TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Итна седница на Советот за безбедност

А1 - 26.08.2001

Oперацијата на НАТО за разоружување на терористите треба да почне, а македонските власти треба да ги исполнат преземените обврски за да се создадат услови за старт на “Жетвата“, откако од Алијансата се добиени дополнителни гаранции за квалитетна акција.

“Жетвата“ започнува утре во 8 часот

А1 - 26.08.2001

Разоружувањето на терористите во наслов операцијата "Неопходна жетва" треба да започне утре изутрина во 8 часот и покрај сите недоразбирања околу бројот на оружјето што треба да се собере од албанските терористи. Во земјава денеска продолжува стационирањето на наменските сили за операцијата на НАТО.

Лицитации околу бројот на оружјето

А1 - 25.08.2001

Британски весници пишуваат за лицитации и несогласувања во проценките на бројот на оружјето што албанските терористи треба да им го предадат на НАТО војниците. Печатот оценува дека проценките на македонската Влада се превисоки, а дека предлогот на таканаречената ОНА да предаде 2.300 парчиња оружје ...

„Жетва“ започнува во понеделник

А1 - 25.08.2001

Со денешните 13 летови од Британија, Канада, Холандија и Италија во земјава ќе има точно 2.460 војници од наменските сили за „Жетва“. Операцијата "Неопходна жетва" ќе започне во понеделник. Дотогаш ќе бидат познати и собирните пунктови кои засега само се знае дека ќе бидат сконцентрирани околу ...

"Жетварите" нема да ги легитимираат терористите

Вест - 25.08.2001

ДЕНЕСКА НАТО ЌЕ ОБЈАВИ КОЛКУ ОРУЖЈЕ ОЧЕКУВА ДА СОБЕРЕ ОД ОНА изјави за Ројтерс дека НАТО очекува да собере 3.000 парчиња оружје Денеска, најверојатно, ќе биде објавена бројката на оружје што НАТО ќе треба да го собере од ОНА.

НАТО денеска ќе објави колку оружје ќе треба да "ожнее"

Дневник - 25.08.2001

ОперациЈа "Жетва" зема залет До четвртокот во Македонија пристигнале 1.280 војници на НАТО, а во следните неколку дена се очекува бројката да стане 3.800 Операцијата на НАТО за разоружување може да почне следната недела, зашто е добиено уверување дека двете страни ќе го почитуваат прекинот на ...

Тајното растурање на Македонија

Дневник - 25.08.2001

Дејвид Галанд - Стратегија Мировните хартии што беа потпишани се безвредни. Тие ја изразуваат евентуалната оневозможеност на македонските безбедносни сили. Во исто време, специјалните сили на НАТО ќе влезат во Македонија, ќе се поврзат со своите стари пријатели и ќе ги штитат додека овие ќе фрлаат ...

Бројката на оружјето на албанските терористи ќе се знае во недела

А1 - 24.08.2001

Проценките на НАТО претставниците и на македонските експерти за бројката на оружјето на албанските терористи е различна поради употреба на различна методологија. Бројката на оружјето што ќе треба да се одземе ќе се соопшти во недела.

Доколку „Жетва“ не успее употреба на сила врз Косово преку ОН

А1 - 24.08.2001

„Жетва е одлука на НАТО и Македонија не ги кани државите кои ќе учествуваат во неа.“, изјави претседателскиот советник за национална безбедност Никола Димитров во интервјуто за А1. Димитров истакна дека Русија нема интерес да се меша во овој проблем, но е заинтересирана мисијата да успее.

Разоружувањето треба да почне в понеделник

Вест - 24.08.2001

ПРОДОЛЖУВА ИСТОВАРАЊЕТО НА НАТО - ТРУПИТЕ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА "НЕОПХОДНА ЖЕТВА" Вчера во Македонија се истовараа грчките и британските војници Првите 100 грчки војници кои ќе бидат дел од операцијата "Неопходна жетва", вчераутро, околу 10 часот, тргнаа на пат кон Македонија.

