TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Батлер: Многу ги почитувам и Ѓорчев и Груевски

Утрински - 26.04.2003

Амбасадорот на САД за изборот на нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ По информациите во "Дневник" дека во трката за нов лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чии најсериозни кандидати се Марјан Ѓорчев и Никола Груеевски, наводно, "Груевски зад себе го имал американското лоби, додека земјите на ЕУ дискретно го ...

Сега може секој

Дневник - 26.04.2003

ненад новковски По повод најновите случувања во ВМРО-ДПМНЕ и видувањата на лидерот на партијата за иднината на Македонија, имам обврска да го изнесам мојот личен став пред пошироката јавност. Kако еден од последните останати претставници на појдовното интелектуално крило, ова го сметам за ...

Уморен сум да бидам дежурен виновник

Вест - 25.04.2003

Љубчо Георгиевски официјално најави дека се повлекува од јавната политичка сцена Три пати по ред партијата ја водев во порази. Се чувствувам како предавник на една визија и сон за Македонија, која веќе ја нема Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вчера официјално соопшти дека се повлекува од лидерската ...

ВМРО-ДПМНЕ стои зад потписот на Рамковниот договор

Утрински - 25.04.2003

Интервју на Марјан Ѓорчев за Би-Би-Си Скопје - "Нема никакви дилеми дека нашата партија ќе продолжи по патот на она што значат европски стандарди и она што е став на целата меѓународна заедница кога е во прашање Рамковниот договор", вели Марјан Ѓорчев, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервјуто за ...

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиевски не се вози со службено возило

Утрински - 25.04.2003

Реакција по одлуката на Уставниот суд Скопје - "Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски не се вози со службено возило и не користи државни телохранители и други државни бенефиции", се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод одлуката на Уставниот суд со која се укинува правото на поранешниот ...

Ѓорчев се сретнал со Терал, Груевски со Батлер

Дневник - 25.04.2003

ЛИДЕРСКАТА ТРКА ВО ВМРО-ДПМНЕ СЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗИРА Најсериозните кандидати за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Марјан Ѓорчев, ништо не и оставаат на случајноста. Пред почетокот на изборната трка тие деновиве се сретнале со амбасадорите на САД и на Франција, дознава "Дневник".

Зошто се повлекувам?

Дневник - 25.04.2003

Колумна - Љубчо Георгиевски Убеден сум дека со ново, младо и неискомпромитирано лице на нашата партија, не само што ќе биде загарантирана победата на следните парламентарни избори, туку за краток период ќе бидат навестени и предвремени избори.

Георгиевски не се вози во службено возило

Дневник - 25.04.2003

ВМРО-ДПМНЕ Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски не се вози со службено возило и не користи државни телохранители и други државни бенефиции, соопшти ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Уставниот суд со која се укинува правото на поранешниот македонски премиер да се вози со службено возило и да има право на ...

Георгиевски се повлекува од лидерската функција во ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 24.04.2003

„Решението да се повлечам од лидерската позиција е конечно и непроменливо“, порачува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски во писмената изјава испратена денеска до медиумите. Причините за својата одлука Георгиевски ги дели во четири сегменти: „По последните избори, во општинските комитети ...

Ѓорчев ќе се кандидира за лидер и без поддршка од Димовска

Дневник - 24.04.2003

ВМРО-ДПМНЕ Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев, прв ќе ја објави кандидатурата за нов лидер на партијата што ќе се избира на претстојниот партиски конгрес по неотповикливата одлука на Љубчо Георгиевски да замине од челната позиција, дознава "Дневник".

ВМРО-ДПМНЕ со 9 барања за Црвенковски

Вест - 23.04.2003

ОПОЗИЦИЈАТА СО КОНКРЕТНИ СМЕТКИ ДО ВЛАДАТА Најголемата опозициона партија тврди дека ќе ги спроведе обврските од Охридскиот договор ВМРО-ДПМНЕ вчера му упати девет отворени барања на премиерот Бранко Црвенковски и на Владата во која, според партискиот портпарол Влатко Ѓорчев, седат "СДСМ, УЧК и ...

ВМРО ДПМНЕ бара Владата да ги врати Македонците во Матејче

Дневник - 23.04.2003

георгиевски ИСПОРАЧА ДЕВЕТ БАРАЊА Во име на декларираниот соживот треба да се наплати струја во Арачиново и да се воведат фискалните каси ви Шипковица, цели Владимир Ѓорчев, партиски портпарол Враќање на Македонците во Матејче, на учениците-Македонци во Шемшево, инсталирање фискални каси во ...

ВМРО ДПМНЕ упати девет барања до владата

А1 - 22.04.2003

Враќање на Македонците во Матејче, на учениците-Македонци во училиштето во Шемшово, како и поставување фискални каси во Шипковица, се меѓу барањата што опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги упати до Владата. Партискиот портпарол Влатко Ѓорчев на прес-конференција побара од премиерот Бранко ...

Груевски лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 22.04.2003

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ СЕ ПОВЛЕКУВА На мајскиот конгрес најавено консолидирање и освежување на ВМРО-ДПМНЕ Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски нема да се кандидира за претседател на партијата на претстојниот конгрес. Во соопштението дадено по завршувањето на седницата на извршниот комитет, одржана ...

Георгиевски си оди, Димовска се враќа, Груевски нов лидер?!

Утрински - 22.04.2003

Во ВМРО-ДПМНЕ настапува период на големи кадровски престројувања Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски ги исполни најавите и завчеравечер официјално им соопшти на своите соработници дека нема да се кандидира за претседател на партијата на претстојниот партиски конгрес што ќе се одржи на 24 и 25 ...

Почнува лидерската трка во ВМРО ДПМНЕ

Дневник - 22.04.2003

ГЕОРГИЕВСКИ ЈА СООПШТИЛ ОДЛУКАТА ЗА ЗАМИНУВАЊЕ Никола Груевски се уште се нема изјаснето дали ќе биде кандидат за лидер, а за Марјан Ѓорчев е извесно дека ќе го направи тоа Љубчо Георгиевски дефинитивно се повлекува од лидерската позиција, а неговиот наследник најверојатно ќе се бара меѓу двајцата ...

Георгиевски нема да се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 21.04.2003

Лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, нема да се кандидира за претседател на партијата на претстојниот конгрес во мај, било соопштено на синоќешната седница на Извршниот комитет на партијата. Причините за повлекувањето од лидерската позиција, Георгиевски ќе ги објасни деновиве.

Георгиевски ја официјализира оставката?!

Утрински - 21.04.2003

ВМРО-ДПМНЕ За синоќа во 20 часот беше закажана седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на која се очекуваше лидерот Љупчо Георгиевски и официјално да ги извести своите соработници дека нема да се кандидира за лидер на партијата на претстојниот конгрес закажан за 24 и 25 мај во Охрид.