TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Самоубиствен напад во кафуле

А1 - 10.03.2002

Најмалку 11 лица загинаа, а 54 беа повредени во нападот на палестински самоубиец, припадник на Хамас во едно преполно кафуле во Ерусалим во близината на резиденцијата на израелскиот премиер Ариел Шарон. Израел одговори со напад врз штабот на палестинскиот лидер Јасер Арафат во Газа.

Израел ќе продолжи со воените операции

А1 - 10.03.2002

Израелската војска ќе продолжи со интензивните воени операции започнати на 28 февруари на палестинските подрачја Газа и Западниот брег, изјави Залман Шовал, политички советник на премиерот Ариел Шарон. Шовал на прашањето за новата мисија на американскиот пратеник Ентони Зини, рече дека тоа е нова ...

Уапсени 400 Палестинци

А1 - 09.03.2002

Во бегалскиот логор Тулкарем во Западен Јордан израелската војска уапси повеќе од 400 Палестинци, меѓу кои се наоѓаат 60 припадници на палестинската војска. Израелската авијација изутрината ги бомбардираше палестинските позиции во Западен Јордан и во Појасот Газа.

Еврејски доселеници нападнаа палестинско село

Вест - 09.03.2002

Палестинсите деца со чатали маваат по израелските тенкви при вчерашните судири во Рамалах НАБЛУС, Западен Брег, 9 март (Ројтерс) - Десетина вооружени еврејски доселеници отвориле оган во селото Хувара на Западниот Брег при што раниле четворица Палестинци и оштетиле една џамија и една болница.

Израелски сили го нападнаа Витлеем

Дневник - 09.03.2002

КРВАВА НОЌ НА БЛИСКИОТ ИСТОК Во нападите вчера и прексиноќа биле убиени 34 Палестинци, вклучувајќи еден генерал и едно деветгодишно момче Трупи на израелската војска упаднаа во палестинскиот град Витлеем и убија вкупно 34 лица во една од најкрвавите ноќи на 18-месечните судири на Блискиот Исток, ...

Убиен палестинскиот воен командант

А1 - 08.03.2002

Израелските сили денеска го убија палестинскиот воен командант за јужниот дел на Појасот Газа, соопштија палестински извори. Високиот претставник на палестинските национални сили за безбедност Ахмед Мефреј убиен е во израелски напад на едно село во близината на Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот ...

Арафат: Палестинците нема да се исплашат од израелските напади

Вест - 08.03.2002

Израелски војник во опрема за ноќна воена акција против Палестиниците на Западниот брег РАМАЛАХ, 8 март (АП) - Јасер Арафат вчера изјави дека Палестинците нема да се исплашат од зачестените воени напади од Израел. Ова тој го рече неколку часа откако два израелски проектили го погодија неговиот штаб ...

Шарон вети дека Израел немилосрдно ќе напаѓа

Утрински - 08.03.2002

Тел Авив почна офанзива која наметна стравувања од сеопфатна војна Израелските тенкови и војници вчера со помош на авијацијата влегоа во градот Тулкарам ТУЛКАРМ - Израелските тенкови и војници со поддршка од авијацијата, вчера влегоа во палестинскиот град Тулкарм и водеа борби, и покрај ...

Шарон ја засилува офанзивата и покрај критиките од САД

Дневник - 08.03.2002

ИЗРАЕЛСКО-ПАЛЕСТИНСКА ВОЈНА Арафат на телефон му рекол на Перес: "Шимон, ме бомбардираат", а колегата-нобеловец му одговорил: "Жалам, ќе видам што можам да сторам за да го запрам нападот" Израелски трупи поддржани со тенкови и борбени бродови и летала вчера упаднаа во два палестински кампа за ...

Израелските „Ф-16“ во антипалестинска офанзива

А1 - 07.03.2002

Десетина луѓе беа ранети при утринските напади на израелските борбени авиони Ф-16 на штабот на палестинската полиција во Газа, јавија агенциите повикувајќи се на очевидци и болнички извори. Урнатините на штабот ја оштетија и соседната зграда на Палестинската црвена полумесечина и училиштето што го ...

Израел ги обнови нападите врз Рамалах

Вест - 07.03.2002

РАМАЛАХ (РОЈТЕРС) - Ужалените роднини и пријатели го носат телото на убиениот Палестинец кој што загина во израелскиот напад со хеликоптер во Рамалах на Западниот Брег. РАМАЛАХ (РОЈТЕРС) - Ужалените роднини и пријатели го носат телото на убиениот Палестинец кој што загина во израелскиот напад со ...

