TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Србија сака продолжување на преговорите за Косово

А1 - 16.12.2007

Претседателот на Србија Борис Тадиќ изјави денеска дека од претстојната седница на Советот за безбедност на ОН очекува иницијатива за продолжување на преговорите за статусот на Косово. Тадиќ оцени дека тоа што седницата, закажана за 19 декември, ќе биде зад затворени врати, говори за важноста кое ...

ДУИ ни го дава името за независно Косово?

Време - 15.12.2007

ПО ИНИЦИЈАТИВАТА НА ДУИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО Елизабета С. Илиевска Демократската унија за интеграција на Али Ахмети го засилува притисокот до власта, во обид да издејствува вклучување албански претставници во преговорите за името.

Србија побргу во ЕУ ако го даде Косово

Вест - 15.12.2007

ПОНУДА ОД ЛИДЕРСКИОТ САМИТ ВО БРИСЕЛ БРИСЕЛ, 15 декември (Ројтерс) - Лидерите на Европската унија ќе и понудат на Србија брз влез во блокот за да се смират тензиите на Балканот поради аспирациите на Косово за независност, се дознава од нацрт-коминикето од самитот на лидерите.

Косово независно, Србија забрзано во ЕУ

Време - 15.12.2007

САМИТ НА ВРВОТ НА ЕВРОПА ВО БРИСЕЛ Лидерите од ЕУ ќе и предложат на Србија забрзан курс кон нејзината кандидатура за членство во Унијата и ќе и ветат зајакнување на подготовките за полициска мисија, која ќе работи на стабилизација на Косово, се наведува во нацрт-декларацијата што требаше да биде ...

Косово ќе прогласи независност во февруари?

Дневник - 15.12.2007

Според лондонскиот неделник „Економист“, пак, косовските Албанци добиле сугестии да го одложат прогласувањето независност за периодот по претседателските избори во Србија на 20 јануари, за да се зголемат шансите за победа на најевропскиот кандидат - Борис Тадиќ Властите во Приштина, во договор со ...

Признавањето на независноста на Косово ќе предизвика сепаратистички процеси во Европа

Канал5 - 15.12.2007

Признавањето на независноста на Косово ќе предизвика борба за независност и тоа не само регионите, кои се наоѓаат во близина на Русија како што се Абхазија, Јужна Осетија и Приднестровието, туку и во Европа, изјави денеска во Москва началникот на Генералштабот на руската армија Јуриј Балуевски.

Романија нема да ја признае независноста на Косово

А1 - 14.12.2007

Романија нема да ја признае независноста на Косово, изјави денеска романскиот премиер Калин Попеску Таричану пред средбата на Еврпскиот совет во Брисел. Според Таричану, во Европската унија постои интерес за формирање на единствена позиција за ова прашање и Романија ќе го поддржи тоа.

ЕУ ќе испрати голема цивилна мисија на Косово

А1 - 14.12.2007

Европската Унија донесе денеска политичка одлука да испрати на Косово голема цивилна мисија, како поддршка на полициската мисија, изјави португалскиот премиер Жозе Сократес, чија земја претседава со Унијата. ЕУ оваа мисија треба да ја испрати во рамки на спогодбата во Советот за безбедност на ...

Планот за независно Косово не е предлог само на Словенија

А1 - 14.12.2007

Планот за независност на Косово, за кој дебатираат европските членки, не е предлог само на Словенија. Премиерот на оваа земја Јанез Јанша во реакцијата на планот објавен од „Интернешнл хералд трибјун“, кој цитира високи западни дипломати, сепак индиректно потврдува дека таков план постои и за него ...

За Македонија е подобро Косово да има статус отколку статус кво

Време - 14.12.2007

ОЦЕНИ ОД ТРКАЛЕЗНАТА МАСА НА ФОНДАЦИЈАТА „КОНРАД АДЕНАУЕР“ И „ФОРУМ“ За Македонија е подобро Косово да има статус отколку да остане статус-кво состојбата, изјави Јован Андоновски од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Нема решавање на косовскиот статус пред пролетта

Време - 14.12.2007

СПОРЕД ЕВРОКОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА УНИЈАТА ОЛИ РЕН Решавањето на идниот статус на Косово ќе биде одложено до почетокот на пролетта идната година, изјавил еврокомесарот за проширување Оли Рен. Тој додал дека мора да биде најдено решение за Косово бидејќи моменталната ситуација е неодржлива, јави ...

