Приштина, (МИА) - Зад настаните кај македонското село Танушевци стои мала маргинализирана група поранешни команданти на ОВК, пишува денеска косовскиот весник на албански јазик "Коха диторе". Како што пренесува МИА, весникот наведува дека по целосниот дебакл на локалните избори на Косово, групата ...
САКАМ ДА КАЖАМ Тешко нас кога Тачи ни се продава за политичар загрижен за стабилноста на Македонија 1 На 27 јануари оваа година, по нападот на полициската станица во Теарце, на ова исто место, во истава рубрика, под истиов број 1 го запишав следното: "Претседателот Борис Трајковски не гледа потреба ...
СРЕДБА НА АРБЕН ЏАФЕРИ СО ПРЕМИЕРОТ НА БУГАРИЈА ИВАН КОСТОВ Не верувам дека ќе се шири конфликтот, но некој политички сака да испрати сигнали дека тоа е можно, рече лидерот на ДПА "Разговаравме за најновата криза во Македонија и ги изнесовме нашите оценки за ситуацијата во регионот.
АРМ РАЗБИ ГЕРИЛЦИ НАТОВАРЕНИ СО АРСЕНАЛ ОРУЖЈЕ Единиците на АРМ кај Танушевци и Кодра Фура и завчераноќ разбиле нови две терористички групи, откако тие отвориле оган врз нашите позиции. Од Витина кон Македонија се упатиле три големи групи косовски герилци, кои требало да се сретнат со споменатите ...
Сашко Тодоровски - Став Танушевци се смирува и двонеделната "драма" сигнализира дека можеби пердето ќе се спушти и на претставата и на прашањето дали мораше баш така. А еве, можеби, како требаше: мирно и сталожено да го третираме случајот Танушевци како тероризам во полна смисла на тој збор.
Нано Ружин-Евроатлантски интеграции Дали фамозниот синдром на "крајот на векот" навистина е една судбинска реалност? Инаку, како да се објасни сосема поинаквиот тоналитет на стратегиските извештаи од 2000 година, кои се во целосен контраст со оние издадени по манифестираната еуфорија од 1999 година.
Околу 300 војници од составот на КФОР утрово навлегле на територијата на селото Танушевци, со цел да ги запрат активностите на албанските екстремисти во ова подрачје, јави Би-Би-Си. Како што пренесува МИА, дописникот на Би-Би-Си јавува дека албанските екстремисти го напуштиле селото, оставајќи зад ...
СРЃАН КЕРИМ ШЕФ НА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА ПРЕД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН Македонија ќе го помине овој испит во овие тешки моменти и покрај фактот дека група луѓе, кои некои ги нарекуваат герилци, а други екстремисти или терористи, се обидоа да го земат како заложник не само локалното албанско ...
ЛИДЕРОТ НА ПДП ИМЕР ИМЕРИ РАЗГОВАРАШЕ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ Просперитетот нуди тие политички да влијаат кај народот во кризното подрачје, за да се смират тие и да се вратат дома "Со речникот терористи ние не се служиме.
НАЈЖЕСТОК СУДИР НОЌТА МЕЃУ СРЕДАТА И ЧЕТВРТОКОТ ВО КРИЗНОТО ПОДРАЧЈЕ Најдолготрајни напади во тринеделните престрелки меѓу вооружените терористи и силите на АРМ имало завчера во кои повредени и загинти од македонска страна нема, но не се знае за онаа на екстремистите.
Приштина, (МИА) - Портпаролот на американскиот контингент од составот на КФОР мајор Џејмс Маршал, изјави дека американските војници не преминале на територијата на Македонија и не влегле во селото Танушевци. Според него, како што пренесува МИА, американските војници утринава влегле само во делови ...
ВО КРИЗНОТО ПОДРАЧЈЕ КАЈ ТАНУШЕВЦИ ПОРЕЛАКСИРАНО, НО НЕ СЕ ИСКЛУЧЕНИ НОВИ ИНЦИДЕНТИ ОД ДРУГИ МЕСТА Терористите комуницираат село со село, на извесни далечини, со сигнали, најчесто со палење и гаснење оган. Можни провокации и инциденти од друга точка на северната граница.
МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ТВРДИ "ДПА со својата политика одигра улога во стабилизирање на регионот, во оваа акција на албанските терористи изгубија само Албанците. Тука нема патриотизам, туку има само големо компромитирање на некој кој сака да зборува во името на некои големи идеи "Во ...
Белград, МИА. Припадници на Мултинационалната бригада "Исток", во составот на КФОР, вчера за време на кратката вооружена престрелка што се случила кај косовското село Милјак, во близина на Танушевци, раниле двјаца вооружени албански екстремисти, соопшти КФОР.
Скопје, 6 март (МИА) - "Нормално е албанските екстремисти да се повлекуваат од Танушевци, затоа што не добија никаква поддршка од албанскиот субјект таму каде најмногу им требаше. Тие не добија поддршка од ниедна политичка структура од Албанците, почнувајќи од Владата на Република Албанија, па до ...
Портпаролот на Министерството за одбрана Ѓорѓи Трендафилов, ги демантираше наводите дека Армијата на Република Македонија презела офанзивни акции во реонот на Танушевци, на македонско - југословенската граница, во делот кон Косово.
