TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нови 315 запалени возила во Париз

А1 - 13.11.2005

Вкупно 315 возила се запалени, а 161 лице превидени во Франција во текот на минатата ноќ, објави утрово националната полиција. Ден претходно оваа бројка беше нешто поголема, 384 запалени возила и 162 уапсени. За време на 17 ноќ од градското насилство повредени се двајца полицајци, од кои едениот е ...

Смирување или затишје пред бура?

Време - 12.11.2005

ЗАВРШУВА ВТОРАТА НЕДЕЛА БЕЗРЕДИЈА ВО ФРАНЦИЈА Секојдневните дивеења на арапските и црнечките доселеници во градови низ Франција вчера подзапреле, но полицијата предупредува дека може да се очекуваат сериозни немири во текот на викендот, кога Франција го прославува Денот на победата во Првата ...

Бунтот поголем во Париз

Вест - 12.11.2005

ПАРИЗ, 12 ноември (Ројтерс) - Илјадници полицајци патролираа вчера низ Париз пред почетокот на празничниот викенд што најверојатно ќе покаже дали помина најлошото од двете недели немири во Франција. Најголемите немири во последните четири децении во државата се смирија откако владата на ...

Полицијата во Париз на готовс

Утрински - 12.11.2005

Празничниот викенд во Франција ќе биде тест за намалување на тензиите што го потресоа општеството Околу 3.000 полицајци се мобилизирани во главниот град, а нивниот број е зголемен и во други француски градови. Стравувањата дека насилствата ќе се прошират низ Европа се покажаа неосновани, и покрај ...

Штети од околу 200 милиони евра!

Вечер - 12.11.2005

Безредијата во Франција губат на интензитет, но ситуацијата во предградијата на Париз е неизменета, соопшти Патрик Амон, портпарол на националната полиција. "Се уште не можеме да прогласиме победа", нагласи тој затоа што во безредијата завчеравечер биле запалени 463 автомобили, што е само малку ...

Немирите во Франција губат на интензитет

А1 - 11.11.2005

Француските власти тврдат дека бранот на насилствата во земјата што трае веќе две недели се намалува, и покрај тоа што синоќа ширум земјата биле запалени околу 500 возила, а повеќе од 150 учесници во немирите се уапсени. Полицискиот час сеуште е на сила во 30-тина града.

Ширак се закани со санкции кон Сирија

Вест - 11.11.2005

ПАРИЗ, 11 ноември (АП) - Францускиот претседател Жак Ширак вчера предупреди дека ќе се воведат санкции против Сирија ако сирискиот претседател одбие да соработува во истрагата за убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири.

Ширак: Сите француски граѓани треба да имаат исти права и можности

Вест - 11.11.2005

ПАРИЗ, 11 ноември (АП) - Францускиот претседател Жак Ширак вчера изјави дека се уште приоритет му претставува да се смири урбаното насилство во Франција, и призна дека постојат проблеми поради непочитување на рамноправноста. "Без оглед на нашето потекло, сите ние сме деца на Републиката и сите ...

Немирите во Франција губат на интензитет

Канал5 - 11.11.2005

Нередите во Франција губат на интензитет, но ситуацијата во предградијата на Париз е непроменета, соопшто Патрик Амон, портпарол на националната полиција. Париз, 11 ноември (МИА) - Нередите во Франција губат на интензитет, но ситуацијата во предградијата на Париз е непроменета, соопшто Патрик Амон, ...

Нови палежи во Берлин, Келн, Брисел

Вест - 10.11.2005

БЕРЛИН, 10 ноември (Ројтерс) - Најмалку девет автомобила беа запалени вчеравечер во германските градови Берлин и Келн во напади за кои се претпоставува дека се имитација на нередите кои избија пред две недели и се уште се случуваат во Франција, соопшти германската полиција.

Полицискиот час малку ги смири нередите

Вест - 10.11.2005

ПАРИЗ, 10 ноември (Ројтерс) - Франција вчера воведе вонредни мерки во 38 урбани предградија и градови, меѓу кои и Париз, откако младите демонстранти ја нападнаа полицијата со огнени бомби и запалија стотина автомобили на 13-тата вечер на насилства.

