TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

1.100 километри во чест на Тоше

А1 - 19.10.2008

26-те македонски маратонци го постигнаа херојскиот подвиг. Денеска пристигнаа во Крушево трчајќи во чест на Тоше над 1.100 километри, од Нова Градишка до тука за само 78 часа. Заради безбедност, планираната маршута била продолжена за 200 километри бидејќи не трчале по автопат.

1.100 километри во чест на Тоше

Форум - 19.10.2008

26-те македонски маратонци го постигнаа херојскиот подвиг. Денеска пристигнаа во Крушево трчајќи во чест на Тоше над 1.100 километри, од Нова Градишка до тука за само 78 часа. Заради безбедност, планираната маршута била продолжена за 200 километри бидејќи не трчале по автопат.

Фондацијата „Тоше Проески“ со донација од 400.000 денари

Дневник - 19.10.2008

Фондацијата „Тоше Проески“ со донација од 400.000 денари Меѓународната фондација „Тоше Проески“ доби донација од околу 400 илјади денари, средства собрани од досегашната продажба на филателистичкиот материјал издаден од „Македонска пошта“, соопшти Министерството за транспорт и врски.

МЕЃУНАРОДНАТА ФОНДАЦИЈА „ТОШЕ ПРОЕСКИ“ ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД 400 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Сител - 19.10.2008

МЕЃУНАРОДНАТА ФОНДАЦИЈА „ТОШЕ ПРОЕСКИ“ ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД 400 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ Меѓународната фондација „Тоше Проески“ во петокот доби донација од околу 400 илјади денари, средства собрани од досегашната продажба на филателистичкиот материјал издаден од страна на „Македонска пошта“, а наменет за зачувување на ликот и делото на Тоше Проески, информира Министерството за транспорт и врски.

Маратонците од Нова Градишка стигнаа во Крушево

Канал5 - 19.10.2008

Со долготрајни аплаузи и со многу солзи илјадници обожаватели на Тоше денеска на Гумење ги дочекаа 26-те македонски маратонци кои во изминативе 4 дена трчаа од Нова Градишка, местото каде загина големата поп ѕвезда до неговото родно Крушево.   Македонската атлетска легенда Трпе Мартиновски имал стотици маратони, но ниту еден од нив не му бил како овој.

Меѓународната фондацијата „Тоше Проески“ доби донација од 400 илјади денари

Канал5 - 19.10.2008

Скопје, 19 октомври (МИА) - Меѓународната фондација „Тоше Проески“ во петокот доби донација од околу 400 илјади денари, средства собрани од досегашната продажба на филателистичкиот материјал издаден од страна на „Македонска пошта“, а наменет за зачувување на ликот и делото на Тоше Проески, информира Министерството за транспорт и врски.

Собрани 400.000 денари од продажбата на поштенската марка со ликот на Тоше

Нетпрес - 19.10.2008

Приближно 400.000 денари се донирани на меѓународната фондација “Тоше Проески“. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, овие средства се собрани од досегашната продажба на филателистичкиот материјал издаден од страна на „Македонска пошта“, а наменет за зачувување на ликот и делото на Тоше Проески.

Продадени 750 илјади поштенски марки со ликот на Тоше

Макфакс - 19.10.2008

Македонска пошта донираше околу 400 илјади денари на меѓународната фондација „Тоше Проески“, од продажбата на филателистичкиот материјал, кој го носи ликот на прерано починатиот музичар. Македонска пошта во декември лани издаде милион поштенски марки со ликот на Тоше Проески, 47 илјади разгледници и околу 100 илјади коверти.

Музиката на поп-иконата ќе донесе половина милион евра

Утрински - 18.10.2008

Музиката на поп-иконата ќе донесе половина милион евра Вредноста на музичката оставина на Тоше Проески во наредните десет години се проценува приближува на половина милион евра. Во тој износ се пресметани сите негови авторски права како композитор и изведувачки права како пејач на подрачјето на цела бивша Југославија, каде што трагично починатиот македонски пејач навистина беше најголема млада ...

Песните на Тоше за 10 години ќе донесат половина милион евра

Дневник - 18.10.2008

Вредноста на песните што ги отпеа и ги остави зад себе македонската легенда Тоше Проески, за десет години се проценува на половина милион евра, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Во тој износ се вклучени и неговите авторски права како композитор и изведувач на просторите на поранешна Југославија, каде што Проески беше голема ѕвезда.

