TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Најмалку 41 загинати во пожарите на Пелопонез

Макфакс - 05.08.2007

Атина Најмалку 41 лицe загинаа во двата пожари што неколку дена беснеат на територијата на грчкиот полуостров Пелопонез, јавуваат грчките медиуми. Само во текот на изминатата ноќ, пожарникарските и спасувачките екипи ги пронајдоа телата на 20 лица.

Потрошени еден милион денари за гаснење на пожарите

Вест - 04.08.2007

ПОЖАРИТЕ СТИВНУВААТ Дирекцијата за заштита и спасување минатиот месец регистрирала околу 565 пожари, кои опожариле површина од околу 5,5-6 илјади хектари. "Трошоците за гаснење на пожарите изнесуваат околу еден милион денари, но оваа бројка не е конечна.

Пожарите стивнуваат, активни се уште седум жаришта

Утрински - 04.08.2007

Најкритичен беше 25 јули, кога низ Македонија беснееја 44 пожари СВЕТЛАНА УНКОВСКА Пожарите низ Републикава значително се намалени, а голем дел се држат под контрола, но сепак, активни се уште седум жаришта, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активни седум пожари

Дневник - 04.08.2007

Седум пожари се активни во моментот на територијата на Република Македонија, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според истиот извор, пожарот во Јасен е се' уште активен и во неговото гаснење учествуваат околу 90 војници.

Милион денари за гаснење на 565 пожари

Вечер Прес - 04.08.2007

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Коста Јовчевски изјави дека поголем дел од пожарите се изгаснати, а некои помали се контролираат. - На 25 јули имаше 44 пожари, што претставуваш е кулминација и оттогаш интензитетот се намалува.

Италија испрати два „канадери“ за гаснење на пожарите во Албанија

Макфакс - 04.08.2007

Тирана Италијанската Влада, на барање на албанските власти, испрати два авиона од типот „кандер“ за гаснење на пожарите во Албанија, јави дописникот на Макфакс. Авионите, кои пристигнаа синоќа на аеродромот „Мајка Тереза“ кај Ринаси, од денеска се на терен и гаснат пожари во северниот дел на ...

За справување со пожарите - опрема од 50.000 долари

Вечер Прес - 04.08.2007

Опрема во вредност од 50.000 долари за справување со пожарите, како помош на македонската Владата да одговори на големите пожари и додели Владата на Соединетите Американски Држави, преку Канцеларијата на УСАИД за странска помош при несреќи (ОФДА).

Јасен и тромеѓе - најкритични!

Вечер Прес - 04.08.2007

Пожарот кај "Јасен" е се уште активен. Има четири жаришта со борова шума и едно со сува трева. Сите се со должина од по два километри, соопшти Центарот за управување со кризи. Во гаснењето интервенираат 90 војници и 15 луѓе од Националниот парк "Јасен".

Најмалку шест лица загинаа во пожарите на полуостровот Пелопонез

Макфакс - 04.08.2007

Атина Најмалку шест лица загинаа во пожарите што ја зафатија областа во близина на градот Аерополис, јужен Пелопонез, соопштија локалните власти. Локалните медиуми денеска јавија дека меѓу жртвите има и еден пожарникар кој починал од срцев удар додека се борел со пламените оган.

Најмалку 15 лица загинаа во пожарите на полуостровот Пелопонез

Макфакс - 04.08.2007

Атина Најмалку 15 лица загинаа во двата големи шумски пожари, кои го зафатија грчкиот полустров Пелопонез. Ова се новите податоци од грчките противпожарни служби. Претходно беше соопштено дека пожарот на Пелопонез брзо се шири поради силните ветрови .

Во пожарите изгореа 6.000 хектари шума

А1 - 03.08.2007

Шест илјади хектари шума изгореа во пожарите кои повеќе од еден месец непрестајно беснеат низ Македонија. Ова се последните информации од Дирекцијата за заштита и спасување, но не и официјално крајни, оти во моментов се уште се активни седум пожари. Само во јули се регистрирани 565.

Изгорени повеќе од 1.200 хектари шума

Дневник - 03.08.2007

Опасноста од пожарите се' уште не е избегната, па ќе треба добро да се организираме бидејќи летото е пред нас, велат од Кризниот штаб за Општина Велес Повеќе од 1.200 хектари шума изгореле во двата блоковски пожара што ги зафатија планините Јакупица и Црн Врв, а материјалната штета допрва ќе се ...

