Приштина Ирска не верува дека Европската унија (ЕУ) ќе донесе каква било оценка за Косово пред 10.декември, и оти Унијата треба да има заеднички став за неговата иднина. Ова денеска во Приштина го изјави шефот на ирската дипломатија Дермот Ахерн, по средбата со претседателот на Косово Фатмир Сејдиу.
Скопје Владата и политичките партии во Македонија го поздравија изборниот процес на Косово, посочувајќи дека бил спроведен во мирна и демократска атмосфера. „Македонската Влада го поздравува мирното спроведување на изборите во Косово и ќе соработува со секоја легитимно избрана влада во покраината“, ...
Приштина Косовските институции ќе прогласат независност со целосна координација и соработка со САД и Европската унија(ЕУ), изјави денеска косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. „Тие одлуки ќе ги донесеме во соработка со нашите пријатели од САД и ЕУ, веднаш по конституирањето на новите институции, ...
Приштина Дополнителните преговорите меѓу Белград и Приштина за косовскиот статус ги потврдија предвидувањата дека компромис меѓу двете страни не е можен, смета косовскиот преговарач Блерим Шаља. Според Шаља, кој е координатор на косовскиот преговарачки тим, во тоа се повеќе е убедена и ...
Вашингтон Србија неможе да влијае на одлуката на Вашингтон да го отвори процесот на признавање на независно Косово, изјави потпретседателот на Институт за мир од Вашингтон Даниел Сервер. Според него, Вашингтон ја поддржува независноста, бидејќи „не гледа друго решение со кое би се обезбедил и ...
Њујорк Седницата на Советот за безбедност на ОН, на која ќе се дискутира за извештајот на посредничката Тројка во преговорите за статусот на Косово, ќе се одржи на 19 декември. Се очекува дотогаш генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки Мун, да даде оценка за извештајот и текот на 120 ...
Тирана Албанскиот премиер Сали Бериша му ја честита победата на лидерот на Демократската партија на Косово (ДПК) Хашим Тачи, на парламентарните избори одржани во саботата на Косово. „Косовските граѓани одлучија слободно со својот глас да ја изберат алтернативата што ја нуди ДПК“, наведе синоќа ...
Приштина - Косовскиот премиер Агим Чеку е најпопуларниот политичар во Косово, а веднаш по него е претседателот Фатмир Сејдиу, покажуваат резултатите од истражувањето што го спроведе агенцијата „Индекс Косово“ од Приштина. Но, анкетата, спроведена на примерок од 1.003 испитаници, најголеми изгледи ...
Приштина Лидерот на опозициската Демократска партија на Косово(ДПК) Хашим Тачи прогласи победа на косовските парламентарни избори одржани вчера. „Со нашата победа денеска почнува новото столетие“, рече Тачи пред насобраните приврзаници, шест часа по затворањето на избирачките места.
Баден Третата рунда од завршните преговори меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово денеска се одржува во австрискиот град Баден, без изгледи да биде изнајдено решение. Белград предлага варијанти на висок степен на независност на Косово под услов територијално да остане во состав на Србија, а ...
Баден Србија ќе ја “поништи“ секоја одлука на косовските Албанци за можна независност на Косово. Ова денеска го најави српскиот претседател Борис Тадиќ по завршување на тридневните, безуспешни преговори во австриски Баден. “Ќе ги поништиме сите одлуки што ќе го водат Косово во независност“, изјави ...
Баден Преговорите меѓу Белград и Приштина завршија со денешниот ден, а договор не е постигнат. Ова го изјави лидерот на Демократската партија на Косово и најверојатно нов косовски премиер Хашим Тачи, по тридневните преговори за статусот на Косово.
Приштина Парламентот во Приштина ќе го превземе конечното решение за статусот на Косово во координација со меѓународната заедница. Ова синоќа го соопшти косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, по разговорите на преговарачката екипа на Приштина со членовите на посредничката Контакт група.
Виена Меѓународната „Тројка“ на Контакт групата денеска изрази жалење што Белград и Приштина не успеаја да постигнат договор за идниот статус на Косово, но ги повикаа двете страни да ги продолжат преговорите. „За жал, страните не беа во можност да постигнат договор за идниот статус на Косово.
Белград Терористичката организација „Албанска национална армија“ (АНА) е реалност и постои на просторот на западна Македонија и Косово и Метохија. Ова денеска за ФоНет го изјави поранешниот директор на српската Агенција за воена безбедност Момир Стојановиќ.
