TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Прчевски: Обвинителството добро си ја врши работата

А1 - 30.04.2006

Прчевски смета дека Обвинителството добро си ја врши работата. За спротивното јавно мислење дека слабо се работи против криминалот, Прчевски има свое објаснување, а тоа е: Медиумите ја замајуваат јавноста со невистини и се стекнува впечаток дека криминалот цвета и дека Обвинителството не работи, ...

Антикорупциската излегува од овластувањата- во Словенија ја укинаа - Прчевски сугерира решение

Канал5 - 30.04.2006

Потребни се одредени испитувања и постапки од кои ќе се утврди дали навистина некоја од инволвираните страни во случајот “Бачило” има направено криминални активности, изјави републичкиот јавен обвинител Александар Прчевски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

"Со никого не ги делев парите од отштетата"

Вест - 28.04.2006

ОВЧАРОТ ОД БАЧИЛО ЈА ОБВИНУВА ВЛАСТА ЗА ПРЕДИЗБОРЕН МАРКЕТИНГ "Парите од отштетата не ги делев со никого ниту имам дадено на поранешни припадници на ОНА туку самиот ги трошев. Големите риби од Валста кои секогаш ги јадат помалите, сега пред изборите поради партиски маркетинг сакаат некого да го ...

Чист сум, парите никому не ги давам

Време - 28.04.2006

СЕ ОГЛАСИ ОВЧАРОТ ШТО ЈА СТРИЖИ ДРЖАВАТА Мери Јордановска Опкружен со илјадници овци, петнаесетина овчари, десетици шарпланинци и со срдечна насмевка, вчера, завиткан со бело овчо крзно, не пречека најбогатиот и најпопуларен овчар во Македонија, Иснифарис Џемаили, кој од државата зеде 727.000 евра ...

Џемаили: Со "Бачило" се прави политички маркетинг!

Утрински - 28.04.2006

Изјава ТЕТОВО - "Во буквална смисла на зборот, јас сум само предизборно жртвено јагне. Сега пред изборите некои сакаат да направат политички маркетинг со желба да наместат или, едноставно, да жртвуваат. Добро познатата поговорка дека големите риби ги јадат помалите се совпаѓа со мојот случај°.

Кој ќе го собере кајмакот од "Бачило"?

Утрински - 28.04.2006

Колкава политичка (от)штета ќе претрпи Владата од големата предизборна афера Бучковски се претвара во ловец на корумпирани службеници Соња Крамарска Владата на премиерот Бучковски сў уште се држи "јуначки" во најголемата афера од нејзиното шеснаесетмесечно владеење, но на изборите што ја чекаат во ...

Врховниот суд ќе расправа за "Бачило" по празниците

Утрински - 28.04.2006

Мислење Врховниот суд на Македонија вчера го доби мислењето на Републичкиот судски совет, со кое се поведува постапка за разрешување на судијата што го водеше "случајот Бачило". Општата седница на Врховниот суд, која ја сочинува целиот судски состав на највисокиот суд во државата, ќе го разгледува ...

Џемаили ќе ги врати парите ако му се досудени незаконски

Дневник - 28.04.2006

Не ги делев парите со никого, не поткупував судии, а за процесот ангажирав тројца адвокати вели Иснифарис Џемаили Иснифарис Џемаили, сопственик на бачилото за кое беше досудена отштета од 720 илјади евра, тврди дека ќе ги врати парите ако се докаже дека му биле досудени незаконски.

Снегот на Шара ја крие вистината за бачилото - вештаците ќе чекаат да се стопи

Канал5 - 28.04.2006

Снегот и лошото време на Шара ги спречиле вештаците ангажирани од обвинителството да проверат – дали има остатоци од оружјето со кое било стрелано на бачилото на Иснифарис Џемаили. Снегот и лошото време на Шара ги спречиле вештаците ангажирани од обвинителството да проверат дали има остатоци од ...

Иснифарис ќе се кандидира за пратеник

Вечер Прес - 28.04.2006

Патешествието на новинарските екипи со најбогатиот овчар Џемаили Иснифарис наместо во гранатираните бачила заврши на Еуверичка Планина. И покрај сите обиди да стигнеме до едно од двете наводно гранатирани бачила на Иснифарис, поради непроодниот пат оддалеку надморска височина од 1.800 метри, ...

Џемаили докажува дека парите му биле заслужено исплатени

А1 - 27.04.2006

Џемаили во својот вилает ги дочека новинарите, за да им докаже дека со куршуми му било гранатирано бачилото. Тоа биле доказите дека парите од државата заслужено му биле исплатени. И не само едно, туку сега тврди, две стада овци му биле убиени. Но, остана нејасно каде е фамозното бачило.