Култот на Тоше продолжува да живее во Нова Градишка

А1 - 17.10.2008

И утрово свирежи на сирени ги разбудија жителите на Нова Градишка. Амбулантно и полициско возило заедно со стартот на македонските маратонци, потсетија на кобното утро пред една година кога загина Тоше Проески. На 11 километри пред влезот во Градишка се случи сообраќајната несреќа. Оние кои први стигнале таму, раскажуваат дека никогаш нема да ја заборават стравотната слика од автопатот тој ден.

Балканот се поклони

Време - 17.10.2008

Валентина Ѓорѓиоска Фото: Драган Перкоски Илјадници граѓани, ученици, основци и средношколци, пејачи, актери, политичари, вчера на годишнината од трагичната смрт на Тоше Проески го посетија неговиот вечен дом на Гумење, Крушево. Основците од битолското основно училиште „Таки Даскало“ носеа маички со неговиот лик и со парола „Тоше те сакаме!“.

Една година без Тоше

Вест - 17.10.2008

Со упокоена литургија во црквата "Богородица" во Крушево и со црковна церемонија на вечното почивалиште на Гумење, вчера беше одбележана годишнината од трагичната смрт на македонската поп - легенда Тоше Проески. Прекрасниот сончев ден во Крушево не успеа да им измами насмевки на лицата на редиците посетители што вчера го посетија неговото вечно почивалиште, поклонувајќи се пред мегаsвездата и ...

Плоштадот во Скопје потопен во солзи

Утрински - 17.10.2008

Солзи, свеќи, растопен восок, пораки, цвеќе... Вака изгледаше Градскиот плоштад во Скопје, вчера, точно една година по трагичната смрт на Тоше Проески. Многубројните обожаватели се' уште со неверување дека македонската поп-ѕвезда не е повеќе меѓу нас почнаа спонтано да се собираат на истото место каде што лани ја споделија страшната вест за несреќата кај Нова Градишка.

Џамбо-плакати на Тоше осамнаа во Загреб

Утрински - 17.10.2008

Дваесет и шест џамбо-плакати со ликот на Тоше, симболично во број на неговите години, вчера беа поставени низ Загреб, по иницијатива на фан-клубот на Тоше Проески во Хрватска. „Милиони срца, една молитва“ е запишано на плакатите со кои хрватската престолнина ја одбележува годишнината од смртта на македонскиот пејач Статијата е прочитана 13 пати.

Непресушна тага по Тоше

Утрински - 17.10.2008

Крушево вчера беше претесно да ги прими илјадниците обожаватели кои дојдоа да ја одбележат годишнината Валентина Тодоровска КРУШЕВО - Вчера Крушево беше претесно да ги прими сите пријатели, фанови, сите што го сакаа Тоше, кои дојдоа да ја одбележат првата годишнина од неговата смрт. Трагичното загинување на оваа наша легенда остави трага во неговиот роден град.

Балканските медиуми за годишнината од погибијата

Утрински - 17.10.2008

„ГЛАС ЈАВНОСТИ“ Незаборавен миленик на публиката „Ни по една година од погибелот, речиси и не минува седмица, а некој од овдешните медиуми да не се сети на ова момче, за кое со право може да се каже дека е еден од најомилените пејачи на забавна музика на просторите на цела Југославија.

Иконостасот за манастирот на Тоше ќе тргне за Крушево во април

Утрински - 17.10.2008

Во Кралево од прилепски мермер се обликува иконостасот за црквата што беше животен сон на Проески Билјана Јовановска Далеку од очите на јавноста, во четирите ѕида на своето ателје во Кралево, академскиот скулптор Милан Ракочевиќ го оформува иконостасот за манастирот „Св. Преображение“ кај Крушево. Прилепскиот мермер „сивец“ го обработува со многу љубов, знаење, грижа...

Маратонците тргнаа во 6,20 часот од Нова Градишка

Утрински - 17.10.2008

Вчераутро, во 6,20 часот, точно во времето во кое пред една година настрада Тоше Проески во сообраќајна несреќа во близина на Нова Градишка, од стадионот на НК Слога во Нова Градишка, Хрватска, стартуваше најавениот ултрамаратон во чест на Тоше Проески, со учество на 26 македонски маратонци, кои поделени во четири групи ќе трчаат без прекин 80 часа на релација Нова Градишка – Крушево.