Стивнуваат пожарите во Македонија

Канал5 - 03.08.2007

Дирекцијата за заштита и спасување денеска излезе со податоци дека во минатиот месец на територијата на Македонија избувнале 565 шумски пожари кои опожариле околу 6 илјади хектари. Дирекцијата за заштита и спасување денеска излезе со податоци дека во минатиот месец на територијата на Македонија ...

ДСЗ за активностите за пожарите

Макфакс - 03.08.2007

Скопје Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ќе информира за активностите превземени за справување со пожарите во Македонија. ДЗС покрај за превземените мерки ќе информира за сегашната состојба, како и за техничката опременост на републичките сили за заштита и спасување и опременоста на ...

Седум пожари активни низ целата земја

Макфакс - 03.08.2007

Скопје Седум пожари се активни во моментот на територијата на Република Македонија, информираат од Центарот за управување со кризи(ЦУК). Според истиот извор, пожарот во Јасен е се уште активен и во неговото гаснење учествуваат околу 90 војници.

Пожарите во Јасен и на Беласица се уште активни

Макфакс - 03.08.2007

Скопје Пожарот во Јасен е се уште активен и во неговото гаснење учествуваат околу 90 војници, информираат од Центарот за управување со кризи(ЦУК). Поголем пожар беснее и на планината Беласица, на тромеѓето меѓу Македонија, Бугарија и Грција.

САД донира противпожарна опрема вредна 50.000 долари

Макфакс - 03.08.2007

Скопје Американската влада, преку Канцеларијата на УСАИД, ќе обезбеди опрема од 50.000 долари за справување со пожарите, како помош на македонската Влада. Како што е денеска соопштено, американската амбасадорка во Македонија, Џилијан Миловановиќ на 25 јули, ги известила властите во Вашингтон за ...

Повеќе од 80 отсто од пожарите ги предизвикале луѓе

Време - 02.08.2007

ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ Повеќе од 80 отсто од пожарите во Македонија биле предизвикани од човечки фактор, соопшти вчера Центарот за справување со кризи. Во пожарите досега изгореле повеќе од д 5.000 хектари шума. Центарот вчера апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни, совесни и ...

Пожарите низ земјава се уште активни

А1 - 01.08.2007

Пожарот кај националниот парк Јасен се уште е активен. Има четири жаришта со борова шума и едно жариште со сува трева. Сите се со должина од по два километра. Во Македонски Брод кракот кој се движи од Патишка река кон националниот парк Јасен се уште е активен. Ангажирано е и месното население.

Германски хеликоптери вклучени во гасењето пожари во Албанија

А1 - 01.08.2007

Германија одговори позитивно на барањето на Албанија за давање помош во гасењето на големиот број пожари во таа земја. Два специјализирани хеликоптери од типот „АС 350 БА“, пристигнаа синоќа на аеродромот „Мајка Тереза“, во близината на Тирана.

Закажан пожар

Утрински - 01.08.2007

Кич-митологии ВЕНКО АНДОНОВСКИ Предлог до премиерот: купете наесен милион садници и повикајте не' сите на масовно петдневно пошумување Деновиве на Македонија и' се случува најголемата катастрофа која може да се случи, ако се изземе војната: пожарите.

Ветровите ги разгоруваат недозгаснатите пожари

Утрински - 01.08.2007

За полесно справување со пожарите помагаа канадери, хеликоптери, авиони и противпожарна опрема од многу држави и меѓународни организации Голема меѓународна помош за справување со огнените стихии во Македонија СВЕТЛАНА УНКОВСКА Поради тешкото справување со огнените стихии што пустошат низ цела ...

ООН ни донира 230.000 долари за сузбивање на пожарите

Дневник - 01.08.2007

Агенциите на Светската организација обезбедија помош од 230 илјади американски долари помош за справување со пожарите во Македонија, соопштено е во Скопје. Грант за итни потреби од 30 илјади долари обезбеди канцеларијата на ООН за координација на хуманитарните активности (УНОЦХА) за набавка на ...

