TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"Дел од монологот" воодушеви

Вечер Прес - 05.11.2005

"Балканската танц платформа" е еднакво важна и за регионот и за Македонија, бидејќи го продолжува дијалогот меѓу земјите во овој дел од Европа. Исто така, овој интернационален настан за современ танц, кој за првпат се одржува во земјата ќе им овозможи на учесниците и на гостите да се запознаат со ...

Од "Мала станица" на уметничко патување

Вечер Прес - 05.11.2005

"Отсега па натаму, во културната мапа на Република Македонија и на градот Скопје, ќе биде впишан уште еден културен топос. Некогашната железничка постојка, станува место од каде ќе тргнуваме на едно поинакво патување, а тоа е патувањето по духовните предели на уметноста и на убавината", рече ...

Болеста на адвокатот ги "извади" Михајловски и Клинчаров

Вечер Прес - 05.11.2005

Отсуството на адвокатот Јово Вангеловски е причината поради која вчера во Основниот суд Скопје 1 не се одржа судењето против Војо Михајловски и Блашко Клинчаров, обвинети за злоупотреби. Вангеловски бил болен поради што судијата го презакажа процесот за 16 идниот месец.

Марадона "играше" против Буш!

Вечер Прес - 05.11.2005

Вчера во Аргентина, под големи мерки на обезбедување, почна четвртиот Самит Америка. На дводневниот собир во Мар дел Плата, учествуваат околу 34 шефови на држави или влади на американските земји, а главни теми се отворање нови работни места и борба против сиромаштијата.

Дивите превозници "дивеат" низ Балканот!

Вечер Прес - 05.11.2005

Само државата Србија од овој "бизнис" губи околу 2,5 милијарди динари годишно. Сепак, најголемиот ќар на дивите превозници не се патниците, туку провизиите за пренесување пари преку граница Секојдневно, стотици нелегални превозници, со комбиња или автобуси, крстосуваат низ Балканот и Европа, ...

"Алал да ни е"

Вечер Прес - 05.11.2005

"Алал да ни е колку не има денеска оправдано отсутни", ги "пофали" вчера Јордановски пратениците, откако со тешка мака го дочита списокот на пријавени за отсуство од седницата. Кој ненаспан од Бајрам, кој по службени патувања, пратениците вчера си го срушија сопствениот рекорд со неприсуство на ...

"Проштална" свирка на Четкар

Вечер Прес - 04.11.2005

Утревечер, во охридскиот ноќен клуб "Лапидарус" ќе настапува Владимир Четкар. Почетокот на журката, на која Четкар со своето трио ќе се претстави претежно со џез и фанк програма, е закажан за 23.30 часот. Инаку, ова ќе биде еден од неговите последни настапи пред враќањето во САД, каде, како што ...

Маратонска промоција на "Неготино"

Вечер Прес - 04.11.2005

Во вторникот, во неготинскиот ресторан "Драги", едно чудо пријатели и соработници ја славеа промоцијата на Мишко Крстевски, во еден маратонски термин од 13 до 21 часот. Паднале многу убави зборови за овој пејач, кажани од композиторот Григор Копров, гостите се служеле со богата шведска маса и ...

Милиони евра "испрани" преку фудбалски прогнози!

Вечер Прес - 04.11.2005

Безнадежниот контролен систем во грчката државна Организација за прогнозирање фудбалски натпревари (ОПАП) дозволил перење десетици милиони "валкани пари" од 2000 до јули 2004 година, кога почна истрагата на грчката Служба за борба со економски криминал, пишува "Катимерини".

Диџеј Марски во "Медиум кафе"

Вечер Прес - 04.11.2005

Од оваа сабота редовно во "Медиум кафе" за вашето викенд расположение ќе се погрижи ДЈ Марски (Марјан Костадиновски) кој со години наназад саботите ги прави да бидат вистински избор за оние кои сакаат добра музика и журка. Неговиот музички сет се карактеризира со висока естетика и внимателност при ...

Минималистички "тажен и прекрасен свет"

Вечер Прес - 03.11.2005

Џармуш е еден од режисерите што го подразбудија, и во извесна смисла, го комерцијализираа американскиот авангарден филм. Остана доследен на својата естетика, работејќи ги филмовите во свој, препознатлив стил, а автор е и на сценариото на поголемиот број свои филмови.

Директорски "бај пас" со мандат за пет дена!?

Вечер Прес - 03.11.2005

Управата на Клинички центар е во потрага по лекар кој ќе ја прифати да "директорува" со Институтот за онкологија во наредните четри - пет денови. Курцшлусот изби поради тоа што формалната смена на стручните раководители на клиниките и институтите влезе во сила, ама новоименуваната директорка на ...

"Жив" концерт на Културно уметнички работници

Вечер Прес - 03.11.2005

Се почесто станува тренд бендовите да имаат свои сесии во отворена радио програма, со што ќе докажат колку ги бидува во живо, а при тоа да може да ги слушне секој радио слушател. На таков чекор се нафатија и "Културно Уметнички Работници", кои в сабота од 21 часот најавуваат Голем рок спектакл во ...