Судијката Попчевска пред одговорност

Вест - 27.04.2006

СЛУЧАЈ "БАЧИЛО" Засега РСС ќе ја испитува стручноста и совесноста само на судијката Снежана Попчевска од Скопска единица, но не и на судијата од второстепениот суд, која ја потврдила фелеричната меѓупресуда за отштета од над 720 илјади евра на Иснифарис Џемаили Републичкиот судски совет на ...

Падна првата жртва за „Бачило“!

Време - 27.04.2006

РСС ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ЗА СУДИЈКАТА ПОПЧЕВСКА Судијката Снежана Попчевска е првата жртва што падна за случајот „Бачило“, со оглед на тоа што Републичкиот судски совет вчера поведе постапка за нејзино нестручно и несовесно работење.

Поведена постапка за разрешување на судијката Снежана Попчевска

Утрински - 27.04.2006

Републичкиот судски совет вчера го отвори "случајот Бачило" Членовите на Судскиот совет вчера во целост го потврдиле мислењето на граѓанскиот оддел на Врховниот суд, кој утврди серија пропусти во постапувањето на судијата Гордана Дувњак Републичкиот судски совет вчера донесе одлука да поведе ...

Прва на удар судијката Попчевска

Дневник - 27.04.2006

РСС не може директно да донесе предлог за разрешување судија, пред да добие мислења и од Врховниот и од судот во кој работи судијата Републичкиот судски совет (РСС) вчера решил поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција да поведе постапка за судијката од скопскиот Основен суд 1 ...

Попчевска најверојатно првата жртва за „Бачило“

А1 - 26.04.2006

Судијката Снежана Попчевска најверојатно ќе биде првата жртва за „Бачилото“. Републичкиот судски совет најавува дека на Собранието ќе му предложи нејзино разрешување. Нестручно и несовесно го водела целиот случај со овците на Иснифарис Џемаили.

Овците се броеја на тајна средба во обвинителството

Време - 26.04.2006

ПРЧЕВСКИ КРОИ ПЛАН ЗА СЛУЧАЈОТ „БАЧИЛО“ Нема изјави за јавноста додека трае истрагата за случајот „Бачило“, рече вчера јавниот обвинител Александар Прчевски по неколкучасовната средба со претставници од МВР и од одделението за организиран криминал во ЈО.

Каде водат трагите за "Бачило"?

Утрински - 26.04.2006

СКАНДАЛ Тимови на Обвинителството и на МВР вчера интензивно работеа на расчистување на аферата со отштетата од 720.000 евра Гордана Дувњак Тимовите за организиран криминал на Јавното обвинителство на Македонија и на Министерството за внатрешни работи и во текот на вчерашниот ден работеа на ...

Прчевски и МВР ќе собираат докази за „Бачило“

Дневник - 26.04.2006

Одговорноста на јавниот правобранител е несразмерно поголема бидејќи ги застапува интересите на државата, вели Драган Малиновски од антикорупциската комисија Јавното обвинителство и МВР вчера го разгледале случајот „Бачило“, во кој државата исплати отштета од 720 илјади евра за бачило што било ...

РСС ќе поведе постапка за одговорност на судијата што го водеше случајот “Бачило”

Канал5 - 26.04.2006

Републичкиот судски совет покрена постапка поради нестручно и несовесно работење на судијката Снежана Попчевска во случајот со стадото овци на Иснифарис Џеамаили. Со ова се потврдува дека пресудата на првостепениот суд за исплата на отштета е сомнителна.

Прчевски допрва ќе води тајна постапка за "Бачило"

Вечер Прес - 26.04.2006

Случајот "Бачило" конечно стигна до рацете на Јавниот обвинител Александар Прчевски. По повикот од Владата кривично да се гонат вмешаните во случајот со тетовскиот овчар, тој вчера во својата канцеларија ги собра Цане Чапраговски, директор на бирото за јавна безбедност, Јован Илиевски од ...

Се уште не е отворена истрага за случајот „Бачило“

А1 - 25.04.2006

Истрага за случајот „Бачило“ се уште не е отворена, изјавија за А1 извори од Обвинителството. Сите надлежни институции само го разгледуваат досието. И Обвинителството и МВР ќе ги чешлаат документите. Во кабинетот на Прчевски денеска три часа разговараа првиот човек на Одделението за организиран ...

Осомничените во случајот Бачило ќе одат на распит во Јавното обвинитлество

Канал5 - 25.04.2006

Сите 12 осомничени во случајот Бачило од утре на распит во Јавното обвинитлество. Александар Прчевски ќе инсистира преку исказите да објаснат врз основа на што на Иснифарис Џемаили му пресудиле 730 илјади евра отштета. Сите 12 осомничени во случајот Бачило од утре на распит во Јавното обвинитлество.