Жетва

Дневник - 24.08.2001

Колумна - Никола Поповски Се чини дека угледот на НАТО се уште е добар само кај државите-членки, па затоа акцијата во Македонија можеби е еден од последните обиди за негов спас по лошата косовска авантура, која се уште трае Кога во Израел ќе се случи убиство на војник или кога некоја палестинска ...

Кога НАТО ќе си замине, терористите ќе продолжат по старо

Дневник - 24.08.2001

СПОРЕД ВАШИНГТОН ПОСТ "Мандатот од 30 дена, кој НАТО си го одреди за разоружување на албанските терористи во Македонија, им оди во корист на терористите, кои ќе почекаат рокот да помине за потоа да продолжат по старо", пишува во вчерашното издание "Вашингтон пост".

НАТО ќе разоружува, армијата и полицијата ќе бидат на штрек

Дневник - 24.08.2001

СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ОПЕРАЦИЈАТА "ЖЕТВА" Тешкото вооружување на АРМ останува на Попова Шапка, во Еребино и во Алашевце, а полициските и армиските пунктови нема да бидат напуштени На седницата на Советот за безбедност е договорено поместувањето на тешкото вооружување на АРМ да се ...

НАТО ќе ја поддржи македонската влада ако не се смират екстремистите

Дневник - 24.08.2001

РОБЕРТСОН ЗА БИ-БИ-СИ Ако екстремистите ги продолжат воените дејства во Македонија, НАТО ќе застане на страната на македонската Влада, изјавил за Би-би-си генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон. - Претпоставувам дека во тој случај, генералот Џозеф Ралстон, командант на силите на НАТО за ...

Ралстон бара подршка на Албанија во разоружување на ОНА

А1 - 23.08.2001

Врховниот командант на НАТО за Европа генералот Џозеф Ралстон за време на посетата на Тирана, побарал од Албанија подршка во операцијата „Жетва" и засилена контрола на границата кон Македонија. Генералот Џозеф Ралстон, како што соопшти кабинетот на албанскиот премиер Илир Мета, побарал подршка од ...

Бунарџик - главен комуникациски центар за НАТО

А1 - 23.08.2001

Главен комуникациски центар за НАТО операцијата “Суштинска жетва“ ќе биде тајванската зона Бунарџик. Околу 500 војници на НАТО од сите 13 национални бригади на Бунарџик, место предвидено за бесцаринска зона веќе ги инсталираа своите сателити и опрема за комуникација.

НАТО мисијата нема да биде лесна, но тоа е единствениот излез

А1 - 23.08.2001

„Советот на НАТО со денешната одлука за започнување на операцијата „Неопходна жетва" ја потврдува својата обврска за да го поддржи мировниот процес во Македонија во надминување на кризата, за која нема воено решение", изјави помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања, ...

„Tрета среќа“ за НАТО во Македонија

А1 - 23.08.2001

Главна тема на западниот печат денеска е распоредувањето на НАТО силите во Македонија. „ Тајмс“ во ударниот коментар на насловна страница, со голема фотографија на британски падобранци кои се подготвуваат за трансфер во Македонија, пишува дека Британија „била приморана за операцијата Неопходна ...

Распоредување на НАТО силите за 48 часа

А1 - 23.08.2001

„Македонија ја поздравува одлуката на НАТО за почеток на операцијата за разоружување на албанските терористи“, изјави портпаролот на македонското министерство за одбрана Марјан Ѓуровски. "Оваа операција ќе ја изведат војниците на Алијансата, кои во Македонија доаѓаат по покана на претседателот ...

НАТО доаѓа ОНА се бања

Вест - 23.08.2001

ОФИЦИЈАЛНО ОДОБРЕНА АКЦИЈАТА ЗА СОБИРАЊЕ НА ОРУЖЈЕТО ОД ОНА НАТО се надевам дека ќе им биде предадено целото оружје, но "новинарите не треба толку да инсистираат на бројките", беше порачано вчера во Скопје Деветнаесетте членки на Северноатлантската Алијанса вчера во 12 часот во Брисел дадоа зелено ...