Приштина Неименуван висок функционер на Демократската партија на Косово(ДПК) на Хашим Тачи, изјави дека оваа партија најверојатно ќе коалицира со Демократската лига на Косово, јавуваат медиумите. Истиот извор ја отфрли можноста за коалицирање со третопласираната партија Алијанса за ново Косово на ...
ЗАВРШИ ЧЕТВРТАТА РУНДА ПРЕГОВОРИ ВО ВИЕНА ЗА ИДНИОТ СТАТУС НА КОСОВО Хонгконг може да послужи како пример за прифатливо решение за идниот статус на Косово, предложил преговарачкиот тим на Белград на разговорите во Виена, јави Б92.
Косово е уникатен случај и не може да биде пресликан според другите модели Хашим Тачи смета дека не е можен компромис меѓу Белград и Приштина околу статусот на Косово Виена - Лидерот на највлијателната опозициска партија Демократската партија на Косово Хашим Тачи смета дека не е можен компромис ...
Лондон Косово најверојатно ќе добие де факто независност под надзор на мисијата на Европската унија(ЕУ), пишува денеска британски „Индепендент“. Весникот нагласува дека шансите за постигање договор за иднината на Косово полека исчезнуваат, иако ЕУ моментално е поделена по ова прашање, пренесува ...
Белград Предлогот на европскиот посредник Волфганг Ишингер за неутрален статус на Косово е неприфатлив за Србија, изјави денеска Срѓан Ѓуриќ, советник на српскиот премиер. Според него, предлогот за неутралност е заснован на примерот на договор меѓу двете независни германски држави од 1972.
Виена Косово да има надлежности и симболи резервирани само за суверените држави, а Србија да го задржи местото во ОН, ОБСЕ и Советот на Европа. Ова е предлогот изнесен од страна на српскиот претседател Борис Тадиќ, на денешната рунда преговори во Баден во Австрија.
Приштина Повеќе од 30 отсто од 1,5 милиони гласачи гласаа до 13 часот на локалните и парламентарни избори што денеска се одржуваат на Косово, јавија косовските медиуми. Шефот на мисијата на ОБСЕ Тим Гулдиман рече дека директорите на училиштата во северно Косово не дозволиле отварање на изборните ...
Приштина Околу 1,5 милиони граѓани на Косово денеска избираат 100 пратеници во парламентот, како и градоначалници и советници во 30-те општини, по кампањата во која сите албански партии ветуваа независност од Србија за покраината под надзор на ОН.
Баден Делегацијата на косовските Албанци на денешните преговори во Баден го отфрли српски предлог за идниот статус на Косово, што го презентираше српскиот претседател Борис Тадиќ. Тој презентираше план според кој Косово би имало надлежности и симболи резервирани само за суверените држави, а Србија ...
ЧЕТВРТА РУНДА ПРЕГОВОРИ ВО ВИЕНА ЗА ИДНИОТ СТАТУС НА КОСОВО Во австриското министерство за надворешни работи во Виена вчера се одржа нова рунда преговори за идниот статус на Косово. Преговорите почнале со одвоени разговори меѓу делегациите на Приштина и Белград и меѓународната посредничка тројка, ...
Посредникот Ишингер изјави дека се' уште не е проговорен ниту збор за клучното прашање Србија вчера објави дека „фундаментално се спротивставува“ на предложената рамка од 14 точки за иднината на Косово и побара од посредничката тројка категорично да ја отфрли можноста за еднострано прогласување ...
Лидерот на највлијателната опозициска партија Демократската партија на Косово Хашим Тачи смета дека не е можен компромис меѓу Белград и Приштина околу статусот на Косово, го отфрла предлогот на Белград и најавува еднострано прогласување независност.
Виена Предлогот на српскиот преговарачки тим за решавање на статусот на Косово според моделот на Хонг Конг е „збунувачки и непримерен“. Ова синоќа го изјави портпаролот на косовскиот преговарачки тим Скендер Хисени, според кого станува збор за различни работи.
Виена Делегациите на Белград и Приштина денеска треба да ја почнат последната рунда преговори за статусот на Косово, која, според најавите, ќе биде и решавачка. Преговорите во замокот Вајкерсдорф, во Виена, ќе траат до среда, а двете делегации ќе бидат застапени на највисоко ниво.
