TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Опозициски жар на претседателот

Утрински - 20.12.2008

Последниот говор на претседателот Бранко Црвенковски во парламентот, пред крајот на неговиот петгодишен мандат, ја покажа тажната вистина за длабоката поделеност на кревкото македонско општество. Јавноста завчера многу јасно можеше да го препознае судирот на два тотално различни концепта.

Црвенковски распука по Владата

Време - 19.12.2008

Ана Велјановска На планот на интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ, државата во 2008 година се соочи со тешко разочарување и неисполнети очекувања, посочи вчера претседателот Бранко Црвенковски во своето годишно обраќање пред пратениците и пред дипломатскиот кор.

Црвенковски: Медиумите се корумпирани

Вест - 19.12.2008

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски вчера ја обвини Владата дека ја убива дебатата во земјата преку контрола на медиумите. На годишното обраќање пред Собранието Црвенковски рече дека денеска во Македонија секој што ќе се осмели да каже различен став од владеачката структура ризикува да биде изложен на јавен линч.

Според претседателот, кај нас нема демократија

Утрински - 19.12.2008

Претседателот во последното обраќање рече дека Македонија е држава во која нема демократија. Оливера Војновска. Шефот на државата, Бранко Црвенковски, вчера во своето обраќање пред Собранието и пред целата македонска јавност излезе со песимистички прогнози дека на Македонија и' претстои голем историски пораз, дека преговорите за името со Грција ќе ...

Груевски не дојде на обраќањето на Црвенковски

Утрински - 19.12.2008

Експозето предизвика остри реакции кај ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ и опозиционите партии го пофалија. Оливера Војновска. Последното обраќање на претседателот Бранко Црвенковски во парламентот не помина без скандали. Премиерот Никола Груевски вчера не го удостои шефот на државата со своето присуство во Собранието.

Црвенковски: Власта трасира пат за пораз

Дневник - 19.12.2008

Бранко Црвенковски: Во изборот што власта го нуди јас доброволно решавам да останам на нејзината листа со предавници. Со грешките што ги прави, власта трасира пат за голем историски пораз на земјата во интеграцијата во НАТО и во ЕУ и ја задушува демо кратијата, оцени вчера Бранко Црвенковски во своето годишно обраќање во Собранието, последно како ...

За власта - штетен говор, за опозицијата - точни дијагнози

Дневник - 19.12.2008

За власта - штетен говор, за опозицијата - точни дијагнози. ВМРО-ДПМНЕ и Владата вчера жестоко го критикуваа годишното обраќање на претседателот Бранко Црвенковски и проценија дека неговиот говор е штетен за државата, предизвикува поделби и оти како да доаѓа од грчки гласноговорник.

Црвенковски распали по Владата

Н.Македонија - 19.12.2008

Минатата 2008 година не само што не го остваривме планираниот напредок туку се соочивме со тешко разочарување и неисполнети очекувања, рече претседателот Бранко Црвенковски на вчерашното годишно обраќање во Собранието.

ЕУ или смрт?

Н.Македонија - 19.12.2008

Кај Бранко Црвенковски во последно време нема многу изненадувања. Човекот, барем овие шест месеци, е постојан во однос на името, во однос на компромисот и во однос на условеноста на опстанокот на Македонија со интеграциите во ЕУ и во НАТО.

Партиски реакции на говорот на Црвенковски

Алфа - 19.12.2008

Претседателот Црвенковски ги подели и коалиционите партери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Наспроти критиките на пратенците и министерите на ВМРО дека Црвенковски на нереален начин ги прикажал проблемите и дека говорел од име на СДСМ, за нивниот коалицонен партнер, ДУИ вистинити биле оценките дека Владата не успеала ги реализира ветувањата дадени на народот.