Ѕвездени моменти низ фотографии

Утрински - 17.10.2008

Една година од трагичното загинување на Тоше Проески, а ништо не бледнее - ниту љубовта ниту спомените ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА Секогаш кога ќе ја почувствуваше човечката неправедност, завидливост и грабливост, Тоше си ја читаше Молитвата на Мајка Тереза. Се осамуваше, обидувајќи се да се исклучи од светот. Потоа ќе го преплавеше чувство на милина и потреба сите, ама буквално сите, да ги сака...

За битолчани Тоше има само датум на раѓање

Утрински - 17.10.2008

За битолчани Тоше има само датум на раѓање Битола, градот во кој Тоше ги мина своите средношколски денови, на свој начин го одбележи трагичниот датум на загинување на големата македонска ѕвезда. Пред националната галерија на детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, битолчани уште од раноутро почнаа да палат свеќи, оддавајќи и' почит на прерано загинатата македонска ѕвезда.

Крушевските камбани и срцата биеја за ангелот

Дневник - 17.10.2008

Присутните ја бакнуваа сликата на Тоше ставена меѓу иконите, како и тој да е светец Разбиени камбани, храмови со ширум отворени врати, повеќечасовна црковна служба, топила од свеќи, солзи и река од луѓе со болен трепет во срцето. Вака изгледаше Крушево на годишниот помен од смртта на непреболената македонска ѕвезда Тоше Проески.

Крушево една година без Тоше

Канал5 - 17.10.2008

Во храмот каде што беше крстен Тоше и каде што често доаѓаше и се молеше, сега ние заедно се молиме за мир на неговата душа рече владиката Петар и порача дека со своите добра дела, Тоше не задолжи за него да зборуваме само добро.   - А не пристапуваше Тоше поинаку освен со чиста љубов, со љубов на сите да им се даде, на сите да им покаже дека ги сака.

ДНЕВНИК: Крушевските камбани и срцата биеја за ангелот

Нетпрес - 17.10.2008

ДНЕВНИК: Крушевските камбани и срцата биеја за ангелот Разбиени камбани, храмови со ширум отворени врати, повеќечасовна црковна служба, топила од свеќи, солзи и река од луѓе со болен трепет во срцето. Вака изгледаше Крушево на годишниот помен од смртта на непреболената македонска ѕвезда Тоше Проески.

Едногодишен помен за Тоше Проески

А1 - 16.10.2008

Во Крушево во седум часот утринава се одржа литургијата во црквата Успение на Пресвета Богородица за едногодишниот помен на Тоше. Денеска се навршува точно една година од трагичната сообраќајна несреќа, која се случи кај Нова Градишка во Хрватска, кога загина нашата најголема музичка ѕвезда, Тоше Проески.

Во Нова Градишка остана младоста на Тоше

А1 - 16.10.2008

Големо срце од свеќи, антологиската македонска музика испеана од великанот Тоше. Нова Градишка синоќа во чест на својот идол, дојде да се поклони на местото од каде пред една година беше испратено неговото тело. Нова Градишка знае да ја почувствува тагата и да се соживее со болката на останатите, вели градскиот татко Даворин Клишуриќ.

Покренато обвинение против шоферот на Тоше

А1 - 16.10.2008

На денот кога Тоше Проески загина скопското обвинителство една година подоцна покрена обвинение против неговиот добар другар Ѓорѓи Ѓоргиевски. Цела година траеше истрагата за сообраќајната незгода, а шест месеци се вештачеше хаварисаниот џип во кој загина македонската мега ѕвезда. Возачот на туарегот Ѓорѓевски го нема во јавноста.

Ликовни творби за Тоше во Битола

А1 - 16.10.2008

30 детски ликовни творби со портретот на Тоше денеска во битолската чаршија изложија ликовните амбасадори на Малиот битолски Монмартр кои учествуваа на годишнината од неговата смрт. „Јас можам да речам дека Тоше го има само денот на раѓање. За мене уште е жив, и не само за мене, туку за сите ликовни амбасадори“, рече Коста Хаџиантоновски, претседател на Мал битолски Монмартр.

Феноменот Тоше - Македонски Орфеј

А1 - 16.10.2008

Загуба што не може да се заборави, престанува да биде загуба - Тоше поседуваше убавина, доблест и смисла, а тоа се вредности кои не можеме да го заборавиме, вели за нашата мега ѕвезда професорот Ферид Мухиќ. Тоше е мега феномен кој успеа да обедини десетици милиони луѓе, нешто што на ниту еден политичар на Балканот не му успеало.

