TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

НАТО го воведува уставното име во оперативни планови

А1 - 22.12.2007

Северно атлантската алијанса го воведува уставното име на Македонија во своите оперативни планови. Според еден од најтиражните грчки весник „Елефтеротипија“, НАТО веќе ги информирал своите членки дека во плановите за прелети на авионите на Алијансата ќе биде впишано Република Македонија.

Бакојани бара да попуштиме за името

Време - 22.12.2007

АТИНА Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани упати апел до Македонија да покажела дека е расположена за партнерски и добрососедски односи и да прифати заемно решение за спорот со името. Според Бакојани, која говорела пред грчкиот Парламент, сега бил мигот кога требало да се донесе ...

„Та неа“ најави позитивен извештај за Македонија

Дневник - 22.12.2007

Позитивен е извештајот на НАТО за членството на Македонија во алијансата, пишува грчкиот весник „Та неа“ во вчерашното издание. Макфакс пренесува дека, покрај тоа што содржи некои од грчките тврдења што се однесуваат на спорот за името, што ја задоволува Атина, текстот, во делот што се однесува на ...

Грција ќе стави вето на членството на Македонија во НАТО и ЕУ ако не биде изнајдено решение

Канал5 - 22.12.2007

Грција ќе стави вето на членството на Македонија во НАТО и Европската унија ако Скопје продолжува да се однесува непопустливо, изјави грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани во интервју за атинскиот весник „Та Неа“.

„Та неа”: Извештајот на НАТО за Македонија е позитивен

А1 - 21.12.2007

Извештајот на НАТО за членството на Македонија во Алијансата е позитивен, пишува денеска грчкиот весник „Та неа”. Според дипломатски извори, резервите на некои од државите-членки на НАТО во однос на членството на Македонија отпаднале по индикациите дека Косово може да објави независност без судири, ...

„Та неа“: Извештајот на НАТО за членство на Македонија во Алијансата е позитивен

Канал5 - 21.12.2007

Извештајот на НАТО за членство на Македонија во Алијансата е позитивен, пишува денеска грчкиот весник „Та неа“. Извештајот на НАТО за членство на Македонија во Алијансата е позитивен, пишува денеска грчкиот весник Та неа . Покрај тоа што содржи некои од грчките позиции за спорот за името, што ја ...

Груевски му го прости "нон-пејперот" на Милошоски

Вечер Прес - 21.12.2007

Премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ги надминале разликите околу "нон-пејперот" што МНР го дели со посредство на дипломатитете низ светот, како дел од кампањата за добивање покана за членство во НАТО.

Милошоски: Не сум во кавга со Владата

Време - 20.12.2007

ПО ТВРДЕЊАТА НА ВЕСНИКОТ „ВЕЧЕР“ Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски вчера го демантираше тврдењето на весникот „Вечер“ дека е во спор со остатокот на Владата и дека добил критики поради издавањето меморандум со ставовите на Македонија во спорот по името.

Турција ги налути Грците

Вест - 20.12.2007

ПО ПОДДРШКАТА ЗА МАКЕДОНИЈА Грција остро реагираше на силната поддршка што Турција и ја даде на Македонија за нејзиниот влез во НАТО и во ЕУ, пишува грчкиот весник "Нафтемборики". Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, при завчерашната средба со македонскиот премиер Никола Груевски, и даде отворена ...

Грција остро реагира на турската поддршка за името

Утрински - 20.12.2007

Атина – Грција остро реагираше на турската поддршка за прием на Македонија во НАТО под уставното име, пренесуваат медиумите во Атина. „За ова прашање, Турција и другите држави-членки на Алијансата беа информирани кога и при какви услови Грција ќе го искористи правото на вето.

Турско-грчки судир за името на Македонија

Дневник - 20.12.2007

Турција и Грција од највисоко политичко ниво разменија остри изјави за прашањето за името на Македонија, откако турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека ставот на Атина за тоа прашање е лош и опасен. Ердоган изјавата ја даде во контекст на најавеното грчко вето на приемот на Македонија во ...