"Жетвата" ќе направи безбедна земја од Македонија

Дневник - 23.08.2001

ИНТЕРВЈУ СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО, ЏОРЏ РОБЕРТСОН НАТО и ЕУ немаат намера да бидат полицајци и да ја поделат или внатрешно да ја демаркираат Македонија, вели првиот човек на Алијансата Вчера доцна попладне, по објавувањето на одлуката за распоредување на силите на НАТО во Македонија, по ...

Создадени услови за успешна "Жетва"

Дневник - 23.08.2001

Министерство за одбрана Нема да се дозволи силите на НАТО да бидат злоупотребени, изјави портпаролот на Министерството за одбрана Министерството за одбрана оцени дека е битно намален бројот на оружените провокации и оти се речиси создадени условите за почнување на операцијата "Неопходна жетва".

"Жетвата" на оружјето ќе почне за 10 дена

Дневник - 23.08.2001

АЛИЈАНСАТА ОДОБРИ РАСПОРЕДУВАЊЕ ВОЈНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА Два француски авиона со вкупно 750 војници вчера слетаа на аеродромот "Скопје", со што и официјално почна распоредување на силите на НАТО Северноатлантскиот совет вчера и официјално го одобри распоредувањето на трупите за операцијата "Жетва", а ...

Првите видни резултати од „Жетва“ на 31-ви август

А1 - 22.08.2001

„Ја поздравувам одлуката на Северноатлантскиот совет за отпочнување на акцијата „Неопходна жетва“ за собирање на оружјето од албанските терористи“, изјави министерот за одбрана Владо Бучковски во интервју за А1. „Нашите експерти со претходницата на НАТО со техничкиот договор создадоа предуслови да ...

Ако некој се обиде да го измами НАТО ќе си има работа со многу опасен ентитет

А1 - 22.08.2001

„Останатите три илјади војници кои ќе ја сочинуваат мисијата "Жетва" за разоружување на албанските терористи ќе тргнат во наредните 24 часа.“, изјави во интерјвуто за А1 генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон прецизирајќи дека најголемиот дел од нив ќе бидат во Македонија до почетокот на ...

Точно напладне стапи на сила одлуката за почеток на „Жетва“

А1 - 22.08.2001

Во 12 часот и 5 минути генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон лично го извести претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили на Република Македонија Борис Трајковски за одлуката на Советот на НАТО за почеток на операцијата „Неопходна жетва“.

Ралстон денеска во Aлбанија

А1 - 22.08.2001

Главниот командант на НАТО силите за Европа, генералот Џозеф Ралстон, денеска ќе ја посети Тирана, јави приштинската агенција “Косовалајв“, повикувајќи се на изјава на портпаролот на албанското министерство за одбрана Маријан Зегаљи.

НАТО ја поддржа "жетвата", конечната одлука денеска

Вест - 22.08.2001

Воени претставници на НАТО вчера провизорно го поддржаа планот за праќање на 3.500 војници во Македонија, а се очекува амбасадорите на алијансата денес да ја донесат конечната одлука, јави вчера Ројтерс од Брилес Според извор од НАТО, воениот комитет на НАТО, кој се состои од претставници на ...

НАТО денеска ќе реши за испраќање трупи во Македонија?

Дневник - 22.08.2001

АЛИЈАНСАТА УШТЕ НЕ Е НА ЧИСТО Конечната одлука за распоредување на "Наменските сили жетва" во Македонија за собирање на оружјето од албанските терористи најверојатно ќе биде донесена денеска во Брисел. На вчерашниот Северноатлантски совет била потврдена согласноста за испраќање 3.500 војници во ...

Генерал Ралстон во Македонија

А1 - 21.08.2001

Врховниот командант на НАТО за Европа, американскиот генерал Џозеф Ралстон престојуваше во куса посета на Македонија во рамките на која имаше средби со претседателот Борис Трајковски и министрите за одбрана и за внатрешни работи Владо Бучковски и Љубе Бошковски.