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Црвенковски прогнозира историски пораз на Македонија

Нетпрес - 19.12.2008

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Црвенковски прогнозира историски пораз на Македонија Шефот на државата, Бранко Црвенковски, вчера во своето обраќање пред Собранието и пред целата македонска јавност излезе со песимистички прогнози дека на Македонија и' претстои голем историски пораз, дека преговорите за името со Грција ќе бидат замрзнати на подолг период, што ...

Годишно обраќање на претседателот Црвенковски

А1 - 18.12.2008

Вистински преговори за проблемот со името со Грција нема да има подолг период, изјави претседателот Бранко Црвенковски, во годишното обраќање пред пратениците во македонскиот Парламент. Според Црвенковски, со потезите што ги влече Владата, надежите за поскоро зачленување на земјата во НАТО и Европската унија стануваат сè помали.

Црвенковски говореше пред Собранието

BBC - 18.12.2008

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски се обрати пред пратениците во Собранието во редовниот говор на крајот на годината. Главни порази на македонската политика се недобивањето покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ, рече претседателот.

Скопје: Годишно обраќање на претседателот Црвенковски

Р.С.Европа - 18.12.2008

Шефот на државата Бранко Црвенковски денеска ќе го одржи традиционалното годишно обраќање во македонското Собранието. Според законските овластувања, претседателот на државата редовно им се обраќа на пратениците на крајот од секоја година.

Се прави драма од обраќањето на Црвенковски

Утрински - 18.12.2008

ВМРО-ДПМНЕ не открива дали ќе го следи настапот, но брифира дека ќе бојкотира. Од редовното годишно обраќање на шефот на државата, Бранко Црвенковски, кое треба да се случи денеска во 12 часот на специјално свикана седница во Собранието, деновиве сосема непотребно се прави драма.

Годишно обраќање на претседателот во парламентот

Телма - 18.12.2008

Шефот на државата Бранко Црвенковски денеска ќе го одржи традиционалното годишно обраќање во македонското Собранието. Според законските овластувања, претседателот на државата редовно им се обраќа на пратениците на крајот од секоја година.

Годишно обраќање на претседателот Црвенковски

Алфа - 18.12.2008

Шефот на државата Бранко Црвенковски денеска ќе го одржи традиционалното годишно обраќање во македонското Собранието. Според законските овластувања, претседателот на државата редовно им се обраќа на пратениците на крајот од секоја година.

Црвенковски ќе се обрати во Собранието, власта подготвува бојкот

Н.Македонија - 18.12.2008

Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе се обрати во Собранието, последен пат во неговиот четиригодишен мандат. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред седницата ќе реши дали ќе го ислуша новогодишниот говор на Црвенковски.

Црвенковски:Преговори за името нема да има подолго

Алфа - 18.12.2008

Вистински преговори за проблемот со името со Грција нема да има подолг период, изјави претседателот Бранко Црвенковски, во годишното обраќање пред пратениците во македонскиот Парламент. Според Црвенковски, со потезите што ги влече Владата, надежите за поскоро зачленување на земјата во НАТО и Европската унија(ЕУ) стануваат сè помали.

Црвенковски се прогласи за предавник

Форум - 18.12.2008

Бранко Црвенковски, претседателот на Македонија во своето годишно обраќање во Собранието, оцени дека изминатава година го промени светот, со сериозниот удар кој го зададе светската економска криза. Македонија, како мала држава не може да ги смени глобалните случувања, ниту да ги игнорира.

Пратениците за говорот на Црвенковски

Форум - 18.12.2008

Обраќањето на претседателот Бранко Црвенковски пред пратениците за власта е веќе видена работа, популизам и предизборен говор на опозициски политичар, додека за опозицијата претставува реална слика на состојбата во државата.

Пратениците поделени по годишното обраќање на претседателот

Алсат-М - 18.12.2008

Лавина реакции предизвика последното годишно обраќање на Црвенковски како шеф на државава. Пратениците од коалицијата на ВМРО - ДПМНЕ чекаа во ред да го искажат своето незадоволство од како што го нарекоа „необјективниот и критизерски говор на Црвенковски“.