Спорот со Грција единствена пречка за членство во НАТО

Вечер Прес - 20.12.2007

Во пресрет на Самитот на НАТО во Букурешт во април идната година и покрај реформите за влез во Алијансата, во периодот што следи Македонија треба да ги зајакне односите и да го интензивира лобирањето кај земјите членки на НАТО и ЕУ.

Остра реакција од Бакојани за изјавата на Ердоган за името

А1 - 19.12.2007

Грција остро реагираше на турската поддршка за прием на Македонија во НАТО под уставното име, пренесуваат денеска медиумите во Атина. „За ова прашање Турција, како и останатите држави-членки на Алијансата, беа информирани кога и при какви услови Грција ќе го искористи правото на вето За очекување е ...

Ветото на Грција како нуклеарно оружје - ќе има последици за сите

Време - 19.12.2007

ПОСЛЕДНИ ГОДИШНИ КОНСУЛТАЦИИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДИПЛОМАТИ Да се има право на вето е исто како да се има право на атомско оружје. Мислам дека Грција како сериозна држава двапати ќе размисли пред самитот во Букурешт дали би се определила на таква можност, бидејќи штетните последици и за регионот и за ...

Милошоски: Притисокот на Грција има и позитивни ефекти

Вест - 19.12.2007

СРЕДБА НА ШЕФОТ НА ДИПЛОМАТИЈАТА СО МАКЕДОНСКИТЕ АМБАСАДОРИ Според министерот за надворешни работи Антонио Милошоски силниот притисок што Грција го прави со заканата за вето на нашето членство во НАТО, всушност предизвикува мали позитивни ефекти во Македонија.

Одлуката уште не е донесена

Време - 19.12.2007

ГЕРМАНСКИОТ АМБАСАДОР УЛРИХ БРАНДЕНБУРГ Одлуката за покана за членство на Македонија во Алијансата членките ќе ја донесат по завршување на акцискиот план за членство во февруари или март, или најдоцна пред самитот на НАТО во Букурешт во почетокот на април.

Грција е заложник на апсурдниот спор

Утрински - 19.12.2007

Илинка Митрева Патетично е кога една држава за приоритет го поставува оспорувањето на името на сосед, вели ексминистерката ДИМИТАР ЧУЛЕВ „Грција е заложник на сопствениот став во однос на нашето уставно име. Оттаму, таа е осудена да опстојува на ригидна позиција дури и тогаш кога ја препознава ...

Притисокот од Атина ги обедини политичарите

Утрински - 19.12.2007

Амбасадорот на Германија во НАТО изјави дека поканите за членство мора да се донесат со консензус ДИМИТАР ЧУЛЕВ ТАМАРА ГРНЧАРОСКА „Да се има право на вето е исто како да се има право на атомско оружје. Дали тоа атомско оружје ќе биде искористено или не зависи од сериозноста на секоја држава што го ...

Ердоган_ Ставот на Грција за името е лош и погрешен

Утрински - 19.12.2007

Двајцата премиери: Реџеп Таип Ердоган и Никола Груевски Турција сака трите земји од Јадранската повелба да влезат во НАТО Анкара - Ставот на Грција дека Македонија мора да го смени името ако сака да влезе во НАТО е лош и погрешен, рече турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на вчерашната ...

Кому му истекува времето?

Утрински - 19.12.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ДИМИТАР ЧУЛЕВ Грција никогаш не била во поповолна позиција: од позиција членка на НАТО и на ЕУ стрела со сите можни орудија за да го попречи приемот на Македонија во асоцијациите кои за нашата земја значат иднина. Меѓутоа, Грција е во цајтнот како да го стори блокирањето.

Ердоган: Ставот на Грција за името е лош и погрешен

Дневник - 19.12.2007

Ставот на Грција дека Македонија мора да го смени името ако сака да влезе во НАТО е лош и погрешен, рече турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на вчерашната прес-конференција по средбата со својот македонски колега Никола Груевски во Анкара.

