TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Канатларовски поднесе оставка

А1 - 13.02.2005

Драган Канатларовски од денеска не е селектор на нашата сениорска фудбалска репрезентација. По двата дебакла против Андора и по неколкудневниот одмор, популарниот „Цапар“, до канцеларијата на ФФМ и до претседателот Хари Хаџиристески поднел неотповиклива оставка.

Канатларовски директор, а Станојковиќ селектор на репрезентацијата

Утрински - 12.02.2005

Многу опции за селекторското место до крајот на овие квалификации САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Отказ или оставка на селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Драган Канатларовски, по срамното реми против Андора, дилема која најверојатно ќе добие своја разрешницав понеделник.

Цапар со оставка в понеделник

Вечер Прес - 12.02.2005

Драган Канатларовски, од понеделник, повеќе нема да биде селектор на македонската фудбалска репрезентација. Во изјава за "Вечер", популарниот Цапар најави дека задутре, на прес-конференција, ќе ја соопшти својата одлука за заминување од кормилото на националниот тим.

Цапар лета на следната седница на УО, доаѓа странец?

Време - 11.02.2005

ПО ЗАВЧЕРАШНОТО РЕМИ СО АНДОРА ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП Златко Крстевски Огромна е веројатноста дека македонскиот фудбалски селектор Драги Канатларовски ќе биде разрешен од функцијата на следната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, дознава „Време“.

Канатларовски размислува за оставка

Вест - 11.02.2005

По ремито со Андора По срамното реми против Андора селекторот на нашата фудбалска репрезентација Драган Канатларовски - Цапар на вчерашниот прес најави дека размислува да поднесе оставка. - Свесен сум за одговорноста по ремито со Андора, но ќе оставам да се одморам три-четири ден.

Фудбалот е игра во која Македонците не можат да и дадат гол на Андора

Време - 11.02.2005

ФУДБАЛ - НАМЕСТО ИЗВЕШТАЈ ОД СРАМОТ Македонија вторпат не ја победи Андора, откако прексиноќа срамно ремизира без голови со малата фришоп-држава, во меч од квалификациите за Светското фудбалско првенство во Германија во 2006 година.

Агонијата продолжи со нов срам

Вест - 11.02.2005

Квалификации за Светското првенство 2006 година во Германија Шиткачи..., оставка.... - беа извиците од јужната трибина наменети за нашата резервна клупа. - По мечот демолирани над стотина столчиња на најголемата трибина на "Градски" Лекцијата од првиот натпревар од Ла Вела очигледно не ја научивме.

Драган Канатларовски не поднесе оставка

Утрински - 11.02.2005

Брифинг на селекторот на репрезентацијата по срамното реми со аутсајдерот Андора По последните случување најверојатно ќе пресече Управниот одбор на ФФМ Емил Китановски Тринаесет часови по завршувањето на уште една срамна епизода за македонскиот фудбал, селекторот на репрезентацијата, Драган ...

Играчите испуштија премија од 1.000 евра

Утрински - 11.02.2005

Раководството на Фудбалската федерација револтирано по ремито со Андора Пред дуелот со Андора, ФФМ обезбеди 20.000 евра за премиите од ремито со Холандија Емил Китановски По примерот на народната икучињата си лаат, а караванот си врвиии по последните збиднувања и срамното реми на фудбалската ...

Уметничко лизгање

Дневник - 11.02.2005

Коментар - Милорад Стојмановски Најдобрите македонски фудбалери од завчера дефинитивно ги "замрзнаа" односите со она малку публика што им дојде на минус пет. За џабе дојдоа на стадион, но не затоа што влезот беше бесплатен. "Слатката одмазда" кон должникот Андора не врати во горчливата реалност: ...

Канатларовски овој пат навистина заминува

Дневник - 11.02.2005

АНДОРА ГО МЕНУВА МАКЕДОНСКИОТ СЕЛЕКТОР Драги Канатларовски-Цапар заминува од селекторската фотелја на македонската фудбалска репрезентација. Прашање е кога ќе го соопшти тоа официјално. - Разбирам дека најмногу ве интересира оставката. Ми требаат два-три дена добро да размислам.