"Пајакот" не го поштеди ни Чашуле

Вечер Прес - 03.11.2005

Пајак-службата, која работи во рамките на "Градски паркинг", веќе нема обѕир кон никого. Никој веќе не е привилегиран, не е поштеден, ни полицајци, ни пратеници. Ако пајак ти го крене автомобилот, ти нема спас без 1500 денари, цена што треба да се плати за да се подигне возилото.

Во "голф" најдени золји и гранати

Вечер Прес - 03.11.2005

На патот Дебар-Гостивар, во автомобил "голф" завчера полицијата откри и заплени оружје, гранати и други експлозивни полнења со голема разорна моќ. Во акцијата службените лица употребиле огнено оружје. Притоа возачот на "голфот" е ранет, а две други лица кои биле во автомобил "застава" и во овој ...

Ева го стави Тони на Венериниот брег"

Вечер Прес - 03.11.2005

Љубовната искра меѓу холивудската ѕвезда Ева Лонгорија и НБА кошаркарот Тони Паркер се претвори во вистинска идила. Двајцата одамна се на "седмото небо" и веќе ја најавија својата свадба, која треба да биде како од бајките. Вљубената двојка сака свечениот чин за крунисување на нивната врска да се ...

Ромите разочарани од "Епинал"

Вечер Прес - 03.11.2005

Вработените во битолски "Епинал" ги двојат гостите по бојата на кожата - обвинуваат членовите на ромската невладина организација "Месечина" од Гостивар и се заканија дека ќе ги бојкотираат сите семинари закажани во хотелот. "Два дена од 28 до 30 октомври додека траеше семинарот што го организираше ...

Директори со "тапија"

Вечер Прес - 03.11.2005

Првите уверенија за положен директорски испит деновиве ќе им бидат врачени на 80 актуелни директори во средните училишта. Од оние вкупно 210 кандидати што веќе ја поминаа обуката, тие се првите кои ќе го полагаат испитот што сега е законска обврска за секој кој претендира на директорска фотелја.

"Мерцедесот" на Амди "ослободен", но нема кој да го земе!

Вечер Прес - 03.11.2005

Апелациониот суд во Штип - пресече. Го прифати жалбеното барање на Амди Бајрам, да му се врати "мерцедесот", кој беше заложен кога бараше да се брани од слобода. Основниот суд во Штип, според Апелациониот, не ги почитувал законите кои важеле во периодот кога "мерцедесот" бил заложен, туку новите ...

Наташа Молнар - "Кучка"

Вечер Прес - 03.11.2005

Српското еротско списание "Кучки" белградската актерка Наташа Молнар, која во серијата "Забранета љубов" има улога на полицајка- стриптизета, ја претставува како "секси кучка бр. 1". На прашањето: "Се доживуваш себеси како кучка", таа одговорила: - Секоја жена по малку е кучка.

Нема "државни" плати за свештениците

Вечер Прес - 03.11.2005

"Премногу е за нашиот стандард!", постојано се жалат граѓаните на црковните тарифи: 2 500 денари за венчавка, 1.500 денари - за крштевка, 2.000 денари за погреб... Тоа бил мотивот на митрополитот Брегалнички г. Агатангел, на последниот Црковно-народен собор во Струга да предложи измена во начинот ...

Ромите разочарани од “Епинал”

Макфакс - 03.11.2005

Битола Вработените во битолски “Епинал” ги двојат гостите по бојата на кожата - обвинуваат членовите на ромската невладина организација “Месечина” од Гостивар и се заканија дека ќе ги бојкотираат сите семинари закажани во хотелот, пишува денеска весникот “Вечер“.

Хавајки на календарот на "Сан"

Вечер Прес - 02.11.2005

Најпопуларниот англиски таблоид, познат по девојките без облека на својата Трета страница, убавиците во новиот календар ги сместил на Хаваи. На календарот има тринаесет секси-фотографии на дванаесет убаво заоблени девојки. На насловната се наоѓа 19-годишната Кели, која минатата година во овој ...

И канскиот победник - "Детето"

Вечер Прес - 02.11.2005

Фестивалот на Европски филм "Цинедаус", ќе започне од четврток во Арт киното "Фросина". На програмата ќе бидат прикажани шест филмови од најновата европска кинематографија и шест македонски филмови. Конечно ќе можеме да го видиме лауреатот од Кан, "Детето" на браќата Дарден, како и "Парови" на ...

Мултимедијален проект "Состојба на умот"

Вечер Прес - 02.11.2005

Од петти до 12 ноември во Македонски културен центар во Њујорк ќе се одржи мултимедијален проект "Состојба на умот". Во рамките на проектот, академските ликовни уметници Константин Качев и Симон Апостолски ќе изложат свои слики и цртежи.

Избрани добитниците на наградите "13 Ноември"

Вечер Прес - 02.11.2005

Градот Скопје и годинава ќе им одаде признание на заслужните граѓани и правни лица за особени остварувања, кои во изминатиот период придонесоа за развојот на нашиот главен град и неговиот вкупен напредок и афирмација во земјата и во светот.