Запалени автомобили во Германија

Утрински - 10.11.2005

По безредијата во Франција БЕРЛИН - Неколку автомобили беа запалени во германските градови Берлин и Келн, во осомничени имитирачки напади по речиси двонеделните големи безредија во Франција, соопшти вчера полицијата. Полицијата од германскиот главен град соопшти дека три автомобили и мотоцикл биле ...

Франција воведе вонредни мерки во триесетина града

Утрински - 10.11.2005

Двонеделните безредија во Франција заземаат драматични размери ПАРИЗ - Франција вчера воведе вонредни мерки во 38 урбани населби, гратчиња и градови, меѓу кои и Париз, откако млади луѓе фрлаа запаливи бомби врз полицијата и запалија неколку стотици автомобили на 13. ноќ со насилства.

Помалку запалени возила, повеќе уапсени

Дневник - 10.11.2005

НЕМИРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА СТИВНУВААТ Бунтовните Французи прексиноќа запалија помалку возила отколку во претходните насилни протести, а полицијата, со поголеми овластувања, уапси 204 лица, една третина повеќе отколку во претходната ноќ, јави Ројтерс.

Гореше и Португалија!

Вечер - 10.11.2005

Стравот дека "Францускиот синдром" ќе се прошири се повеќе ги зафаќа жителите на сите европски земји во кои живее милионска популација на доселеници од Африка и Азија. Вчера, првпат беа регистрирани безредија и палежи и во Потругалија каде се запалени две возила во лисабонското предградие Амадора, ...

Вандализам низ улиците на Германија

А1 - 09.11.2005

Во текот на изминатата ноќ во Германија се запалени 11 превозни средства, меѓу кои шест автомобили и мопед во Берлин и четири автомобили во Келн. Претставник на берлинската полиција изјави дека се уште е рано да се каже дали инцидентите се предизвикани од насилството во Франција.

Автомобили за прв пат гореа и во Португалија

А1 - 09.11.2005

Автомобили во текот на минатата ноќ, покрај во Франција, беа палени и во Германија, Белгија , а за прв пат и во Потругалија, јавија денеска агенциите. Во Португалија се запалени две возила во лисабонското предградие Амадора, населено претежно со сиромашни доселеници од африканско потекло, соопшти ...

Полициски час во градовите каде што има најмногу безредија

Утрински - 09.11.2005

Француската влада, конечно, подготви одговор за бунтот на младите Африканци Во некои места граѓаните се самоорганизираат ПАРИЗ - Француската влада вчера одобри вонредни мерки со кои се дозволува воведување полициски час во областите погодени со немири, откако младината запали повеќе од 1.000 возила ...

Полициски час и мобилизација!

Дневник - 09.11.2005

ФРАНЦИЈА СЕ ОБИДУВА СО РАДИКАЛНИ МЕРКИ ДА ГИ СМИРи БУНТОВИТЕ Француските власти ќе мобилизираат 1.700 резервисти од воената полиција и жандармеријата за да ги засили полициските патроли во побунетите квартови, а локалните власти ќе имаат право да воведат полициски час за да се запрат насилствата во ...

Продолжуваат немирите во Франција

Канал5 - 09.11.2005

Француската полиција до утрово уапси 139 лица откако 13-та ноќ по ред банди млади луѓе продолжија да палат автомобили и објекти во предградијата на Париз и други населени места. Париз, 9 ноември (МИА) - Француската полиција до утрово уапси 139 лица откако 13-та ноќ по ред банди млади луѓе ...

Автомобили гореа и во Португалија и во Белгија

Макфакс - 09.11.2005

Лисабон Автомобили во текот на минатата ноќ, покрај во Франција, беа палени и во Германија, Белгија , а за прв пат и во Потругалија, јавија денеска агенциите. Во Португалија се запалени две возила во лисабонското предградие Амадора, населено претежно со сиромашни доселеници од африканско потекло, ...