Шумите се уште горат

Дневник - 01.08.2007

Околу 6.000 хектари шума изгоре во изминатите десетина дена, во вкупно 97 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи. Нови пожари од вчера има во Гостиварско, во Сопиште, Скопско и во Безиково, Македонска Каменица, а ветерот што прексиноќа почна да дува разгоре и дел од локализираните.

Пожарите изгореа 40 милиони евра

Дневник - 01.08.2007

Ќе се зголеми опасноста од поплави, ќе има помалку кислород, а дивите животни ќе се преселат на други места, велат експертите Штетите од пожарите што ја зафатија земјава последниов месец неофицијално се проценуваат најмалку на 40 милиони евра.

ЦУК апелира на внимателно однесување за време на илинденските празници

Канал5 - 01.08.2007

Во пожарите во Македонија досега изгореа повеќе од 5.000 хектари шума, а над 80 проценти од огнените стихии се предизвикани од човек, информира Центарот за управување со кризи. Скопје, 1 август (МИА) - Во пожарите во Македонија досега изгореа повеќе од 5.000 хектари шума, а над 80 проценти од ...

Шумските пожари во Шпанија зафаќаат нови области

Макфакс - 01.08.2007

Мадрид Шумските пожари во Шпанија зафаќаат нови области, како на Канарските острови, така и во континенталниот дел од државата, официјално е соопштено. Според податоците од шпанското Министерство за животна средина, моментално, најзагрижувачка е ситуацијата на островот Тенерифе, каде што и покрај ...

Уапсени 73 лица осомничени за пожарите во Грција

Макфакс - 01.08.2007

Атина Грчката полиција уапси 73 лица осомничени за предизвикување на 52 пожари што во изминатите четири дена ја зафатија Грција. Според првичните информации, пожарот намерно го предизвикале 28 лица, 41 лице го направиле тоа од невнимание, а четворица од уапсените имале обид за предизвикување оган.

Германски хеликоптери вклучени во гасењето пожари во Албанија

Макфакс - 01.08.2007

Тирана Германија одговори позитивно на барањето на Албанија за давање помош во гасењето на големиот број пожари во таа земја. Како што јави дописникот на Макфакс, два специјализирани хеликоптери од типот АС 350 БА, пристигнаа синоќа на аеродромот „Мајка Тереза“, во близината на Тирана.

Пожарите во Грција ги гасат и пожарникари од Србија

Макфакс - 01.08.2007

Белград Министерството за внатрешни работи на Србија денеска упати во Грција 55 пожарникари и шест противпожарни возила, кои ќе учествуваат во гасењето на пожарите на Пелопонез. Помошта во гасењето пожари на Пелопонез, е упатена по молба од грчката служба за заштита на пожари, соопштено е во ...

Изгореа над 5.000 хектари шума

Макфакс - 01.08.2007

Скопје Над 5.000 хектари шума изгореа во огнената стихија што ја зафати Македонија, соопшти Центарот за управување со кризи, а 80 отсто од пожарите се предизвикани од човек. Пожарот кај националниот парк Јасен е сеуште активен, зафатена е голема површина.

Грција формира еколошка полиција за борба со пожарите

Макфакс - 01.08.2007

Атина Грција ќе формира еколошка полиција чија основна намена ќе биде превентива и справување со пожарите. Ваква одлука, како што пренесува Макфакс, била донесена на седница на владиниот Совет за национална одбрана. Министерот за јавен ред Вирон Полидорас, на прес конференција соопшти дека во ...

Грција не инвестирала ни евро од европските пари наменети за пожарите

Макфакс - 01.08.2007

Атина Грција од 2000-та година па наваму не инвестирала ни евро од 33-те милиони евра, пари доделени од европскиот Фонд за солидарност за борба и превенција од пожарите, пренесуваат грчките медиуми. „Со години грчките власти не се грижат за националното богатство, па се случи она што се очекуваше“, ...

Под контрола пожарот во источна Шпанија

Макфакс - 01.08.2007

Мадрид Пожарот што опустоши најмалку 2,000 хектари површина од вторникот во Шпанија во подрачјето на Кастелон, попладнево е речиси целосно под контрола, соопшти шпанската министерка за животна средина Кристина Нарбона. „Со оглед на метеоролошките услови, коишто се подобри отколку претходните денови ...

