребен ниту на српската заедница - истакна Реџепи и ...

Ишингер оптимист дека ќе биде постинат напредок во преговорите Белград-Приштина

Канал5 - 05.11.2007

Во Виена денеска започна новиот круг преговори меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово, со одвоени средби меѓународната тројка со делегациите на Србија и на косовските Албанци. Виена, 5 ноември (МИА) - Во Виена денеска започна новиот круг преговори меѓу Белград и Приштина за статусот на ...

Денешната рунда за Косово - пресудна

Вечер - 05.11.2007

Шефот на српската дипломатија смета дека на денешните преговори во Виена нема да се постигне компромисно решение за статусот на покраината, но изрази надеж дека ќе биде заземен правецот во таа насока. Поборникот за "градење на државата Косово", Јануш Бугајски, предвидува дека решението "ќе падне" ...

Роан:Преговорите за статусот на Косово се бесполезни

Макфакс - 05.11.2007

Берлин Преговорите за статусот на Косово, што денеска продолжија во Виена, нема да донесат никакви резултати. Ова е оценка на заменикот на посредникот на Обединетите нации(ОН) за Косово, австрискиот дипломат Алберт Роан. Во разговор за Германско радио Култура (DeutschlandRadio Kultur), Роан изрази ...

Голема манифестација за независно Косово во Тирана

Макфакс - 05.11.2007

Тирана Голема манифестација под мотото „Независност за Косово“ ќе се одржи на 15. ноември во Тирана, јави дописникот на Макфакс. Манифестацијата ја организираат албанските невладини организации со целосна поддршка од сите политички партии од власта и опозицијата.

Белград и Приштина ја отфрлија идејата за неутрален статус на Косово

Макфакс - 05.11.2007

Белград Идејата на европскиот посредник Волфганг Ишингер за неутрален статус на Косово не наиде на одобрување, ниту кај властите во Белград, ниту во Приштина. Српскиот министер за Косово, Слободан Самарџиќ смета дека таквата идеја се заснова на договорот за двете независни германски држави од 1972 ...