TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ прави елитистичка партија

А1 - 22.12.2002

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска едногласно ги усвои предложените измени на статутот на партијата. Како што објавија медиумите, со измените кои Георгиевски ги договорил во тесен партиски круг всушност јакне позицијата на лидерот на партијата, а слабее внатрепартиската демократија.

Никола Поповски: „Собранието ја поддржува антикорупциската кампања“

А1 - 21.12.2002

„Собранието и дава целосна поддршка на владината антикорупциска кампања и борбата со корупциските скандали во претходниот период“, изјави во интервјуто за А1 претседателот на Собранието Никола Поповски. А1 : Како гледате на повлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ од потписот на Рамковниот договор? Никола ...

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Собранието

Вест - 21.12.2002

ПАРЛАМЕНТАРНАТА ОПОЗИЦИЈА ПРИВРЕМЕНО ГО ПРЕКИНУВА БОЈКОТОТ На итната седница најголемата опозициона партија бара да се расправа за кршењето на човековите права во Македонија, и тврди дека власта спроведува политички линч против нејзините членови и симпатизери Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера ...

СДСМ продолжува со борбата против криминалот

Вест - 21.12.2002

Ако во периодот додека беа на власт имале сознанија за некакви кривични пријави од претходниот период, а ништо не презеле, тогаш како соучесници и самите потпаѓаат под Кривичниот закон "Охридскиот договор и направените уставни реформи е од толку големо значење што мислам дека на кој било начин не ...

СДСМ не се (у)плаши од заканите на ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 21.12.2002

Главната партија во власта одговара на нападите од опозицијата СДСМ нема да ја поколебаат уцените на ВМРО-ДПМНЕ и заканите за штрајкови, порача вчера портпаролот Игор Ивановски како одговор на заканите на опозицијата дека нивното членство се радикализира поради последните апсења на видни вмровци.

Рамковниот договор ќе го спроведеме со или без поддршка на ВМРО ДПМНЕ

Утрински - 21.12.2002

Премиерот Бранко Црвенковски за најавената лидерска средба и бојкотот на опозицијата Премиерот Бранко Црвенковски вчера порача дека Владата ќе го спроведува Рамковниот договор со или без поддршка од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Сопартијците ќе се изјаснуваат за овластувања на Љубчо Георгиевски

Дневник - 21.12.2002

УТРЕ ЗАСЕДАВА ВРВОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Партиски извори велат дека со измените во Статутот се крие опасноста од концентрирање на целата кадровска политика во тесни партиски кругови Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утре треба да се изјасни за промените во Статутот што ги зголемуваат овластувањата на ...

На заканите на ВМРО-ДПМНЕ власта ќе одговори со нови апсења?!

Дневник - 21.12.2002

СДСМ БЕСКОМПРОМИСНО ЈА ТЕРА СВОЈАТА БИТКА Притворените кадри на ВМРО-ДПМНЕ остануваат зад решетки и се подготвуваат нови апсења, а премиерот не се грижи за аферите од пред 1998 година Намерата на ВМРО-ДПМНЕ дури сега да ги обелодени доказите за аферите од периодот на владата на СДСМ до 1998 година ...

Eкс директорката на Kатастарoт останува во притвор

А1 - 20.12.2002

Тања Митровска, поранешната директорка на скопската катастарска управа, останува во затворот во Шутка. На заканите дека доколку не прекинат апсењата на нивни членови, ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од потписот на Рамковниот договор, Црвенковски со одговор: „Владата нема да дозволи никаква уцена“.

Трајковски не ја одлага лидерската средба

Вест - 20.12.2002

Претседателот Борис Трајковски нема намера да отстапи од својата одлука на 26 декември да ја организира лидерската средба на потписниците на Охридскиот договор. "Претседателот нема да отстапи од организирање лидерската средба.

Бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ не е пречка за лидерската средба

Утрински - 20.12.2002

Според Борјан Јовановски, портпарол на претседателот на државава Македонскиот претседател Борис Трајковски нема намера да отстапи од својата одлука на 26 овој месец да организира средба на лидерите на партиите-потписнички на Рамковниот договор.