Пет пожари се уште активни во Македонија

Макфакс - 01.08.2007

Скопје Пет пожари се уште се активни на целата територија на Македонија, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците активен е пожарот на планината Галичица, во месностите Тумба и Дива Јасика, каде од утрината се интервенира со хеликоптер на АРМ.

Јасен се уште гори

Вечер Прес - 01.08.2007

Огнот во националниот парк Јасен се уште е активен. На четири жаришта гори борова шума, при што се опожарени околу 50 хектари. На едно жариште гори сува трева, која од страна на Патишка Река се приближува кон Јасен. Огнената стихија кај кичевското село Крушица е ставен под контрола, јавија од ...

Шест пожари активни во Македонија

Макфакс - 01.08.2007

Скопје Активни шест пожари моментно беснеат во Македонија, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот кај село Ореше, велешко, е активен од пред шест дена при што е опожарена дабова и букова шума на површина од 200 до 250 хектари.

Евакуирани 125 лица поради пожари во источна Шпанија

Макфакс - 01.08.2007

Мадрид Евакуирани се 125 лица од нивните домови во источна Шпанија поради шумски пожар кои што се шири брзо поради силните ветрови. „Пожарот избил во провинцијата Кастелон, северно од Валенсија и досега зафатил три илјади хектари шума“, соопшти шпанскиот министер за животна средина, Кристина ...

Русија предлага воздушна флота за пожарите

А1 - 31.07.2007

Русија им предлага на балканските земји да формираат заедничка воздушна флота за гаснење на пожари, сметајќи дека така земјите од регионот ќе бидат многу поефикасни. За среќа, пожарите низ државава полека стивнуваат. Нови пожари во Куманово и во Гостивар.

Се уште активен пожарот кај Јасен

А1 - 31.07.2007

Центарот за управување со кризи информира дека пожарот кај националниот парк Јасен е се уште активен. Има пет жаришта во должина од по два километра. На четири жаришта гори борова шума, а на едно сува трева која од страна на Патишка Река се приближува кон Јасен.

Пиромани - профитери ја пеплосаа земјава

Време - 31.07.2007

МАКЕДОНСКИТЕ ШУМИ ОПУСТОШЕНИ Емил Зафировски МВР се сомнева дека најголем дел пожари што веќе десетина дена ја пустошат Македонија биле подметнати за да се извлече материјална корист. Според Министерството, засега се откриени и фатени неколку подметнувачи, а полицијата интензивно работи на ...

Доброволците за гасење пожари да се пријават во Општина Аеродром

Утрински - 31.07.2007

Општинарите од Аеродром информираат дека сите заинтересирани граѓани кои сакаат доброволно да помагаат при гасењето на пожарите што беснеат низ целава држава, можат да се пријават во Општината. Сите информации можат да се добијат на телефон 2401 - 529 кај лицето Жарко Чаушевски.

Да ја озелениме снеубавена Македонија

Утрински - 31.07.2007

ЕДИТОРИЈАЛ СВЕТЛАНА УНКОВСКА Македонија буквално е пеплосана од пожарите што пустошеа изминатите денови низ целата земја. Иако имаше мало затишје и надеж дека со нив целосно ќе се справиме, сепак, огнената стихија продолжи да го соголува и она што остана малку на планините.

Десет милијарди евра за санирање на штетите од пожарите во Грција

Утрински - 31.07.2007

Атина - Повеќе од десет милијарди евра ќе чини санацијата на штетите предизвикани од пожарите во Грција, објави денеска весникот „Та Неа“. Средствата се неопходни за изградба на заштитна инсталација од поплави и ерозија на почвата и за финансиска помош на настраданите луѓе и за создавање на работни ...

Пожарите пак пламнуваат и тешко се гаснат

Утрински - 31.07.2007

Помош во канадери, хеликоптери и противпожарна опрема испратија неколку држави СВЕТЛАНА УНКОВСКА Пожарите не можат целосно да се изгаснат, а и оние што се држеа под контрола повторно се распламтуваат. Гори на Солунска Глава, на Скопска Црна Гора, на Галичица, Прилепско, а обновени се и неколку ...

