TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО: „За подобра Македонија“ - 320.681, „Сонце“ - 158.785 гласови

А1 - 01.06.2008

Според првичните податоци на аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ по обработени 62,12% од вкупниот број избирачи, Коалицијата „За подобра Македонија“ освоила 320.681, а „Сонце - Коалиција за Европа“ 158.785 гласови. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во овој момент може да ...

„Сонце“ оценката за изборите ќе ја даде подоцна

А1 - 01.06.2008

„Сонце“ коалиција за Европа има централен изборен штаб и според најавите, ќе се обратат подоцна. Според наши сознанија, се разгледуваат низа информации за инциденти коишто се случувале во текот на попладнето во делови и гласачки места во источна Македонија.

Груевски објави изборна победа

А1 - 01.06.2008

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва објави победа на коалицијата „За подобра Македонија“ на денешните предвремени парламентарни избори. Груевски рече дека според досегашните податоци на аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, „За подобра Македонија“ освоила 440.000 гласови, а опозициската ...

За Коалиција „Сонце“ денешните избори најлоши досега

Канал5 - 01.06.2008

Денешните избори се најлошо организирани во историјата на Република Македонија, оцени „Коалицијата за Европа - Сонце“. Скопје, 1 јуни (МИА) - Денешните избори се најлошо организирани во историјата на Република Македонија, оцени Коалицијата за Европа - Сонце .

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе освои 63 пратенички места

Канал5 - 01.06.2008

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во овој момент може да смета на 63 пратенички мандати, изјави на прес-конференција Илија Димовски портпарол на Изборниот штаб. Скопје,1 јуни (МИА) - Коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во овој момент може да смета ...

ДИК: „За подобра Македонија“- 56.507, „Сонце“ - 26.510, ДПА - 22.538 и ДУИ 16.925 гласови

Канал5 - 01.06.2008

Според податоците на Државната изборна комисија добиени од резултатите пристигнати до 21 часот и 15 минути во првата изборна единица на гласање излегле 23.456 гласачи од 69 избирачки места. Во оваа избирачка единица според овие резултати најмногу гласови освоила ДПА - 8.445, потоа Коалицијата „За ...

ВМРО-ДПМНЕ: „За подобра Македонија“ 64 пратеници, „Сонце“ 28, ДУИ 15, ДПА 12 и ПЕИ еден

Канал5 - 01.06.2008

Портпаролот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски вечерва на прес-конференција објави дека од обработени 69,71 проценти гласови, коалицијата „За подобра Македонија“ освоила 320.680, „Сонце-Коалиција за Европа“ 183.715, ДУИ 91.408, ДПА 71.184 и ПЕИ 9.486 гласа.

ВМРО-ДПМНЕ: Резултати по преброени 28 отсто избирачки места

Канал5 - 01.06.2008

Според првичните податоци на аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ по обработени 28 отсто од избирачките места односно 22 отсто од вкупниот број избирачи, Коалицијата „За подобра Македонија“ освоила 111.146, а „Сонце - Коалиција за Европа“ 52.865 гласови.

ВМРО-ДПМНЕ:Коалицијата „За подобра Македонија“ 60, „Сонце“ 30 мандати

Макфакс - 01.06.2008

Скопје Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освои 60 пратенички мандати, додека коалицијата „Сонце“ освои 30 пратенички мандати. Ова е прва оценка што вечерва ја соопшти изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на обработени на 28 проценти од гласовите.

ДИК:Коалицијата „За подобра Македонија“ во предност пред „Сонце“

Макфакс - 01.06.2008

Скопје Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освоила 56.507 гласови, а коалицијата „Сонце“, предводена од СДСМ 26.510 гласови. Ова вечерва го соопшти Државната изборна комисија(ДИК), по обработени 736 избирачки места, или 24,73 проценти од гласовите.

Груевски објави победа

Макфакс - 01.06.2008

Скопје Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски ноќеска околу полноќ објави убедлива победа на предвремените парламентарни избори со освоени над 60 пратенички места. Според аналитичките податоци на оваа партија, врз основа на 80 отсто од избирачките места, коалицијата „За подобра Македонија“ ...

Шеќеринска: Со „Сонце“ ќе го фатиме возот за НАТО и ЕУ

А1 - 30.05.2008

Ако сакате да го фатиме возот за НАТО и ЕУ, ако сакате Македонија по две години повторно да тргне напред, в недела масовно излезете на избирачките места и дадете го гласот за коалицијата „Сонце“. Оваа последна порака пред почетокот на предизборниот молк ја упати лидерката на коалицијата Шеќеринска ...