Секој чекор надвор од Рамковниот договор е чекор надвор од евроатлантските структури

Утрински - 20.12.2002

ОБСЕ жали поради најавите на ВМРО-ДПМНЕ Мисијата на Организацијата за европска безбедност и соработка во Скопје изрази жалење по најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека нејзини претставници нема да учествуваат на претстојниот состанок кај македонскиот претседател посветен на натамошна ...

Лидерската средба на 26 декември ќе се одржи со или без ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 20.12.2002

ТРАЈКОВСКИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ПЛАНОТ ДУИ ќе ја потврди посветеноста на спроведувањето на охридскиот договор, но нема да го потпише Лидерската средба на потписниците на Охридскиот договор, планирана за 26 декември, ќе се одржи, без оглед дали на неа ќе присуствува ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги вади на виделина старите афери на СДСМ

Дневник - 20.12.2002

ОПОЗИЦИЈАТА САКА ДА ГО ВОЗВРАТИ УДАРОТ Шверцот со нафта, тутунскиот бизнис, Стопанска банка, ТАТ - тоа е само дел од старите афери на СДСМ пред 1998 година, за кои ВМРО-ДПМНЕ тврди дека тежат милионски суми ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе ги објави доказите за аферите што се случувале за време на владеењето ...

Трајковски не отстапува од средба на охридските потписници

А1 - 19.12.2002

Претседателот Борис Трајковски нема намера да отстапи од својата одлука на 26-ти овој месец да организира средба на лидерите на партиите-потписнички на Рамковниот договор. Борјан Јовановски, портпарол на претседателот Трајковски, денеска изјави дека цел на оваа средба е да се даде нов поттик во ...

ВМРО-ДПМНЕ власта ја обвинува за терор

Вест - 19.12.2002

ПРЕС Најголемата опозициона партија се закани дека ќе го откаже потписот на Рамковниот договор ако не престане теророт на власта, го замрзна учеството на средбите кај Трајковски, и најави радикализација на состо Љубчо Георгиевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, нема да присуствува на претстојната лидерска ...

Георгиевски нема да оди на лидерската средба кај Трајковски

Утрински - 19.12.2002

ОДЛУКА Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, нема да учествува на лидерската средба, што на 26 декември треба да се одржи под покровителство на претседателот Борис Трајковски. Оваа одлука беше соопштена вчера, при објавувањето на одлуката за замрзнување на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на Рамковниот ...

ВМРО-ДПМНЕ се заканува со протести и бојкот на Рамковниот договор

Утрински - 19.12.2002

Жестока реакција на опозицијата за последните апсења на поранешни државни функционери ВМРО-ДПМНЕ од вчера ја замрзна поддршката на исполнувањето на Рамковниот договор и се закани со масовни протести, како одговор на тоталитарниот режим, како што беше речено, што го спроведува ...

СДСМ и странците единствени: ВМРО-ДПМНЕ е во паника!

Дневник - 19.12.2002

РЕАКЦИИ НА БУНТОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА СДСМ, ДПА и ПДП сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не смее да се откаже од спроведувањето на охридскиот договор, бидејќи таа партија презела обврска за негово остварување. Извори од меѓународната заедница велат дека овој потег на ВМРО-ДПМНЕ значи дека партијата е во паника и ...

ВМРО ДПМНЕ бара да престане "комунистичко балистичката хајка"

Дневник - 19.12.2002

ОПОЗИЦИЈАТА РЕАГИРА НА ПОСЛЕДНИТЕ АПСЕЊА И НА СОСТОЈБИТЕ ВО ЗЕМЈАВА ВМРО-ДПМНЕ го замрзнува учеството во спроведувањето на охридскиот договор и се заканува дека нема да може да ги контролира незадоволните членови, ако продолжи "линчот" Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека го замрзнува ...

ЕУ и ОБСЕ жалат за повлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ од Рамковниот договор

А1 - 18.12.2002

Европската Унија и мисијата на ОБСЕ во Скопје изразија жалење по повод најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нејзини претставници нема да учествуваат на претстојниот состанок кај претседателот посветен на натамошна имплементација на Рамковниот договор.