Крушево: Една година од смртта на Тоше Проески

Р.С.Европа - 16.10.2008

Денеска во Крушево се одбележеува првата годишнина од смртта на македонскиот пејач Тоше Проески. На денешен ден Тоше загина во сообраќајна несреќа во Нова Градишка во Хрватска. На 5-ти октомври на Градскиот стадион во Скопје беше одржан хуманитарен концерт во негова чест, кој го следеа повеќе од 40 илјади луѓе од земјава, но и регионот.

Тоше од мермер

Вест - 16.10.2008

Јапонскиот вајар Риота Кошка, пријател на Тоше, за годишнината од неговата смрт на семејството Проески му подари мермерен релјеф со ликот на поп-sвездата. Вајарот Кошка пред неколку години учествувал на Прилепското уметничко лето каде што се запознал со Тоше и за кусо време се спријателиле.

Крушево ја одбележува првата годишнина од смртта на Тоше

Утрински - 16.10.2008

Утринска служба во „Св. Богородица“, посета на вечното почивалиште и ручек за душа на покојниот Проески Првата годишнина од трагедијата во која загина Тоше Проески и која ја зави Македонија и Балканот во црно, денеска, во неговото родно Крушево ќе биде одбележана со одржување повеќе верски обичаи.

ТОШЕ ПРОЕСКИ - МИЛЕНИК НА МИЛИОНИ БАЛКАНСКИ СРЦА

Телма - 16.10.2008

ТОШЕ ПРОЕСКИ - МИЛЕНИК НА МИЛИОНИ БАЛКАНСКИ СРЦА Шеснаесетти октомври веројатно за многу генерации во земјава и пошироко уште долго ќе остане тажен датум, кој потсетува на болната вест за смртта на Тоше Проески. Денеска се одбележува една година од трагичната сообраќајна несреќа што се случи во Нова Градишка, Хрватска, во која животот го загуби миленикот на многу балкански срца.

Одбележување на една година од загинувањето на Тоше Проески

Алсат-М - 16.10.2008

Семејството, најблиските, пријателите, фановите од Македонија и Балканот денеска ќе одбележат една година од трагичната смрт на македонската музичка икона Тоше Проески. Поп ѕвездата го загуби животот на 26-годишна возраст во сообраќајна несреќа на 16 октомври минатата година кај Нова Градишка - Хрватска на пат кон Загреб.

Странските медиуми за Тоше

Форум - 16.10.2008

Денес, 16 октомври 2008 година,на една година од трагичната сообраќајна наесреќа во која животот го загуби музичката мега ѕвезда Тоше Проески, сите балкански медиуми и дел од светските, меѓу првите информации ја објавуваат веста за оваа тажна годишнина.

Во спомен-собата на Мајка Тереза во Скопје чествување за Тоше

Алсат-М - 16.10.2008

Во организација на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ денеска во спомен-собата на големата хуманистка се одржа чествување во спомен на Тоше на годишнината од неговото загинување. Во спомен на неговата хуманост, Асоцијацијата го промовираше аудио цедето со репортажи, во кое за Тоше говорат стотина музички ѕвезди и авторитети од земјава и од светот.

За Тоше - се наполни скопскиот плоштад

Форум - 16.10.2008

Запалени свеќи, тажни стихотворби и од срце напишани пораки кои се посветени на Тоше , можеа да се забележат во голем број на плоштадот „Македонија“ . Сите оние кои не можеа да отпатуваат за Крушево и да положат свежо цвеќе на гробот на нашата најголема ѕвезда, тоа го правеа во центарот на Скопје.

Се одбележува годишнината од смртта на Тоше

Алсат-М - 16.10.2008

По традиционални религиски обичаи во црквата „Св. Богородица“ во Крушево утрово се одржа литургијата и опело по повод изминување на една година од смртта на македонскиот пејач Тоше Проески. Во чест на Проески утрово од Нова Градишка 16 маратонци го почнаа својот четиридневен маратон долг 890 км, тие на 19 октомври напладне треба да се поклонат на гробот на Тоше.

Една година без Тоше

Кирилица - 16.10.2008

Поп ѕвездата го загуби животот на 26-годишна возраст во сообраќајна несреќа на 16 октомври минатата година кај Нова Градишка - Хрватска на пат кон Загреб. Македонската јавност денес на неговиот вечен дом на Гумење во Крушево, повторно ќе пролее солзи кои не престануваат ниту по една година без него.