Црвенковски: Ова што ни се случува денеска не е демократија

Алсат-М - 18.12.2008

Во блиска иднина нема да има вистински преговори за решавање на спорот околу името со Грција, а со тоа ниту зачленување на Македонија во евроатланските структури во еден подолг временски период, изјави во годишното обраќање во Собранието претседателот Бранко Црвенковски.

Боцевски-Милошоски: Обраќањето на Црвенковски е чист популизам

Алсат-М - 18.12.2008

Гол политички опортунизам и популизам, предизборен говор на опозициски политичар. Ова се оценките на владините министри Милошоски и Боцевски за говорот на претседателот Црвенковски во Собранието. „Македонската јавност 17 години ги слуша овие приказни поткрепени исклучиво со политика на чист кариеризам и гол политички опортунизам.

Годишно обраќање на Претседателот Црвенковски

Сител - 18.12.2008

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска ќе одржи годишно обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија. Освен пратениците, на седницата се поканети членовите на Владата и дипломатскиот кор во државава. Неизвесно е дали ќе присуствуваат пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Годишно обраќање на претседателот Црвенковски во Собранието

Канал5 - 18.12.2008

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска ќе одржи годишно обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија. Освен пратениците, на седницата се поканети членовите на Владата и дипломатскиот кор во државава. Неизвесно е дали ќе присуствуваат пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Преговори за името нема да има подолго

Сител - 18.12.2008

Вистински преговори за проблемот со името со Грција нема да има подолг период, изјави претседателот Бранко Црвенковски, во годишното обраќање пред пратениците во македонскиот Парламент. Според Црвенковски, со потезите што ги влече Владата, надежите за поскоро зачленување на земјата во НАТО и Европската унија(ЕУ) стануваат сe помали.

Реакции од пратениците на говорот на Црвенковски

Сител - 18.12.2008

Денешното обраќање на претседателот Бранко Црвенковски пред македонските пратеници за власта е веќе видена работа, гол политички опуртунизам и популизам, предизборен говор на опозициски политичар, а за опозицијата реално отсликана состојба во државата со правилно дијагностицирани слабости и насоки за излез.

Црвенковски – 2008ма беше година на разочарувања

Канал5 - 18.12.2008

2008-ма беше година на тешки разочарувања и неисполнети очекувања - не добивме покана за членство во НАТО, ниту пак датум за старт на преговори со Европската Унија - Црвенковски ја сумираше годината во своето последно претседателско обраќање пред пратениците.

Реакции за говорот на претседателот Црвенковски

Канал5 - 18.12.2008

Премиерот Груевски не дојде на последното обраќање на Црвенковски како претседател. Беа министрите од ВМРО - ДПМНЕ со кои шефот на државата, според Уставот, има поделени надлежности. Вицепремиерот Боцевски и министерот Милошоски велат дека Црвенковски во неговиот говорот дијагностицирал недостатоци за кои е лично одговорен во изминатите години.

На Претседателот не му дојдоа ниту од неговата партија

Вечер Прес - 18.12.2008

На последното обраќање на Црвенковски не дојдоа Премиерот Никола Груевски, лидерот на СДСМ Зоран Заев кој беше аболициран од Претседателот за криминал тежок осум милиони евра, лидерите на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи.

Црвенковски со годишно обраќање пред пратениците во Собранието

Нетпрес - 18.12.2008

Претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски денеска ќе го одржи годишното обраќање пред пратениците во македонското собранието. Како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, обраќањето ќе биде во републичкото собрание со почеток во 12 ...