Израелците како цел си поставија да убијат што е можно повеќе Палестинци

Дневник - 07.03.2002

БЛИСКИ ИСТОК Израелскиот премиер Ариел Шарон оцени дека Палестинците ќе бидат подготвени да преговараат со неговата Влада само ако бидат "згазени", по што израелската армија вчера извршија серија акции во палестинскиот појас Газа, јави Ројтерс. - Палестинците ќе преговараат само ако бидат згазени.

Најмалку шест загинати во израелски напади

А1 - 06.03.2002

Израелското радио повикувајќи се на израелски и палестински извори соопшти дека израелските сили рано утринава нападнале пет локации во појасот на Газа при што загинале најмалку шест лица. Силни борби меѓу палестинците и израелските војници се забележани во близина на палестинските бегалски кампови ...

Израелските хеликоптери ги ракетираа Наблус и Рамалах

Вест - 06.03.2002

Палестинците се вратија во бегалскиот логор близу до градот Џенин на западниот брег откако се повлеоа израелските тенкови НАБЛУС, 6 март (Ројтерс) - Израелски хеликоптери вчера испукале проектили на цели на палестинското обезбедување во градовите Наблус и Рамалах на Западниот Брег.

Израел и Палестинците влегоа во цикличниот круг на одмазди

Утрински - 06.03.2002

Ситуацијата по новиот бран насилство на Блискиот Исток може да излезе од контрола ЕРУСАЛИМ - Палестински напаѓач застрелал тројца Израелци во ресторан во Тел Авив, а бомбаш-самоубиец убил едно лице во автобус во северен Израел, во новиот бран насилство на Блискиот Исток кој вчера се закани дека ќе ...

НОВИ НАПАДИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Дневник - 06.03.2002

НОВИ НАПАДИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК Во 17-месечната непрогласена војна на Блискиот Исток, досега загинале 944 Палестинци и 311 Израелци Најмалку осум луѓе вчера загинаа во новиот бран насилства што еруптираше на Блискиот исток пред да може да "пушти корен" мировната иницијатива од сирискиот ...

Зачестени самоубиствени напади на Палестинци

А1 - 05.03.2002

Вооружен палестински напаѓач рано изутрината на централната раскрсница во Тел Авив убил тројца, а ранил најмалку 25 лица. Портпаролот на полицијата изјави дека напаѓачот отворил оган врз два ресторани и еден паб што биле полни со гости и усмртил тројца пред и самиот да биде убиен од полицијата.

Шестмина мртви при експлозијата во колата на активист од Хамас

Вест - 05.03.2002

Една Палестинка плаче на местото на експлозијата во Рамалах РАМАЛАХ, 5 март (Ројтерс) - Автомобилот на припадник на палестинската исламска милитантна група Хамас вчера експлодира во градот Рамалах на Западниот Брег при што загинаа најмалку шест лица, велат сведоците и извори од болницата.

Израелски тенкови во бегалски камп

Утрински - 05.03.2002

По одлуката на Израел да ги засили воените операции против Палестинците ЈЕНИН - Израелски тенкови и војници, пред зората, упаднале во кампот за бегалци "Јенин" на Западниот Брег, кој е под палестинска контрола, започнувајќи жестоки престрелки со припадниците на локалната милиција.

Убиени тројца Палестинци во Рафах

А1 - 04.03.2002

Тројца Палестинци се убиени денеска пред зори во Рафах, во појасот Газа, кога израелските тенкови упаднаа во тој бегалски логор и отворија оган. Израелската војска упадот во бегалскиот логор Рафах во појасот на Газа го заврши по четири часови, јавуваат западните агенции, повикувајќи се на ...

Израелски авиони ракетираа цели на Западниот Брег

Вест - 04.03.2002

Ерусалим, 3 март - Израелски авиони од типот Ф-16 вчера ракетираа палестински цели на Западниот Брег на реката Јордан, како одговор на терористичките напади во кои во последните 24 часа беа убиени 20 Израелци. Авионите истрелале и неколку ракети врз палестинскиот бегалски камп Амари во близината на ...

Во два напада убиени 20 Израелци

Утрински - 04.03.2002

Палестинските радикали повторно предизвикаа крвопролевање на Блискиот Исток Шарон под притисок за остар одговор на палестинските напади ЕРУСАЛИМ - Во катастрофалните палестински напади на Западниот Брег и во Ерусалим загинаа најмалку 20 Израелци.

Палестински терористи во два напади убија 19 Израелци

Дневник - 04.03.2002

КРВАВ ВИКЕНД ВО ИЗРАЕЛ Група од 1.500 Палестинци од бегалскиот камп Дхеишех вчера организираше улична парада, а жените фрлаа слатки врз нив, за да го прослават самоубиствениот бомбашки напад на еден нивен сосед Мохамед Дарагмех (18), кој во саботата уби девет Евреи, јави Ројтерс.