TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ден на жалост во Киргистан - 72 загинати

А1 - 07.10.2008

Во Киргистан денеска е објавен ден на жалост во знак на сеќавање на 72-цата загинати жители од Алајскиот регион за време на вчерашниот разурнувачки земјотрес, со магнитуда од 6,6 степени според Рихтеровата скала, пренесе Итар Тасс.

Земјотрес однесе 65 животи

Време - 07.10.2008

Најмалку 65 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени во земјотресот кој во неделата го погоди јужниот дел на Киргистан, во близина на границата со Кина и Таџикистан, пренесуваат светските агенции.

Сто земјотреси во еден ден во Киргистан

Утрински - 07.10.2008

Сто земјотреси во еден ден во Киргистан МОСКВА - Во планинското село Нура во Киргизија, на границата со Кина, вчера изутрина загинаа 72 лица од последиците на силниот земјотрес. Во последните 24 часа во тој дел на Киргизија се забележани дури 100 потреси, од кои 15 беа многу силни.

Земјотрес уби 70 - луѓе во Киргистан

Дневник - 07.10.2008

Земјотрес со јачина од6,3Рихтерови степени уби седумдесетина луѓе во Киргистан, лоциран во централна Азија, и срамни со земја цело село, јави Ројтерс. Епиценатрот на земјотресот беше во планински реон во Киргистан. Бројката на загинати е околу 70 луѓе, а има и стотина повредени.

Расте бројот на загинати во земјотресот во Киргистан

Н.Македонија - 07.10.2008

Спасувачки екипи вчера продолжиле да бараат преживеани во силниот земјотрес што завчера го погоди јужниот дел на Киргистан и усмрти најмалку 74 лица, од кои 41 дете.

Десет загинати и 34 повредени при земјотресот во Тибет

Нетпрес - 07.10.2008

Десет загинати и 34 повредени при земјотресот во Тибет Претставници на кинеските власти во Тибет изјавиле дека како резултат на земјотресот во тибетскиот автономен реаон загинале десет лица, а 34 се повредени, пренесуваат светските агенции.

Околу 72 загинати во земјотрес во Киргистан

А1 - 06.10.2008

Околу 72 лица загинаа во вчерашниот земјотрес со сила од 6,3 степени според Рихтеровата скала во Киргистан, соопшти денеска прес службата на Министерството на вонредни ситуации во главниот град Бишкек.

Најмалку 30 загинати во земјотресот во Тибет

А1 - 06.10.2008

Најмалку 30 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 6,3 степени што денеска го потресе Тибет, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа. Земјотресот бил регистриран на 84 километри западно од Ласа, главниот град на Тибет, во областа Дамсунг, соопшти државната сеизмолошка служба.

Киргистан: Над 65 загинати во земјотрес

Р.С.Европа - 06.10.2008

Властите во Киргизстан соопштија дека над шеесет и пет луѓе загинале, а стотина други биле повредени во вчерашниот земјотрес што го погоди јужниот дел на земјата. Земјотерсот бил со сила од шест запирка шест степени според Рихтеровата скала. Земјотрес со помал интензитет имало и во Авганистан.

ЗЕМЈОТРЕС ВО КИРГИСТАН ОДНЕСЕ 58 ЖИВОТИ

Телма - 06.10.2008

Најмалку 58 лица загинаа во вчерашниот земјотрес со сила од 6,3 степени според Рихтеровата сјкала во Киргистан, соопшти денеска прес службата на Министерството на вонредни ситуации во главниот град Бишкек.

Тежок земјотрес во Киргистан

Форум - 06.10.2008

Најмалку 85 лица загинаа во тешкиот земјотрес кој ја погоди централно азиската Република Киргистан. Министерството за заштита на цивилното население, соопшти дека стотици куќе се уништени. Епицентарот на синоќешниот потрес со јачина од 6,3 степени, бил регистриран во близина на градот Ош.

Земјотрес во Киргистан, повеќе од 60 загинати

Форум - 06.10.2008

Во земјотрес со јачина од 6,3 степени од единствената скала, во Киргистан загинале повеќе од 60 луѓе. Епицентарот на земјотресот се случил во регионот меѓу Киргистан, Таџакистан и Узбекистан, во кој инаку има постојани меѓуетнички конфликти , јавува Reuters Според министерството за итни случаи од ...

Најмалку 60 загинати во земјотрес во Киргистан

Алсат-М - 06.10.2008

Најмалку 60 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во земјотресот што синоќа го погоди јужен Киргистан „Селото Нура е разурнато. Според првичните информации во земјотресот загинале 60 луѓе, а над 100 се здобиле со различни повреди“, соопшти министерот Камтшибек Ташиев.

Над 100 мртви во два земјотреси во Азија

Алсат-М - 06.10.2008

Во Азија денеска се случија два земјотреса. Има над сто загинати Првиот од нив се случи ноќеска во централноазиската држава Киргистан. Таму загинаа најмалку седумдесет и две лица. Уништени се околу 100 домови во јужната провинција Ош.

НАЈМАЛКУ 58 ЗАГИНАТИ ВО ВЧЕРАШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО КИРГИСТАН

Сител - 06.10.2008

Најмалку 58 лица загинаа во вчерашниот земјотрес со сила од 6,3 степени според Рихтеровата скала во Киргистан, соопшти денеска прес службата на Министерството на вонредни ситуации во главниот град Бишкек.

Во земјотрес згаснаа најмалку 70 животи

Вечер Прес - 06.10.2008

Агенцијата Ројтерс соопшти дека од 65 до 70 лица настрадале во прексиноќешниот земјотрес што го погоди југот на Киргистан.

Силен земјотрес во Киргистан, 58 мртви

Нетпрес - 06.10.2008

Најмалку 58 луѓе ги загубиле животите во силниот земјотрес, што во неделата го погоди јужниот дел на Киргистан, во близина на границата со Кина и Таџикистан.

Најмалку 30 лица загинале при земјотрес во Тибет

Нетпрес - 06.10.2008

Најмалку 30 лица загинале денес во земјотрес со јачина од 6.6 степени по Рихтеровата скала кој го погодил Тибет, а се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми, пренесува кинеската агенција Синхуа.

Силен земјотрес го потресе Тибет

Макфакс - 06.10.2008

Земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди денеска Тибет, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Земјотресот е регистриран на 84 километри западно од Ласа, главниот град на Тибет, соопштија од Институтот.

Најмалку 30 загинати во земјотресот во Тибет

Макфакс - 06.10.2008

Најмалку 30 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 6,3 степени што денеска го потресе Тибет, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа. Земјотресот бил регистриран на 84 километри западно од Ласа, главниот град на Тибет, во областа Дамсунг, соопшти државната сеизмолошка служба.