TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кинезите ќе градат во Бунарџик

Време - 08.10.2008

Премиерот Никола Груевски и потпретседателот на корејската компанија „Трибју лимитид“, Џон Шен, потпишаа меморандум за разбирање. Компанијата од Јужна Кореја со седиште во Сеул од пролетта идната година треба да почне со производство на ЛЦД-монитори во слободната економска зона Бунарџик.

Корејска фирма ќе произведува ЛЦД монитори

Вест - 08.10.2008

Корејската фирма "Три вју ко. лимитед" од крајот на 2009 година ќе почне со производство на ЛЦД монитори во Македонија. Ова се предвидува во Меморандумот за разбирање кој вчера во Влада го потпишаа премиерот Никола Груевски и заменик-претседателот на компанијата Џорџ Шен.

Корејската компанија „ТриВју“ ќе гради фабрика во „Бунарџик“

Утрински - 08.10.2008

Корејската компанија „ТриВју“ ќе гради фабрика во „Бунарџик“ Следната пролет во економската зона „Бунарџик“ корејската компанија „ТриВју“ треба да почне да гради фабрика за ЛЦД-монитори. Премиерот Никола Груевски вчера во Владата го потпиша Меморандумот за разбирање со оваа компанија од Кореја.

Корејска компанија ќе гради фабрика за ЛЦД монитори во Бунарџик

Н.Македонија - 08.10.2008

Корејската компанија „Три вју цо. лимитед“ ќе гради фабрика за производство на ЛЦД монитори во слободната економска зона „Бунарџик“. За таа цел, премиерот Никола Груевски вчера во Владата потпиша Меморандум за разбирање со претставници на компанијата, пренесе МИА.

Безброј меморандуми за „Бунарџик“, каде се фабриките?

Утрински - 07.10.2008

Премиерот потпиша повеќе меморандуми со странски компании, но во зоната засега е само „Џонсон контролс“ Александрија Стевковска Нина Нинеска-Фиданоска Станува ли „Бунарџик“ само зона на празни ветувања и потпишани безброј меморандуми за разбирање, без конкретна реализација или, пак, оваа локација ...

ЛЦД телевизори ќе се произведуваат во Македoнија

Форум - 07.10.2008

Претседателот на Владата, Никола Груевски, потпиша Меморандум за разбирање со заменик претседателот на јужнокорејската фирма “Тривју лимитед“, Џон Шен, што следната пролет треба да отвори фабрика за изработка на ЛЦД монитори во Македонија.

Во Бунарџик фабрика за телевизори

Алсат-М - 07.10.2008

Нова фабрика ќе биде изградена во слободната економска зона „Бунарџик“ во близина на Скопје Корејската фабрика „Три Вју Лимитид“ која потпиша меморандум за разбирање со Владата, идната пролет ќе изгради фабрика за ЛЦД телевизори.

Корејци ќе прават ЛЦД-екрани во „Бунарџик“

Дневник - 07.10.2008

Корејци ќе прават ЛЦД-екрани во „Бунарџик“ Корејската компанија „Тривју“ напролет ќе почне да гради фабрика за ЛЦД-екрани во Технолошко-индустриската слободна економска зона „Бунарџик“.

КОРЕЈСКАТА КОМПАНИЈА TRIVIEW. CO. LIMITED ЌЕ ГРАДИ ФАБРИКА ВО „БУНАРЏИК“

Сител - 07.10.2008

Согласно Меморандумот, на пролет, во технолошко-индустриската слободна економска зона „Бунарџик“, како што најави Груевски, ќе почне да се гради фабрика за LCD монитори. Станува збор за инвестиција вредна четири милиони евра. - TriView. Co.

Компанија од Кореја во Бунарџик ќе произведува ЛЦД монитори

Канал5 - 07.10.2008

Компанија од Јужна Кореја во слободната економска зона Бунарџик ќе гради фабрика за производство на ЛЦД монитори. Во Владата денеска Премиерот Никола Груевски со менаџментот на компанијата Три Вју потпиша Меморандум за разбирање.

Фабрика за LCD монитори ќе никне во Бунарџик

Вечер Прес - 07.10.2008

Јужнокорејската компанија TriView во пролет идната година планира да гради фабрика за производство на LCD монитори во зоната Бунарџик. Инвестицијата изнесува четири милиони евра, а во првата година ќе се произведат 60.000 телевизори, вредни 40 милиони долари.

Јужнокорејци ќе прават ЛЦД телевизори во Македонија

Нетпрес - 07.10.2008

Премиерот Никола Груевски денеска потпиша меморандум за разбирање со компанијата “ТриВиел“ Цо. Лимитед од Јужна Кореја, која во Македонија ќе инвестира 4 милиони евра за изградба на фабрика за производство на ЛЦД телевизори следната пролет.

Корејска компанија ќе гради фабрика за LCD монитори

Макфакс - 07.10.2008

Изградба на двокатна фабричка хала во технолошко индустриската слободна економска зона „Бунарџик“ крај Скопје, најави денеска корејската компанија „TriView. Co. Limited.“ За таа цел денеска во Скопје беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу македонската влада и корејската компанија.