ВМРО-ДПМНЕ го замрзнува потписот на Охридскиот договор

А1 - 18.12.2002

ВМРО-ДПМНЕ, најголемата опозициона партија и еден од потписниците на Охридскиот договор, од денеска ја замрзнува поддршката на имплементација на договорот и предупредува од масовни протести, соопшти денеска потпретседателот на партијата Марјан Ѓорчев, кој рече дека одлуката ја донел Централниот ...

СДСМ го осуди потегот на ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 18.12.2002

Претседателот Трајковски, кој за 26-ти овој месец закажа нова средба на потписниците на Рамковниот договор, утре ќе го соопшти ставот за одлуката на ВМРО-ДПМНЕ, велат од неговиот кабинет. Владеачкиот СДСМ ја осудува постапката на опозицијата.

Љубчо место народна, ќе прави елитистичка ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 18.12.2002

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИОНА ПАРТИЈА СО НОВ КУРС Со измените на статутот на партијата се суспендираат внатрепартиските избори, а лидерот Љубчо Георгиевски станува неприкосновен во одлучувањето за кадровската политика на партијата Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски подготвува статутарни промени со ...

За Георгиевски се бараат поголеми овластувања

Дневник - 18.12.2002

ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА КОНГРЕС Промените во партискиот статут ќе бидат за да се усогласи партиската поставеност со новиот изборен модел, вели Марјан Ѓорчев Промените во партискиот статут на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во функција на усогласување на организациската поставеност на партијата, во ...

ВМРО-ДПМНЕ: Колку вредат акциите на сопругата на Бранко во "Семос"?

Вест - 17.12.2002

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ вчера јавно го повика премиерот Бранко Црвенковски да објави колкава е вредноста на акциите кои неговата жена ги поседува во фирмата "Семос". "Жената на премиерот има 33 отсто од акциите во формата 'Семос' и 27 отсто во фирмата 'Семосмултимедија'.

Останува енигма дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржува двотретинските закони

Утрински - 17.12.2002

Кои се најважните обврски од Рамковниот договор за партиите од власта и од опозицијата КАТИЦА ЧАНГОВА Политичките партии од власта и од опозицијата сметаат дека Република Македонија треба да биде мирна и безбедна држава на целата нејзина територија.

Опозицијата оди со своја агенда на лидерската средба

Утрински - 17.12.2002

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ на лидерската средба закажана за 26 декември, најверојатно, ќе оди со своја агенда за разговорите, а во која клучни ќе бидат оцените на опозицијата дека македонскиот дел од населението е изложен на терор од страна на албанските екстремисти во државата, а целта е етничко ...

ВМРО-ДПМНЕ бара сопругата на премиерот да даде отчет за "Семос"

Утрински - 17.12.2002

Имотните листи повод за политички пресметки ВМРО-ДПМНЕ вчера побара од премиерот Бранко Црвенковски финансиски да ги образложи акциите што неговата сопруга Јасмина ги поседува во "Семос" и "Семос мултимедија. Портпаролот Владимир Ѓорчев рече дека не е доволно да се каже дека Јасмина Црвенковска е ...

Георгиевски ќе инсистира безбедноста да биде приоритет

Дневник - 17.12.2002

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ на претстојната лидерска средба за спроведувањето на охридскиот договор ќе инсистира приоритет да добијат безбедноста, враќањето на бегалците, запирање на етничкото чистење и воспоставување целосен суверенитет во кризните подрачја, беше речено на вчерашната конференција за ...

ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со Антикорупциската комисија

А1 - 16.12.2002

ВМРО-ДПМНЕ ( www.vmro-dpmne.org.mk ) смета дека објавувањето на анкетните листи на нивните членови би претставувало задоволување на малограѓанштината на СДСМ, но затоа бара премиерот Бранко Црвенковски во анкетната листа за неговиот имот да ја наведе финансиската вредност на акциите што неговата ...