Состојбата во реонот на селото Танушевци вчера беше мирна, потврди портпаролот на Министерството за одбрана, Ѓорѓи Трендафилов. Трендафилов рече дека ангажманот на АРМ вчера главно работеше на откривање и отстранување на евентуално нови мини поставени на патот во околината на местото Рамно.
ПРИВИДНО ЗАТИШЈЕ ВО КРИЗНИОТ РЕОН АРМ не презела никаква офанзива, тврди Никола Димитров, советник за национална безбедност на претседателот Трајковски. МВР ги потврди шпекулациите дека вооружени групи се раздвижени и кон шарпланинските погранични села, забележани се во Лојане и во Никола Димитров, ...
Келн, (МИА) - Таканаречената ослободителна национална армија на Албанците, во соопштението испратено до програмата на албански јазик на Дојче Веле, наведува дека, како што се вели, "генералштабот на ОНА бил принуден да испрати ограничен контингент борци во Танушевци и во околните села, со цел оваа ...
"Им предложив на сите политички лидери да се качиме во 3 џипа и да одиме во Танушевци да видиме каква е ситуацијата. Ако нагазиме на мина, така требало да биде", рече вчера пред новинарите Борис Стојменов. Тој кажува дека паравојската во Танушевци и во околината се наоѓа веќе 4 месеци и дека власта ...
Коментар - Христо Ивановски Американските припадници на КФОР дефинитивно почнаа да си ги извршуваат обврските од косовската страна на југословенско-македонската граница, во рамките на мисијата што им ја додели ООН. Нивни експерти излегоа од телевизиските сали во Бон Стим, ја оставија кока-колата и ...
Тирана, - Официјална Тирана категорично го осудува насилството кај Танушевци што го вршат екстремистички групи или индивидуалци, како акт спротивен на заложбите на Албанците во Македонија и во целиот регион. Како што пренесува МИА, албанската влада изразува надеж дека Владата на Република ...
Воената болница покрај дежурните екипи кои се подготвени за евентуални интервенции врз повредени војници од АРМ кои се наоѓаат во Танушевци, според управникот на болницата, д-р Аврам Ванковски во секој момент може да формира и две дополнителни хируршки екипи.
ГЕОРГИЕВСКИ: До ова немаше да дојде, ако не беше индолентниот однос на КФОР, кој со месеци го немаШе на границата. Во Танушевци се води класична борба. Танушевци и околината минско поле. КФОР за новинарите организира туристички посети на Дебалде.
ДЕБАЛДЕ, Југославија, (Ројтерс) - Вооружените лица за кои се смета дека се косовски Албанци во Танушевци, биле видени како го напуштаат селото вчера, изјавуваат американските мировници на Косово. Џим Маршал, портпарол на американскиот контингент на мировните сили на КФОР, изјави дека лицата ги ...
ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА Постојано се реагира до КФОР, мислам дека премногу си ги чуваат своите сили и се плашат ниеден војник на КФОР да не биде доведен во ризична ситуација, што е далеку од политиката што треба да ја спроведуваат, изјави премиерот Георгиевски.
Агенцијата Ројтерс вчера јави дека американските војници од составот на КФОР кои се во пограничното село Дебалде во Косово овозможиле на група новинари да оди до брдото од каде што можеле да го гледаат македонското село Танушевци.
Терористичките групи и вчера отворија силен снајперски и минофрлачки оган врз позициите на македонските сили, на што е соодветно одговорено. Нема жртви и нема повредени. Уништени шест снајперски гнезда на терористите Вооружените албански герилци вчераутро жестоко ги нападнале позициите на АРМ во ...
ДПА апелира до "сите легални политички субјекти на Албанците, каде и да се, како и до институциите на Република Албанија, да ја осудат оваа тешка провокација за мирот и да застанат во одбрана не само на меѓународните принципи, туку и на албанските интереси".
Коментар-Георги Барбаровски Танушевци можеби за терористите е провокација, како што не убедуваат некои експерти, но преку тоа село, за нас, се бранат суверенитетот и интегритетот на Република Македонија. Затоа, тоа село не е внатрешно прашање на Албанците, како што вели Арбен Џафери, а уште помалку ...
Колумна-Љубомир Д. Фрчкоски Присуствувавме на крајот на "албанското прашање", онака како што досега го поставуваа аналитичарите и политичките околности во регионот на Балканот. Како и секоја, и оваа голема државна идеја се распаѓа со тероризам и конфузија, со битанги што глумат херои и борци за ...
КАЈ ТАНУШЕВЦИ СЕ ВОДИ ВОЈНА Неофицијално станува збор за војници од професионалниот состав на АРМ. Во Воената болница во Скопје примиле повеќемина повредени и очекуваат уште. Жестоки престрелки кај Танушевци, а неофицијално и кај караулата Кодра Фура .
Коментар-Катерина Блажевска Политичкиот дијалог на Македонија вчера налета на мини и на снајперски оган од екстремистички групи на месноста Рамно. Тројца македонски војници загинаа од терористи, на кои секаде и секогаш ќе им биде РАМНО, бидејќи не го разбираат јазикот на политичкиот дијалог.