TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вработените од понеделник ќе добиваат аванси од заостанатите плати

Дневник - 23.11.2002

ПРОДОЛЖУВА ШТРАЈКОТ ВО НИП "НОВА МАКЕДОНИЈА" Сумите што ќе ги добијат вработените ќе бидат незначителни бидејќи ќе се исплаќаат од приливот на дневниот промет и од продажбата на весници Од понеделник на вработените во НИП "Нова Македонија" линеарно ќе им се исплаќаат аванси од заостанатите плати.

Tензиите во „Нова Македонија“ на критична точка

А1 - 22.11.2002

Денеска заменик директорот и финансовите раководители на „Нова Македонија“, иако во присуство на полиција, 4 часа беа под опсада на вработените, а човек од обезбедувањето беше и физички нападнат. Под силен притисок вработените издејствуваа исплата на аванс.

Вито Комац навестува излегување од "Нова Македонија"

Утрински - 22.11.2002

Најава од претседателот на Надзорниот одбор на НИП-от во интервју за љубљанско "Дело" ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Штрајкот на вработените во "Нова Македонија" и натаму продолжува, додека, како што изјавуваат неколку члена од Штрајкувачкиот одбор, финансиските инспекции ги чешлаат книгите на оваа куќа.

Газдите од Словенија креваат раце од НИП "Нова Македонија"

Дневник - 22.11.2002

ШТРАЈК ВО НАЈГОЛЕМАТА ИЗДАВАЧКА КУЌА Вито Комац за љубљанско "Дело" изјавил дека се подготвени да го раскинат купопродажниот договор бидејќи било неиздржливо Подготвени сме да го прифатиме поништувањето на договорот за купопродажба на НИП "Нова Македонија", изјавил Вито Комац, претседател на ...

Финансова полиција од вчера во НИП-от

А1 - 21.11.2002

Само што почна ревизијата на приватизацијата на „Нова Македонија“, словенечките газди најавуваат раскинување на купопродажниот договор. Финансова полиција од вчера е во зградата на НИП-от, а работниците сеуште се во штрајк. Екипата формирана за ревизија на приватизацијата на НИП „Нова Македонија“ ...

Словенците треба да докажат со кои пари ја купиле "Нова Македонија"

Вест - 21.11.2002

ПОЧНА РЕВИЗИЈАТА НА ПРОДАЖБАТА НА НИП-ОТ Во комисијата за ревизија на приватизацијата на најголемата новинско-издавачка куќа освен економските министерства е вклучено и МВР, кое ќе го испитува тврдењето на вработените дека Словенците акциите Агенцијата за приватизација вчера испратила допис до ...

Владата дала пари, платите во "Нова Македонија" ги нема

Утрински - 21.11.2002

Се размотува клопчето околу финансиските малверзации во новинската куќа ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Државата преку своите легални институции и органи, конечно, влезе во испитување на случајот со приватизацијата и сите финансиски и други малверзации во најголемата издавачка куќа кај нас НИП "Нова Македонија".

Ќе биде раскинат договорот за продажба на НИП "Нова Македонија"?

Дневник - 21.11.2002

ПРАВНИЦИТЕ ОД СИНДИКАТОТ НАЈАВУВААТ Агенцијата за приватизација вчера информирала дека парите за заостанатите плати на вработените биле префрлени уште на 18 септември Најверојатно ќе биде раскинат договорот за продажба на новинско-издавачката куќа "Нова Македонија" на словенечката фирма ...

Словенците го распродаваат имотот на "Нова Македонија" во Белград

Вест - 20.11.2002

АКЦИОНЕРИТЕ НА НАЈГОЛЕМАТА НОВИНСКО-ИЗДАВАЧКА КУЌА НЕ ГО ОДРЖАА ЗА ВЧЕРА ЗАКАЖАНОТО СОБРАНИЕ Станува збор за деловни простории и станови во Белград, за кои раководниот тим веднаш по приватизацијата на "Нова Македонија" донел одлука да се продадат.

Откажано акционерското собрание во НИП "Нова Македонија"

Дневник - 20.11.2002

ПОРАДИ ГЕНЕРАЛНИОТ ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ Претседателката на штрајкувачкиот одбор најави дека ќе закажат ново собрание на акционери, а акционерите со пцости и погрдни зборови го избркаа претседателот Мирослав Спировски Претседателот на собранието на акционерите во НИП "Нова Македонија", Мирослав ...

Вработените во НИП-от ги земаат работите во свои раце

А1 - 19.11.2002

Откако по 13 дневен штрајк словенечките газди не им ги исполнија барањата, вработените на „Нова Македонија“ сами ќе организираат акционерско собрание за да изберат нови органи на управување. За денеска закажаното собрание не се одржа, а претставникот на раководството беше избркан од салата.

Словенците не се заведени во трговскиот регистар како газди на "Нова Македонија"

Вест - 19.11.2002

ШТРАЈКОТ ВО НАЈГОЛЕМАТА НОВИНСКО-ИЗДАВАЧКА КУЌА ПРОДОЛЖУВА По две недели штрајк, вработените и денес ќе ја прекинат работата неколку часа, а за денес е закажано и Собрание на акционерите на "Нова Македонија", но и неговото одржување е незивесно Штрајкувачкиот одбор на "Нова Македонија" има ...

"Нова Македонија" нема газда!

Утрински - 19.11.2002

Скандалозен расплет на приватизацијата на најголемата новинско-издавачка куќа во земјава ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА "За жал, можам да констатирам дека ние немаме ниту газди, ниту раководство. Тука сме само вработени, истите оние кои сме и штрајкувачи и акционери".

"Југ-услуги" не е регистриран газда на "Нова Македонија"

Дневник - 19.11.2002

ШТРАЈКУВАЧКИОТ ОДБОР ТВРДИ Владата смета дека е потребно да се направи ревизија на приватизацијата на најголемата новинско-издавачка куќа "Нова Македонија" Штрајкувачкиот одбор на НИП "Нова Македонија" вчера ја откажа средбата со претставниците на словенечката фирма "Југ-услуги", Душан Габнар и ...

Ќе се преиспитува приватизацијата на НИП

А1 - 18.11.2002

Владата на денешната седница донесе одлука за преиспитување на приватизацијата на „Нова Македонија“. Словенечките газди експресно реагираа на владината одлука и одговараат дека таа е легално изведена. Но, вистинскиот проблем на „Југ сторитве“ се вработените во НИП.