Запалени уште 11 автомобили во Берлин и Келн

Макфакс - 09.11.2005

Берлин Уште 11 автомобили беа опожарени ноќеска во Берлин и Келн, соопштија денеска властите во двата германски града. Портпарол на полицијата во Берлин нагласил дека “уште е рано да се говори дали инцидентите се поврзани со насилствата во Франција“.

Пет возила запалени во Белгија

Макфакс - 09.11.2005

Брисел Пет возила се запалени ноќеска во неколку белгиски градови, во безредијата што веќе трета ноќ се случуваат во Белгија, соопшти денеска полицијата. Автомобил, автобус и камион биле запалени во пристанишниот град Антверпен, едно возило било запалено во Гент, додека друго во Локерен.

Одобрено воведување полициски час!

Вечер - 09.11.2005

"Ова насилство е неприфатливо. Одговорот на државата ќе биде решителен и оправдан", изјави Вилпен за националната телевизија ТФ1 Француската Влада одржа вонредна седница на која е одобрено воведување полициски час во реоните каде се случуваат немири, како неопходна мерка за спречување на ...

Спласнуваат безредијата во француските градови

Макфакс - 09.11.2005

Париз Безредијата во предградијата на повеќе француски градови продолжија и ноќеска, иако министерот за внатрешни работи Никола Саркози изјави дека насилствата полека спласнуваат, откако владата прогласи вонредна состојба и воведе полициски час во погодените подрачја.

Француската Влада одобри воведување полициски час

А1 - 08.11.2005

ДА за воведување полициски час и НЕ за вклучување на армијата во задушувањето на бунтот во сиромашните предградија на Париз и другите француски градови - реши француската Влада, по 13 пеколни ноќи на насилства и анархија кои ја тресат земјата. „Сега имаме можност да бидеме поефикасни.

Бунтовниците пукаат на полицијата, Ширак вети акција

Вест - 08.11.2005

ПАРИЗ, 8 ноември (АП) - Младите демонстранти пукаа во полицијата и фрлаа запалени бензински бомби врз цркви, училишта, автомобили и една детска градинка во речиси 300 градови во Франција додека нередите пост ПАРИЗ, 8 ноември (АП) - Младите демонстранти пукаа во полицијата и фрлаа запалени бензински ...

Франција нема одговор на бунтот

Утрински - 08.11.2005

Насилствата во француските градови не стивнуваат, сега се опожаруваат и училишта и цркви Колапс на францускиот модел на интеграција на различните култури Од нашиот дописник Тони Гламчевски Стразбур - Секоја наредна ноќ, насилството ескалира во Франција.

Полициски час во Франција за спречување на насилствата

Макфакс - 08.11.2005

Париз Француската влада денеска донесе одлука за воведување на полициски час во делови на француските градови каде изминатите 12 ноќи има насилства, соопшти министерот за внатрешни работи Никола Саркози. Владата одлуката ја донела на состанокот со кој заседавал претседателот Жак Ширак.

Франција мобилизира резервисти од воената полиција и жандармеријата

Макфакс - 08.11.2005

Париз Француската влада донесе одлука за повикување на резервисти од воената полиција и жандармеријата, јавуваат француските медиуми. Со повикот се опфатени 1.700 лица, кои ќе бидат вклучени во полициските патроли во квартовите каде што има нереди.

Прва жртва во немирите во Париз

А1 - 07.11.2005

Франција на чекор од воведување на полициски час и употреба на армијата во задушување на насилствата во предградијата на Париз, каде веќе 11 ноќи беснеат судирите меѓу младите бунтовници од африканско и арапско потекло и полицијата.

Исламските организации забранија учество во немирите во Париз

А1 - 07.11.2005

Сојузот на француските исламски организации издаде фетва против немирите во земјата, откако официјални претставници соопштија дека можно е муслимански активисти да се одговорни за насилствата. „Строго му е забрането на секој муслиман, кој се стреми кон божјата милост и задоволство, да учествува во ...