Одметнат затвореник дигна "опел" во воздух

Вечер Прес - 02.11.2005

Во Палатица завчеравечер, во 23.15 часот, експлодирала бомба поставена под паркиран автомобил "опел астра" со италијански регистарски ознаки, сопственост на М.М. од село Добарце, Тетовско. При експлозијата е оштетен "опелот", како и други две патнички возила паркирани во негова близина.

Пеле: "Јас сум крал, Марадона е Исус"

Вечер Прес - 02.11.2005

На Пеле очигледно му здодеа од многупати поставуваното прашање во изминатите две декади: "Кој е подобар? Ти или Марадона? Славниот Бразилецот никогаш не правеше делба кој е крал на фудбалот. "Погледнете ги фактите", предупредува тој. Сувата статистика е на страната на Едсон Арантес дос Насцименто.

Линијата "24" продолжена за уште три постојки

Вечер Прес - 02.11.2005

Последната постојка на линијата "24" на Јавниот градски сообраќај, најдоцна за недела дена ќе добие нова локација, односно наместо кај фабриката "Црвена ѕвезда", почетно крајното свртувалиште на овој автобус ќе биде поместено за уште три станици кон повисоките делови на населбата Припор.

"Бовин" ќе извезува без пречки

Вечер Прес - 02.11.2005

Приватната винарија "Бовин" од Неготино го доби сертификат "ХАСАП", со што стана првата приватна винарска визба не само во Тиквешијата, туку и во Македонија со овој престижн сертификат .Со тоа, "Бовин" ќе може во иднина непречено да извезува производи во други земји.

Крадел "опел", добил куршум в задник

Вечер Прес - 01.11.2005

Дваесет и едногодишно момче од Дебреше е рането во инцидент што се случи завчераутро во споменатото село. Во него од ловџиска пушка пукал негов соселанец. Ранетиот е пренесен прво во гостиварската болница, а оттаму заради сериозноста на повредите е префрлен во Скопје, во Клиничкиот центар.

"Еврофест 2005" пред старт

Вечер Прес - 31.10.2005

Подготовките за стартот на деветтото издание на "Еврофест 2005" е при крај. Песните се веќе снимени и ја очекува презентацијата на 4 Ноември во салата на Домот на Армијата во Скопје со почеток во 20 часот од каде А1 и А1 плус телевизија ќе врши директен ТВ пренос и на сателитскиот канал.

На "Хематологија" старо-нов директор за три месеци

Вечер Прес - 31.10.2005

Со Клиниката за хематологија и во наредните неколку месеци ќе директорува д-р Никола Силјановски, а нов директор ќе биде назначен по неговото пензионирање. Новиот раководител на “Инфективна” најверојатно ќе биде д-р Миленковиќ, со Клиниката за неврологија по се изгледа ќе директорува д-р Кедева ...

"Боинг" и "Ербас" ги скараа Европа и САД

Вечер Прес - 31.10.2005

Судирот по повод нелегалните државни субвенции меѓу "Боинг" и "Ербас" најверојатно ќе биде решен со политички преговори, а не на суд, изјави финансискиот директор на "Ербас", Андреас Шперл. Тој нагласи дека судското решавање на спорот би траело многу долго и најверојатно ниту една одлука не би била ...

Нова зграда за ОУ "Даме Груев"

Вечер Прес - 31.10.2005

Основното чилиште "Даме Груев" в година ќе добие нова зграда на местото на сегашниот руиниран објект. Околу 1400 ученици, главно од населбата Серава, по долгогодишно чекање ќе добијат пристојни услови за настава, најавува Општината.

"Петарда" за лидерот

Вечер Прес - 31.10.2005

Фудбалерите на Башкими му го нанесоа вториот, но и највисокиот пораз на лидерот Македонија, совладувајќи го дури со 5:0. Самиот факт дека гостите од Ѓорче Петров во претходните 10 натпревари примија само 4, а во дуелот со Башкими дури 5 гола, доволно кажува за супериорноста на Башкими во овој дуел.

ЗАВРШИ ОТКУПОТ НА "АЈВАРКА"

Вечер Прес - 31.10.2005

Во југоисточниот регион од Републикава заврши бербата и откупот на црвените пиперки, претежно од познатата сорта "куртовска капија" или во народот позната како "ајварка". Од околу 2.500 хектари, на колку годинава беше засеана оваа градинарска култура, се проценува дека се набрани над 46 илјади ...

Шоу со "игри" и надвор од теренот

Вечер Прес - 31.10.2005

Кошаркарско, реално, шоу имаме и кај нас. Го започна канцеларијата на Здружението на прволигашите кое упорно веќе седум дена не уверува дека ги доставило, официјалните билтени по поштаа, а тие никако да стигнат во Редакциите. Скопје е голема метропола, зарем не.

За "Литературното дело на Евтим Спространов"

Вечер Прес - 31.10.2005

Студијата "Литературното дело на Евтим Спространов" е предизвикот на д-р Валентина Миронска Христовска, во издание на Институтот за македонска литература од Скопје. Определбата на авторот за проследување на "Литературното дело на Евтим Спространов" е од интересот за културно-литературното минато и ...