ВО СПОМЕН-СОБАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА ТОШЕ

Сител - 16.10.2008

ВО СПОМЕН-СОБАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА ТОШЕ Во организација на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ денеска во спомен-собата на големата хуманистка се одржа чествување во спомен на Тоше на годишнината од неговото загинување.

Во Крушево одбележана годишнината од смртта на Тоше

Кирилица - 16.10.2008

Музичката легенда трагично загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври минатата година кај Нова Градишка - Хрватска на пат кон Загреб. Од изутрината тага и непребол на секој чекор во Крушево. Во црквата „Света Богородица“ се одржа света литургија за покој на неговата душа, од каде присутните се упатија кон вечниот дом на Тоше на Гумење.

ВО КРУШЕВО ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ТОШЕ

Сител - 16.10.2008

Семејството, пријателите, почитувачите, како и фановите од Македонија и Балканот денеска во Крушево одбележа една година од трагичната смрт на македонската музичка икона Тоше Проески. Музичката легенда загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври минатата година кај Нова Градишка - Хрватска на пат кон Загреб. Од изутрината тага и непребол на секој чекор во Крушево.

Како беше точно пред една година?

Канал5 - 16.10.2008

Веста за страшната несреќа се ширеше со молскавична брзина. Тоа утро луѓето се будеа со оваа вест. Тоше загинал. Шок и неверување , река народ се слеваше кон градскиот плоштад во Скопје . Крушевчани се собраа во центарот на градот да бидат заедно во болката за Тоше.

Граѓаните повторно излегоа на скопскиот плоштад во масовен број

Канал5 - 16.10.2008

Како и пред една година граѓаните масовно палеа свеќи на скопскиот плоштад. Оставаа фотографии, мечиња, читаа поезија.   - О Боже, ти создаде ѕвезда најсилно на небото што свети. Ѕвездата најсилно што свети многу добри дела направи и сети - кажа Санда Панчевска.   Во колективната меморија на граѓаните Тоше остана запаметен по неговите хумани дела и по убавите песни.

Бројни се семејствата на кои Тоше им помогнал, едно од нив е Талески

Канал5 - 16.10.2008

Овие очи гледаат благодарени на Тоше вели Томе Талески, таткото на Љупка. Пред една година видот на Љупка толку бил оштетен што прогнозата на докторите биле дека за два месеца ако тогаш 16 годишната девојка не направи операција ќе добие целосно слепило. Потребна била интервенција на рожниците.   - Девојчето страдаше од двете рожници. Моравме во рок од два месеца да заминеме за Москва на операција.

Фановите на Тоше оставија многубројни пораки на интернет

Канал5 - 16.10.2008

„Ангелу. Зарем веќе цела година те нема? Нема зборови со кои би ја опишала мојата тага. Една година страдање и солзи. Секој ден се прашувам зошто баш ти?! Одговор нема. Никогаш нема да те заборавиме, драг Тоше. Сите те сакаме“ – Катерина, Србија.   „Останаа твоите песни, твојата насмевка и ангелски глас. Тагата е во нашите срца, бидејќи те нема меѓу нас.

ЌЕ МУ СЕ СУДИ НА ВОЗАЧОТ ЃОРЃИ ЃОРЃЕВСКИ

Сител - 16.10.2008

Обвинението за возачот и пријател на Тоше Проески, Горѓи Ѓорѓевски пристигна во скопскиот кривичен суд. Јавното обвинителство побара да му се суди за предизвикување на сообраќајната несреќа кај Нова градишка која се случи пред точно една година. Со ова, завршува истрагата за трагичната несреќа во Хрватска во која загина Тоше Проески.

Годишнина од смртта на Тоше Проески

Нетпрес - 16.10.2008

Денеска се навршува една година од денот на трагичната сообраќајна несреќа во близина на Нова Градишка, Хрватска, во која загина балканската поп ѕвезда Тоше Проески. Во неговото родно Крушево, денот ќе почне со помен во црквата Успение на Пресвета Богородица, во чија изградба учествуваше Проески, а потоа ќе биде организирана посета на неговиот вечен дом на Гумење.

