Oперацијата на НАТО за разоружување на терористите треба да почне, а македонските власти треба да ги исполнат преземените обврски за да се создадат услови за старт на “Жетвата“, откако од Алијансата се добиени дополнителни гаранции за квалитетна акција.
Разоружувањето на терористите во наслов операцијата "Неопходна жетва" треба да започне утре изутрина во 8 часот и покрај сите недоразбирања околу бројот на оружјето што треба да се собере од албанските терористи. Во земјава денеска продолжува стационирањето на наменските сили за операцијата на НАТО.
Британски весници пишуваат за лицитации и несогласувања во проценките на бројот на оружјето што албанските терористи треба да им го предадат на НАТО војниците. Печатот оценува дека проценките на македонската Влада се превисоки, а дека предлогот на таканаречената ОНА да предаде 2.300 парчиња оружје ...
Со денешните 13 летови од Британија, Канада, Холандија и Италија во земјава ќе има точно 2.460 војници од наменските сили за „Жетва“. Операцијата "Неопходна жетва" ќе започне во понеделник. Дотогаш ќе бидат познати и собирните пунктови кои засега само се знае дека ќе бидат сконцентрирани околу ...
ДЕНЕСКА НАТО ЌЕ ОБЈАВИ КОЛКУ ОРУЖЈЕ ОЧЕКУВА ДА СОБЕРЕ ОД ОНА изјави за Ројтерс дека НАТО очекува да собере 3.000 парчиња оружје Денеска, најверојатно, ќе биде објавена бројката на оружје што НАТО ќе треба да го собере од ОНА.
ОперациЈа "Жетва" зема залет До четвртокот во Македонија пристигнале 1.280 војници на НАТО, а во следните неколку дена се очекува бројката да стане 3.800 Операцијата на НАТО за разоружување може да почне следната недела, зашто е добиено уверување дека двете страни ќе го почитуваат прекинот на ...
Дејвид Галанд - Стратегија Мировните хартии што беа потпишани се безвредни. Тие ја изразуваат евентуалната оневозможеност на македонските безбедносни сили. Во исто време, специјалните сили на НАТО ќе влезат во Македонија, ќе се поврзат со своите стари пријатели и ќе ги штитат додека овие ќе фрлаат ...
Проценките на НАТО претставниците и на македонските експерти за бројката на оружјето на албанските терористи е различна поради употреба на различна методологија. Бројката на оружјето што ќе треба да се одземе ќе се соопшти во недела.
„Жетва е одлука на НАТО и Македонија не ги кани државите кои ќе учествуваат во неа.“, изјави претседателскиот советник за национална безбедност Никола Димитров во интервјуто за А1. Димитров истакна дека Русија нема интерес да се меша во овој проблем, но е заинтересирана мисијата да успее.
ПРОДОЛЖУВА ИСТОВАРАЊЕТО НА НАТО - ТРУПИТЕ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА "НЕОПХОДНА ЖЕТВА" Вчера во Македонија се истовараа грчките и британските војници Првите 100 грчки војници кои ќе бидат дел од операцијата "Неопходна жетва", вчераутро, околу 10 часот, тргнаа на пат кон Македонија.
Колумна - Никола Поповски Се чини дека угледот на НАТО се уште е добар само кај државите-членки, па затоа акцијата во Македонија можеби е еден од последните обиди за негов спас по лошата косовска авантура, која се уште трае Кога во Израел ќе се случи убиство на војник или кога некоја палестинска ...
СПОРЕД ВАШИНГТОН ПОСТ "Мандатот од 30 дена, кој НАТО си го одреди за разоружување на албанските терористи во Македонија, им оди во корист на терористите, кои ќе почекаат рокот да помине за потоа да продолжат по старо", пишува во вчерашното издание "Вашингтон пост".
СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ОПЕРАЦИЈАТА "ЖЕТВА" Тешкото вооружување на АРМ останува на Попова Шапка, во Еребино и во Алашевце, а полициските и армиските пунктови нема да бидат напуштени На седницата на Советот за безбедност е договорено поместувањето на тешкото вооружување на АРМ да се ...