Косово инкасира 300 милиони евра од приватизацијата

Утрински - 14.12.2007

Косово од приватизацијата на општествените и државните компании досега инкасира околу 300 милиони евра, кои ќе бидат инвестирани во развојот на домашното стопанство. Средствата од приватизацијата, започната во 2003 година се замрзнати во Фондот за приватизација во централната банка на Косово.

ЕУ: Итно и нужно ќе мора да се дојде до консензус во врска со Косово

Канал5 - 14.12.2007

Највисоките претставници на земјите на ЕУ најавија дека итно и нужно ќе мораат да дојдат до консензус во врска со Косово, иако кај одредени држави се уште постојат резерви за последиците од можната независност. Највисоките претставници на земјите на ЕУ најавија дека итно и нужно ќе мораат да дојдат ...

Статус квото на Косово неодржливо, стои во нацрт-декларацијата од денешниот самит на врвот на ЕУ

Канал5 - 14.12.2007

Лидерите од ЕУ ќе и предложат на Србија забрзан курс кон нејзината кандидатурата за членство во Унијата и ќе ветат зајакнување на подготовките за полициска мисија, што ќе работи на стабулизирањето на Косово, се наведува во нацрт-декларацијата што треба да биде усвоена на денешната средба на врвот ...

Словенците со план за независноста на Косово

А1 - 13.12.2007

Според словенечкиот предлог, кој се дискутира меѓу членките на унијата, Косово треба да ја одложи декларацијата за независнот до завршувањето на српските претседателски избори, чиј што втор круг треба да се случи на 3 февруари.

Рајс: Независноста на Косово е неизбежна

А1 - 13.12.2007

САД сметаат дека независноста на Косово е неизбежна, но сакаат да сторат се, за да се избегне евентуалното насилство. Ова го изјави американскиот државен секретар, Кондолиза Рајс во интервју за весникот „Ју-Ес-Еј Тудеј“, додавајќи дека нејзината држава ќе се обиде да спречи било какво насилство при ...

Србија против мисија на ЕУ на Косово без одлука на ОН

Време - 13.12.2007

БЕЛГРАД МУ ПОРАЧА НА БРИСЕЛ ДЕКА НЕ Е ДОБРЕДОЈДЕН ВО ПОКРАИНАТА Србија е против доаѓање мисија на Европската Унија на Косово, бидејќи тоа ќе значи почеток на спроведување на планот на Марти Ахтисари за надгледувана независност на покраината, изјавил Слободан Самарџиќ, српски министер за Косово.

Цела ЕУ ќе застане зад независно Косово

Дневник - 13.12.2007

Лидерите на Унијата утре ќе заклучат дека преговарачкиот процес е исцрпен Фактот дека во рамките на Европската Унија има земји што се против признавањето на независноста на Косово, како и против начинот на кој треба да биде испратена мисија на ЕУ во покраината, нема да го спречи признавањето на ...

Србија против Мисија на ЕУ

Вечер Прес - 13.12.2007

Српскиот министер за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ вчера изјави дека Србија пратила јасна порака до Европската унија дека е најенергично против доаѓање на Мисија на ЕУ во Косово, затоа што тоа би значело почеток на спроведувањето на планот на Марти Ахтисари.

Тачи гарантира дека нема да се прогласи независност до март 2008-ма

А1 - 12.12.2007

Мандатарот на новата косовска Влада, Хашим Тачи, дал гаранции на Брисел дека Косово нема да прогласи независност до март 2008 година. Оваа гаранција на Тачи доаѓа по барањето на европските министри за надворешни работи, независноста на Косово да почека до претседателските избори во Србија, закажани ...

Србија против Косово преку Меѓународниот суд за правда

Вест - 12.12.2007

БЕЛГРАД, 12 декември (Ројтерс) - Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека Србија ќе се обиде да го блокира планираното прогласување на независност на Косово преку Меѓународниот суд за правда. Тадиќ изјави дека Србија ќе побара од Советот за безбе БЕЛГРАД, 12 декември (Ројтерс) - Српскиот ...

Србите во Македонија ќе ги напуштат институциите ако го признаеме Косово

Време - 12.12.2007

НАЈАВА НА ИВАН СТОИЉКОВИЌ ОД ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА НА СРБИТЕ Елизабета С. Илиевска Србите што живеат во Македонија ќе ги напуштат институциите на системот, доколку Македонија унилатерално ја признае независноста на Косово. Ова е реакцијата на Демократската партија на Србите во Македонија која доаѓа ...