Една година без Тоше

Макфакс - 16.10.2008

Шеснаесетти октомври веројатно за многу генерации во земјава и пошироко уште долго ќе остане тажен датум, кој потсетува на болната вест за смртта на Тоше Проески. Денеска се одбележува една година од трагичната сообраќајна несреќа што се случи во Нова Градишка, Хрватска, во која животот го загуби миленикот на многу балкански срца.

Ултрамаратон за Тоше

Макфакс - 16.10.2008

Ултрамаратонот по повод првата годишнина од загинувањето на македонската ѕвезда Тоше Проески, стартуваше утринава во Нова Градишка. На стадионот во Нова Градишка, ноќеска беа положени венци и запалени свеќи во знак на сеќавање на Тоше. Дваесет и шесте маратонци, кои непрекинато ќе трчаат 80 часа, околу 900 километри до Крушево, родното место на Тоше, пред стартот пуштија 26 гулаби, кои ги ...

Едногодишен помен за Тоше

Макфакс - 16.10.2008

Македонија денеска ја одбележа годишнината од трагичната смрт на својата музичка икона, хуманитарец и амбасадор на УНИЦЕФ, Тоше Проески. Во Скопје и другите македонски градови, граѓаните запалија свеќи во знак на сеќавање и почит, а илајдници негови фанови од земјата и Балканот го посетија вечниот дом на Тоше во Гумење, крај родното Крушево.

Последната желба на Тоше - изградба на манастирот

А1 - 15.10.2008

Илјадници свеќи, безброј молитви и солзи, една година тага и непребол. Стотици илјади луѓе од целиот Балкан дојдоа во Крушево да му оддадат почит на Тоше. „Многу добар беше, хуман. Секогаш им помагаше на тие што треба. Многу е тешко, но сепак сме горди што се сеќаваме на сето тоа што го направи за Македонија“, рекоа присутните.

Големо срце од свеќи за Тоше во Нова Градишка

А1 - 15.10.2008

Неверојатен талент, вистински професионалец, пејач кој секогаш зборувал дека постои само за својата публика. Вака жителите на Нова Градишка во Хрватска го опишуваат македонскиот бард Тоше Проески. Жалат што утрешниот ден повторно ќе ги потсети на кобното утро од минатата година, кога Тоше Проески, на пат кон Загреб, близу Нова Градишка го загуби својот живот.

Една година без Тоше Проески

А1 - 15.10.2008

Ден пред годишнината од несреќата во која кај Нова Градишка загина македонската поп икона Тоше Проески обвинителството реши да покрене обвинение против Ѓорѓи Ѓоргески, другарот на Тоше, кој го управуваше џипот „туарег“. Утре навршува точно една година откако се случи трагичната сообраќајна несреќа во Нова Градишка во Хрватска, во која загина нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

За Тоше помен, за истрагата парастос

Време - 15.10.2008

Една година по загинувањето на Тоше Проески во близина на Нова Градишка, Хрватска, се уште нема резултати од истрагата за причините на сообраќајната несреќа. Скопското јавно обвинителство не знае кога точно, но постојано најавува дека наредните денови ќе се изјасни за резултатите од истрагата. Од нив зависи и тоа дали ќе покренат обвинение за некој од учесниците во сообраќајната несреќа.

Зошто ја немаше Антонија Шола

Утрински - 15.10.2008

Нада Романова- Бошевска, Скопје Концертот што се одржа во спомен на Тоше Проески на 5 октомври во Скопје, несомнено, долго ќе остане во сеќавање на сите, а особено на младите кои бескрајно го сакаа и ќе го сакаат Тоше, како несекојдневна појава со извонредни човечки вредности и човекољубие, хуманост и музичка дарба.

Тоше - засекогаш (1981-2007)

Форум - 15.10.2008

Измина цела година. Тажна за македонскиот народ, тажна за сите балкански народи. Тоше Проески, најголемата, најомилена и најсакана балканска музичка ѕвезда, прерано го напушти овој свет, заминувајќи засекогаш горе, кај ѕвездите Младото момче кое секогаш зрачеше со невидена енергија, преполно со љубов за сите. Единствениот, кој по сите неволји и горчини го обедини Балканот.

Обвинителството покрена обвинение против возачот и пријател на Тоше – Ѓорѓи Ѓоргиевски

Канал5 - 15.10.2008

Голема брзина и мало растојание од камионот се причините за сообраќајната несреќа на Тоше Проески. Ден пред годишнината од трагедијата Основното Јавно обвинителство покрена обвинение против Ѓорѓи Ѓорѓиевски. Одговорен е за предизвикување тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот.