Натпревар под секоја нула

Дневник - 11.02.2005

ФУДБАЛ - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2006, Група 1 На замрзнатиот терен и на поларна температура, вторпат не успеавме да # дадеме гол на Андора Македонската фудбалска репрезентација и во вторите квалификациски 90 минути за СП 2006 не и даде гол на Андора.

Пред мечот репрезентативците поделија 20.000 евра

Дневник - 11.02.2005

За ремито со Холандија (2-2) македонските репрезентативци пред мечот со Андора ја поделија премијата од 20.000 евра. Доколку ја совладаа Андора, ќе заработеа уште по 1.000 евра. Аматерската селекција ги чини вкупно 2.000 евра помалку, бидејќи по поразот во Ла Вела, македонските репрезентативци сами ...

Цапар: Не поднесувам оставка, сакам да размислам

Вечер Прес - 11.02.2005

Селекторот на македонската репрезентација Драган Канатларовски, не планира, засега, да поднесе оставка. По една (не)проспиена вечер и срамното реми со Андора, Цапар одржа брифинг со новинарите, во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија. "Не поднесувам оставка.

Македонскиот фудбал на критична точка по ремито со Андора

А1 - 10.02.2005

Македонскиот репрезентативен фудбал пред сериозен крстопат по вториот нокаут од Андора. Против пиринејските анонимуси без постигнат гол, со само еден бод од можните шест. Урнат скромниот углед, запечатен дебаклот во пропаднатиот квалификациски циклус.

Канатларовски ќе размисли дали да поднесе оставка

А1 - 10.02.2005

Македонската фудбалската јавност се уште во шок по вчерашниот нерешен резултат 0:0 на националната репрезентација со Андора. Селекторот Драган Канатларовски денеска не понуди оставка, како што направи по октомврискиот пораз. Сериозно размислува да ја напушти функцијата, но побара неколку дена за ...

Уште еден голем срам со Андора

Утрински - 10.02.2005

Македонија не успеа ни на Градски стадион во Скопје да го победи големиот аутсајдер Само 0:0 со аматерите од малото кнежевство. Нашите играчи крајно неубедливи Емил Китановски Аматерите од Андора ја пишуваат својата фудбалска историја во мечевите со нашата репрезентација - Македонија вчера во една ...

И втор пат фудбалската селекција не ја победи Андора

А1 - 09.02.2005

Репрезентација на Андора е најголемата мистерија со која се сретнал нашиот најдобар фудбалски состав. Вторпат во квалификацискиот циклус за Светското првенство следната година, македонската селекција не успева да го совлада тоталниот аутсајдер во европскиот фудбал.

Дојде денот за срамнување на сметките

Вест - 09.02.2005

Во рамките на квалификациите за СП-2006, нашата фудбалска репрезентација денеска игра со Андора Нашите ќе играат со засилен среден ред и напад; -Канатларовски со своите избраници повеќе работеше на психолошкиот момент отколку на терен.

Нема да се избира начин за да се даде гол

Време - 09.02.2005

ФУДБАЛ - ДЕНЕСКА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2006, МАКЕДОНИЈА - АНДОРА Нема да избираме начин како да дојдеме до голот за да постигнеме погодок, вели македонскиот фудбалски капитен Артим Шаќири, пред денешниот квалификациски меч за пласман на Светското првенство в година во Германија, против Андора (Градски ...

Време за слатка одмазда над аматерите од Андора

Утрински - 09.02.2005

Прв квалификациски меч во новата година, Македонија - Андора (16 ч), Градски стадион во Скопје Емил Китановски Да се оствари првата победа во новата година, и со аматерскиот состав од Андора да се израмнат сметките, се двете главни пораки на шефот на Стручниот штаб на фудбалската репрезентација на ...

Гол ќе падне, ако треба и од центар

Дневник - 09.02.2005

ФУДБАЛ - КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2006: ДЕНЕСКА (16 Ч.) МАКЕДОНИЈА - АНДОРА "Гол ќе падне, ако треба и од центар. Нема да размислуваме како, туку треба да ја затресеме мрежата што поскоро". Таков рецепт за денешниот очекуван триумф во квалификацискиот меч за СП 2006, против аутсајдерот Андора, во 16 ...