Името не е само билатерално прашање

Дневник - 19.12.2007

Одлуката за покана за членство на Македонија во НАТО членките ќе ја донесат по завршување на Акцискиот план за членство на земјата или најдоцна пред самитот на алијансата во Букурешт, изјави постојаниот германски претставник во НАТО, амбасадорот Урлих Бранденбург.

Грчкото вето е како атомска бомба

Дневник - 19.12.2007

Правото на вето е како право на атомско оружје и дали ќе биде искористено или не зависи од сериозноста на земјата што го има тоа право, објаснува шефот на македонската дипломатија Милошоски Македонија се надева дека соседна Грција добро ќе размисли пред да се реши да стави вето за прием на земјава ...

Реакција на Атина на изјавата на турскиот премиер за поддршка на Македонија

Канал5 - 19.12.2007

Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани остро реагираше на вчерашната изјава на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за името на Македонија, како и за можноста Грција да стави вето на македонскиот прием во НАТО, јави бугарската агенција БТА.

Ветото е како атомско оружје

Вечер Прес - 19.12.2007

Грција има дилеми за употребата на вето на влезот на Македонија во НАТО, поради последиците кои би ги почувствувал регионот, но и таа самата ако тоа го направи, оцени вчера шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. Според него, преговорите за името треба да продолжат, но без да бидат временски ...

Македонија во НАТО под Уставно име!

Вечер Прес - 19.12.2007

Турскиот Премиер Ердоган ги повика своите функционери во НАТО да лобираат Македонија во април да добие покана за членство под нејзиното уставно име. - Важно е трите земји од Јадранската повелба Македонија, Хрватска и Албанија заедно да влезат во НАТО.

Името не е само билатерално прашање

Вечер Прес - 19.12.2007

Прашањето за името е билатерално, но и не е билатерално, оцени германскиот амбасадор во НАТО, Урлих Бранденбург вчера во Скопје. Тоа го објасни со студијата од 1995 година за проширување на НАТО, во која меѓу критериумите за покана за членство наведени се и добрососедските односи, а упати и на ...

Милошоски игра соло!

Вечер Прес - 19.12.2007

"Нон-пејперот" или непотпишаниот документ беше презентиран завчера од извори во МНР. Со него им ја објаснува на членките на НАТО и на ЕУ македонската приказна, постигнувањата во евроатлантскиот интегративен процес и позицијата во спорот за името со Грција Владата и премиерот Никола Груевски му се ...

Од реформите и Косово зависи поканата за НАТО

А1 - 18.12.2007

Спроведувањето на реформите и ситуацијата околу Косово ќе бидат двата клучни момента кои ќе ги разгледува НАТО при донесувањето одлука за упатување на покана за Македонија. Спорот со Грција околу името ќе биде разгледуван во рамките на добрососедските односи, изјави денеска во Скопје германскиот ...

Милошоски: Грчко вето би одекнало како атомска бомба

А1 - 18.12.2007

Грчко вето за приемот на Македонија во НАТО ќе одекне како атомска бомба на Балканот. Министерот за надворешни работи Милошоски, користејќи ги безбедносните ризици, упати порака до Атина. Македонската Влада не ги потценува заканите, но е оптимист дека Грција ќе ја преиспита својата позиција и на ...

Турција против условување на Македонија за името

А1 - 18.12.2007

Лош и погрешен е ставот на Грција да го условува приемот на Македонија во НАТО со промена на името. Секоја држава треба да ги почитува независноста, името и суверенитетот на Република Македонија, рече турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција со својот гостин, ...

Македонија со контрастратегија за Грција

Време - 18.12.2007

ПО ГРЧКИОТ ПРИТИСОК ДА ГО ПРОМЕНИМЕ ИМЕТО Елизабета С. Илиевска Министерството за надворешни работи најави дека денес и утре ќе одржи годишен работен состанок со македонските амбасадори и шефови на мисии во странство. По пропуштената ланска средба со амбасадорите годинешнава ќе биде повеќе од ...