Мал битолски Монмартр за Тоше

Вечер Прес - 15.10.2008

Меѓународната ликовна колонија Мал битолски Монмартр" денеска, во спомен на Тоше Проески, ќе организира специјална изложба на слики со ликот на Тоше. - Ќе организираме чествување за Тоше. Ќе изложиме триесетина слики, портрети со неговиот лик и ќе го промовираме големиот постер со Тоше Проески, со димензии 100 на 150 сантиметри, што го изработи младиот уметник Гоце Трајковски, изјави за МИА Коста ...

Обвинение против возачот на Тоше

А1 - 14.10.2008

Во Скопското Обвинителство се комплетира обвинителниот акт против Ѓорѓи Ѓорѓиевски, другарот на Тоше Проески, кој го управуваше џипот „Туарег“ кобното утро на 16-ти октомври лани. Една недела откако во обвинителството ги прими и проучи вештачењата од машинскиот и техничкиот факултет, реши да покрене обвинение против Ѓорѓиевски, бидејќи тој, џипот го управувал со поголема брзина од пропишаната на ...

Мојот глас што исчезнува

Утрински - 14.10.2008

Поради комплексната концентрација на енергиите и значењата, митот за Тоше Проески е еден од најважните митови на современото македонско општество „Н ашата пејачка се вика Јозефина. Кој не ја слушнал, тој не ја познава силата на песната. Не постои некој кој може да одолее на нејзиното пеење, и тоа треба да се цени, дотолку што нашето поколение во целина не ја сака музиката.

Маратон во чест на Тоше Проески

Дневник - 14.10.2008

Дваесет и шест маратонци од Македонија, на 16 октомври, денот кога лани трагично загина познатиот пејач Тоше Проески, ќе тргнат по последната негова рута. Патеката ќе ја трчаат во обратен правец, од Нова Градишка до Крушево. Маратонот ќе трае 80 часа, а маратонците ќе истрчаат околу 900 километри.

Една година без Тоше

Форум - 16.10.2008

На 16 октомври ќе може бесплатно да ја превземете сликата која стана официјална поштенска марка – Тоше и гулабицата. Сликата е направена на фотосесија за неделниот магазин Форум од Да р ко Мораитов, а читателите во новиот број на неделникот Форум, број 160 што излегува на 17 октомври, ќе добијат подарок постер. Насловна | Контакти | Архива Copyright © 2008 Forum News Portal.

Љиљана Петровиќ: Често помислувам дека требаше и јас да заминам со Тоше

Кирилица - 14.10.2008

Година дена по трагичната смрт на младиот пејач неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, во разговор за српскиот весник Прес, открива некои интимни детали за нејзиниот живот и животот на најблиските на Тоше по неговата смрт. „Крај на животот... Немам деца, а откако си замина и Тоше, мојот живот повеќе нема смисол.

Мајка ми не сака да бидам пејач

Вест - 13.10.2008

Единаесетгодишниот Кристијан Ристески не може да ја скрие радоста од тоа што сними песна со својот вујко Тоше, која ја слушна цела Македонија, Балканот и многу пошироко на меморијалниот концерт на Градскиот стадион во Скопје. Посакува да се случи тоа и со снимениот материјал за уште една безимена песна на која работел со вујко си пред трагичниот настан кај Нова Градишка во Хрватска.

Одбојка во Крушево во чест на Тоше

Дневник - 13.10.2008

Одбојкарскиот клуб Синалко од Крушево одигра 1-1 против легендите на македонскиот спорт во меморијалниот натпревар по повод годишни ната од смртта на трагично загинатата музичка ѕвезда Тоше Проески.Салата „Ѓорѓи Стојанов“ во родниот град на Проески беше преполна.

26-мина македонски атлетичари и бројни фанови на Тоше ќе трчаат ултрамаратон во негова чест

Канал5 - 13.10.2008

Од Нова Градишка каде што пред година загина големата поп ѕвездата Тоше Проески, 26 македонски атлетичари, во четврток во 6 часот и 20 минути ќе го започнат големиот ултра маратон од овој хрватски град до Крушево. Стартот ќе го означат сирените на Нова Градишка а ќе бидат пуштени 26 бели гулаби кои ги симболизираат годините и безграничниот дух за љубов и за хуманост на Проески.