Даниел Спекхард, амбасадорот на НАТО - интервју за А1

А1 - 21.08.2001

Нато ќе ги спореди своите разузнавачки информации, понудата на теротистите за количеството на оружјето со кое располага ОНА, во интервју за А1 амбасадорот на НАТО, Даниел Спекхард. А1: Господинот Ралстон вчера беше во Македонија за да ја испита ситуацијата, дали има услови за да се започне ...

Зелено светло за „Жетва“

А1 - 21.08.2001

Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон е подготвен вечерва по седницата на Советот на НАТО да даде активирачка наредба за операцијата "Неопходна жетва" за собирање на оружјето од албанските терористи во Македонија. Според процедурите, доколку во периодот до активирање на наредбата ниедна од ...

Ќе се собира оружјето од секој што сака да го даде

Вест - 21.08.2001

ГЕНЕРАЛОТ РАЛСТОН - ГЕНЕРАЛНА ПРОБА ЗА ДОАЃАЊЕТО НА НАТО Во Македонија пристигна генерал Џозеф Ралстон, командант на здружените сили на НАТО за Европа, за да се увери лично дали постојат услови за започнување на операцијата"Неопходна жетва".

По разоружувањето на ОНА, македонската Влада ќе се справи со АНА

Дневник - 21.08.2001

НАТО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ОПЕРАЦИЈАТА "ЖЕТВА" Договорениот прекин на огнот мора да се почитува за да се исполнат условите за целосно распоредување на трупите на НАТО заради собирање на оружјето од албанските екстремисти, предупреди вчера портпаролот на Алијансата, мајорот Бери Џонсон.

Генералот Џозеф Ралстон во супервизија на прекинот на огнот

Дневник - 21.08.2001

КОМАНДАНТОТ НА НАТО ЗА ЕВРОПА ВО СКОПЈЕ Командантот на силите на НАТО за Европа, генерал Џозеф Ралстон, вчера престојуваше во работна посета на Македонија за лично да се увери до каде е исполнувањето на условите за целосно распоредување на силите на НАТО.

Македонскиот државен врв се запозна со планот за „Жетва“

А1 - 20.08.2001

Врховниот командант на НАТО за Eвропа генерал Џозеф Ралстон денеска во Скопје му го изложи на македонскиот државен врв планот на НАТО за операцијата "Неопходна жетва", кој утре ќе го разгледува и Советот на НАТО. Според овој план, кај двете страни вмешани во конфликтот треба да се врати довербата.

Неопходно одржување на прекинот на огнот

А1 - 20.08.2001

Претставниците на НАТО денеска уште еднаш предупредија на неопходност од придржување кон договорениот прекин на огнот за да можат да бидат исполнети условите за целосно распоредување на силите на Алијансата. "Нема да дадам карактеристика за синоќешното прекршување на прекинот на огнот во Тетово.

Печатот - сомничав за успехот на операцијата на НАТО

А1 - 20.08.2001

Укажувајќи дека прес конференцијата на лидерот на таканаречената ОНА во тетовското село Шипковица била "внимателно испланиран медиумски настап", лондонскиот весник "Times" објавува дека Али Ахмети, но и неговите борци, "не претставуваат одраз на ветувањата оти ќе го предадат оружјето".

НАТО не верува во АНА

Вест - 20.08.2001

Официјално, НАТО одрекува дека групата што се идентификува како АНА би можела да предизвика проблеми во операцијата за собирање на оружјето Војниците на НАТО вчера дојдоа во Македонија, пред посетата на главниот командант на алијансата о Европа, генерал Џозеф Ралстон, кој ќе дојде денеска за да ...

Натовци само на раат ќе "жнеат" оружје

Дневник - 20.08.2001

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА "НЕОПХОДНА ЖЕТВА" Командантот на НАТО за Европа, генералот Џозеф Ралстон, денеска треба лично да се увери во безбедноста на операцијата, по што НАТО треба да донесе конечна одлука за распоредување на наменските сили на теренот Претходницата од 400 војници на ...