Виена Напредок во преговорите за идниот статус на Косово не е остварен, но Србија не се откажува од преговорите. Ова синоќа во Виена по завршувањето на директните преговори за статусот на Косово со делегацијата на Приштина, го изјави српскиот претседател Борис Тадиќ, додавајќи дека има простор за ...
Приштина Изборен молк започна на полноќ на Косово пред општите избори во сабота, кои што и покрај важноста се одржуваат во сенка на преговорите за идниот статус на оваа српска покраина. Околу 1,5 милиони граѓани на Косово со право на глас, во сабота ќе избираат 100 пратеници во косовското Собрание, ...
Брисел Следната рунда преговори за статусот на Косово меѓу Белград и Приштина со посредство на тројката на Контакт групата треба да се одржи на 20 ноември во Виена. Посредничката тројка синоќа по директните преговори на делегациите на Белград и Приштина соопшти дека со двете страни ќе продолжи да ...
Претседателот на Србија, Борис Тадиќ, на вчерашните преговори во Виена го издвои Хонг Конг како модел кој дава елементи за решавање на идниот статус на Косово и Метохија, кој би донел стабилност и европска интеграција на регионот.
Виена Косово по 10. декември и завршувањето на преговорите под закрила на „тројката“ ќе го одреди датумот на прогласување независноста. Ова, во интервјуто за виенскиот весник „Пресе“, го изјави претседателот на Демократската партија на Косово Хашим Тачи.
Белград Албанските екстремисти се подготвуваат за напади на северниот дел на Косовска Митровица и на припадниците на меѓународните сили, по последната рунда преговори за Косово. Ова денеска во Белград го изјави поранешниот началник на контраразузнавачката служба на српската војска, Момир ...
Баден Доколку не се постигне договор и на денешниот последен круг на преговори меѓу Белград и Приштина, не постои можност за нивно продолжување по 10 декември. Ова денеска во Баден го изјави претставникот на Европската унија од тројката посредници на Контакт групата, Волфганг Ишингер, кој изрази ...
Српскиот државен врв понуди решение за Косово според моделот за Хонг Конг - една земја, два система. Претседателот на Србија Борис Тадиќ смета дека овој модел е добра основа за компромисно решение кое би било во рамките на клучните барања на Белград - почитувањето на резолуцијата 1244, со која ...
СПОРЕД АНАЛИТИЧАРОТ ЗА БАЛКАНСКИ ПРАШАЊА ЈАНУШ БУГАЈСКИ Предлозите на преговарачката тројка на Контакт-групата за Косово изнесени на преговорите меѓу Приштина и Белград имаат цел да го одложат прашањето за независност и конечниот статус на покраината, оценил аналитичарот за балкански прашања Јануш ...
Процените за можни оружени судири поврзани со утврдување на косовскиот статус се шпекулација, изјави поранешниот премиер на Косово Бајрам Реџепи, јави Макфакс. - Косовските Албанци не се заинтересирани за каков и да е конфликт, а тој не и' е потребен ниту на српската заедница - истакна Реџепи и ...
Во Виена денеска започна новиот круг преговори меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово, со одвоени средби меѓународната тројка со делегациите на Србија и на косовските Албанци. Виена, 5 ноември (МИА) - Во Виена денеска започна новиот круг преговори меѓу Белград и Приштина за статусот на ...
Шефот на српската дипломатија смета дека на денешните преговори во Виена нема да се постигне компромисно решение за статусот на покраината, но изрази надеж дека ќе биде заземен правецот во таа насока. Поборникот за "градење на државата Косово", Јануш Бугајски, предвидува дека решението "ќе падне" ...
Берлин Преговорите за статусот на Косово, што денеска продолжија во Виена, нема да донесат никакви резултати. Ова е оценка на заменикот на посредникот на Обединетите нации(ОН) за Косово, австрискиот дипломат Алберт Роан. Во разговор за Германско радио Култура (DeutschlandRadio Kultur), Роан изрази ...
Тирана Голема манифестација под мотото „Независност за Косово“ ќе се одржи на 15. ноември во Тирана, јави дописникот на Макфакс. Манифестацијата ја организираат албанските невладини организации со целосна поддршка од сите политички партии од власта и опозицијата.
Белград Идејата на европскиот посредник Волфганг Ишингер за неутрален статус на Косово не наиде на одобрување, ниту кај властите во Белград, ниту во Приштина. Српскиот министер за Косово, Слободан Самарџиќ смета дека таквата идеја се заснова на договорот за двете независни германски држави од 1972 ...