РОБЕРТСОН ЗА БИ-БИ-СИ Ако екстремистите ги продолжат воените дејства во Македонија, НАТО ќе застане на страната на македонската Влада, изјавил за Би-би-си генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон. - Претпоставувам дека во тој случај, генералот Џозеф Ралстон, командант на силите на НАТО за ...
Врховниот командант на НАТО за Европа генералот Џозеф Ралстон за време на посетата на Тирана, побарал од Албанија подршка во операцијата „Жетва" и засилена контрола на границата кон Македонија. Генералот Џозеф Ралстон, како што соопшти кабинетот на албанскиот премиер Илир Мета, побарал подршка од ...
Главен комуникациски центар за НАТО операцијата “Суштинска жетва“ ќе биде тајванската зона Бунарџик. Околу 500 војници на НАТО од сите 13 национални бригади на Бунарџик, место предвидено за бесцаринска зона веќе ги инсталираа своите сателити и опрема за комуникација.
„Советот на НАТО со денешната одлука за започнување на операцијата „Неопходна жетва" ја потврдува својата обврска за да го поддржи мировниот процес во Македонија во надминување на кризата, за која нема воено решение", изјави помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања, ...
Главна тема на западниот печат денеска е распоредувањето на НАТО силите во Македонија. „ Тајмс“ во ударниот коментар на насловна страница, со голема фотографија на британски падобранци кои се подготвуваат за трансфер во Македонија, пишува дека Британија „била приморана за операцијата Неопходна ...
„Македонија ја поздравува одлуката на НАТО за почеток на операцијата за разоружување на албанските терористи“, изјави портпаролот на македонското министерство за одбрана Марјан Ѓуровски. "Оваа операција ќе ја изведат војниците на Алијансата, кои во Македонија доаѓаат по покана на претседателот ...
ОФИЦИЈАЛНО ОДОБРЕНА АКЦИЈАТА ЗА СОБИРАЊЕ НА ОРУЖЈЕТО ОД ОНА НАТО се надевам дека ќе им биде предадено целото оружје, но "новинарите не треба толку да инсистираат на бројките", беше порачано вчера во Скопје Деветнаесетте членки на Северноатлантската Алијанса вчера во 12 часот во Брисел дадоа зелено ...
ИНТЕРВЈУ СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО, ЏОРЏ РОБЕРТСОН НАТО и ЕУ немаат намера да бидат полицајци и да ја поделат или внатрешно да ја демаркираат Македонија, вели првиот човек на Алијансата Вчера доцна попладне, по објавувањето на одлуката за распоредување на силите на НАТО во Македонија, по ...
Министерство за одбрана Нема да се дозволи силите на НАТО да бидат злоупотребени, изјави портпаролот на Министерството за одбрана Министерството за одбрана оцени дека е битно намален бројот на оружените провокации и оти се речиси создадени условите за почнување на операцијата "Неопходна жетва".
АЛИЈАНСАТА ОДОБРИ РАСПОРЕДУВАЊЕ ВОЈНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА Два француски авиона со вкупно 750 војници вчера слетаа на аеродромот "Скопје", со што и официјално почна распоредување на силите на НАТО Северноатлантскиот совет вчера и официјално го одобри распоредувањето на трупите за операцијата "Жетва", а ...
„Ја поздравувам одлуката на Северноатлантскиот совет за отпочнување на акцијата „Неопходна жетва“ за собирање на оружјето од албанските терористи“, изјави министерот за одбрана Владо Бучковски во интервју за А1. „Нашите експерти со претходницата на НАТО со техничкиот договор создадоа предуслови да ...
„Останатите три илјади војници кои ќе ја сочинуваат мисијата "Жетва" за разоружување на албанските терористи ќе тргнат во наредните 24 часа.“, изјави во интерјвуто за А1 генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон прецизирајќи дека најголемиот дел од нив ќе бидат во Македонија до почетокот на ...
Во 12 часот и 5 минути генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон лично го извести претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили на Република Македонија Борис Трајковски за одлуката на Советот на НАТО за почеток на операцијата „Неопходна жетва“.
Главниот командант на НАТО силите за Европа, генералот Џозеф Ралстон, денеска ќе ја посети Тирана, јави приштинската агенција “Косовалајв“, повикувајќи се на изјава на портпаролот на албанското министерство за одбрана Маријан Зегаљи.
