TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За новата библиотека на „Коменски“ донирани 2.000 книги

Утрински - 27.04.2007

Донација Владата и издавачката куќа „Пергамент паблик“ донираа по 1.000 книги за училиштето „Јан Амос Коменски“ во кое во неделата избувна пожар и целосно ја уништи училишната библиотека со 20.000 книги, шест училници и наставничкиот кабинет.

Книги за библиотека на „Коменски“

Дневник - 27.04.2007

Илјада книги, од кои најмногу лектири, вчера донираа премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Сулејман Рушити на осмолетката „Јан Амос Коменски“. Со оваа донација ќе се обнови библиотеката која изгоре пред четири дена во пожар што ја зафати една од трите бараки на училиштето.

Првите 1000 наслови пристигнаа

Вечер Прес - 27.04.2007

ДОН Дел од нив се лектири, а сметаме понатаму со донации да ја докомплетираме училишната библиотека, изјави министерот Рушити Библиотеката со 20.000 книги која заедно со шест училници и дел од архивата на основното училиште Јан Амос Коменскии во Тафталиџе, беше целосно уништена во пожар кој зафати ...

Општините растрчани по донации за училишните бараки

Време - 26.04.2007

ПРИВРЕМЕНИТЕ ОБЈЕКТИ - ОПАСНОСТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ Постојано сме во потрага по донации за да ги обновиме застарените бараки на училиштата или да изградиме нови училишни згради, велат надлежните од повеќе општини, откако дел од осмолетката „Јан Амос Коменски” во Карпош изгоре пред неколку дена.

Акција за обновување на библиотеката во "Коменски"

Вест - 26.04.2007

Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" и градската библиотека "Браќа Миладиновци" упатуваат јавен повик до сите книгоиздателства, јавни претпријатија, до приватниот бизнис сектор, граѓански и невладини организации да се приклучат кон акцијата за собирање книги и повторно ...

Пожарот во Коменски бил подметнат потврди истрагата

Канал5 - 26.04.2007

Пожарот во училиштето ,,Јан Амос Коменски,, во скопско Тафталиџе бил подметнат, ги потврди истрагата првичните сомневања.Пожарот во училиштето „Јан Амос Коменски“ во скопско Тафталиџе бил подметнат, ги потврди истрагата првичните сомневања. Полицијата се уште работи на откривање на сторителите.

Петнаесетина училишта ги демне катастрофа

Време - 25.04.2007

ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ СМЕСТЕНИ ВО БАРАКИ ОД 1964 ГОДИНА Околу петнаесет скопски основни, средни училишта и градинки секојдневно стравуваат да не ги снајде судбината од која завчера настрада осмолетката „Јан Амос Коменски”, зашто и тие функционираат во монтажни бараки од 1964 година, донации од разни ...

Владата обезбеди 400 илјади евра за „Ј.А. Коменски“

Утрински - 25.04.2007

Владата интервентно ќе обезбеди 400.000 евра за доизградба на Основното училиште „Јан Амос Коменски“ во скопската населба Тафталиџе. Оваа одлука беше донесена на вчерашната владина седница со цел да и' се помогне на Општина Карпош да го доизгради новиот објект на осмолетката, бидејќи во ...

Владата ќе даде 400.000 евра за „Коменски“

Дневник - 25.04.2007

Владата ќе обезбеди 400.000 евра за доизградба на нова зграда за основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе, откако една барака од стариот објект на школото завчера изгоре во пожар, најави премиерот Никола Груевски. Тој, вицепремиерот Живко Јанкулоски и ресорниот министер Сулејман Рушити ...

За "Ј.А. Коменски" 400 илјади евра

Вечер Прес - 25.04.2007

Владата ќе обезбеди 400.000 евра за доизградба на новиот објект на основното училиште Јан Амос Коменски" во Тафталиџе, каде завчера една барака од стариот објект изгоре во пожар. Вчера премиерот Никола Груевски, во придружба на вицепремиерот за образование Живко Јанкулоски и ресорниот министер ...

Владата одобри 400.000 евра за изградба на ОУ „Коменски“

А1 - 24.04.2007

Новата зграда за училиштето „Јан Амос Коменски“ по итна постапка ќе се доградува. Владата веќе реши да даде 400.000 евра за довршување на градбата. МВР се уште работи на откривање, дали пожарот во кој до темел изгоре една од трите бараки бил подметнат.

Изгоре дел од училиштето "Јан Амос Коменски"

Вест - 24.04.2007

ВО ТАФТАЛИЏЕ Пожарникарите немале пристап до опожарената барака, па морале да ја сечат оградата во дворот на училиштето за да влезат со возилата Вчера, еден час по полноќ, се запалило основното училиште "Јан Амос Коменски" во скопската населба Тафталиџе.

Изгореа четири училници, нов објект в година

Време - 24.04.2007

НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ ВО УЧИЛИШТЕТО „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ” Целосно изгоре една од бараките во кои е сместено основното училиште „Јан Амос Коменски” во населбата Тафталиџе, по пожарот што, според полициски информации, избувнал ноќта во неделата спроти понеделникот во 1 часот по полноќ.

Изгореа 20.000 книги во училиштето „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе

Утрински - 24.04.2007

Покрај библиотеката, пламенот проголта шест училници и една канцеларија ГОРАН АДАМОВСКИ Библиотека со 20.000 книги, шест училници и административната соба изгореа во силен пожар вчераутро во ОУ „Јан Амос Коменски“ во скопската населба Тафталиџе. Причините за пожарот се испитуваат.

Дневниците спасени од пламените јазици во „Коменски“

Дневник - 24.04.2007

Огнот уништи шест училници, библиотека со 20.000 книги и дел од училишната архива Шест училници, библиотека со 20.000 книги и дел од архивата на основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе целосно се уништени во пожарот што прексиноќа ја зафати едната од трите бараки во кои се одвива ...

Владата обезбеди 400.000 евра за доизградба на ОУ „Јан Амос Коменски“

Канал5 - 24.04.2007

Владата на денешната седница одлучила интервентно да обезбеди 400.000 евра за доизградба на новиот објект на основното училиште „Јан Амос Коменски“ во скопската населба Тафталиџе, откако една барака од стариот објект на училиштето завчера изгоре во пожар.

Изгоре дел од училиштето Јан Амос Коменски, повредени нема

Вечер Прес - 24.04.2007

Неофицијално се претпоставува дека пожарот бил подметнат, а огнот избувнал во магацинот кој е залепен со сега опожарените простории на основното училиште "Јан Амос Коменски" Во пожар што вчера рано утрината избувнал во основното училиште "Јан Амос Коменски" во населбата Тафталиџе во Скопје, ...

Изгоре барака во училиштето „Јан Амос Коменски“

А1 - 23.04.2007

Изгоре бараката за целодневна настава во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во скопско Тафталиџе. Нема жртви, но причинета е огромна материјална штета. Пожарот избувнал околу 1 часот по полноќ од магацинските простории. Се ширел со огромна брзина.

Изгоре училиштето Коменски

Канал5 - 23.04.2007

Изгоре една од трите бараки во кои е сместено основното училиште јан Амос Коменски во скопско Тафталиџе. Изгоре една од трите бараки во кои е сместено основното училиште јан Амос Коменски во скопско Тафталиџе. Аматерските снимки од мобилен телефон се направени во два часот по полноќ кога по неколку ...