Канатларовски најавува офанзивна игра против Андора

А1 - 08.02.2005

Македонската фудбалска репрезентација, последниот тренинг пред утрешниот квалификациски реванш со Андора го одржа првпат во комплетен состав. Дилемите на селекторот Драган Канатларовски за стартните единаесетмина се можеби само во функција да се сочува смиреноста и максимално сериозниот пристап кон ...

Пандев подготвен,"Турците" пристигнуваат денеска

Вест - 08.02.2005

Пред утрешниот квалификациски меч со Андора Ударот во ногата што нашиот репрезентативец Горан Пандев го доби на завчерашниот првенствен натпревар Милан - Лацио не е од посериозен карактер и тој ќе биде подготвен за утрешниот квалификациски дуел на нашата репрезентација со Андора.

Милошевски, Ставревски и Игњатов сў уште завеани во Турција

Утрински - 08.02.2005

Технички проблеми за Стручниот штаб на селекторот Драган Канатларовски Емил Китановски Очекувањата или поточно речено најавите на шефот на Стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација Драган Канатларовски дека во текот на вчерашниот ден конечно ќе се комплетира неговиот тим за жал не се ...

И на минус 15 загреани за реванш

Дневник - 08.02.2005

ФУДБАЛ - МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СЃ УШТЕ НЕКОМПЛЕТНА ЗА ДУЕЛот СО АНДОРА И на 15 Целзиусови степени под нулата опстојуваат желбите на македонските фудбалски репрезентативци за реванш против Андора, на утрешниот квалификациски натпревар за Мундијалот 2006 во Скопје (16 ч.).

Фудбалската репрезентација речиси комплетна тренираше на Градски

А1 - 07.02.2005

Во пресрет на квалификацискиот меч на фудбалската селекција со Андора, и покрај лошите услови денеска речиси во комплетен состав репрезентативците тренираа на Градски. 15 од 18-те планирани фудбалери од денеска му се на располагање на селекторот Канатларовски.

На првиот собир дојдоа само петмина

Време - 07.02.2005

ФУДБАЛ - ЗАДУТРЕ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2006: МАКЕДОНИЈА - АНДОРА Никола Богојевски Мотивот и желбата да го вратиме стариот долг на репрезентацијата на Андора ќе пресудат в среда, рече Драги Канатларовски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, на собирот на националниот тим.

Желбата за реванш - наш најголем мотив

Вест - 07.02.2005

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за мечот со Андора Да му се реваншираме на аутсајдерот за срамниот пораз од првиот меч ќе биде наш најголем мотив - истакна селекторот на македонската фудбалска репрезентација Драган Канатларовски - Цапар на пресот пред квалификацскиот натпревар ...

Поради повреда отпадна Игор Јанчевски

Утрински - 07.02.2005

Започнаа подготовките на фудбалската репрезентација пред мечот со Андора Александар Васовски: На селекцијата на Андора ќе и се реваншираме со камата Емил Китановски Со првата прозивка која селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Драган Канатларовски ја изврши вчера точно напладне во ...

Андора беше само еден лош сон

Дневник - 07.02.2005

ФУДБАЛ - РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА СЕ КОМПЛЕТИРА ЗА ПРВИОТ НАСТАП ГОДИНАВА Со вакво убедување настапи селекторот Канатларовски и новопечениот интернационалец Васоски, на вчерашната прозивка на која навреме пристигнаа само петмина кандидати "Андора беше само еден лош сон, што ни направи фудбалски кошмар на ...

Само пет фудбалери на собирот!

Вечер Прес - 07.02.2005

Со двајца без тројца пристигнати фудбалери (поточно петмина!), македонската фудбалска репрезентација ја започна операцијата "одмазда против Андора”. Како што е познато, во рамките на Првата квалификациска група за пласман на СП 2006, Македонија на 9 февруари (16 ч.