Црвенковски: 2008-ма е година која го промени светот

Нетпрес - 18.12.2008

Претседателот Бранко Црвенковски, во своето годишно обраќање пред јавноста, даде свое видување и направи осврт на случувањата изминатава година во светот и во Македонија, за аспирациите на државава и упати своја порака за во иднина, почнувајќи со тоа дека 2008-ма е година која го промени светот.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија мора да престане да биде заложник на Бранко Црвенковски

Нетпрес - 18.12.2008

ВМРО-ДПМНЕ денес обвини дека претседателот Бранко Црвенковски преку Уставниот суд ги руши сите позитивни проекти на Владата на Република Македонија, превземени од други земји и направени во консултација со странски експерти и стручњаци.

Годишно обраќање на претседателот Црвенковски

Макфакс - 18.12.2008

Шефот на државата Бранко Црвенковски денеска ќе го одржи традиционалното годишно обраќање во македонското Собранието. Според законските овластувања, претседателот на државата редовно им се обраќа на пратениците на крајот од секоја година.

Црвенковски:Преговори за името нема да има подолго

Макфакс - 18.12.2008

Вистински преговори за проблемот со името со Грција нема да има подолг период, изјави претседателот Бранко Црвенковски, во годишното обраќање пред пратениците во македонскиот Парламент. Според Црвенковски, со потезите што ги влече Владата, надежите за поскоро зачленување на земјата во НАТО и Европската унија(ЕУ) стануваат сè помали.

Утре годишно обраќање на претседателот Црвенковски

А1 - 17.12.2008

Едни тактизираат, други ќе бојкотираат, трети критикуваат. ВМРО-ДПМНЕ, велат независно колку време минало, односот не го менуваат, Бранко Црвенковски е избран на фалсификувани избори, со насилство и полнење на кутии. Ги помилуваше и осудените за фалсификат и затоа за ВМРО-ДПМНЕ не е легитимен претседател, туку останува само Бранко Црвенковски.

Не сакаат да чујат за претседателот

Време - 17.12.2008

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА, најверојатно, ќе го бојкотираат годишното обраќање на претседателот на државата Бранко Црвенковски во Собранието, закажано за утре напладне, дознаваме од партиски извори. Одлуката за тоа не била официјално донесена во партиите, но размислувањата на повеќето пратеници оделе во тој правец.

Власта очекува партиски настап на Црвенковски

Н.Македонија - 17.12.2008

ВМРО - ДПМНЕ очекува партиски настап и критики за работата на Владата од утрешното годишно обраќање на претседателот на државата Бранко Црвенковски во Собранието. Во најголемата владејачка партија уште не решиле дали премиерот Груевски и министрите од оваа партија ќе присуствуваат на обраќањето на Црвенковски или ќе го бојкотираат, како што обично ...

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ќе го бојкотираат обраќањето на Црвенковски

Алсат-М - 17.12.2008

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА нема да учествуваат на утрешното годишно обраќање на претседателот на државата Бранко Црвенковски во Собранието. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека причина за неучеството е начинот на кој Црвенковски беше избран за претседател во 2004 година.

Последно обраќање на Бранко претседателот

Вечер Прес - 17.12.2008

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивниот принципиелен став во однос на Црвенковски останува непроменет. -Нашите забелешки не се однесуваат на периодот во кој Црвенковски се наоѓа на оваа функција, туку на начинот на кој беше избран и на неговото владеење, велат во партијата.

Чии ставови читаат лидерите на државата?

А1 - 16.12.2008

Како претседател на државата или претседател на СДСМ? Во која улога ќе биде в четврток претседателот Бранко Црвенковски на годишното обраќање до нацијата. Тоа ќе биде говор за збогување од претседателската функција, но и за враќање во матицата, во својата партија.

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали ќе го следи обраќањето на Црвенковски

Утрински - 16.12.2008

Шефот на државата, Бранко Црвенковски, задутре во 12 часот ќе им се обрати на пратениците. Оливера Војновска. Шефот на државата, Бранко Црвенковски, задутре во 12 часот ќе им се обрати на пратениците, но неизвесно е дали и ова последно годишно обраќање на претседателот ќе се претвори во скандал, како многу пати досега.