TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Безбедносната ситуација стабилна, но не и тивка

А1 - 01.06.2003

„Безбедносната ситуација е стабилна, но не е тивка“, изјави денеска поранешниот командант на двајцата полски војници од НАТО кои загинаа кај Сопот, а во моментов шеф на регионалниот штаб на ЕУФОР во Куманово, потполковник Дитер Браун Хефрен, мислејќи на вчерашната закана од командант Чакал од АНА ...

Тимови на МВР деминираат во Липковско и на Скопска Црна Гора

Дневник - 31.05.2003

ПО ВЕСТА ЗА МИНИРАНИ ПОДРАЧЈА Безбедносната состојба е влошена по апсењето на двајцата Албанци од Сопот, чии соселани бараат итно да бидат ослободени Министерството за внатрешни работи ќе испрати деминерски тимови за да испитаат дали се минирани подрачјата во Липковско и на Скопска Црна Гора.

Повлечен ултиматумот во Липково

Канал5 - 31.05.2003

Ултиматумот е повлечен, мегутоа на одредено време -ваков бил одговорот од претставници на локалното население даден на делегацијата од ДУИ, Али Ахмети и заменик министерот за внатрешни работи, Фатмир Дехари, кои се вратиле синока од липковскиот регион.

Меѓународната заедница ја поддржува акцијата во Сопот

А1 - 30.05.2003

Во целост ги поддржуваме македонските власти во нивните напори да ги изведат пред лицето на правдата извршителите на нападот кај Сопот, во кој на почетокот на март при експлозија на мина загинаа двајца припадници на НАТО и двајца цивили, се вели во денешната заедничка изјава на специјалниот ...

Жителите од Ваксинце, Слупчане и Сопот го повлекоа ултиматумот

А1 - 30.05.2003

Жителите од Ваксинце, Слупчане и Сопот го повлекоа ултиматумот, со кој пред два дена се заканија дека доколку за 48 часа не бидат ослободени Сулејман Сулејмани од Сопот и Аргим Рочовски од Струга, ќе ги киднапираат полицајците кои патролираат во кумановскиот регион, без оглед дали се Македонци или ...

ОНА повторно се активира

Вест - 30.05.2003

РАСТЕ ТЕНЗИЈАТА ВО ЛИПКОВСКИОТ РЕГИОН Команданти на ОНА, која две години се води како распуштена паравоена формација, а нејзините водачи седат во власта, се заканиле дека ако за 48 часа не се ослободат лицата приведени при полициската....

Сопот внесе криза во владината коалиција

Утрински - 30.05.2003

Според "Факти", Ахмети му се заканил на Црвенковски "Гостивар на Црвенковски од 1997 година, по втор пат се случи во селото Сопот, каде што македонската полиција малтретирала осум невини Албанци. Поради ова во вторникот навечер средба имале премиерот Бранко Црвенковски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ...

Ахмети му се заканил на Црвенковски дека ќе ја напушти Владата, па се повлекол

Дневник - 30.05.2003

ПО ПОЛИЦИСКАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО СОПОТ Лидерот на ДУИ, притиснат од Џезаир Шакири-Хоџа, побарал од премиерот да ги најде и да ги казни полицајците што употребиле прекумерна сила при претресот во Сопот Односите меѓу СДСМ и ДУИ полека се смируваат, откако пред два дена тие максимално се заладија по ...

Ултиматум во Липковско

Канал5 - 30.05.2003

Три непознати лица претпладнево повторно им упатиле закани на припадниците на мешаните полициски патроли, потсетувајки ги дека ултиматумот од 48 часа за ослободување на уапсените од Сопот изминува. Според неофицијалните информации непознато е на кој Три непознати лица претпладнево повторно им ...

Евросилите не потврдиле закани на Албанци од Сопот

А1 - 29.05.2003

Мировната мисија на Европската унија во Македонија, „Конкордија“ не потврдила дека локалните жители од Сопот им се заканувале на припадниците на мисијата дека ќе поставуваат мини на патот доколку продолжи патролирањето. „Одговорот што го даде портпаролот на „Конкордија“, Филип Сулие беше: Не знаеме ...

Во поранешните кризни региони се зголемува насилството, ама не драстично

Вест - 29.05.2003

ПРЕС - КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕУ, НАТО И ОБСЕ ПН ОБСЕ нема податоци дали при апсењето во Сопот полицијата ги пречекорила овластувањата "ОБСЕ забележува извесно зголемување на насилството во Кумановско и во поранешните кризни региони", изјави портпаролот на ОБСЕ Волфганг Гревен, на вчерашната заедничка ...

Се враќа довербата во полицијата кај Албанците во Кумановско

Утрински - 29.05.2003

Според претставниците на меѓународната заедница во земјава ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Се враќа довербата на албанското население од поранешниот кризен Кумановски регион во полицијата и во властите, оценуваат претставниците на меѓународната заедница во Скопје, како заклучок на барањето на лидерите од ...

Минирани Липковско и Скопска Црна Гора?

Дневник - 29.05.2003

"ДНЕВНИК" ОТКРИВА ЗОШТО ОБСЕ НЕ ПАТРОЛИРА ВО КУМАНОВСКО Локални Албанци пријателски им препорачале на тимовите на ОБСЕ да не патролираат во тие реони, бидејќи биле поставени мини на повеќе патишта Албанци од Липковско завчера ги спречиле екипите на ОБСЕ да се движат по патот Белановце - Слупчане во ...

Ќе се преиспитува полициската акција во Сопот

А1 - 28.05.2003

МВР ќе формира комисија која ќе испитува дали е направено пречекорување за време на приведувањето на Сулејман Сулејмани (58) од Сопот, осомничен дека учествувал во организирањето и подметнувањето на мината на патот кај ова село, кога загинаа двајца војници на НАТО и двајца локални жители.

ОБСЕ: Зголемено насилство во кризните региони

А1 - 28.05.2003

„ОБСЕ забележува во извесен степен зголемување на насилството во кумановскиот регион и во поранешните кризни региони“, изјави портпаролот на ОБСЕ Волфганг Гревен, на денешната заедничка прес-конференција на НАТО, ОБСЕ и Европската унија.

Приведено едно лице поради експлозијата на мина во Сопот

Утрински - 28.05.2003

Акција на МВР во Кумановско МВР лиши од слобода едно лице поради индикации за негова инволираност во терористичкиот акт во непосредна близина на селото Сопот, Кумановско, каде што од експлозија на мина, на која налета теренско возило на НАТО, загинаа четири лица.

ДУИ бара учество на Албанци во полициските акции

А1 - 27.05.2003

Реакциите на жителите Албанци на селото Сопот дека полицијата ги малтретирала за време на прексиноќешната акција, денеска ги собраа на едно место Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Хари Костов. За содржината на разговорот и за евентуалните заклучоци официјално молк и од двете страни.

Уапсено лицето осомничено за подметнaтата мина кај Сопот

А1 - 26.05.2003

Полицијата синоќа го уапсила 57-годишниот С.С. од селото Сопот, осомничен дека е вмешан во подметнувањето на мина на патот меѓу селата Сопот и Сушево. МВР соопшти дека во текот на ноќта во Сопот е спроведена планирана акција за пронаоѓање на лицата директно вмешани во терористичкиот напад од кој ...