TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Повторно протести во Градскиот парк?

Време - 05.10.2005

ОД ВЕЧЕРВА Секој на свој начин, почнувајќи од вечерва во 23 часот, па секој нареден ден, ќе може да го искаже својот протест против одлуката на градската управа за затворање на Градскиот парк, пишува во една порака која деновиве кружи по електронска пошта.

Интернет повик за протест до Костовски

Вечер Прес - 05.10.2005

Пет дена по воведувањето на новиот режим на работа на Градскиот парк, граѓаните на Скопје лансираат нова иницијатива за протест против одлуката на градските власти. Имејл сандачињата на скопјани се опсипани со пораки кои ги повикуваат да испраќаат протестни писма и имејл пораки до градоначалникот ...

Паркот да се затвори само за деликвентите

Дневник - 04.10.2005

пулсот на скопЈани Одлуката на скопскиот градоначалник, Трифун Костовски да затвори дел од градскиот парк предизвика жесток револт кај граѓаните, особено кај помладите. Во саботата, триесетина од нив протестираа пред Собранието на Град Скопје и го искажаа својот став против оваа иницијатива на ...

Протестираа само 30 скопјани

Вест - 03.10.2005

ОД САБОТАТА ГРАДСКИ ПАРК НОЌЕ Е ЗАТВОРЕН Протестот беше мирен. Без транспаренти, само со чадори, бидејќи вечерта врнеше.Костовски се сретна со граѓаните кои од него побараа да ја укине одлуката, а тој им одговори дека нема таква намера Во саботата вечер, пред Градскиото собрание се собраа 30-тина ...

Костовски се сретна со незадоволните скопјани

Време - 03.10.2005

НА ЗАТВОРАЊЕТО НА ПАРКОТ На Градскиот парк му се потреби нови содржини, осветлување и нови пешачки патеки, а не клуч на врата во вечерните часови, му порачаа на градоначалникот Трифун Костовски незадоволните скопјани. Тие во саботата вечер, на денот на затворањето на паркот, протестира пред ...

Тинејџерите најавуваат непочитување на одлуката за Градски парк

Утрински - 03.10.2005

Незадоволните и Костовски одржаа средба, но секој остана на својот став Одлуката за ограничување на движењето во Градскиот парк и неговото работно време, која стапи во сила во саботата, ќе важи и покрај незадоволство што го изразија група млади луѓе завчеравечер со протест пред зградата на ...

Младите му најавија на Костовски граѓанска непослушност

Дневник - 03.10.2005

ПОРАДИ РАБОТНОТО ВРЕМЕ ВО ПАРКОТ Група млади луѓе завчеравечер пред Градското собрание протестираа против одлуката на Советот на Скопје да се воведе ограничување на движењето и работно време на Градскиот парк. Поради лошите временски услови не се оствари најавуваниот голем собир и незадоволната ...

Внимавајте - паркот доби куќен ред!

Вечер Прес - 03.10.2005

Со протест кај некогашниот ресторан "Кермес" во саботата почна да се применува новиот режим на движење во Градскиот парк, со кој се ограничува движењето во делот од летните дискотеки кај Луна парк до влезот на паркот кај х. "Александар палас".