Запалени 1.300 возила, уапсени 349 лица

Време - 07.11.2005

ФРАНЦИЈА Околу 1.300 автомобили биле запалени на десеттата ноќ од нередите во Франција. За време на немирите во сиромашните предградија на француските градови биле уапсени 349 лица, јави МИА. Според полицијата, досега биле запалени 3.500 возила, а уапсени 800 лица.

Гадафи му понуди помош на Ширак

Утрински - 07.11.2005

Триполи - Претседателот на Либија, Моамер Гадафи, во телефонски разговор му ја пренел загриженоста на францускиот претседател Жак Ширак за безредијата во предградијата на Париз и му понудил помош. "Либија е подготвена да и помогне на Франција за да ги надмине тие случувања", нагласил Гадафи, ...

Бунтот на африканските доселеници ја запали Франција

Утрински - 07.11.2005

Странските медиуми со голема загриженост известуваат за настаните во Франција и зборуваат за ризици од граѓанска војна Полицијата и министерот за внатрешни работи, Никола Саркози, сметаат дека насилствата не се спонтани, дека тие се оркестрирани и добро организирани Од нашиот дописник Тони ...

Пожар и во срцето на Париз

Дневник - 07.11.2005

ДЕСЕТТИ ДЕН ОД ДИВЕЕЊЕТО НА БУНТОВНИЦИТЕ Две опожарени училишта и повеќе од 900 запалени автомобили во Франција прексиноќа ја означија десеттата ноќ од дивеењето на младите муслимански бунтовници, јави Ројтерс. Во прексиноќешното дивеење не беше поштеден ни центарот на Париз, каде што на плоштадот ...

По пет автомобили запалени во предградија на Брисел и Берлин

Макфакс - 07.11.2005

Брисел Пет автомобили се запалени ноќеска во близина на квартот Гар ду Миди, во јужниот дел на Брисел, каде што претежно живеат странци, соопшти денеска полицијата. Според истиот извор, засега никој не ја презел одговорноста за нападите.

Прва жртва во Франција - улични насилства и во Белгија и Германија

Макфакс - 07.11.2005

Париз Нередите во Франција денеска ја одзедоа и првата жртва, јавија агенциите, додавајќи дека станува збор за шеесетгодишен маж, кој бил претепан минатиот петок за време на безредијата во северните париски предградија. Починатиот, како што изјави неговата сопруга бил претепан од страна на млад маж ...

Ширак најавува акција, немирите продолжуваат

Макфакс - 07.11.2005

Париз Францускиот претседател Жак Ширак истакна дека прва и единствена задача на Владата е да го зачува редот и мирот во земјата. “Апсолутен приоритет е повторното воспоставување на безбедноста и јавниот ред. Законот мора да го има последниот збор.

Нередите продолжуваат

Макфакс - 07.11.2005

Париз Повикот на францускиот претседател Жак Ширак на ред и мир не ги спречи палењата на автомобили и уличните насилства во повеќе предградија на Париз и во неколку други градови во текот на изминатата ноќ, јавија агенциите. Според француската полиција во 11-тата ноќ од насилствата полесно биле ...

Запалени пет автомобили во сиромашен дел на Берлин

Макфакс - 07.11.2005

Берлин Пет автомобили се запалени денеска во сиромашниот дел на Берлин, а полицијата се обидува да утврди дали има некаква врска меѓу овој инцидент и немирите што неколку дена беснеат во Франција, јавуваат германските медиуми.

Целосно нормализирана состојбата во Франција

Макфакс - 07.11.2005

Париз Состојбата во цела Франција од ноќеска е целосно нормализирана, соопшти денеска француската полиција. Повеќе француски градови три недели беа цел на улични безредија и насилства, предизвикани од незадоволството на емигрантите поради нивната лоша социјална состојба.

Гори центарот на Париз, се палат и училишта...

Вечер - 07.11.2005

Париз. - Околу 1.300 автомобили се запалени завчеравечер во Франција, што е десетта ноќ по ред откако разгневените тинејџерски банди дивеат по француските предградија. За време на безредијата во сиромашните предградија на француските градови биле уапсени 312 лица, а само во текот на предминатата ...