Коштуница: Добро е што Брисел се уште нема единствен став за Косово

Време - 12.12.2007

ПО СРЕДБАТА НА МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ЕУ Важно е дека ЕУ не донесе еднострана одлука за признавање независност на Косово, е реакцијата на српскиот премиер Воислав Коштуница на заклучоците од средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Брисел.

Лондон_ Косово има природно право на независност

Утрински - 12.12.2007

Од нашиот дописник ТОМИСЛАВ ИВАНОВСКИ ЛОНДОН - Косово е последното парче од југословенската загатка што треба да се вклопи со другите делови од Западен Балкан за да се обезбеди политичка, безбедносна, економска и општествена безбедност, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид ...

Тешко прашање за Косовците_ кои сме ние?

Утрински - 12.12.2007

Косовски идентитет не постои, но тргнува процесот на ребрендирање на протекторатот Гробот во селото Преказ каде што беше убиен херојот на косовските Албанци - Адем Јашари. Дали двоглавиот орел ќе биде истиснат од новото знаме на Косово ПРИШТИНА - Кога Косово неодамна распиша конкурс за дизајн на ...

Леон Коен: Србија нема да оди во ЕУ ако и го одземат Косово

Канал5 - 12.12.2007

Поранешниот координатор на српскиот преговарачки тим за Косово, Леон Коен оцени дека големите европски држави и САД само со сериозни политички потези можат да бидат наведени на преиспитување на своите намери да ја поддржат косовската независност.

Решавањето на косовското прашање оди во прилог на Србија

Вечер Прес - 12.12.2007

Муса Џафери тврди дека на албанската страна во Македонија е тешко да и се објасни дека одвојувањето на Косово е во ред. Во тој случај би рекле зошто тие да не се обидат да се отцепат од Македонија и да одат во правец на Косово и Албанија Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски изјавил ...

Остануваат разликите меѓу Западот и Русија за Косово

А1 - 11.12.2007

ЕУ и Русија се согласни да ги продолжат консултациите во ОН за решавање на статусот на Косово, но приближување на двете страни за ова прашање нема. Ова е заклучокот од разговорите на шефовите на европските дипломатии со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во понеделникот во Брисел.

ЕУ е близу до заедничка поддршка за Косово

А1 - 11.12.2007

После вчерашниот ден Косово не треба да стравува за иднината. ЕУ е многу блиску да даде заедничка поддршка за независноста, иако остануваат стравувањата кај одредени земји, според германскиот министер за надворешни. Кипар смета дека преговорите треба да продолжат.

Билд: 26 земји на ЕУ се за независно Косово

Време - 11.12.2007

МИНИСТРИТЕ НА УНИЈАТА ВО ПОТРАГА ПО ЕДИНСТВЕН СТАВ ЗА ПОКРАИНАТА Сите земји-членки на ЕУ, освен една, се подготвени да прифатат независност на Косово без резолуција на Обединетите нации, изјавил вчера пред почетокот на средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Брисел ...

Косово почнува консултации за независнот

Вест - 11.12.2007

ПРИШТИНА, 11 декември (Ројтерс) - Косово вчера соопшти дека веднаш ќе почне преговори со своите западни поддржувачи за прогласување независност од Србија додека Европската унија се доближува кон обединување во поддршката за отцепување на покраината од Србија.

Војна - опција или блеф?

Утрински - 11.12.2007

Европа-Балкан ИВАН ТОРОВ Дали војната е реална опција или „умерената реакција“ е единствена алтернатива? БЕЛГРАД - Иван Вејвода, извршен директор на Балканскиот фонд за демократија, изјави деновиве, по повод можното еднострано прогласување независност на Косово, дека „силата на Србија е во ...

ЕУ пред целосно усогласување за иднината на Косово

Утрински - 11.12.2007

Советот за безбедност треба да дебатира за Косово, но Москва веќе се изјасни за дополнителни преговори Од вчерашните протести во Приштина БРИСЕЛ - Европската унија е блиску до целосно единство во поддршката на напорите на Косово за независност, само Кипар инсистира дека суверенитетот за српската ...

Приштинските студенти бараат независност веднаш

Утрински - 11.12.2007

Времето на чекање е завршено, беше пораката на студентите Војници на КФОР вчера патролираа низ српската енклава Грачаница која, на три километри од Приштина, беше мирна Од нашиот известувач ДИМИТАР ЧУЛЕВ ПРИШТИНА/ГРАЧАНИЦА - Мирен протест, под слоганот „Заедно за независност на Косово“ одржаа вчера ...

Само една членка во ЕУ е против независно Косово!?