Коалицијата „Сонце“ од Велес вети пензионирање со стаж

Утрински - 30.05.2008

ВЕЛЕС - Нов закон за стечајни работници што ќе обезбеди пристојни бенефиции до наредно вработување или пензионирање, на завчерашниот митинг во Велес на стечајците им вети лидерката на „Сонце - коалиција за Европа“, Радмила Шекеринска.

Неопределените ќе ги решат изборите

Утрински - 30.05.2008

Рамнолиниските говори на власа и агресивната вербална кампања на опозицијата ги обележаа овие избори Билјана Јовановска Заемните препукувања, обвинувања за се' и сешто, етикетирањата, условните поделби на патриоти и на предавници и преагресивната рекламна кампања денес, дефинитивно, ќе завршат.

Да се бориме за македонското сонце

Време - 29.05.2008

ЦЕНТРАЛЕН МИТИНГ НА КОАЛИЦИЈАТА „СОНЦЕ“ Никој, па ниту Никола Груевски, не може да си игра со македонското сонце и никој не може да каже дека тоа сонце ќе зајде. Во Македонија има луѓе кои ќе се изборат за нашето македонско сонце, порача Радмила Шекеринска, лидерката на СДСМ, од завчерашниот ...

Шекеринска: „Не“ на политиката на порази и страв

Дневник - 29.05.2008

Никој, па ни Никола Груевски не може да си игра со македонското сонце и никој не може да каже дека тоа сонце ќе зајде. Во Македонија има луѓе и сила што ќе се изборат за нашето македонско сонце, рече лидерката на СДСМ и на коалицијата „Сонце“, Радмила Шекеринска, на завчерашниот централен митинг во ...

„Сонце“ одржа митинг на скопскиот плоштад

А1 - 28.05.2008

Уште само пет дена лоша власт, рече лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска на митингот на коалицијата „Сонце“ на плоштадот „Македонија“. Повикувајќи ги граѓаните да ја изберат европската коалиција, Шеќеринска повтори, покана за НАТО, датум за преговори со ЕУ и безвизен режим за шест месеца.

Коалицијата „Сонце“ се пофали дека ги почитува законите

Утрински - 28.05.2008

Портпаролот на Изборниот штаб на „Сонце - коалиција за Европа“ Бранко Трајчевски на вчерашната прес-конференција рече дека на митингот во Скопје очекуваа голем број граѓани од цела Македонија. Тој посочи дека со писмо се обратиле до ЈП „Македонија пат“ во кое барале да им се издаде профактура за ...

Коалицијата За подобра Македонија денеска е во Струга, Коалицијата за Европа - Сонце е во Велес

Канал5 - 28.05.2008

ДУИ се во Куманово, а ДПА во Скопје – немаме резервна татковина порача вчера на митингот во главниот град лидерката на СДСМ Шеќеринска – рече дека е тешко да се излезе од виртуелниот свет на рекламите на Груевски, но будењето би било кошмар ако му се доверат нови четири години.

Шеќеринска: Никола ја направи Македонија последна

А1 - 27.05.2008

Вие ја знаете цената на лошата коалиција или лошиот брак од интерес меѓу ДПМНЕ или ДПА. Новите луѓе ги донесоа старите проблеми. Не може во Штип мирно да спиеме ако во Тетово се пука, рече синоќа на митингот во Тетово претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.

Гласајте за Европа

Време - 27.05.2008

КОАЛИЦИЈАТА „СОНЦЕ“ ПРЕД БИТОЛЧАНИ Носителот на листата во петтата изборна единица од коалицијата „Сонце“, Јани Макрадули, завчера од плоштадот во Битола повторно го повика на ТВ-дуел неговиот ривал Антонио Милошоски. - Потребен е дуел за да се одговори на повеќе прашања.

Со сеење страв не се чува власта, обвини коалицијата „Сонце“

Утрински - 27.05.2008

Потсетување до власта дека токму пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската сала кога требаше да се гласа за законот за стечајните работници. Митинг на коалицијата „Сонце“ во Битола Тензијата во Битола ја подигнаа темите за кривичните гонења на Шекеринска и на Макрадули БИТОЛА – ...

Шеќеринска: Расте вербата во коалицијата „Сонце“

А1 - 26.05.2008

Од ден на ден, од митинг до митинг, расте силата и вербата во коалицијата „Сонце“, а со тоа расте и стравот кај владејачката коалиција. Кога ќе ја видат сликата, колку народ се собрал во Битола, тоа ќе им втера страв во коските.

Нецели пет дена остануваат од предизборната кампања

Канал5 - 26.05.2008

Коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ попладнево е во Делчево, а вечерта во Берово. Коалицијата за Европа – Сонце има митинг во Тетово. ДПА ги посетува Дебар и Струга, а ДУИ е во Гостивар. Груевски и Шеќеринска синоќа зборуваа на митинзи во Скопје и во Битола.