TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Над 1.000 металци на принуден одмор

Вест - 12.11.2008

Како последица на намалениот обем на работа поради глобалната криза над 1.000 работници во металната индустрија во Македонија се испратени на принуден или годишен одмор. Најдрастична е ситуацијата во "Скопски легури" каде што на принуден одмор заминаа 890 работници. Проценките се дека во оваа индустрија се загрозени работните места на над 4.000 работници.

Печките изгаснати, вклучено црвено светло за „Силмак“

Н.Македонија - 12.11.2008

Вработените во „Силмак“ ги чистат четирите изгаснати печки и стравуваат за нивните работни места. Неизвесноста е голема бидејќи феросилициумот не се продава, а фабриката има многу резерви и нема потреба да произведува. Ако ваквата состојба трае долго, дел работници може да останат без работа, велат во синдикатот на фабриката.

Силмак ги гаси печките, 200 вработени на принуден одмор

А1 - 11.11.2008

Четири, од вкупно седумте електро печки, се исклучени во комбинатот Силмак во Јегуновце. Поради настанатата ситуација, 150 до 200 вработени, ќе заминат или веќе се заминати на принуден или годишен одмор. Директорот на комбинатот Ѕвонко Стојановски, посочи дека Силмак во моментов работи со намалено месечното производство за 40 проценти, а причина за тоа е, големиот пад на цената на феросилициумот ...

Нови принудни одмори за металците

Време - 11.11.2008

Наталија Томовска Продолжуваат отпуштањата во металуршките компании како резултат на се поголемиот пад на металите на светските берзи. Комбинатот за феросилициум „Силмак“ од Јегуновце неделава ќе испрати 200 работници на принуден одмор, како резултат на тешката финансиска криза со која се соочува компанијата.

Преполовено производството во „Силмак“

Утрински - 11.11.2008

Од осум, изгаснати се четири печки. Се утврдува листа за принуден одмор. ТЕТОВО - Во „Силмак“ - Јегуновце производството на феросилициум е преполовено. Од осум, работеа само четири печки. Другите печки се згаснати поради вкупните збиднувања во црната металургија во светот. Ова вчера го потврди генералниот директор Звонко Стојановски.

"Силмак" во криза - можни големи отпуштања на работници

Телма - 11.11.2008

. Комбинатот од Јегуновце од вчера згасна уште две печки и сега работи со 60 отсто од капацитетот. Првиот човек на компанијата, Ѕвонко Стојановски вели дека причина за редуцирање на производството е падот на цената на феросилициумот на светскиот пазар и енормното намалување на побарувачката за оваа легура. - Во моментов имаме залиха од осум милиони евра.

Слабата побарувачка причина за принудните одмори во „Силмак“

Н.Македонија - 11.11.2008

Двесте работници ќе бидат пратени на принуден одмор затоа што „Силмак“ нема да може да го продаде произведениот феросилициум. Причините се во драстичниот пад на цената на феросилициумот и слабата потрошувачка, која деновиве е доведена до минимум. - Имаме резерва на производи во вредност од дури 8 милиони евра.

,,Силмак“ се заканува да прати на принуден одмор околу 200 вработени

Алфа - 11.11.2008

По одлуката на раководството на Силмак – да исклучат 4 од седумте печки и на доискористување на одморот да пратат 200 вработени, денеска, работниците се во паника – одморот да не се претвори во отказ. Педесет и едно годишниот, Веби Нохиу, кој веќе 25 години работи во комбинатот, стравува за судбината на своето петчлено семејство, кое живее само од неговата плата.

Силмак испрати 200 вработени на принуден одмор

Дневник - 11.11.2008

Силмак испрати 200 вработени на принуден одмор. Четири, од вкупно седумте електропечки, се исклучени во комбинатот „Силмак“ во Јегуновце. Поради намалениот обем на производство, 150 до 200 вработени, ќе заминат или веќе се заминати на принуден или годишен одмор. Директорот на комбинатот Ѕвонко Стојановски вели дека „Силмак“ работи со намалено месечно производство за 40 отсто.

Глобалната криза згасна 4 печки во Силмак и прати 200 работници на принуден одмор

Канал5 - 11.11.2008

Четири печки од вкупно седум не работат во Силмак. Глобалната криза го принуди менаџментот да го намали производството за 40 проценти бидејќи цената на феросилициумот на светскиот пазар паѓа, но и драстично се намалува побарувачката. Црни се прогнозите за стабилизација на состојбата.

Силмак ги гаси печките, 200 вработени на принуден одмор

Макфакс - 11.11.2008

Четири, од вкупно седумте електро печки, се исклучени во комбинатот Силмак во Јегуновце, јави дописникот на Макфакс. Поради настанатата ситуација, 150 до 200 вработени, ќе заминат или веќе се заминати на принуден или годишен одмор. Директорот на комбинатот Ѕвонко Стојановски, посочи дека Силмак во моментов работи со намалено месечното производство за 40 проценти, а причина за тоа е, големиот пад ...

Силмак со намалено производството и работници на принуден одмор

Сител - 10.11.2008

Драстичниот пад на цената на феросилициумот и слабата потрошувачка се главните фактори Силмак да го намали производството и да прати работници на принуден одмор. Фабриката има залиха во вредност од дури 8 милиони евра. Во опасност е доведено работењето на фабриката.

Силмак работи со три печки

Вечер Прес - 10.11.2008

Иако првиот човек на Силмак - Звонко Стојановски пред неполн месец оптимистички изјави за Вечер дека кризата се уште не се рефлектира на нивното работење, деновиве состојбите драстично се сменија и Комбинатот работи без четири печки. Силмак од Јегуновце го преполови производство на феросилициум.