Дневник - 11.12.2007

На денот кога заврши мандатот на посредничката тројка на Контакт-групата, Русија предупреди дека какво било еднострано признавање независно Косово надвор од рамките на ОН ќе предизвика големи проблеми во светот Европа е на прагот да обезбеди единствен став за поддршка на отцепување на Косово од ...

Не сакаме одлагање на статусот за Косово

Дневник - 11.12.2007

Решението за статусот ќе донесе стабилност на Косово и во регионот,вели Ки,кој истакнува дека името на Македонијане е критериум за зачленување во НАТО Се наоѓаме во многу важен период за Косово, но и за Македонија, делумно поради важноста на Косово за вашата земја, но и поради можноста што ја има ...

Сергеј Лавров: Русија се залага за продолжување на преговорите за Косово

Канал5 - 11.12.2007

Русија се залага за продолжување на преговорите за статусот на Косово, изјави синоќа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров после седницата на Постојаниот совет за партнерство Русија-ЕУ во Брисел. Брисел, 11 декември (МИА) - Русија се залага за продолжување на преговорите за статусот ...

Коштуница: Не прифаќаме надомест за Косово

Канал5 - 11.12.2007

Српскиот премиер Воислав Коштуница, и порача на Европската унија дека Србија не прифаќа никаков надомест во замена за еднострана називисност на Косово. Белград, 11 декември (МИА) - Српскиот премиер Воислав Коштуница, и порача на Европската унија дека Србија не прифаќа никаков надомест во замена за ...

Белград и Приштина не постигнаа договор

А1 - 10.12.2007

Заврши 120-дневното продолжување на преговорите за статусот на Косово. Белград и Приштина не постигнаа компромис. Во главниот град на Косово, студентите побараа прогласување на независноста. „Се што сакаме е независност, сега“, кажа студент од Приштина.

Извештајот за Косово предаден на Советот за безбедност

А1 - 10.12.2007

Четиримесечните преговори меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово со посредство на меѓународната тројка денеска официјално завршуваат. Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, синоќа официјално на членките на Советот за безбедност им го предал извештајот на меѓународната ...

Што значи независност за Косово?

Време - 10.12.2007

АНАЛИЗА НА НОВИНАРКАТА ДРАГАНА ЈОВАНОВИЌ ОД АМЕРИКАНСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ЕЈ-БИ-СИ ЊУЗ Меѓународната преговарачка тројка, претставниците на Русија, САД и ЕУ, Александар Боцан Харченко, Френк Визнер и Волфганг Ишингер му го предадоа извештајот за косовскиот статус на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Европските лидери на средба за одговорност за Косово

Вест - 10.12.2007

ОТКАКО ЗАВРШИ РОКОТ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ БРИСЕЛ, 10 декември (Ројтерс) - Лидерите на ЕУ се очекува неделава да се согласат дека напорите за постигнување решение за косовскиот проблем по пат на преговори се потрошени, и да понудат да преземат одговорност за безбедноста и правдата во српската БРИСЕЛ, 10 ...

Косово е подготвено за независност од 1989 година

Време - 10.12.2007

ИДНИОТ КОСОВСКИ ПРЕМИЕР Идниот косовски премиер Хашим Тачи за францускиот весник „Журнал ду диманш“ изјави дека Косово е спремно за независност, но не нагласи краен рок или датум кога ќе се случи тоа. - Косово е спремно за независност уште во 1989 година а спремно е и денес - изјави Тачи додавајќи ...

Солана не очекува безредија во Косово по 10-ти декември

Утрински - 10.12.2007

Веќе не е можно решение на преговарачката маса смета преговарачот Визнер Косовското досие ќе биде вратено во Советот за безбедност на ОН, и ќе биде разгледано на 19 декември Берлин - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Хавиер Солана, оценува дека нема да избијат ...

Конечен крах на преговорите за Косово

Дневник - 10.12.2007

Меѓународната тројка што изминативе четири месеци се обидуваше да им помогне на Белград и на Приштина да најдат решение за статусот на Косово, во извештајот до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, признаа дека не успеале Меѓународната тројка (ЕУ, САД и Русија) што изминативе четири месеци се ...

ЕУ во Брисел гради консензус за да обединета признае независност на Косово

Канал5 - 10.12.2007

Приштина притиска за датум за прогласување независност, Србија и Москва инсистираат на продолжување на преговорите, Европската унија во Брисел се пребројува во обид да на денот „Д“, како што 10-ти декември го нарекоа косовските Албанци, официјалниот крај на преговорите со посредство на ...