НАТО приоритет на разговорите

Вест - 18.12.2007

АМБАСАДОРИТЕ НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска и утре ќе има работен состанок со 18 шефови на македонските дипломатско-конзуларни претставништва. На средбата ќе се зборува за НАТО, ЕУ и за регионалните прашања.

Не постои дилема - името не смее да се смени за НАТО

Утрински - 18.12.2007

Во Скопје доаѓаат повеќето амбасадори на консултации да се договара стратегија Одлуката како да се постапи во овој момент не може да биде само на политичката елита затоа што влогот е огромен ДИМИТАР ЧУЛЕВ ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Во Македонија речиси и да нема политичар којшто би прифатил промена на ...

Македонија со нон пејпер се бори за НАТО

Дневник - 18.12.2007

Во МНР сметаат дека и покрај заканите од Грција, на Самитот на НАТО во Букурешт ќе ни дадат покана за зачленување Македонија со нон пејпер им ја објаснува на членките на НАТО и на ЕУ својата приказна, постигнувањата во евроатлантскиот интегративен процес и позицијата во спорот за името со Грција.

Милошоски: Да имаш право на вето е како да поседуваш атомска бомба

Канал5 - 18.12.2007

Завршените реформи и важната позиција за стабилноста во регионот пред предизвиците кои ги отвора косовското прашање - ова се аргументите со кои Македонија ќе се обиде да излобира покана за членство во НАТО. Грција два пати да размисли пред да го употреби правото на вето зашто тоа е како одлука да ...

Ердоган: Ставот на Грција дека Македонија мора да го смени името ако сака да влезе во НАТО е лош

Канал5 - 18.12.2007

Ставот на Грција дека Македонија мора да го смени името ако сака да влезе во НАТО е лош и погрешен рече турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган по средбата со премиерот Груевски во Анкара. Ставот на Грција дека Македонија мора да го смени името ако сака да влезе во НАТО е лош и погрешен рече турскиот ...

Влегуваме во НАТО во април 2008?!

Вечер Прес - 18.12.2007

Спорот со Грција околу нашето уставно име ниту една земја не го поставува како критериум за членство, тврдат од МНР. Сепак, признаваат дека речиси сите земји укажуваат дека Грција е членка и во секој момент формално може да стави вето Реални се очекувањата да добиеме покана за НАТО на Самитот во ...

Ќе има ли Македонија доволнно стручни воени кадри?

Време - 17.12.2007

АКО ДОБИЕМЕ ПОКАНА ЗА НАТО Откако ќе ја добиеме поканата за членство во НАТО, допрва ни претстои работа. Обврските од Алијансата ќе бидат задолжителни, ќе треба да испратиме стручни лица во сите комитети и оперативни тела на НАТО насекаде во светот, а ќе треба да го завршиме и преостанатиот дел од ...

Ќе издржи ли Македонија под силен европски притисок за промена на името

Утрински - 17.12.2007

Груевски неофицијално признал дека Европа врз него врши притисок за промена на името ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Првпат еден македонски и еден грчки премиер директно се соочија по прашањето на спорот околу уставното име на Македонија, што се случи во четвртокот вечерта во Брисел на средбата на лидерите од ...

На притисокот од ЕУ за промена на името пред НАТО самитот Македонија ќе одговори со нон–пејпер

Канал5 - 17.12.2007

Со неофицијалниот документ испратен преку дипломатско конзуларните претставништва во земјите членки на ЕУ и НАТО, до европските и НАТО институции,американските конгресмени и сенатори, е претставен профилот на Македонија како земја кандидатка за членка во ЕУ и НАТО.

Името или НАТО!?

Вечер Прес - 17.12.2007

Наспроти европските лидери, САД порачуваат дека за да се влезе во НАТО, доволно ќе биде да се покаже конструктивност Македонија е исправена пред дилемата името или НАТО. Така изгледаат работите, според премиерот Никола Груевски, на неполни 4 месеци до Самитот на Алијансата во Букурешт.