Огнот изгоре 10 милијарди евра во Грција

Дневник - 31.07.2007

Министерот за јавен ред Вирон Полидорас изјави дека повеќето од пожарите биле подметнати Повеќе од 10 милијарди евра ќе чини санацијата на штетите предизвикани од пожарите во Грција, јави МИА. Весникот „Та неа“ објави дека средствата се неопходни за изградба на заштитна инсталација од поплави и ...

Пожарите не стивнуваат, најкритично на Солунска глава

А1 - 30.07.2007

Гори крак кон Солунска глава и Беласица. Запалена е трева во должина од три километри, се движи од бачилата над Патишка река кон Миланков камен и националниот парк Јасен. Во гаснењето се вклучени два германски хеликоптера, а ангажирани се 90 војници.

Повеќето од пожарите во Грција подметнати, тврди грчки министер

А1 - 30.07.2007

Повеќето од пожарите во Грција се должат на смислени палења, изјави грчкиот министер за јавен ред Вирон Полидорас во интервју за атинскиот весник „Вима“. „Нема сопирачки за брокерите за недвижен имот и за потпалувачите, истакна министерот и појасни дека само во последните 20 дена биле пронајдени ...

Со камери против пироманите

Вест - 30.07.2007

УШТЕ ГОРАТ 24 ПОЖАРИ Центарот за управување со кризи во шумите инсталира камери за полесно да ги идентификува пироманите Центарот за управување со кризи во шумите инсталира камери за полесно да ги идентификува пироманите. Од Центарот вчера најавија дека камерите ќе се постават на сите места каде се ...

Опожарена е површина колку 10. 000 фудбалски стадиони

Време - 30.07.2007

ПОЖАРИТЕ СТИВНУВААТ - ШТЕТИТЕ ЗАПЛАШУВААТ Емил Зафировски Сто и педесет години најмалку ќе бидат потребни за да се обноват шумите што беа пеплосани во неколкудневната огнена стихија што ја зафати Македонија и во која изгореа повеќе од 5.000 хектари шумска површина.

По кратко затишје, Mакедонија повторно гори

Утрински - 30.07.2007

Центарот за управување со кризи започна да инсталира камери во шумите, со што ќе се олесни идентификувањето на подметнувачите на пожарите Пожарите низ Македонија повторно се разгоруваат. Откако голем дел од критичните жаришта во петокот и саботата се држеа под контрола, од вчера неколку од нив ...

СДСМ гаснеше пожари, но не носеше новинарски екипи за сликање

Утрински - 30.07.2007

Горан Минчев Не знаевме дека Груевски не може да се справи со пожарите затоа што е отсутна Шекеринска од земјава СОЊА КРАМАРСКА Господине Минчев, СДСМ деновиве истапи со жестоки критики кон Владата за пожарите. Може ли да кажете што (на)прави СДСМ за да помогне земјава да се справи со огнената ...

Камери ќе ги ловат пироманите

Дневник - 30.07.2007

Надлежните се надеваат дека камерите ќе придонесе да се намали бројот на тие што пожарите намерно ги потпалуваат За полесна идентификација на подметнувачите на пожари, од вчера се инсталираат камери во шумите, соопшти Центарот за управување со кризи.

Пожарите во Грција убија 10 луѓе

Дневник - 30.07.2007

Десет лица загинаа во пожарите што изминатиот период ја зафатија Грција, јави Макфакс. Огнените стихија што ја зафати државата од почетокот на минатиот месец уништи и стотици декари горска шума. Според грчките медиуми, секојдневно во Грција избувнуваат над 50 пожари, а од први до 17 јули, во ...

Над 10 милијарди евра потребни за санирање на штетите од пожарите во Грција

Канал5 - 30.07.2007

Повеќе од десет милијарди евра ќе чини санацијата на штетите предизвикани од пожарите во Грција, објави денеска весникот „Та Неа“. Атина, 30 јули (МИА) - Повеќе од десет милијарди евра ќе чини санацијата на штетите предизвикани од пожарите во Грција, објави денеска весникот Та Неа .

Пироманите ќе ги ловат со камери во шумите

Вечер Прес - 30.07.2007

Во тек е инсталирање на камери во шумите низ Македонија, со цел да се олесни идентификувањето на подметнувачите на пожари, соопштија вчера од Центарот за управување со кризи, од каде информираат дека пожарот кај Солунска Глава се уште претставува опасност за националниот парк Јасен.