Воени претставници на НАТО вчера провизорно го поддржаа планот за праќање на 3.500 војници во Македонија, а се очекува амбасадорите на алијансата денес да ја донесат конечната одлука, јави вчера Ројтерс од Брилес Според извор од НАТО, воениот комитет на НАТО, кој се состои од претставници на ...
АЛИЈАНСАТА УШТЕ НЕ Е НА ЧИСТО Конечната одлука за распоредување на "Наменските сили жетва" во Македонија за собирање на оружјето од албанските терористи најверојатно ќе биде донесена денеска во Брисел. На вчерашниот Северноатлантски совет била потврдена согласноста за испраќање 3.500 војници во ...
Врховниот командант на НАТО за Европа, американскиот генерал Џозеф Ралстон престојуваше во куса посета на Македонија во рамките на која имаше средби со претседателот Борис Трајковски и министрите за одбрана и за внатрешни работи Владо Бучковски и Љубе Бошковски.
Нато ќе ги спореди своите разузнавачки информации, понудата на теротистите за количеството на оружјето со кое располага ОНА, во интервју за А1 амбасадорот на НАТО, Даниел Спекхард. А1: Господинот Ралстон вчера беше во Македонија за да ја испита ситуацијата, дали има услови за да се започне ...
Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон е подготвен вечерва по седницата на Советот на НАТО да даде активирачка наредба за операцијата "Неопходна жетва" за собирање на оружјето од албанските терористи во Македонија. Според процедурите, доколку во периодот до активирање на наредбата ниедна од ...
ГЕНЕРАЛОТ РАЛСТОН - ГЕНЕРАЛНА ПРОБА ЗА ДОАЃАЊЕТО НА НАТО Во Македонија пристигна генерал Џозеф Ралстон, командант на здружените сили на НАТО за Европа, за да се увери лично дали постојат услови за започнување на операцијата"Неопходна жетва".
НАТО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ОПЕРАЦИЈАТА "ЖЕТВА" Договорениот прекин на огнот мора да се почитува за да се исполнат условите за целосно распоредување на трупите на НАТО заради собирање на оружјето од албанските екстремисти, предупреди вчера портпаролот на Алијансата, мајорот Бери Џонсон.
КОМАНДАНТОТ НА НАТО ЗА ЕВРОПА ВО СКОПЈЕ Командантот на силите на НАТО за Европа, генерал Џозеф Ралстон, вчера престојуваше во работна посета на Македонија за лично да се увери до каде е исполнувањето на условите за целосно распоредување на силите на НАТО.
Врховниот командант на НАТО за Eвропа генерал Џозеф Ралстон денеска во Скопје му го изложи на македонскиот државен врв планот на НАТО за операцијата "Неопходна жетва", кој утре ќе го разгледува и Советот на НАТО. Според овој план, кај двете страни вмешани во конфликтот треба да се врати довербата.
Претставниците на НАТО денеска уште еднаш предупредија на неопходност од придржување кон договорениот прекин на огнот за да можат да бидат исполнети условите за целосно распоредување на силите на Алијансата. "Нема да дадам карактеристика за синоќешното прекршување на прекинот на огнот во Тетово.
Укажувајќи дека прес конференцијата на лидерот на таканаречената ОНА во тетовското село Шипковица била "внимателно испланиран медиумски настап", лондонскиот весник "Times" објавува дека Али Ахмети, но и неговите борци, "не претставуваат одраз на ветувањата оти ќе го предадат оружјето".
Официјално, НАТО одрекува дека групата што се идентификува како АНА би можела да предизвика проблеми во операцијата за собирање на оружјето Војниците на НАТО вчера дојдоа во Македонија, пред посетата на главниот командант на алијансата о Европа, генерал Џозеф Ралстон, кој ќе дојде денеска за да ...
ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА "НЕОПХОДНА ЖЕТВА" Командантот на НАТО за Европа, генералот Џозеф Ралстон, денеска треба лично да се увери во безбедноста на операцијата, по што НАТО треба да донесе конечна одлука за распоредување на наменските сили на теренот Претходницата од 400 војници на ...